
Скопје
36ᴼ /
36ᴼ



На валутните пазари, вредноста на американскиот долар во однос на кошничка валути падна на нови најниски нивоа од март 2022 година поради загриженоста на инвеститорите за буџетскиот дефицит на САД и неизвесноста околу трговските преговори меѓу Вашингтон и неговите партнери. Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест главни светски валути претпладнево е околу 96,88 поени, додека вчера во истиот ...
Интегрално соопштение од ВЛЕН: По долго молчење, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, конечно реши да проговори. Да се каже дека „пописот бил во рамките на договорите“ не претставува само јавно признавање на одговорност, туку и шокантен доказ за политичките пазарења направени на грбот на албанската дијаспора. Оваа изјава не е објаснување, туку скандал. Затоа, Али Ахмети мора јасно да одговори: Со кој договор? Со кого беше постигнат? Во чие име? Дали тој ...
Саудискиот фудбалски вицешампион Ал-Хилал ја приреди најголемата сензација на Светското првенство во клубови досега, победувајќи го Манчестер Сити со 4:3 во осминафиналето по продолженијата. Сити доминираше во првото полувреме, поведувајќи рано со голот на Бернардо Силва (9), но потоа голманот на Ал-Хилал, Боно, се истакна со неколку одлични одбрани, спречувајќи го англискиот тим резултатски да се одлепи. На почетокот од второто полувреме Маркос ...
Крајот на војната во Појасот Газа е близу, изјави доцна во понеделникот израелскиот министер за одбрана Израел Кац, додека се известува дека дневниот број на жртви на палестинската територија е најмалку стотина. „Се ближиме кон крајот на операцијата во Газа“, рече Кац во изјава, една седмица откако еврејската држава ја заврши својата кратка војна со Иран. Ги повтори целите на Израел во конфликтот, вклучувајќи го ослободувањето на сите заложници ...
На Волстрит индексите S&P 500 и Nasdaq достигнаа нови рекордни нивоа во понеделникот, бидејќи инвеститорите се надеваа на поостро од очекуваното намалување на каматните стапки и трговски договори на САД со главните партнери. Индексот Dow Jones порасна за 0,63 отсто на 44.094 поени, додека S&P 500 се зголеми за 0,52 отсто на 6.204 поени, а Nasdaq скокна за 0,48 отсто на 20.369 поени. Новите рекорди за индексите S&P 500 и Nasdaq беа ...
Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот потпиша извршен указ со кој се укинуваат санкциите на САД воведени против Сирија, така што земјата повеќе нема да биде изолирана од меѓународниот финансиски систем. „САД ќе можат да ги задржат санкциите против поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад, неговите соработници, злоупотребувачите на човекови права, трговците со дрога, луѓето поврзани со употребата на хемиско оружје, ...
ОВЕН Избегнувајте непотребен стрес и грижете се за вашето здравје, особено ако неодамна сте подлегнале на искушенија. Погрижете се да имате доволно време за одмор и спиење. Можна е неочекувана средба што ќе ве исполни со позитивни емоции. БИК Не се вклучувајте во конфликти и останете неутрални. Покажете разбирање кон вашиот партнер и одвојте време за себеси. Поминете ја вечерта релаксирајќи се во пријатна атмосфера или организирајте пријатен ...
Во ворникот на територијата на Македонија ќе продолжи со сончевото и топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Утринските температури се движат од 13 до 22, додека највисоките дневно соодветно ќе бидат во опсегот меѓу 29 и 38 Целзиусови степени. Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен , повремено ...
Група Палестинци во Појасот Газа истакнаа фотографии од израелски деца убиени од Хамас на 7 октомври 2023 година, за време на бдение, соопшти во понеделник израелско-арапска иницијатива. Родители кои и самите ги изгубиле децата во војната во Газа, исто така, учествуваа во акцијата, се тврди во објавата на организацијата „Standing Together“ на X. Бројот на луѓе кои учествуваа во тивкиот протест не е познат. Протестите во Газа се многу ретки. ...
Бразилските играчи на Флуминензе се квалификуваа за четвртфиналето на Светското клупско првенство во САД откако го победија европскиот вицешампион Интер со 2:0 во осминафиналниот натпревар. Головите за бразилскиот тим ги постигнаа Герман Кано во 3. и Херкулес во третата минута од судиското продолжение на натпреварот. Тоа беше судир на претходно непоразени екипи. Интер беше прв во Групата Е со две победи и едно реми, додека Флуминензе беше втор ...
Италија ќе издаде околу 500.000 нови работни визи за граѓани надвор од Европската унија во периодот од 2026 до 2028 година, соопшти владата во понеделникот, како дел од стратегијата за проширување на легалните имиграциски патишта и одговор на предизвиците од недостигот на работна сила. Вкупно 164.850 лица ќе имаат дозвола за влез следната година, додека вкупно 497.550 лица треба да влезат во земјата до почетокот на 2028 година. Ова е втор ваков ...
Казахстанскиот претседател Касим-Жомарт Токаев во понеделникот потпиша закон со кој се забранува носење облека што го покрива лицето на јавни места, придружувајќи се на неколку земји од Централна Азија во ограничувањето на ваквите форми на исламска облека. Текстот на законот наведува дека облеката што „го попречува препознавањето на лицето“ ќе биде забранета во јавноста, освен за медицински цели, при неповолни временски услови и на спортски и ...
Руската војска ја презеде контролата врз целата Народна Република Луганск (НРЛ), изјави локалниот гувернер Леонид Пашечник во понеделник, на рускиот Канал Еден. „Само пред два дена, пристигна извештај дека територијата на Народната Република Луганск е целосно ослободена, 100%“, изјави Пашечник. Руското Министерство за одбрана не даде официјално соопштение за тврдењето на гувернерот на НРЛ. Руската војска ги ослободи двата најголеми градови во ...
Соединетите држави ќе ги продолжат трговските разговори со Канада веднаш откако Отава ќе го укине данокот за дигитални услуги што им го наметна на американските технолошки компании, изјави во понеделникот економскиот советник на Белата куќа, Кевин Хасет. „Апсолутно“, изјави Хасет за Fox News кога беше прашан за продолжување на преговорите. „Претседателот Доналд Трамп бараше од Канаѓаните да го укинат данокот на состанокот на Г7 во Канада. Тоа е ...
Упорноста во сите овие месеци и тоа што презентиравме дека постои инженерски, а не политички проблем, даде резултат и доведе до тоа Бугарија да ги преземе своите обврски за изградбата на пругата од Коридорот 8, истакна во вечерашното гостување во Дневникот на ТВ Сител, вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, откако изминатиот викенд се сретна со својот бугарски колега Гроздан Караџов во Истанбул. -Ние подолг временски период ...
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури. Термините се следни: петок од 17:00 – 22:00 часот сабота од 09:00 до 19:00 часот недела од 09:00 до 22:00 часот Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa ...
Навистина е големо задоволство што ова лето граѓаните од тиквешкиот регион, од Прилеп, од Битола, од Ресен, од Могила, од Новаци, од Кривогаштани и оние кој што сакаат полесно да патуваат до Охрид и таму да поминат дел од одморот ќе можат да го користат овој експресен пат, рече Николоски. Николоски потенцираше дека токму за оваа делница е поместена планина со цел граѓаните да добијат безбеден пат. -Сакам да честитам на сите оние кои што беа ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска се состана со еврокомесарката за проширување и добрососедска политика, Марта Кос, која престојува во дводневна посета на земјава по повод лидерскиот самит на Европската Унија и Западен Балкан. На средбата се разговарало за европската перспектива на регионот, со фокус на спроведувањето на реформите, реализацијата на Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан и унапредувањето на соработката со европските ...
Пред неколку минути на улицата „Климент Охридски“ во Струмица се одвиваше полициска акција со големо присуство на полициски сили, при што се лишени од слобода три лица осомничени за шверц на наркотична дрога, дознава Нетпрес. Според неофицијални информации, Бирото за јавна безбедност преку Секторот за внатрешни работи Струмица се исправило на патот на канал за меѓународна трговија со марихуана, на релација Скопје – Струмица, со крајна ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од Германија дополнителни системи за воздушна одбрана IRIS-Т за да може Украина да се одбрани од жестоки руски напади со беспилотни летала и ракети. Ракетите коишто ги користи самооднио противвоздушен систем „IRIS-T SLM“ можат да погодат цели на височина до 20 и на оддалеченост од околу 40 километри. За оваа тема беше разговарано со германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул за време ...
Шпанскиот дефанзивец 35-годишниот Сезар Азпиликуета го напушти Атлетико Мадрид, објави клубот. Азпиликуета играпе за Атлетико од јули 2023 година, впишувајќи 54 настапи на кои постигна еден погодок. „Го споделував мојот секојдневен живот со исклучителна група луѓе на и надвор од теренот. Сакам да им се заблагодарам на сите што ме натераа да се чувствувам како дел од ова семејство од првиот ден“, додаде Азпиликуета кој не откри каде ќе ја ...
Шумските пожари во Турција се проширија на населбите во западната провинција Измир и на други места, објавија турските власти во понеделникот. Повеќе од 50.000 луѓе беа евакуирани во Измир, јужната провинција Хатај и Билеџик, објави министерот за внатрешни работи Али Јерликаја на X. Околу 130 куќи и згради беа оштетени во Измир, а повеќе од 60 куќи и 20 амбари во Билеџик, додаде тој. Во Измир, спасувачките екипи гаснеа пожари во текот на целата ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на Четвртата меѓународна конференција за финансирање на развојот, којашто под покровителство на ОН се одржува во Севиља. Во своето обраќање, таа ја истакна важноста на мултилатерализмот и заедничките глобални напори за справување со сиромаштијата, климатските промени, нееднаквоста и социјалната неправда. Сиљановска-Давкова предупреди дека постојат сериозни геополитички и економски ризици ...
Се покажа дека примитивноста, ароганцијата, говорот на омраза, се одлика на кадрите на СДС. Наместо јавно да се извини за говорот на омраза кон новинар, Костадин Костадинов продолжува со реториката во ист стил, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ. -Дури и неговите зборови да се упатени, како што тој вели кон лицето Драган Павловиќ-Латас, а не кон новинарот Драган Павловиќ-Латас, ваквиот јавен линч и повик за убиство е несвојствен за цивилизирано општество. ...
Лишен е од слобода виничанец, а возилото му е одземено поради констаирани тешки прекроци против безбедноса во сообраќајот откако бил фатен како управува под дејство на алкохол, без возачка дозвола и со поголема брзина од дозволената, а освен тоа и возилото било нерегистрирано, информираше во понеделникот Минстерството за внатрешни работи. Имено, во неделата (29.06.2025) околу 13,30 часот на регионалниот пат Виница-Берово полициски службеници од ...
По заканите кон новинарот Драган Павловиќ Латас што му ги упати градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, се огласи и Латас. „Малиот градоначалник на Струмица К.К. викан Кока повика на убиство, мое, заради кажан збор. Илустрирано со крв, и мотивација и повик и до други да го сторат тоа. Тоа во неговиот пост е неспорно, и секако дека ќе поднесам кривична пријава за наведеното. Небитно дали бил нашмркан кога пишувал, или не, стореното е ...
Цените на нафтата останаа под 68 долари во понеделникoт, поради пригушените стравувања од прекини во снабдувањето од Блискиот исток и сигналите од водечките производители дека би можеле да пласираат повеќе барели на пазарот на крајот од летото. На лондонскиот пазар, цената на барел попладнето беше речиси непроменето како и на крајот од тргувањето на крајот од минатата седмица, на 67,64 долари. Немаше значителни промени и на американскиот пазар, ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски со букет цвеќе срдечно ја пречека еврокомесарката за проширување, Марта Кос, на скопскиот аеродром. Таа утре ќе присуствува на Самит на лидерите од Западен Балкан. „Евроинтеграциите не се само декларативна заложба, туку и јасна стратешка определба на Владата. Пред нас е исполнета агенда – денеска, заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, ќе оствариме средба со ...
Пуштена е во употреба делницата Фариш – Дреново од експресниот пат А1, дел од коридорот 10д, се скратува времето за патување. Од денеска, отворена е за сообраќај и оваа делница. Проектот е со вкупна вредност од 44,74 милиони евра и е финансиран со заем од ЕБОР (Европска банка за обнова и развој). На пуштањето денеска присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, министерот за транспорт и врски Александар Николоски и директорот на јавното ...
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) ги осуди заканите упатени кон новинарот Драган Павловиќ Латас од страна на градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, објавени на социјалната мрежа „Фејсбук“. Во соопштението ААВМУ потсетува дека политичарите и носителите на јавни функции имаат обврска да бидат пример за достоинствена и одговорна комуникација. Агенцијата предупреди дека изјави кои поттикнуваат омраза можат да ...