Соединетите држави ги укинаа санкциите што го блокираа проширувањето на нуклеарната централа Пакш, изјави министерот за надворешни работи и трговија Петер Сијарто. Кабинетот на поранешниот американски претседател Џо Бајден ја блокираше работата во Пакш со „политички мотивирана одлука“ за санкции, изјави унгарскиот министер за надворешни работи. „За среќа, од јануари во Белата куќа има претседател кој ја смета Унгарија за пријател и во тој дух, ...

Кремљ во понеделник предупреди дека ги зел предвид коментарите на американскиот сенатор Линдзи Греам, кој поддржува нов закон за санкции против Русија, и дека оние кои го поддржуваат треба да ги земат предвид неговите ефекти врз напорите за постигнување мировен договор во Украина. Во интервју за телевизиската мрежа ABC News во неделата, Греам рече дека претседателот Доналд Трамп му рекол дека треба да има гласање за законот за санкции, со кој ќе ...

Палестинците на север од Појасот Газа ноќта кон понеделникот беа изложени на едно од најжестоките израелски бомбардирања во последните седмици откако израелската армија нареди масовна евакуација, додека се очекуваат израелски претставници во Вашингтон за нови преговори за прекин на огнот. Ден откако американскиот претседател Доналд Трамп повика на крај на 20-месечната војна во Појасот Газа, се очекува близок соработник на премиерот Бенјамин ...

Апартхотелот 21st Century Zlatibor Residence, Spa & Wellness by Adora, резултат на соработката помеѓу Adora Business Group и македонската компанија ZAVAR, е добитник на престижната BIG SEE Interior Design Award – награда која се доделува на најиновативните и креативните архитектонски и дизајнерски проекти во Европа и пошироко. BIG SEE наградите прераснаа од регионална иницијатива во глобална платформа што ја слави оригиналноста и ...

Во 2024 година се регистрирани 757 бесправно изградени објекти, соопшти Државниот завод за статистика. Според видот на објектот, бесправно се изградени 151 објект за домување (19.9 %), 99 доградби, надградби и адаптации (13.1 %), 77 деловни објекти (10.2 %), 49 гаражи (6.5 %), 147 огради (19.4 %), осум скалила (1.1 %), 14 тераси (1.8 %), 20 летни тераси (2.6 %), 93 натстрешници (12.3 %), 26 времени објекти (3.4 %) и 73 помошни објекти (9.6 %). ...

Пуштена е во употреба делницата Фариш – Дреново од експресниот пат А1, дел од коридорот 10д, се скратува времето за патување. Од денеска, отворена е за сообраќај и оваа делница. Проектот е со вкупна вредност од 44,74 милиони евра и е финансиран со заем од ЕБОР (Европска банка за обнова и развој). На пуштањето денеска присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, министерот за транспорт и врски Александар Николоски и директорот на јавното ...

Седумдесет и двегодишен жител на Оризари, кочанско загина во сообраќајна несреќа што се случила вчера на патот Делчево – Штип. Според информациите на МВР, вчера во 07.06 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистралниот пат Делчево-Штип, во близина на крстосница „Компосара“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено трафик“ со кочански регистарски ознаки, сопственост на Јавна здравствена установа Виница, а управувано од ...

Секое шесто лице на светот страда од осаменост, којашо, заедно со социјалната изолација, може да доведе до развој на бројни физички болести, што на крајот резултира со 871.000 смртни случаи годишно низ целиот свет, според податоците од Светската здравствена организација (СЗО – WHO). Осаменоста го зголемува ризикот од мозочен удар, срцев удар, дијабетес, депресија, анксиозност и на крајот самоубиство, објави СЗО. Осамените тинејџери имаат 22 ...

Движењето ЗНАМ-За Наша Македонија денеска одржа прес конференција на која ги сумираше резултатите од Вториот Конгрес што се одржа вчера, 29 јуни 2025 година. Портпаролот на Движењето, Никола Мемов, рече дека испраќаат силна порака дека се етаблираат и издигнуваат како стабилен, организиран и одговорен политички субјект, со визија што не се продава, со структура што не се урива, и со волја што не се покорува. – На Конгресот, повеќе од 420 ...

Покрај пречекорување на дозволената брзина и возење под дејство на алкохол, заморот претставува една од клучните причини за сообраќајни несреќи во текот на летниот период. Особено ризична е делницата од граничниот премин Табановце до Гевгелија, и во двата правци, каде секоја година се бележат повеќе сообраќајки со сериозни последици. Оваа состојба се должи на тоа што станува збор за дел од европскиот транспортен коридор, по кој секојдневно се ...

Македонија влегува во клучна фаза на трансформација на енергетскиот систем: земјата не само што вложува во стабилноста и модернизацијата на сопствената мрежа, туку стана активен играч во регионалното поврзување и енергетската интеграција. Со новите интерконектори, стратешките трансформаторски станици и инвестициите во паметна енергетска инфраструктура, државата го поставува курсот кон енергетска независност и улога на регионален енергетски ...

Со новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, завршија празните ветувања на полето на животната средина и почна реализацијата на ветувањата кои ги дадовме пред граѓаните, изјави Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. „Направена е стратегија за 20 години, со која идните влади, без разлика која политичка партија ќе ја предводи Владата, ќе има Национална стратегија за тоа во кој правец ќе се трасира државата во овој поглед. Целта е Македонија ...

Министерството за надворешни работи се огласи по смртта на деветгодишното девојче со македонско потекло, кое се удави. -До македонскиот конзулатот во Венеција е доставено известување за трагичен настан што се случил на 29 јуни, во Сан Џакомо ди Педероба, во близина на Тревизо, покрај брегот на реката Пјаве, при што животот го загубило деветгодишно девојче, по потекло од Република Северна Македонија. Конзулатот е во редовна комуникација со ...

Лишен е од слобода виничанец, а возилото му е одземено поради констаирани тешки прекроци против безбедноса во сообраќајот откако бил фатен како управува под дејство на алкохол, без возачка дозвола и со поголема брзина од дозволената, а освен тоа и возилото било нерегистрирано, информираше во понеделникот Минстерството за внатрешни работи. Имено, во неделата (29.06.2025) околу 13,30 часот на регионалниот пат Виница-Берово полициски службеници од ...

Производителот на автомобили „Nissan Motors“ побарал од некои добавувачи да ги одложат плаќањата за да има повеќе готовина на располагање на краток рок, според неколку е-пораки и документ од јапонската компанија во кои увид имал Reuters. Во финансиската година 2024/2025 година што заврши во март, јапонската компанија работеше со нето загуба од 670,8 милијарди јени (4,5 милијарди долари), покажа деловниот извештај објавен во средината на мај. ...

Израел е заинтересиран за воспоставување формални дипломатски односи со Сирија и Либан, но нема да преговара за Голанската висорамнина како дел од евентуален мировен договор, изјави израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Саар на прес-конференција во понеделникот. Односите во регионот се полни со неизвесност поради повеќе од една година борби меѓу Израел и Либан од крајот на 2023 година, паралелно со војната во Појасот Газа и ...

И 15 часа по скандалозната крвна закана на Костадин Костадинов кон новинар СДС молчи. Ова е личен избор на Венко Филипче, тоа е негов градоначалник и партиски функционер, рече на денешната прес-конференција пратеникот Бране Петрушевски. Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов јавно се закани и повика на крвна освета кон новинар. Филипче молчи и одобрува. Костадинов упати продолжена закана по животот на новинарот, потенцирајќи дека врз ...

Бројот на жртви од поплавите предизвикани од поројните монсунски дождови во Пакистан достигна 46 лица, а десетици се повредени, јавија светските агенции, повикувајќи се на соопштение од локалните власти. Меѓу жртвите на поплавите, кои почнаа минатата недеа се 22 лица во покраината Хајбер-Пахтунхва, 12 во источната покраина Пенџаб, седум во јужен Синд и четири во Белуџистан, соопштија Националниот орган за управување со катастрофи и локалните ...

Премиерот Христијан Мицкоски присуствуваше на пуштање во употреба на делницата Дреново- Фариш до Прилеп. – Денес го пуштаме во употреба експресниот пат Фариш- Дреново во должина од 10,2 километри со вредност од речиси 45 милиони евра. Проект што е директна инвестиција во развојот, безбедноста и иднината на овој регион, на државата, на секој граѓанин. Овој пат е од витално значење и за Кавадарци и за Прилеп и за Битола и за Ресен и за сите ...

Од Скопје до Прилеп ќе се патува за околу 1 час и 15 до 20 минути, а до Битола за час и 40-тина минути, истакна денеска во своето обраќање при пушањето на делницата Дреново – Фариш до Прилеп вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. -Владата претходно не помислила ако цела не карпа туку планина виси над патот, дека е возможно во дадени временски услови недај боже истата може да се сруши на патот и затоа на крајот од минатат ...

Добро е што Министерството за внатрешни работи кога ги објавува огласите наведува кои се основни услови кои треба да ги исполнат оние кои аплицираат за да ги добијат. Добро е што притоа не наведува од која политичка партија треба да бидат, изјави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски одговарајќи на новинарско прашање за коментар по вчерашните обвинувања од СДСМ за наместен тендер за испитниот центар во Битола. Министерот додаде ...

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе го прекине федералното финансирање на градот Њујорк ако водечкиот кандидат за градоначалник, демократот Зохран Мамдани, „не се однесува како што треба“ ако биде избран на таа функција. Во меѓувреме, Мамдани негираше дека е комунист, како што тврди претседателот. Мамдани, сепак, потврди дека е посветен на зголемување на даноците за најбогатите њујорчани, велејќи дека мисли дека „не треба да ...

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски денес е на терен во Кулково, поради детектиран е проблемот на водоснабдителната мрежа. -Работиме да го надминеме дефектот. Ја разбирам потребата на жителите и сум благодарен на разбирањето и соработката, изјави Стојкоски. За Кучково е обезбедена нова бушотина со капацитет од 6 литри во секунда, резервоарот за вода е полн, дефектите тековно ќе ги отстрануваат. Се работи за мрежа од ...

Протераниот тибетски духовен водач Далај Лама во понеделникот навести дека наследник ќе биде именуван по неговата смрт за да ја продолжи борбата за тибетска слобода. Далај Лама им се придружи на илјадниците будистички верници во понеделникот на молитвена служба по повод неговиот 90-ти роденден, настан што одекна далеку надвор од индискиот хималајски град каде што живее со децении. Носејќи ја својата традиционална будистичка облека, тибетскиот ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,30 % во однос на одлуката од 27.06.2025 година. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2,00 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,00 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното ...

Спроведени политики, активирани фондови, конкретни институционализирани чекори и зголемена видливост на нашата евроинтеграција. По 12 месеци подготвени сме да покажеме отчет и резултати … Европските интеграции не се само декларативна цел, туку операционализирана политика, порача министерот за европски прашања Орхан Муртезани по повод една година Влада. Во 12 месеци Муртезани посочи дека е ревидирана преговарачката структура земајќи ги предвид ...

Радовишанка мортус пијана предизвикала сообраќајка и побегнала од местото. -На 29.06.2025 во 06.30 часот во Радовиш полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш ја лишиле од слобода Т.К.(19) од Радовиш. Taa на ул. „Самоилова” во Радовиш, управувајќи моторно возило предизвикала сообраќајна несреќа и го напуштила местото на настанот, а по преземени мерки било утврдено дека возилото го управувала под дејство на алкохол, односно дека има 2.23 ...

Влијателен ирански свештеник индиректно упати смртна закана кон американскиот претседател Доналд Трамп, истакнувајќи во религиозна изјава дека заканите кон иранскиот лидер Али Хамнеи се сметаат за проклетство и грев, казниво со смрт според исламот. Пред речиси две недели, Трамп индиректно му се закани на Хамнеи, велејќи дека е лесна цел. -Нема да го убиеме, барем не засега!, рече тој во коментарите пред новинарите. Ајатолахот Насер Макарем ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не верува оти Иран успеал да заштити или премести каков било дел од своите залихи на збогатен ураниум пред неодамнешните американски напади врз ирански нуклеарни постројки. Во интервју за Фокс њуз, Трамп категорично ги отфрли извештаите дека Техеран можеби превентивно ги преместил залихите. – Тие не преместија ништо – рече тој, објаснувајќи дека нападите не биле најавени, што не им оставило ...

Пожарникарите од Куманово и Старо Нагоричане вчера интервенирале на опожарени површини со жито во липковското Ропаљце и во кумановско Клечовце, соопштија денеска од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово. Во Клечовце гореле житни површини од околу три хектари, во интервенцијата учествувале и вработени од приватен субјект кој е во непосредна близина на опожарената површина. Жито горело и во липковското село Ропаљце. Опожарена сува ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
1.54
64%
1018
weather icon

Белград

20ᴼ / 19ᴼ
2.57
55%
1018
weather icon

Загреб

21ᴼ / 15ᴼ
0.51
70%
1018
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
5.14
72%
1021
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
2.71
68%
1020
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 15ᴼ
0.51
91%
1019
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
7.72
47%
1012
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
1.54
64%
1014
weather icon

Подгорица

28ᴼ / 28ᴼ
1.03
32%
1015
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 18ᴼ
2.57
77%
1022
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 16ᴼ
1.34
54%
1020
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
5.66
73%
1018
Currency

61.54

Currency

53.0129

Currency

71.3354

Currency

34.6232

Currency

38.5115

Currency

65.6625

Currency

7.38423

Currency

0.66559

Currency

0.35881

Currency

0.52799

Currency

1.30132

Currency

0.60505