Денеска во 19,30 часот, ќе се одржи трибина на ВМРО-ДПМНЕ во општина Струмица на тема: ,,Една година ги градиме темелите на македонското земјоделство и храна’’. На трибината говорници ќе бидат: – Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Владата; – Цветан Трипуновски – претседател на комисијата за земјоделство на ВМРО-ДПМНЕ и ресорен министер во Владата; – Илија Стоилев – претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Свети Николе и ...

ОВЕН Избегнувајте брзи и ризични акции, особено во професионален или материјален контекст. Внимателно бирајте ги зборовите и не дозволувајте емоциите да ви го диктираат однесувањето. Обидете се со нешто ново за да внесете свежина во вашиот секојдневен живот. БИК Можностите за професионална стабилност ќе бидат поопипливи ако работите целенасочено. Збогатете го вашето знаење и фокусирајте се на личниот развој. Поставете јасни цели и напредувајте ...

Ревизијата на американската Централна разузнавачка агенција (CIA) утврдила пропусти во подготовката на проценката на американското разузнавање дека рускиот претседател Владимир Путин наводно се обидел да влијае на претседателските избори во САД во 2016 година во полза на тогашниот победник и сегашен претседател Доналд Трамп, „но не го оспори тој заклучок“, заклучува Reuters. Ревизијата „не го доведува во прашање квалитетот и кредибилитетот“ на ...

Кина е подготвена да ја подобри комуникацијата со Европската унија и да направи темелни подготовки за следниот состанок на челниците на Кина и ЕУ, изјави кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји во писмена изјава во средата. На состанокот со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, Ванг ги повика двете страни меѓусебно да ги почитуваат основните интереси на другиот и да работат кон меѓусебно разбирање, додавајќи дека „гледањето ...

Официјалниот претставник на Пентагон во среда тврдеше дека американските напади ја забавиле нуклеарната програма на Иран за до две години откако наводно уништиле три гаѓани објекти. Шон Парнел, портпарол на Пентагон, ја даде проценката на брифинг за медиумите, додавајќи дека официјалната проценка е „веројатно поблиску до две години“. Американските воени бомбардери извршија напади врз три ирански нуклеарни објекти на 22 јуни, користејќи повеќе од ...

Поранешниот градоначалник на Центар од редовите на СДСМ, вечерва во подкастот „На претрес кај Ландов“ посочи дека актуелниот градоначалник на Центар од СДСМ Горан Герасимовски ќе изгуби на престојните локални избори. -Ќе изгуби затоа што по 2021 година, таа структура која носеше позитивни резултати во Центар за СДСМ е тргната на страна, многу луѓе се дистанцирани благодарение на Горан Герасимовски, нема луѓе. Дополнително на тоа, има негатива ...

СДС вечерва со новите предлог кандидати за градоначалници најави дебакл на изборите. Кандидатите на СДС се луѓе кои немаат рејтинг во своите општини, луѓе на Заев луѓе кои се претходни градоначалници кои ги опустошиле општините или пак луѓе кои се поставени за Филипче и Заев да си ги задоволат своите блиски луѓе, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. -Еден од таквите е и новиот кандидат за Струмица, Марјан Даскаловски кој е многу близок човек на Заев и ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со министрите за надворешни работи Тимчо Муцунски и министерот за култура Зоран Љутков се во посета на македонците во Мала Преспа каде присуствуваат на фестивалот „Македонско културно лето“–симбол на истрајноста и духот на македонската заедница во Албанија. „Фестивалот претставува жив сведок на богатството на македонската култура, уметност и традиција и испраќа јасна порака дека македонскиот ...

Најмалку пет смртни случаи се пријавени додека Европа доживува топлотен бран што ги стави во состојба на готовност општинските и здравствените службеници во неколку земји. Двајца мажи починаа на плажите на италијанскиот медитерански остров Сардинија во средата од последиците од неподносливата топлина. Во близина на градот Будони на источниот брег, 75-годишен маж доживеал напад на несвестица од кој не се опоравил, според службите за итни случаи. ...

Македонскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, денеска беше во посета на Пустец, каде што оствари средби со тамошната македонска заедница, објави euronews.al. Во изјава за медиумите, Муцунски рече дека македонската влада треба да направи повеќе за оваа заедница, додавајќи дека ќе побара од својот албански колега да се отвори македонски конзулат во Корча. „Тука во Пустец имаме наша македонска заедница, дојдов со ...

Германскиот канцелар Фридрих Мерц во средата предизвика негодување кај дел од јавноста со својата изјава дека Бундестагот „не е циркус“ за на него да се истакнува знаме во боите на виножитото, симболот на ЛГБТК. „Тоа е многу несреќна изјава и канцеларот треба повторно да размисли за тоа“, рече потпретседателот на парламентарната група на Социјалдемократската партија на Германија (SPD) Арманд Цорн, која е дел од владата водена од демохристијаните ...

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче објави дел од кандидатите на партијата за градоначалници на претстојните локални избори. Меѓу нив не е а актуелниот градоначалник Костадин Костадинов. Тој во објава на Фејсбук му покажа заби на Филипче: „Драги струмичани и струмичанки, Мои пријатели, соседи, роднини,соработници Мои сограѓани со кои ги делам деновите, улиците, битките и соништата… Мојата партиска припадност од денес е замрзната во СДСМ, не со ова ...

Двократниот шампион на Вимблдон, Шпанецот Карлос Алкараз, се пласираше во третото коло од третиот гренд слем во сезоната со удобен триумф од 6-1, 6-4, 6-4 над британскиот квалификант Оливер Тарвет. Алкараз се мачеше во првото коло против искусниот Италијанец Фабио Фоњини, но немаше многу проблеми против 733-от светски тенисер во второто коло. Иако Тарвет играше храбро, на Алкараз му беа потребни нешто повеќе од два часа за да победи со 3-0. ...

Претседателот на опозициската СДСМ, Венко Филипле во средата на прес-конференција објави нови имиња за кандидати за градоначалници за претстојните локални избори. Меѓу општините за кои беа соопштени имињата се Карбинци, Сопиште, Дебарца, Демир Хисар и Струмица – каде што изостанува актуелниот градоначалник Костадин Костадинов, кој беше влијателна личност на социјалдемократите особено во мандатот на поранешниот партиски челник и премиер, неговиот ...

Во попладневните часови во селото Грушино, во близина на Арачиново, се случи сериозен инцидент кога автобус на ЈСП бил зафатен од оган и целосно изгорел, објави Пресс24. Пожарот избувнал ненадејно, при што за кратко време огнените јазици го проголтале целото возило. На местото на настанот брзо реагирале противпожарни екипи, кои со навремена интервенција успеале да го локализираат и изгаснат пожарот. @username80988 #vira #shkupi #skopje ...

Европскиот парламент ќе гласа за доверба на Европската комисија под претседателката Урсула фон дер Лајен следната седмица. Претседателката на парламентот, Роберта Мецола, ги информираше за тоа шефовите на парламентарните групи во среда вечерта, објави германската новинска агенција dpa. Гласањето за доверба ќе се одржи на иницијатива на романскиот конзервативен европратеник Георге Пипереа. Документот на две страници ја обвинува Комисијата за ...

Владата на Унгарија ќе продолжи да се бори против планот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој ќе ја стави енергетската безбедност на Унгарија во сериозен ризик и ќе ги зголеми трошоците за сметките на домаќинствата, изјави денеска шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто. Додаде дека Будимпешта ги проценува минатонеделниот предлог за забрана за купување евтина руска нафта и природен гас, изнесен на Самитот на ЕУ. Според ...

Пожарот во валандовско Грчиште, кој избувна во вторникот попладнето, од утриро во средата повторно се активирал поттикнат од силниот и топол ветер и во моментот е зафатена голема површина при што пожарот е распространет во два огнени крака од кои едниот се движи кон селата Казан Дол и Фурка, а вториот кон општина Богданци, соопштија попладнево од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Во гаснењето се ангажирани повеќе од 50 лица, а ...

Цените на нафтата се искачија на 68 долари на меѓународните пазари во средата, бидејќи инвеститорите ја одмеруваат најавената поголема понуда и побарувачка во летната сезона пред состанокот на Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) и нејзините сојузници големи независни производители предводени од Русија, познати како групата OPEC+. На лондонскиот пазар, цената на барелот беше за 63 центи повисока попладне отколку на вчерашното ...

Потпретседателот на Собранието и претседател на Комисијата за европски прашања, Антонијо Милошоски денеска оствари средба со Матеј Закоњшек, директор на Меѓународната организација – Транспортна заедница, како и со заменик-директорката Љуба Силјаноска. На средбата, како што информираат од собраниската прес-служба, директорот Закоњшек ја истакнал основната цел на Транспортната заедница — интегрирање на земјите од Западен Балкан во заедничкиот ...

Извозот на течен природен гас (ТПГ – LNG) од САД се намали во јуни поради сезонските работи за одржување во големите постројки, покажаа прелиминарните податоци од финансиската компанија LSEG. Компаниите испорачаа 8,4 милиони тони ТПГ на странски клиенти во јуни, покажаа податоците на LSEG, што е за 5,7 отсто помалку отколку во претходниот месец. Во април, извозот на ТПГ од САД скокна на 9,3 милиони тони, што е највисоко ниво од почетокот на ...

Американскиот музичар Шон „Диди“ Комбс во средата беше прогласен за виновен за злосторства поврзани со проституција, но ослободен од посериозните обвиненија, што се смета за удар за обвинителите кои го обвинија и за заговор за рекетирање и трговија со луѓе со цел сексуална експлоатација. Комбс беше прогласен за виновен за транспорт со цел проституција и ослободен од заговор за рекетирање и две точки од обвинението за трговија со луѓе со цел ...

Палестинското движење Хамас објави во средата дека разгледува предлог за прекин на огнот во Газа што американскиот претседател Доналд Трамп го нарече „конечен“, но исто така рече дека Израел мора да се повлече од палестинската енклава. Трамп изјави во вторникот по „долгата и продуктивна“ средба на неговите претставници со израелската страна, дека Израел се согласил со условите потребни за финализирање на договорот со Хамас за 60-дневно примирје. ...

Министерството за внатрешни работи во Газа, управувано од Хамас, во средата му нареди да се предаде и да се појави на суд на водачот на вооружен бедуински клан кој се спротивставува на контролата на Хамас врз палестинската енклава. На почетокот од јуни израелските власти признаа дека поддржуваат и вооружуваат палестински криминален клан што се бори против Хамас во Појасот Газа, тврдејќи дека тоа придонесува за израелските „воени цели“ и „спасува ...

Во Собранието денеска започна расправата по Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот за 2025 година. -Ребалансот ги следи основните приоритети на фискалната политика, а тоа е продолжување на фискалната консолидација, обезбедување макроекономска стабилност и поттикнување на развојот, при што не се менува проектираниот буџетски дефицит. Главната цел на измените е да се обезбеди непречено извршување на буџетот во услови на позитивни ...

Нарачките во германската машинска индустрија остро се зголемија во мај, што одразува пораст на побарувачката од странство, во споредба со ниската споредбена база во 2024 година, објави во средата здружението за машинско инженерство VDMA. Новите нарачки се зголемија за 9 отсто во мај во споредба со истиот период минатата година, пресмета VDMA. Странските нарачки скокнаа за 12 а домашните за 2 отсто, покажаа податоците. „Сепак, минатиот мај беше ...

Олеснувањето на трговските ограничувања и насочената државна поддршка се клучни за економското закрепнување на Иран од последиците од 12-дневната војна, нагласуваат претставници на бизнис здруженијата, истакнувајќи ја подготовката на теренот за привлекување странски инвестиции, објавува Tehran Times. Иранската бизнис заедница очекува државата да ја зајакне физичката и економската безбедност и да ја заштити финансиската и трговската ...

По повод една година од формирањето на Министерството за јавна администрација, министерот Готан Минчев денеска презентираше преглед на клучните резултати и реформски потези што, како што потенцираше „ја поставија основата на новата култура на управување во јавниот сектор“. Министерот Минчев истакна дека преку политичка волја, транспарентност и вложување во човечкиот капитал, Министерството спровело системски промени насочени кон департизација, ...

Расправата за ребалансот на Буџетот продолжува утре во матичната Комисија за финансирање и буџет. Денеска на првиот ден од расправата, пратениците од власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања за тоа кој повеќе направил на економски план за државата. За пратениците од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, ребалансот е реален и гарантира економски раст и подобрување на животниот стандард, а за опозицијата е доказ дека е направена краткорочна политичка ...

Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, на денешната Комисија за финансирање и буџет, се обрати и истакна дека ребалансот е резултат на анализа, одговорност и јасна визија. Според него, со зголемени приходи и рационално трошење, се вложува во плати, пензии, образование, здравство, транспорт, локален развој и млади. Стојаноски додаде дека ова не е симболика, туку конкретна инвестиција во квалитетен и достоинствен живот за сите граѓани во ...

weather icon

Скопје

32ᴼ / 32ᴼ
2.06
27%
1016
weather icon

Белград

29ᴼ / 28ᴼ
2.06
42%
1019
weather icon

Загреб

31ᴼ / 28ᴼ
3.09
34%
1021
weather icon

Софија

32ᴼ / 29ᴼ
4.12
30%
1018
weather icon

Сараево

32ᴼ / 32ᴼ
4.18
27%
1019
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 27ᴼ
2.57
54%
1020
weather icon

Атина

34ᴼ / 31ᴼ
11.62
37%
1012
weather icon

Тирана

37ᴼ / 37ᴼ
2.57
16%
1013
weather icon

Подгорица

35ᴼ / 35ᴼ
3.09
24%
1013
weather icon

Букурешт

31ᴼ / 27ᴼ
5.81
34%
1021
weather icon

Будимпешта

28ᴼ / 27ᴼ
1.54
34%
1021
weather icon

Истанбул

30ᴼ / 29ᴼ
10.29
45%
1018
Currency

61.54

Currency

52.8443

Currency

71.0488

Currency

34.4192

Currency

38.3484

Currency

65.0653

Currency

7.35348

Currency

0.66488

Currency

0.35714

Currency

0.52371

Currency

1.2986

Currency

0.60315