
Скопје
32ᴼ /
32ᴼ



Министерството за финансии молчи за апликациите и исплатите по Законот за финансиска поддршка на инвестициите, додека средствата за оваа намена се скратени за 900 милиони денари – од 2,375 на 1,475 милијарди денари. Овој драстичен пад е јасна порака до бизнис секторот дека поддршката или е суспендирана, или станува алатка за селективна распределба, рече пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната собраниска седница за ребаланс на буџетот. ...
На 88 седница на Владата која се одржа вчера, 6 ресорни министерства вклучени во потпрограмата за капитални дотации на единиците на локалната самоуправа – позната како АА, доставија предлог одлуки до Владата за проектите на општините кои ги исполнуваат условите наведени во самиот повик, информира владината портпаролка Венера Латифи Азизи. Оваа потпрограма претставува значаен инструмент за поддршка на општините и нивното институционално и ...
По одлуката на Вашингтон да ги запре некои критични испораки на оружје за Украина, Киев во средата предупреди дека овој потег ќе ја ослабне нејзината способност да се одбрани од интензивирањето на руските воздушни напади и напредувањето на бојното поле. Украинските власти соопштија дека го повикале вршителот на должноста претставник на САД во Киев за да ја нагласат важноста од продолжување на воената помош на Вашингтон, велејќи дека секое ...
Секторот за внатрешни работи Куманово до Основното јавно обвинителство Куманово поднесе кривична пријава против М.А. (37) од Куманово поради постоење основи на сомнение дека сторила кривични дела „проневера во службата“ по чл.354, ст.3, во врска со ст.1 и во врска со чл.45 и „фалсификување или уништување деловни книги“ по чл. 280 ст.2 во врска со ст.1 во врска со чл.45 од КЗ и против Ј.А. (52) од Куманово поради постоење основи на сомнение дека ...
ВН Македонија му ја даде на користење на Археолошкиот музеј парцелата во локалитетот „Тумба Маџари“ во Скопје, со цел спроведување на понатамошни археолошки истражувања кои се од исклучителна важност за разбирањето на историјата на целиот Балкан и Европа. Првиот човек на ЕВН Македонија, г-дин Волфганг Маиер и директорката на Археолошкиот музеј, г-ѓа Магдалена Манаскова, потпишаа Договор за долгорочно користење на парцела од 6000 квадратни метри, ...
Во рамки на Бизнис форумот „Италија – Северна Македонија“, кој денес се одржа во Скопје, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари билатерална средба со Марија Триподи, заменичка министерка за надворешни работи и меѓународна соработка на Република Италија. На средбата беше изразено заедничко задоволство од сè поинтензивната економска и политичка соработка меѓу двете земји, особено во доменот на ...
СВР Битола до Основното јавно oбвинителство Битола поднесе кривична пријава против 43-годишната М.Л. од Битола поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „измама” по чл.247 од КЗ. Имено, пријавената во временскиот период од 15.09.2024 до 15.04.2025, со намера да прибави противправна имотна корист, довела во заблуда 64-годишно лице од Битола односно лажно му се претставила дека е вработена во МВР и дека ќе му помогне неговиот ...
Повторно гори депонијата во Визбегово. Според информациите од Центарот за управување со кризи (ЦУК), пожарот е повторно активиран поради природата на отпадот, кој овозможува повторно палење дури и по изгаснување. – Се работи за т.н. жариште кое поради длабоко складираниот отпад и високите температури лесно се реактивира. Пожарот овој пат се прошири и кон социјалните бараки кај хотелот „Њу Стар“, со што ситуацијата стана сериозна – изјавија од ...
Австралија во средата објави дека му ја поништила визата на контроверзниот американски рапер Канје Вест поради песна, како што е обвинети, во која го величи германскиот нацистички лидер Адолф Хитлер. „Не ни треба ваков вид нацизам да се промовира во Австралија“, изјави министерот за внатрешни работи Тони Бурк за ABC. Четириесто иосумгодишниот музичар, сега познат по неговото уметничко име Је (Ye), ја објави „Хајл Хитлер“ на 8-ми мај, што дали ...
Питер Хенри Шродер почина на 91-годишна возраст. Како што пренесуваат американските медиуми, Шродер починал во болница за ветерани во Лејк Сити, опкружен со своето најблиско семејство. Причината за смртта засега не е објавена. Зад себе остави ќерка – Валери Лин, син – Питер Хенри Втори, снаа – Фелисија Кристијани, и двајца внуци – Питер Хенри Трети и Џарид Мајкл. Иако најмногу се истакна со своето појавување во првата епизода на Star Trek: ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос пожарите кои се случуваа и каква е спремноста на Македонија годинава да се справи со нив, изјави: „Секаде на Балканот на лето се случува сезона на пожари, но за разлика од претходните години, оваа година сме многу, многу поподготвени. Пред сѐ, тука мислам на армиските и полициските хеликоптери. Авионите на Дирекцијата за заштита и спасување, два се тука, го чекаме ...
Премиерот Христијан Мицкоски изрази задоволство за постигнатиот напредок за доизградбата на Коридорот 8, а кој е постигнат меѓу Скопје и Софија. Посочи дека така треба соседите да градат доверба. – Што се однесува до Коридорот 8, јас се радувам и би рекол аплаудирам на постигнатиот напредок, којшто го имаа на состанокот потпретседателот на Влада и министер за транспорт, (Александар) Николоски, со неговиот колега од бугарската Влада. Тоа е чекор ...
ВЛЕН ќе поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство – Скопје против тогашното раководство на Државниот завод за статистика, други одговорни и раководни лица во врвот на поранешната Влада на ДУИ и СДСМ, како и други лица со моќ на договарање во тогашната политичката власт во врска со пописот на населението. -Причина за пријавата е сериозниот сомнеж за политичко договарање и следствено на тоа фалсификување на резултатите од Пописот ...
Со два автомобили и полициска придружба од Основниот суд во Кочани се транспортира предметот за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која животите ги загубија 62 лица, а над 200 беа повредени, соопшти претседателот на Апелациониот суд-Штип, Тони Делев во изјава за МИА. – Од Основниот суд во Кочани заедно со сите списи и докази, коишто се приложени се носат во Основниот Кривичен суд Скопје, согласно одлуката на Врховниот суд на Република ...
Премиерот Христијан Мицкоски изрази задоволство за постигнатиот напредок за доизградбата на Коридорот 8, а кој е постигнат меѓу Скопје и Софија. Посочи дека така треба соседите да градат доверба. -Што се однесува до Коридорот 8, јас се радувам и би рекол аплаудирам на постигнатиот напредок, којшто го имаа на состанокот потпретседателот на Влада и министер за транспорт, Николоски, со неговиот колега од бугарската Влада. Тоа е чекор напред. Така ...
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски денеска, во рамки на македонско-италијанскиот бизнис форум ги претстави националните заложби во областа на технолошките иновации, дигиталната трансформација и сајбер безбедноста. На форумот беше истакната посветеноста на Македонија кон исполнување на реформската агенда на Европската Унија, при што новите реформски закони, особено Законот за сајбер безбедност, како што беше речено, се ...
Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, во вторникот изјави дека Техеран активно бара меѓународно признавање и надомест за она што го опишува како акти на агресија од страна на САД и Израел против Исламската Република. Во телефонски разговор со ерменскиот министер за надворешни работи, Арарат Мирзојан, Арагчи нагласи дека Иран ги смета нападите од двете нации за кршење на неговиот национален суверенитет и меѓународното право. Тој ...
Телефонската комуникација меѓу рускиот и францускиот претседател останува доволна за размена на мислења, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на брифинг кога беше прашан за можноста за средба меѓу Владимир Путин и Емануел Макрон. „Тие не разговарале за таква средба“, истакна Песков. „Досега, телефонската комуникација беше доволна за размена на ставови“, додаде тој. Претседателите на Русија и Франција разговараа по телефон за првпат по ...
Нов производствен капацитет вреден над 2 милионa евра беше свечено отворен денеска од фармацевтската компанија „Реплек“. Станува збор за високи технолошко и квалитетно решение, со висока продуктивност, со кое како што посочи генералниот директор на „Реплек“, Душан Пецовски, ќе се зголеми капацитетот на компанијата и нејзиното прилагодување на пазарите, а цврстите форми кои ги произведува компанијата ќе се зголемат за 25 %. – Ова е целосна линија ...
Дрско и безобразно лаже и ја манипулира јавноста единствено првиот човек на Општина Струмица, Костадин Костадинов, во вчера објавениот ФБ статус во кој свесно ја клевети Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) дека предизвикувала страв и паника кај Струмичани, прогласувајќи ја за небезбедна водата за пиење, велат од институцијата откако вчера се огласи Костадинов и објави судска одлука. Од АХВ велат дека „едно свесно заборави да каже ...
Ние повикуваме на национален консензус со месеци, но гледате, додека се бориме да ги вратиме изгубените позиции на меѓународната сцена, опозицијата не бира средства како од зад грб да ни забие нож, на тој начин да им се допадне на тие кои не ѝ мислат добро на Македонија, мислејќи дека повторно ќе имаат можност да бидат на власт, изјави премерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања во врска со повикот на опозицискиот СДСМ за ...
Денеска во Скопје се одржа македонско-италијанскиот бизнис форум, организиран во соработка со Министерството за надворешни работи и надворешна трговија и Амбасадата на Република Италија. На отворањето на настанот се обратија министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, и заменик-министерката за надворешни работи и меѓународна соработка на Италија, Марија Триподи. Министерот Муцунски во своето обраќање истакна дека ...
Сведоци бевме како изминативе 7 години, образованието беше урнисано, наставниот кадар омаловажен, а студентите и средношколците оставени сами на себе. Од ветувања како нов студентски град, нови студентски домови, вработувања на најдобри студенти, нови факултети, модерен образовен систем, дојдовме до тоа да години немаме учебници за учениците, да немаме стипендии за студентите, студентски домови со ладна вода и нехуман ентериер, наставниот кадар ...
На новинарско прашање премиерот Христијан Мицкоски истакна дека ова година сме повеќе подготвени за справување со пожарите во однос на минатата година и најави показна вежба од модернизираната опрема. -Секаде на Балканов на лето се случува сезона на пожари, но за разлика од претходните години, оваа година сме многу по подготвени. Пред се мислам на армиските и полициските хелихоптери. Авионите на Дирекцијата за заштита и спасување, два се тука го ...
Иран привремено ја суспендираше соработката со Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ – IAEA) откако претседателот Масуд Пезешкијан потпиша соодветен закон, објави новинската агенција Tasnim во средата. Ова значи дека Иран нема да им дозволи на инспекторите на МААЕ да влезат во земјата сè додека не се гарантира „безбедноста“ на нуклеарните објекти. Деталите за оваа одлука не се познати. „Организацијата со седиште во Виена мора да ги ...
Скопјанец загина вчера во страшна сообраќајна несреќа што се случила на кејот на Вардар, во близина на Паркот на франкофонијата, или кај објектот „Жабарот“. Според очевидци, скопјанецот бил прегазен од мотор кој бегал од полицијата, а стравичната несреќа се случила под прозорецот на станот во зградата во која живеел. Негов познаник објави статус на Фејсбук во која пишува: „Го убија со мотор, скап мотор, без таблички, бегајќи од полиција на Кеј ...
Под влијание на топла воздушна маса од југ, од утре до средината на следната седмица, времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 30 степени Целзиусови, а наместа ќе надминува 40 степени Целзиусови, информираат денеска од Управата за хидрометеоролошки работи. Во недела во попладневните и вечерните часови ќе има услови за локална нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествуваше на Бизнис форумот „Италија – Северна Македонија“, кој е насочен кон продлабочување на економската соработка помеѓу двете земји, со фокус на инвестиции во инфраструктурата и енергетиката. Во рамки на пленарната сесија и панелот посветен на енергетската транзиција и циркуларната економија, министерката Божиновска ги презентираше плановите и резултатите на ...
САД ја запреа испораката на дел од ракетите за воздушна одбрана и друга муниција во Украина поради загриженост дека американските залихи се премногу мали, изјавија вчера две лица запознаени со одлуката. Забавувањето на дел од испораката на оружје што ѝ го вети администрацијата на поранешниот американски претседател Џо Бајден на Украина се случи во последните денови, велат изворите, додавајќи дека меѓу доцнењето на испораките имало пресретнувачи ...
Европските доселеници, главно британски прогонети и осуденици, извршиле геноцид врз Абориџините во Австралија, според наодите на истражна комисија во југозападната држава Викторија, која ја повикува владата да спроведе мерки за репарација. Првата истрага за откривање на вистината во Австралија ги означи неправдите што ги доживеале луѓето од првите народи во сојузната држава во Викторија како „геноцид“ и ја повика државната влада да обезбеди ...