Вчера во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ со тешка телесна повреда бил донесен работник од скопско. -На 30.06.2025 во 21.08 часот во СВР Скопје од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со тешка телесна повреда бил донесен З.Д.(60) од с.Волково, скопско, информира МВР. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување на работни задачи во приватна фирма на подрачјето на Гази Баба. Излезено било на местото на ...

Приведена скопјанка која вчера со остар предмет им се заканувала на сосетката и на малолетничка. -На 30.06.2025 во 17:30 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода С.К.(56) од Скопје, по претходна пријава дека со употреба на остар предмет упатила закани кон нејзината сосетка М.А.А.(39) и нејзината малолетна ќерка, соопшти МВР. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен ...

Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска официјално го објави укинувањето на Агенцијата на САД за меѓународна развојна помош (УСАИД), по брзата одлука за затворање на оваа владина агенција откако претседателот Доналд Трамп се врати во Белата куќа. Затворањето на УСАИД доаѓа по студија објавена вчера во медицинското списание Лансет, која предвидува дека укинувањето на американската помош може да предизвика дополнителни 14 милиони смртни ...

Премиерот Христијан Мицкоски во репликата на изјавата на заедничката прес – конференција со еврокомесарката Марта Кос посочи дека за него македонскиот идентитет не се само македонските специјалитети туку и Гоце Делчев и Даме Груев и Сандански. -За мене мојот идентитет не е само прекрасната македонска кујна, туку е и Гоце Делчев и Шапкарев, и Миладиновци и Илинденското востание и Дамјан Груев и Јане Сандански… Не знам дали ќе го споделат истото ...

Полска ќе воведе привремени гранични контроли со Германија и Литванија на 7 јули, изјави во вторник полскиот премиер Доналд Туск, откако неколку други европски земји кои ги вратија граничните контроли за борба против нелегалната имиграција. „Веруваме дека привременото враќање на контролите е неопходно за да се минимизира неконтролираниот проток на мигранти преку полско-германската граница“, рече Туск на состанок на неговиот кабинет. Германија ...

На покана на Јерн Фленк, директор на Атлантскиот совет, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска учествуваше на настан организиран од Советот, кој се одржа во просториите на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Покрај министерот Муцунски, на настанот се обратија и министерката за европски прашања на Црна Гора, Маида Горчевиќ, како и претставници Делегацијата на Европската Унија, ...

Коридорите 8 и 10 се економски и стратешки многу важни за Македонија и затоа влеговме во голем инвестициски циклус за да ги развиваме. Работиме на изградба на нови автопати и проект за брза железница, истакна во интервјуто за Франс 24, вицепремиерот Николоски, направено при работата посета на Франција. -Имаме уникатна географска позиција. Не е тајна дека балканските војни и Првата светска војна се воделе околу Македонија. Два паневропски ...

Маж од турско потекло е уапсен во Грција за силување жена на плажа во Лаврио, југосточна Атика, пишува грчки „Екатимерини“. Жртвата на нападот пријавила во полицијата дека маж ја зграпчил додека била на плажа, потоа ја претепал и силувал. И покрај фактот дека избегал, отпечатоците од прсти на напаѓачот биле дадени. Жртвата во еден момент ѝ спомнала на полицијата дека се обидела да го зграби нејзиниот мобилен телефон за да повика помош, но дека ...

Натпреварот од осминафиналето на Светското клупско првенство меѓу Реал Мадрид и Јувентус можно е да биде одложен. Според најавата на метеоролошката служба за време на натпреварот најавени се грмотевици во околината на Мајами. Ризикот од олујно невреме е присутен за време на почетокот на натпреварот на „Хард рок“ стадионот. Според протоколот од американските спортови на отворено (НФЛ, МЛС) натпреварот се прекинува за 30 минути, ако има удар на ...

Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот француски колега Емануел Макрон денеска разговараа телефонски, првпат по речиси три години, соопшти Кремљ. Според руската страна, Путин изјавил дека конфликтот во Украина се должи на политиката на Западот, кој ги игнорира интересите на Русија и создава антируски мост во Украина и толерира прекршувања на правата на населението кое зборува на руски јазик. Од Кремљ наведуваат дека разговорот траел околу ...

Претседателите на Хрватска и Словачка, Зоран Милановиќ и Петер Пелегрини, денеска во Загреб порачаа дека е неопходно обновување на дипломатскиот дијалог со Русија, нагласувајќи дека продолжувањето на воениот конфликт во Украина не води кон траен мир. – Нема никакво оправдување да не се водат разговори со Русија. Ако нема дијалог, зошто постои дипломатијата?, рече Милановиќ на заедничката прес-конференција. Тој потсети дека дури и во текот на ...

Енид Барди е еден од низата македонски репрезентативци кои ќе бараат нови клубови во летниот преоден рок, а потврда за тоа добивме денеска од Турција. Барди спогодбено си замина од Трабзонспор на средина на сезоната и се пресели во Бодрум, но откако тимот се пресели во Втора лига, стана јасно дека нема да го задржува играчот за врска. Од друга страна, јасно беше и дека Барди нема да си дозволи да настапува во втората лига во Турција, па така ...

Американскиот Сенат денеска го усвои таканаречениот „голем убав закон“ (big beautiful bill) на претседателот Доналд Трамп, кој претставува масовен буџетски пакет што ги зацврстува неговите клучни политички приоритети. Предлог-законот беше изгласан со 51 глас „за“ и 50 „против“, при што одлучувачки беше гласот на потпретседателот Џеј Ди Венс, кој според Уставот има право да гласа во случаи на еднаков број гласови. Законот, обемен околу 940 ...

На телевизија Алфа во емисијата „За или против“ гостуваше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, кој дискутираше за Самитот ЕУ-Западен Балкан на којшто Македонија беше домаќин. На самиот почеток Милошоски истакна дека Македонија не случајно е домаќин на овој состанок, од причина што акцентот е ставен на планот за раст на Европската комисија рефлектиран преку реформските агенди на коишто Македонија покажа најдобри резултати. „Според мене не ...

Денеска заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени оствари работна посета на СВР Охрид и Регионалниот центар за гранични работи Запад, кадешто оствари средба со раководствата на овие организациони единици. Посетата е дел од низата посети што се реализираат во секторите за внатрешни работи низ земјата за да се информира за постигнатите резултати и секојдневните работни активности, но и за евентуалните проблеми во рамките на работниот ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на учеството на 4. Меѓународна конференција за финансирање на развојот во Севиља оствари средба со премиерот на Кралството Шпанија, Педро Санчез. Осврнувајќи се на нашите евроинтеграции, Сиљановска-Давкова посочи на тешките македонски компромиси коишто треба да бидат соодветно вреднувани од Европската Унија и истакна дека влезот во ЕУ ќе биде корисен и за самата Унија, и за земјите кандидати ...

Руското Министерство за надворешни работи објави дека доставило протестна нота до амбасадорот на Азербејџан во Москва по апсењето на руски новинари во Баку, што го нарече непријателска акција од страна на Баку. Во соопштение за медиумите, Министерството го обвинува Баку за преземање намерни чекори за влошување на билатералните односи. Москва реагира откако еден ден претходно азербејџанската полиција ги претресе просториите на руската телевизиска ...

„Искрено, мислам дека таквото ветување е лицемерно и неискрено. Ова е ставот кон Украина од првиот ден, од 2013 година. Многу зборував за ова“. Вака изјави хрватскиот претседател Зоран Милановиќ за ветувањата за пристап на Украина во Европската унија. Според Милановиќ, „за жал, ЕУ со години убива некои земји, а за тоа недостига волја кај некои актери со одложување на нивните преговори“. – Тоа се Црна Гора, Албанија. Па во таа смисла легитимно е ...

На предлог на Министерството за здравство, Владата на денешната седница ја усвои информацијата за потребата од обемна реконструкција и доизградба на болничките капацитети во Штип и Тетово, изградба на нов здравствен објект во Кичево, како и инвестиции во опрема и дигитална трансформација на здравството на национално ниво. Поради сериозни конструктивни и проектни недостатоци кај постојниот објект на Општата болница Кичево, Министерството предлага ...

Турската полиција денеска го приведе поранешниот градоначалник на Измир, Тунџа Сојера и уште 120 опозициски општински претставници поради наводна корупција. Полицијата приведе 120 претставници на опозициската Републиканска народна партија (ЦХП), меѓу кои и покраинскиот лидер на ЦХП, Шенол Асланоглу. Јавното обвинителство во Измир издаде налози за апсење на вкупно 157 службеници во рамките на истрагата за наводно местење на општински тендери и ...

Службата за општи и заеднички работи информира дека во изминатава година со целосна посветеност и транспарентност, ја санирале затекната исклучително лоша состојба во голем дел од државните објекти што се под надлежност на Службата. -Негрижата, запуштеноста и отсуство на системско одржување во изминативе години доведе до сериозно влошување на инфраструктурата и функционалноста на овие објекти. Препознавајќи ја важноста на државниот имот како ...

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани, денеска беше домаќин на Панелот 2 на Самитот на лидерите од Западен Балкан за Планот за раст кој се одржува во Скопје, информираат од Министерството за европски прашања. Во соопштението наведуваат дека панелот „Фокусирање на столбовите од Планот за раст“ се одржал во присуство на министри за европски прашања од Западен Балкан, високи претставници на Европската комисија, како и претставници на ...

Од Центарот за управување со кризи информираат за два нови пожари кои избувнале попладнево. Првиот во валандовско, вториот во дојранско. Пожар кај с. Марвинци, Валандово Гори сува трева и ниска грмушка. На терен интервенира Територијалната противпожарна единица Валандово со едно противпожарно возило и двајца пожарникари. Пожар кај с. Фурка, Дојран Гори сува трева и ниска грмушка. На терен се излезени: ТППЕ Гевгелија со едно противпожарно возило ...

Годинешното дигитално пријавување во средните училишта значеше само повеќе мака и ангажман на родителите во споредба со претходните уписи. Иако министерката за образование Весна Јаневска го најави како дигитално, ниту училиштата ниту, пак, другите институции, од каде што требаат документи за упис во средно, не се приспособија на дигитализацијата. Училиштата не испратија дигитални свидетелства на учениците ниту, пак, се дигитални доказите за ...

Продолжува гаснењето на пожарите во Турција. Поради високите температури во изминатите пет дена, во земјата избувнаа 342 пожари. Турскиот министер за земјоделство и шумарство, Ибрахим Јумакли повторно апелираше до граѓаните да не палат оган, објави турската државна телевизија ТРТ Хабер. Тој истакна дека шест големи пожари сè уште се активни во земјата. „Пожари има во Акхисар, Кула и Ахметли, во округот Маниса. Во округот Измир, пожари има во ...

СДСМ денес, повторно и очајно, се обиде да ја маскира сопствената безидејност и внатрешна распаднатост со кукавички, плиток и патетичен напад врз Претседателот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски. Прес-конференцијата на нивниот гласноговорник, Мартин Костовски е неуспешен обид за дефокус по историскиот, силен и масовен Конгрес на Движењето ЗНАМ, кој испрати порака до сите: Македонија се буди, а народот веќе не се плаши, велат од ЗНАМ. Во ...

Полицијата денес објави детали за вчерашното апсење на неколку дилери на дрога во Струмица за што пишуваше Нетпресс. -Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица во координација со Агенцијата за национална безбедност, а во согласност со своите законски овластувања, постапувајќи по наредба на јавен обвинител на 30.06.2025 во 18.30 часот на ул. „Климент Охридски“ во Струмица ги лишија од слобода Е.Б.(32) од село Попчево, ...

На првиот ден од преодниот рок во американската професионална кошаркарска лига НБА, некои од познатите ветерани решија да ја сменат средината, па така 33-годишниот шутер Џордан Кларксон се пресели од Јута Џез, додека 31-годишниот германски плејмејкер Денис Шродер, кој ја заврши минатата сезона со Детроит Пистонс, се согласи да ја продолжи кариерата во Сакраменто Кингс. Кларксон беше прогласен за најдобар шести играч во лигата пред четири сезони, ...

Јавни несогласувања и меѓусебни прозивања започнаа дел од членовите на неформалната група Здружение на инженери. На својот профил на социјалните мрежи, Илија Бендевски, еден од членовите на неформалното Здружение, јавно се огради од довчерашниот портпарол Денис Мустафаоглу. Бендевски во својот пост напиша дека Мустафаоглу ја узурпира групата и неовластено настапува во нејзино име. „Членот на нашата група, пензионираното воено лице (инаку многу ...

Францускиот производител на автомобили „Renault“ најави во вторникот отпис на вредноста на уделот во јапонски „Nissan Motor“, проценувајќи дека овој потег ќе го чини 9,5 милијарди евра. Цената на акциите на „Nissan Motor“ падна за околу 36 отсто во изминатата година, а пазарната капитализација на јапонската компанија сега изнесува 1,3 трилиони јени (околу 9,1 милијарди долари). „Nissan Motor“ се бори со пад на продажбата и се обидува да ги ...

weather icon

Скопје

36ᴼ / 36ᴼ
1.54
26%
1015
weather icon

Белград

33ᴼ / 30ᴼ
3.09
35%
1018
weather icon

Загреб

33ᴼ / 30ᴼ
2.57
32%
1018
weather icon

Софија

34ᴼ / 31ᴼ
4.12
26%
1017
weather icon

Сараево

34ᴼ / 34ᴼ
4.62
26%
1018
weather icon

Љубљана

30ᴼ / 29ᴼ
4.63
45%
1019
weather icon

Атина

34ᴼ / 32ᴼ
10.29
36%
1012
weather icon

Тирана

40ᴼ / 40ᴼ
4.12
22%
1012
weather icon

Подгорица

37ᴼ / 37ᴼ
4.12
20%
1012
weather icon

Букурешт

32ᴼ / 28ᴼ
3.6
34%
1020
weather icon

Будимпешта

32ᴼ / 30ᴼ
2.57
30%
1020
weather icon

Истанбул

29ᴼ / 29ᴼ
11.83
100%
1017
Currency

61.54

Currency

52.8443

Currency

71.0488

Currency

34.4192

Currency

38.3484

Currency

65.0653

Currency

7.35348

Currency

0.66488

Currency

0.35714

Currency

0.52371

Currency

1.2986

Currency

0.60315