
Скопје
20ᴼ /
20ᴼ



Спроведени политики, активирани фондови, конкретни институционализирани чекори и зголемена видливост на нашата евроинтеграција. По 12 месеци подготвени сме да покажеме отчет и резултати … Европските интеграции не се само декларативна цел, туку операционализирана политика, порача министерот за европски прашања Орхан Муртезани по повод една година Влада. Во 12 месеци Муртезани посочи дека е ревидирана преговарачката структура земајќи ги предвид ...
Претседателката вчеравечер присуствуваше на официјалниот прием за шефовите на делегациите што го приредија шпанскиот крал Фелипе VI и кралицата Летиција во кралската летна резиденција, дворецот Алказар де Севиља. Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја предводи македонската делегација која денеска учествува на 4. Меѓународна конференција за финансирање на развојот во Севиља што се одржува под покровителство на Обединетите нации. Во друштво ...
Француската влада денеска ги осуди заканите упатени кон генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, и го повтори својот повик до Иран да ја гарантира безбедноста на персоналот на МААЕ во Исламската Република. Париз, исто така, изрази загриженост „поради какво било доведување во прашање на соработката на Техеран“ со МААЕ и ги повика иранските власти „целосно и веднаш да ги исполнат своите меѓународни ...
Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул пристигна во Киев во понеделник со ветување дека ќе продолжи со воената помош за Украина додека таа продолжува да се бори против руската инвазија. „Слободата и иднината на Украина се најважните задачи на нашата надворешна и безбедносна политика“, рече Вадефул за време на неговата прва посета на украинскиот главен град откако ја презеде функцијата минатиот месец. Додаде дека Германија ...
Американскиот кошаркар Џејмс Харден потпиша двегодишен договор со Лос Анџелес Клиперс, според кој ќе добива нешто помалку од 35 милиони евра по сезона, а Деандре Ајтон, првиот избор на НБА драфтот во 2018 година, стана слободен агент, објави ESPN во понеделникoт. Член на Клиперс од 2023 година, 35-годишниот Харден ќе го продолжи својот престој во Лос Анџелес со нов договор, каде што ќе продолжи да игра заедно со Кавај Ленард. Харден беше ...
Бијонсе за малку ќе доживееше ужасна несреќа за време на концерт во Хјустон. Пеејќи од кабриолет што висел во воздух, пејачката одеднаш извика „Стоп!“ Застрашувачкиот момент е снимен со камера, а видеото што ги шокираше сите е широко споделувано на социјалните мрежи. Бијонсе го изведуваше својот хит „16 Carriages“ кога автомобилот одеднаш се навали настрана, и се слушна извик: „Стоп“. Пејачката била многу исплашена, а страв и паника ја зафатило ...
Наследството во образованието што го оставија СДС и ДУИ беше катастрофално, образованието беше во длабок минус, учениците без учебници, наставниот кадар и стручниот персонал без достоинствени примања, а образовната инфраструктура целосно запоставена, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. „За една година Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, се започна со градење на модерен систем на образование кој ги вклучува сите чинители. За прв пат после 7 години, учебната година ...
Од утре (1 јули) ќе стапи во сила забрана за движење во шумите и ќе важи до крајот на август, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. За непочитување на оваа целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште, како што посочуваат од Министерството, на физички лица кои ќе се затекнати да се движат во шума и шумско земјиште, согласно член 106 од Законот за шумите, ќе им се изрече глоба од 1.500 до 2.000 евра во ...
Одлуките донесени на Самитот на НАТО во Хаг ќе имаат позитивни историски последици за идните генерации, оценува министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски во интервју за американскиот тинк-тенк „Atlantic Council“. – Јас лично го нарекувам генерациски самит. Мислам дека одлуките што ги донесовме ќе имаат позитивни историски последици за идните генерации. Мислам дека беше клучно да се донесе одлука, особено за идните инвестиции потребни за ...
Со децении, бучавата на борбените авиони и бомбардерите ја дефинираше воздушната доминација за време на војните, честопати давајќи предност на бојното поле. Пилотите се ‘рбетот на воената стратегија, пилотирајќи високо способни и ефикасни авиони дизајнирани да обезбедат воздушна супериорност. Сепак, колку и да се моќни модерните авиони, тие имаат и неколку слабости, кои се забележливи дури и пред да влезат во борба. Клучен проблем е што ...
Реакција на ВМРО-ДПМНЕ по повикот за убиство на градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов кон новинарот Драган Павловиќ-Латас: „ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува овој говор на омраза од страна на Костадин Костадинов врз новинарот Драган Павловиќ-Латас и бараме итна разрешница. Ова е доказ за тоталната безидејност на СДС. Кога немаат идеи – имаат омраза, кога немаат програма – имаат насилство, кога немаат политика и предлози – имаат ...
Во рамките на 95-тото генерално собрание на Банката за меѓународни порамнувања (БИС) во Базел, Швајцарија, гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, се сретна со претседателот на Федералните резерви на САД (ФЕД), Џером Пауел. На средбата беше истакната важноста на зачувувањето на независноста на централните банки како основа за ефикасна монетарна политика, насочена кон ценовната и финансиската стабилност. Се разменија мислења за ...
Не знам зашто сиве години не ме напушта чувството дека нешто не е во ред со политиката и луѓето што ја практикуваат. Гледаме вести, слушаме радио, гледаме политички дебати и слушаме политички соопштенија и притоа, невозможно е да се избегне непристојноста на политичката практика. Таа станува се поодбивна и нè тера, или треба да нè тера, да го доведуваме во прашање карактерот на секој што е ентузијастичен за неа. Но, нејзиното штетно влијание се ...
– ЕУ се соочува со нов меѓународен поредок обележан со неизвесност, глобална стратешка и економска конкуренција и зголемени нивоа на конфликти. Затоа ЕУ мора да биде способна да дејствува самостојно. Силата на ЕУ, меѓу другото, лежи во европското единство, солидна економска основа, стабилни демократии и социјално балансирани општества. Оваа сила мора да продолжи да се развива и да се користи за промовирање и одбрана, како на европските интереси, ...
Вооружен маж поставил заседа и убил двајца пожарникари кои реагирале на шумски пожар во северниот дел од американската сојузна држава Ајдахо во неделата по локално време и ранувајќи друг за време на инцидент којшто траел неколку часа пред осомничениот да биде пронајден мртов, соопшти канцеларијата на шерифот на округот Кутенеј. „Врз основа на прелиминарните информации, веруваме дека тој бил единствениот напаѓач“, изјави шерифот на округот ...
Брзината на преговорите за завршување на војната во Украина зависи од позицијата на Киев, ефикасноста на американското посредништво и ситуацијата на теренот, изјави синоќа портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Пет месеци откако американскиот претседател Доналд Трамп дојде на власт, не се гледа крај на војната што Русија ја започна во февруари 2022 година против својот помал сосед, и покрај фактот дека тој вети во својата кампања во 2024 година ...
Градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов издаде јавен „проглас и аманет до сите родени и неродени Костадинови“ со кој повикува на лична/семејна одмазда кон новинарот Драган Павловиќ-Латас затоа што изговорил навредливи работи за неговиот покоен татко, или, како што вели тој: „Го изговори името на мојот татко со гадна уста, сега ти нема враќање“. Во продолжение го пренесуваме прогласот и аманет на Костадинов: „Ти, Драган Павловиќ Латас, не ...
Цените на европските акции пораснаа во понеделник во претпладневното тргување, бидејќи инвеститорите се надеваат на трговски договори меѓу САД и нивните партнери, што би ја отстранило неизвесноста од пазарот. Индексот STOXX 600 на водечките европски акции порасна за 0,2 отсто во првиот пресек од тргувањето. Истоврмено лондонскиот индекс FTSE зајакна за 0,14 отсто, на 8.810 поени, додека франкфуртскиот DAX порасна за 0,13 отсто, на 24.065 поени, ...
Гватемала ја победи Канада со 6:5 по изведувањето пенали во четвртфиналето на Голд Купот, додека САД беа подобри од Костарика и се пласираа во полуфиналето на Голд Купот. Хозе Моралес го постигна победничкиот гол во седмата рунда од пенал-рулетот во Минеаполис во неделатаза да ја одведе Гватемала преку Канада во полуфиналето на КОНКАКАФ Голд Купот. Џонатан Дејвид ги доведе фаворизираните Канаѓани во водство со гол од пенал во 30. минута. Рубио ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави во неделата дека 12-дневната војна со Иран создаде можност за Израел, првенствено да ги врати заложниците заробени од палестинските милитанти во Газа по нападот на 7 октомври 2023 година. Неговата изјава, заедно со одлуката на Окружниот суд во Ерусалим да го одложи неговото судско рочиште во неговото долгогодишно судење за корупција, доведе до шпекулации дека може да се постигне напредок кон ...
На валутните пазари, вредноста на американскиот долар во однос на кошничка валути стагнира на најниско ниво од март 2022 година. Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест главни светски валути, е околу 97,26 поени претпладнево, додека во петокот навечер изнесуваше 97,25 поени. Во исто време, цената на европската валута се лизна од 1,1720 на 1,1715 долари, блиску до највисокото ниво од ...
Во Скопје денеска и утре ќе има посебен режим на сообраќајот поради одржување на лидерската средба ЕУ – Западен Балкан. -СВР Скопје ги известува граѓаните дека на 30.06.2025 (понеделник) и 01.07.2025 (вторник) поради одржување на средба на лидерите од Западен Балкан, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје, ...
Полуматурантите кои на првото пријавување во јуни не се запишаа во средно образование за учебната 2025/2026, денеска имаат втора можност за упис, на второто електронско пријавување овој месец. Потребната документација до училиштата ќе се доставува утре, а ранг-листата на запишани ученици ќе биде објавена в среда (2 јули) до 12 часот. Според податоците на Министерството за образование и наука собрани од училиштата, за второто јунско пријавување ...
Двајца пожарникари беа застрелани и убиени додека се бореа со шумски пожар во северниот дел на Ајдахо, соопшти канцеларијата на шерифот на округот Кутенај во неделата, додека службениците за спроведување на законот се обидуваа со снајперисти да го фатат сторителот, или повеќе. Шерифот Боб Норис на прес-конференција изјави дека не е веднаш јасно дали станува збор за еден или повеќе напаѓачи, додавајќи дека во инцидентот, кој се случил во селата ...
Градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов издаде јавен „проглас и аманет до сите родени и неродени Костадинови“ со кој повикува на лична/ семејна одмазда кон новинарот Драган Павловиќ-Латас затоа што изговорил навредливи работи за неговиот покоен татко, или, како што вели тој: „Го изговори името на мојот татко со гадна уста, сега ти нема враќање“. Во продолжение го пренесуваме прогласот и аманет на Костадинов: „Ти, Драган Павловиќ Латас, ...
Трагедија се случила вчера во Италија, откако некаде околу 16 часот во Сан Џакомо ди Педероба во близината на Тревизо, се удавило 9-годишно девојче по потекло од Македонија, пренесува „Ла Трибуна ди Тревизо”. – Девојчето, Адна Ислам, со македонско потекло и жителка на Кавасо дел Томба, било со своето семејство, родителите Ихмет и Наила и помалите брат и сестра, на попладневен одмор покрај брегот на реката Пјаве. Малата Адна си играла на камењата ...
Еврокомесарката за проширување Марта Кос денеска и утре ќе престојува во посета на земјава. Таа ќе се сретне со премиерот Христијан Мицкоски, а ќе учествува и на лидерската средба ЕУ – Западен Балкан која во следните два дена ќе се одржува во Скопје, а на која ќе се разговара за Планот за раст. За денеска попладне најавена е тет-а-тет средба на еврокомесарката Кос со премиерот Мицкоски по што ќе се одржи и билатерална средба со останатите ...
Баерн Минхен обезбеди пласман во четвртфиналето на Светското клупско првенство победувајќи го бразилскиот Фламенго со 4:2 (3:1) во осминафиналето на стадионот „Хард Рок“ во Мајами. Баерн поведе во 6. минута, кога бразилскиот дефанзивец Ерик Пулгар, обидувајќи се да ја исфрли топката со глава по нафрлувањето од корнер, несмасно реагираше и ја сврти топката во сопствената мрежа. Само три минути подоцна, по одземање на топката Хари Кејн го ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце се бележи зголемена фреквенција на возила времето на чекање за влез во државата е околу 30-45 минути, на ГП Богородица за излез е околу 20 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува ...
Американскиот претседател Доналд Трамп не верува дека Иран успеал да заштити или премести кој било дел од својот збогатен ураниум пред нападите на САД врз нуклеарните постројки. Во интервју за телевизијара Fox News во неделата, Трамп ги отфрли медиумските извештаи дека Техеран можеби преместил одредени залихи на ураниум. „Тие не преместија ништо“, уверуваше Трамп. Истовремено рече дека САД не ги објавиле нападите, па затоа немало време за ...