Граѓаните избираат градоначалник во четири општини на повторните локални избори. Во општините Гостивар, Маврово-Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа се гласа на 215 избирачки места, а со право на глас имаат над 128 илјади жители. Поради временските прилики, неколку места почнаа со задоцнување, а во гостиварско Ќафа воопшто не беше отворено. Излезноста до 15 часот е 18.18 проценти. Ирина Гелевска е во Државната изборна комисија. Граѓаните ...
До 18:30 часот на повторните локални избори гласале 35 984 лица или 28,07 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Во општина Врапчиште гласале 8659 лица или 31,76 отсто, во општина Гостивар 28,22 проценти или 23363 гласачи, во Маврово – Ростуше 28,04 проценти или 2965 лица, додека во општина Центар Жупа 13,18 проценти или гласале 997 избирачи“, истакна на прес-конференцијата портпаролката на ДИК Радица Тодоровска Алексовска. Како што ...

