Силекс на најдобар можен начин ја отвори новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, декласирајќи го Башкими со убедливи 6:0 на домашен терен и испраќајќи јасна порака дека и оваа сезона ќе биде меѓу главните кандидати за највисок пласман. Кратовци уште од самиот почеток го наметнаа своето темпо. Резултатот беше отворен во 3. минута кога прецизен беше Дарко Илиески, а само пет минути подоцна предноста беше удвоена по автоголот на ...

Силното невреме во Штипско и Кочанско изминатава недела остави голема штета зад себе, но донесе и една убава приказна за грижа и хуманост. Неколку млади штркови, кои невремето ги соборило од гнездата, наидоа на помош од вработени во Општина Чешиново-Облешево. Тие ги згрижија птиците и секојдневно им обезбедуваат соодветна нега, храна и вода, додека целосно не закрепнат. Од Општината информираат дека два од штрковите веќе се подготвени ...

Градски воз ќе има, ветивме од 1 септември и од 1 септември ќе оперира. Редовен карго сообраќај на Коридор 10 кој носи најмногу приход на Железници ќе има, патнички возови за Велес, Гевгелија, Прилеп и Битола ќе има… напиша вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил, после брзата реакција на надлежните институции по направената штета на ЈП МЖ Инфраструктура кај Драчево. –После тешката штета нанесена од ...

Во Старата скопска чаршија денеска беше откриена спомен-плоча во чест на истакнатиот полски урбанист Адолф Циборовски, како признание за неговиот значаен придонес во зачувувањето на едно од највредните културно-историски обележја на главниот град. На свеченоста присуствуваа градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, внуката на Циборовски, ...

Времето утре ќе биде променливо облачно и наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со силен ветер и изолирана појава на град, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Според прогнозата, на одделни места ветерот ќе достигнува брзина поголема од 60 километри на час. Метеоролозите најавуваат дека по утрешната нестабилност, под влијание на поле со висок воздушен ...

Технички исправна вода за користење се очекува да добијат жителите на Гостивар уште во текот на утрешниот ден, потврди премиерот Христијан Мицкоски, посочувајќи дека кризата се санира во рекорден рок од една недела. Според него, иако управувањето со водоводната мрежа е во директна ингеренција на локалната власт, Владата веднаш се вклучила на терен преку обезбедување хуманитарни донации во флаширана вода и со ангажирање стручни екипи од ...

Пожарот што избувна во Парк-шумата Гази Баба е ставен под контрола, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Оттаму соопштија дека веднаш по пријавата била воспоставена координација со сите надлежни институции, а Противпожарната бригада на Град Скопје интервенирала брзо и ефикасно на терен. Од ЦУК посочуваат дека директорот лично бил на местото на настанот, каде ја следел состојбата и ја координирал работата на службите. Иако ...

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција изјави дека Владата ќе продолжи со поддршка на развојните проекти во Скопје, најавувајќи дека до крајот на годината главниот град ќе добие нова комунална опрема и електрични автобуси. Тој го пофали градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, оценувајќи дека за неколку месеци се постигнати значајни резултати во реализацијата на проекти кои претходно биле во застој. „За овие неколку месеци откако ...

Радовишката полиција приведе 67-годишен жител на Радовиш, кој бил затекнат како управува автомобил под дејство на алкохол и покрај тоа што имал изречена забрана за управување со моторно возило. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 25 јули 2026 година во 21:13 часот, полициски службеници од ОВР Радовиш запреле патничко возило „Фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(67) од Радовиш. При алкотестирањето ...

Пожар што избувна на 25 јули на тешко пристапен терен помеѓу пробиштипските села Стрмош и Плешенци беше успешно локализиран благодарение на брзата и координирана интервенција на пожарникарите, доброволците и месното население. Во гаснењето на огнената стихија учествуваа екипи на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Пробиштип, членовите на Доброволното противпожарно друштво „Рудар“ од Пробиштип, како и жители од околните населени ...

Пожар избувна во парк-шумата Гази Баба, каде во моментов интервенираат екипи на скопската Противпожарна бригада. Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека пожарникарите се на терен и работат на локализирање и ставање под контрола на огнената стихија. Од местото се забележува густ чад кој се издигнува над пределот на парк-шумата, а екипите се обидуваат да го спречат понатамошното ширење на пожарот, особено поради сувата вегетација ...

По повод 63-годишнината од катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје, градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, оддаде почит на жртвите и порача дека градот никогаш нема да ги заборави трагичните настани од 26 јули 1963 година. Тој потсети дека во 5 часот и 17 минути, за само неколку секунди, биле згаснати повеќе од илјада човечки животи, биле разурнати домови и разделени семејства. „Зад секоја бројка остана нечие дете, ...

СДСМ преку соопштение, по повод 63-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје, соопшти дека денес Македонија се соочува со, како што наведуваат, „системска непогода“, обвинувајќи ја Владата за разорување на институциите и довербата кај граѓаните. „Денес се сеќаваме на земјотресот што го разурна Скопје пред 63 години, а денес гледаме разурена цела Македонија. Тогаш беше природна катастрофа. Денес државата се соочува со системска ...

Ултрамаратонецот Тони Манев од Штип уште еднаш покажа дека човечките граници постојат за да бидат поместувани. Тој успешно го заврши еден од најтешките планински ултрамаратони во Европа, совладувајќи 390 километри на патеката што води од Лихтенштајн до Франција, низ суровите предели на Швајцарските Алпи. Патеката, чија вкупна должина изнесува речиси 400 километри, носи и неверојатни 25.000 метри вкупно висинско искачување, што претставува ...

Повисоки сметки за данок на имот се очекува да добијат скопјани во наредниот период, затоа што Град Скопје, воден од градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, во соработка со УНДП врши репроценка на вредноста на имотот на граѓаните, нешто што според нив не е направено повеќе години. „Не може становите да се продаваат по 2.500 евра за квадрат, а данокот да се плаќа на проценка од 1.200 евра“, тврдат од Град Скопје. Тоа е и една од причините зошто ...

Времето денес во Македонија ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, кој во западните делови повремено ќе засилува и ќе биде од западен правец, додека долж Повардарието ќе дува од југоисток. Утринските температури ќе се движат од 7 до 16 степени, а дневните ќе достигнат од 28 до 35 степени. Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала облачност и слаб до умерен ветер од југоисточен правец. ...

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ). Најголема фреквенција на возила е забележана на граничниот премин Богородица, каде што за излез од државата се чека околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна засега нема подолги задржувања ниту за влез ниту за излез од државата. Текстот Гужва на ГП Богородица, за излез се чека ...

Скопје денеска ја одбележува 63. годишнина од катастрофалниот земјотрес што се случи на 26 јули 1963 година, кога животот го загубија 1.070 лица, а 3.000 беа повредени. Во рамки на одбележувањето, делегација на Собранието составена од пратениците Сергеј Попов и Даниела Николова, во 10 часот ќе положи венец со цвеќе пред Споменикот на жртвите од катастрофалниот земјотрес на гробиштата во Бутел. Во исто време, цвеќе ќе положат и претставници на ...

Подзаконските акти за Законот за органодарителство – уредбите и правилникот се ставени на јавна расправа на веб-страната на Министерството за здравство по што се очекува да поминат на седница на Владата. Со примената на Законот за органодарителство, најавена за 1 октомври годинава, граѓаните ќе може кај својот матичен лекар да потпишат согласност за органодарителство. Во Велес денеска се одржа панел дискусија за органодарителството, со цел ...

До 18 часот денеска на територијата на Македонија се евидентирани вкупно 12 пожари на отворен простор, од кои три сè уште се активни, еден е ставен под контрола, а осум се целосно изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни се пожарите во атарот на селата Плешинци и Стрмош во Општина Пробиштип, каде што гори ниска вегетација, грмушки и ниска шума, во кумановското село Винце, каде што е зафатена сува трева, како и на ...

Вардар со победа ја отвори новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, откако на Арената „Тодор Проески“ во Скопје ја совлада Брегалница со 2:0. Домаќините поведоа во 27. минута, кога по асистенција на Спахиу, прецизен беше Данев за 1:0. Само три минути подоцна Вардар повторно ја затресе мрежата преку Горан Закариќ, но по реакција на ВАР беше утврдено дека претходно играл со рака, па погодокот беше поништен. Брегалница не се предаде и ...

Во електровлечната подстаница Драчево, која се наоѓа меѓу железничките станици Лисиче и Драчево, е извршена кражба од големи размери, при што е уништен значителен дел од електроенергетската опрема неопходна за функционирањето на железничката инфраструктура, соопштуваат од Министерството за транспорт. Според информациите од Министерството за транспорт, сторителите насилно превртеле два електроенергетски трансформатори, тешки повеќе од 30 тони. ...

Министерот за здравство Сашо Клековски денеска ја посети Специјалната болница за белодробни заболувања во Лешок, по информациите во јавноста дека водата за пиење во установата не е исправна. Тој изјави дека состојбата со епидемијата во Гостивар постепено се стабилизира и дека бројот на нови пациенти значително се намалува. „Денеска се регистрирани 80 нови пациенти, што е двојно помалку во однос на претходните денови. Вкупно се евидентирани ...

Службеник вработен во прилепскиот Центар за вработување побарал поткуп од 18.000 денари за да му помогне на жител од селото Бело Поле да не ја изгуби социјалната помош, како и неговата сопруга да ја стави на листата на лица што бараат работа. Полицијата го фатила вчера, кога му биле предавани последните 6.000 денари од поткупот. Откако оштетениот и неговата сопруга, корисници на социјална помош, на 23 април добиле СМС-порака од Агенцијата да ...

Околу еден милион денари се потребни за санација на кровните конструкции на Општинското основно училиште (ООУ) „Ванче Прќе“ и на градинката „Вера Циривири-Трена“ покажаа пресметките на проценителите по силното невреме проследено со дожд и ветар кој се движел со бризина од 134 километри на час во Штип. Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов вели дека ова се пресметките на проценителите за штетите на институциите кои се под надлежност ...

Сѐ е подготвено за вториот натпревар од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. На арената „Тодор Проески“ во Скопје, од 17:00 часот, Вардар и Брегалница ќе го одиграат првиот меѓусебен натпревар од сезоната 2026/27, а двата тима веќе ги објавија почетните единаесетмина. Шефот на стручниот штаб на Брегалница, Никола Кузманов, довербата од првата минута им ја даде на: Амир Јашар, Анџело Николовски, Стефан Коцев (капитен), Ристе ...

Околу еден милион денари се потребни за санација на кровните конструкции на Општинското основно училиште (ООУ) „Ванче Прќе“ и на градинката „Вера Циривири-Трена“ покажаа пресметките на проценителите по силното невреме проследено со дожд и ветар кој се движел со бризина од 134 километри на час во Штип. Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов вели дека ова се пресметките на проценителите за штетите на институциите кои се под надлежност ...

Малолетно лице било физички нападнато во Македонска Каменица, информира Министерството за внатрешни работи. Според информациите од полицијата, на 24 јули 2026 година во 22:20 часот во Полициското одделение во Македонска Каменица, 39-годишната К.Ч. од селото Моштица пријавила дека околу 21:30 часот во градот нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник. Од МВР соопштија дека се преземаат мерки и активности за целосно ...

Водата веќе не е за пиење во 7 населени места во Македонија. Гостивар, Валандово, Крушево, Пласница, Прилеп, Лешок, Преглово. Прашање е кој град е следен, вели Јон Фрчкоски – член на Извршниот одбор. „Бидејќи изворот Студенчица го користат и Кичево, Македонски Брод, Долнени ризикот е дека и за овие места водата може да биде загадена. Мицкоски отвора базени додека во седум населени места водата е неисправна за пиење а низ Лепенец и Вардар тече ...

На 25.07.2026 во 01:04 часот на ул.„Методи Мицевски Брицо“ во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го лишија од слобода Д.А.(41) од Виница. При сообраќајна контрола, полициски службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф“ со шведски национални ознаки, кое тој го управувал и по извршени проверки било констатирано дека го управува возилото под дејство на алкохол, односно дека има 1,65 промили алкохол во крвта. По целосно ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
71%
1030
weather icon

Белград

10ᴼ / 9ᴼ
3.6
61%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
69%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 4ᴼ
2.06
64%
1030
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
1.1
71%
1031
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 7ᴼ
1.54
74%
1028
weather icon

Атина

15ᴼ / 12ᴼ
4.92
54%
1029
weather icon

Тирана

17ᴼ / 16ᴼ
1.03
67%
1026
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
62%
1027
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 7ᴼ
4.12
50%
1031
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 6ᴼ
2.57
62%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
2.57
89%
1031
Currency

61.623

Currency

54.966

Currency

73.832

Currency

38.09

Currency

39.238

Currency

67.262

Currency

8.2485

Currency

0.67204

Currency

0.34745

Currency

0.52348

Currency

1.0971

Currency

0.58413

Сребро

1670.34

Родиум

295786.87

Рутениум

61086.42

Злато

130856.75

Бакар

12.58

Цинк

3.76

Калај

46.54

Платина

49319.25

Паладиум

32279.35

Кобалт

33.53

Алуминиум

3.07

Иридиум

315077.32