
Скопје
22ᴼ /
22ᴼ



Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој е во работна посета на Унгарија, денеска остварил средба со министерот за одбрана, Кристов Залаи Бобровницки. Како што соопштија од Министерството за транспорт, на средбата на која се разговарало за партнерството меѓу двете земји, била истакната одличната соработка во делот на одбраната, како важен дел во остварување на целите на НАТО алијансата. На средбата се дискутирало и за нови ...
Познатиот штипски музичар и член на групата ДНК, Горан Тонев, се огласи после два месеци болничко лекување од несреќата во „Пулс“ во болницата „Папаниколау“ во Солун. „Му благодарам на Бога што ми даде втора шанса, му благодарам на целиот персонал од болницата ,,Папаниколау” -Солун за неизмерната грижа и нега која ми ја пружија. Исто така сакам да се заблагодарам и на персоналот во Кочани и Скопје. Голема благодарност за сите мои роднини и ...
Вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити вели дека сегашните функционерски позиции во Владата на Алијанса за Албанците на Арбен Таравари кој синоќа најави дека ќе поднесе оставка од министерската позиција остануваат во коалицијата „Вреди“. Најави дека ќе направат анализа и оти ќе понудат најдобри и најподготвени кандидати за позициите што ќе се испразнат поради излегувањето на АА на Таравари од Владата. – ...
Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради сомнение дека сторило продолжени кривични дела – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 45, како и Овозможување употреба на наркотични дроги согласно член 216 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик. -Во текот на ...
Руската делегација пристигна во Истанбул на разговори со украинската делегација, кои ќе започнат попладне, соопшти РИА Новости. Во Истанбул е украинската делегација. Во Истанбул нема да дојде рускиот претседател Владимир Путин, кој ја одобри делегацијата предводена од помошникот на претседателот Владимир Медински, објави Кремљ. Украинскиот претседател Володимир Зеленски, веќе е во Истанбул. Недоаѓањето на Путин во Турција предизвика реакција од ...
Турција воведува нов закон со кој ќе ги казнува патниците во авионот ако пред време го откопчаат безбедносниот појас и станат од своето седиште. Патниците ќе бидат казнувани ако тоа го направат пред пилотот да одобри. Новиот закон е инициран од жалбите на патниците кои ги почитуваат правилата. Иако законот не ја одредува висината на казната, според турските медиуми таа ќе изнесува 2.603 лири (60 евра). Новиот закон предвидува и казни за ...
Во Бејрут, Либан се одржа изборот за Мис на Европа 2025, на кој Македонија ја претставуваа две убавици. Јулијана Ѓорѓиевска од Крива Паланка и Соња Арсовскa од Кавадарци. Двете успеаја да освојат титули. Во конкуренција на 50 девојки од цела Европа, Јулијана го освои одличното 6то место, односно титулата 5та придружничка (5th RunnerUp), додека Соња ја освои титулата Miss best costume. Победничка е претставничката на Русија, Јулија Павликова, ...
МВР информира за двајца несовесни возачи. -На 14.05.2025 во 19.30 и на 15.05.2025 во 03.00 часот, полициски службеници од Полициските станици за безбедност на патниот сообраќај Гостивар и Тетово ги лишиле од слобода Д.А.(64) од с.Зубовце, гостиварско и А.М.(36) од Тетово. При вршење увид на сообраќајна незгода со материјална штета на 14.05.2025 околу 19.30 часот на регионален пат Гостивар – с.Градец и по преземени мерки било констатирано дека ...
Регионалниот центар за гранични работи Југ – Одделение за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Гевгелија поднесе кривична пријава по итна постапка против Ј.К.(25) од Неготино поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „криумчарење мигранти” и „фалсификување исправа”. -По преземени мерки и активности, на 13.05.2025 тој беше лишен од слобода во Неготино поради сомнение за негова инволвираност во настанот од ...
Мерките и активностите на надлежните институции иако придонесуваат за подобрување на условите за управување со безбедноста во сообраќајот на патиштата, не се ефикасни за намалување на жртвите во сообраќајните незгоди, покажува ревизорскиот извештајот на тема „Безбедноста во сообраќајот на патиштата во Република Северна Македонија“ на Државниот завод за ревизија. – Јавно достапните податоци од веб страната на МВР упатуваат на загрижувачки ...
До претседателот на Собранието Африм Гаши се уште не е пристигната оставката на министерот за здравство Арбен Таравари, а нема пристигнато ниту предлог кој ќе биде координатор на пратеничката група на ВРЕДИ или кандидат за гувернер на Народната банка. Сега за сега, како што кажа, нема ни нов координатор од ВРЕДИ. Министерот за здравство и лидер на едното крило на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари синоќа во изјава за МИА рече дека тој ќе ...
Младата мексиканска инфлуенсерка Валерија Маркез (23), позната по своите видеа за убавина и шминка, беше брутално убиена за време на пренос во живо на ТикТок, кој го гледаа повеќе од 200.000 луѓе. Трагедијата се случила во вторник, во фризерскиот салон во градот Запопан, во државата Халиско, каде што работела Маркез. Непознат маж влегол во салонот и испукал неколку куршуми кон неа, соопшти државното обвинителство на Халиско. Досега никој не е ...
Сообраќајната статистика покажува дека во деновите кога се организираат матурски прослави се зголемува бројот на сообраќајни незгоди. Голем дел од учесниците во сообраќајните несреќи се млади луѓе – матуранти, кои најчесто завршуваат со тешки телесни повреди, а не ретко и го губат својот живот. -Одговорноста за девијантното однесување на дел од матурантите во сообраќајот е првенствено кај младите, но и кај нивните родители. Не дозволувајте им на ...
Во 2004 година, УЕФА ја воведе програмата „Хет-трик“ која вклучува поддршка на фудбалската инфраструктура како што се национални стадиони, тренинг центри и терени, или имплементација на низа стандарди и иницијативи на УЕФА: ненаместени натпревари, тренерство, лиценцирање на клубови, развој на елитни млади играчи, фудбал на локално и женски терен, добро управување, судење и општествена одговорност. УЕФА реши да додели средства за реконструкција и ...
Аква парк, Панорамско тркало, спортски федерации, универзитети, болници… долг е списокот на проекти и институции градени и поддржани со донации од богатите независни регулаторни агенции како Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) и нешто поскромната во донирањето, Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), на која претпоследна донација и’ е на Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина, чиј директор е ...
Европејците плаќаат различни цени за лекови во зависност од тоа во која држава точно живеат, но трошат значително помалку отколку Американците. Претседателот на САД Доналд Трамп во понеделникот ја критикуваше Европската унија кога ги објави плановите за намалување на трошоците за лекови за Американците. „Ќе плаќаме колку и Европа“, им рече Трамп на новинарите, додавајќи дека земјите од ЕУ се „тешки“, „брутални“ и „гадни“ во преговорите со ...
Со децениска музичка посветеност и искрена љубов кон сцената, Атанас Петров продолжува да чекори по својот музички пат со новиот сингл „Манири“, композиција која носи освежувачки ритам и современ поп звук. По емотивната балада „У теби чувам све“ и првата авторска песна „Сад ме молиш“, „Манири“ ја заокружува неговата досегашна дискографија со динамика и продукциска зрелост. Песната е резултат на соработка со проверен тим. Музиката и текстот се ...
„Support Kocani“ преку социјалните мрежи објави вознемирувачки фотографии од изгореници на лице повредено во катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“. Дарко Стоилов, од Support Kocani за ММС вели дека целта на објавата е да го свратат вниманието кон повредените и нивниот третман: -Едно парче компресивна облека кошта од 100 до 1200 евра! Некои од повредените деца ќе имаат потреба дури од 5-6 парчиња! Компресираната облека помага во ...
Естонскиот претставник Томи Кеш, чие уметничко име е Томас Тамеметс, сè уште не запеа во живо, а околу неговата песна се крена политичко-културна бура. Италијанскиот сенатор Џан Марко Чентинаио, потпретседател на италијанскиот Сенат, јавно побара забрана за учество на Естонија на Евровизија поради, како што тврди, навредливи стереотипи за Италијанците во песната. „Секој што ќе ја навреди Италија мора да биде исфрлен од Евровизија“, напиша тој во ...
Министерот за здравство и лидер на едното крило на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари вели дека тој ќе поднесе оставка од функцијата, а за останатите функционери од оваа партија очекува да бидат разрешени. – Јас поднесувам оставка, другите ќе бидат разрешени, вели Таравари во изјава за МИА. Ваквата одлука доаѓа откако во понеделникот партијата по недоразбирањата со останатите коалициски партнери во „Влен“ донесе одлука да ја напушти владината ...
Холандија и Данска се најдобрите две места за да се биде дете, земајќи ја предвид менталната благосостојба, физичкото здравје и вештините, покажа ново истражување објавено од детската организација на ООН, УНИЦЕФ денеска. Франција го зазеде третото место, а по неа се Португалија и Ирска, според извештајот, во којшто се споредуваат податоците од 43 држави од Организација за економска соработка и развој (ОЕЦД) и од Европската Унија (ЕУ). Извештајот ...
Обвинителскиот тим кој постапува во предметот на Основното јавно обвинителство Кочани во врска со пожарот во дискотеката “Пулс” ги привршува дејствијата на распити на сведоци – очевидци на настанот. -Распитите на осомничените и на други лица се реализираат без отстапувања и согласно утврдената динамика. Интензивно се работи на повеќе вештачења и се вкрстуваат податоците од анализите на обезбедените електронски уреди. Согласно фазата во која се ...
Невладината организација „Хјуман рајтс воч“ (ХРВ) денес предупреди дека Светското првенство во 2034 година, кое ФИФА ѝ го додели на Саудиска Арабија во декември, „не смее да се организира врз трупови на работници“. Во најновиот извештај на ХРВ документирани се сериозни кршења на правата на работниците кои работат на инфраструктурни проекти поврзани со подготовките за Мундијалот. Извештајот е заснован на интервјуа со 31 семејство на работници кои ...
Под влијание на влажен бран, утре кон крајот на денот, во текот на ноќта кон петок и во петок најпрвин во западните, а потоа и во останатите делови, ќе има обилни врнежи од дожд (над 30 литри на метар квадратен). На повисоките планини ќе има услови за повремен снег. Утре, како што соопшти УХМР, ќе дува умерен до засилен југоисточен, а во петок северен ветер (над 60 километри на час), особено вдолж Повардарието. Дневните температури значително ќе ...
Основното јавно обвинителство Битола вчера одново побара од Основниот суд во Битола да донесе одлука за определување привремена мерка – замрзнување на паричните средства во износ од околу 3 милиони евра од банкарска сметка на правното лице Друштво за производство, трговија и услуги РУД-КОП увоз-извоз ДООЕЛ Битола, бидејќи постои основано сомнение дека парите се стекнати како незаконска корист од кривично дело – Злоупотреба на службена положба и ...
Дел од средствата за планираната модернизација и реконструција на железницата на Коридорот 10 ќе се обебзедат од Планот за раст, а дел од средствата со најавениот меѓувладин договор со европска земја за инвестиција во инфраструктурата и здравството, кој, како што најави денеска премиерот Христијан Мицкоски, ќе се потпише многу скоро, односно во прашање се денови. – Дел од Планот за раст, но и дел од најавената инвестиција за којашто ќе потпишеме ...
Валандово и Демир Капија се дел од четиригодишен регионален проект „Зајакнати / Empowered“ – за инклузија на лица со попреченост, регионална соработка и развој, во кој се вклучени 15 општини од Западен Балкан. Целта на проектот е унапредување на положбата на лицата со попречености преку поддршка за вработување, зајакнување на локалните иницијативи и развој на инклузивни политики и директно ќе влијае на околу 1500 луѓе со инвалидитет од ...
Изменет режим на сообраќај на автопатот во изградба Охрид-Кичево. -СВР Охрид ја известува јавноста дека, поради поставување сообраќајна сигнализација и сообраќајна опрема на автопатот во изградба Охрид-Кичево, поставена е девијација на дел од делницата Песочани-Требеништа и Ново село-Ботун. Тука сообраќајот се одвива по левата коловозна лента гледано од правецот Кичево-Охрид. Поради интензивирање на градежните работи, сообраќајот од раскрсницата ...
Царинската управа во текот на изминатите денови спречила повеќе обиди за криумчарење лекови, стоматолошки материјали, очила со диоптер, поголема количина цигари, мотоцикл, УПС уреди за напојување со електрична енергија и друга стока. Од почетокот на годинава до сега севкупно на ниво на цела царинарница Гевгелија запленети се 700 штеки цигари. Како што денеска соопштија од Царинската управа, бил спречен обид за криумчарење лекови на граничниот ...
Доколку се утврди драстично зголемување на цените на прехранбените производи на крајот на месецов ќе бидат применети мерки кои ќе траат до крај на годинава, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Одговарајќи на новинарски прашања, дали поради поплаките од граѓаните за поскапувања на прехранбените производи ќе се чека извештајот од контролите на цените на прехранбените производи што ги спроведува Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), откако ...