На 14.05.2025 околу 22.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на регионалниот пат Драчево-Катланово, во атар на село Морани, скопско, патничко возило „фолксваген бора” со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(27) од село Студеничани, скопско, удрило во рефлектирачко столбче на патот, ограда и во бандера која паднала врз возилото. Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош ...

Јапонските воздухопловни сили почнаа вонредни инспекции за безбедност на сите свои 196 воени авиони за обука откако еден од авионите се урна неколку минути по полетувањето, соопштија денес официјални лица. Воениот авион за обука со двајца војници се урна вчера неколку минути по полетувањето од воздухопловната база Комаки во префектурата Аичи во централна Јапонија. Додека потрагата по исчезнатиот авион и двајца членови на екипажот продолжи ...

Откако министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска вчера соопшти дека од централниот Буџет е префрлена третата транша од унгарскиот кредит наменет за компаниите, денеска Развојната банка информираше дека веќе се исплатени средствата. Средствата во износ од 41,3 милиони евра се наменети за 175 одобрени проекти на домашните компании. Со овие средства поддржани се девет микро, 91 мали, 57 средни и 18 големи компании во државата. Со оваа ...

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола јавно ја поздрави Одлуката на македонската Влада за потребата од основање на Факултет за медицински науки и здравство, како нова организациска единица во состав на УКЛО. Од УКЛО-Битола соопштија дека одлуката претставува значаен придонес кон развојот на здравственото образование и научноистражувачката дејност, со посебен акцент на потребите на Пелагонискиот и Југозападниот регион. Одлуката за ...

Давам предлог, нека се откажат од проектот за затворен базен и нека не остават мене, мојот тим и Советот на Општина Струмица да го завршиме овој важен проект за граѓаните и граѓанките на општина Струмица, порача градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, од денешната прес конференција што ја одржа пред запуштениот објект на затворениот базен, кој почна да се гради опред скоро две години. Додаде дека овој предлог го дава за да не излезе ...

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој е во работна посета на Унгарија, денеска остварил средба со министерот за одбрана, Кристов Залаи Бобровницки. Како што соопштија од Министерството за транспорт, на средбата на која се разговарало за партнерството меѓу двете земји, била истакната одличната соработка во делот на одбраната, како важен дел во остварување на целите на НАТО алијансата. На средбата се дискутирало и за нови ...

Познатиот штипски музичар и член на групата ДНК, Горан Тонев, се огласи после два месеци болничко лекување од несреќата во „Пулс“ во болницата „Папаниколау“ во Солун. „Му благодарам на Бога што ми даде втора шанса, му благодарам на целиот персонал од болницата ,,Папаниколау” -Солун за неизмерната грижа и нега која ми ја пружија. Исто така сакам да се заблагодарам и на персоналот во Кочани и Скопје. Голема благодарност за сите мои роднини и ...

Вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити вели дека сегашните функционерски позиции во Владата на Алијанса за Албанците на Арбен Таравари кој синоќа најави дека ќе поднесе оставка од министерската позиција остануваат во коалицијата „Вреди“. Најави дека ќе направат анализа и оти ќе понудат најдобри и најподготвени кандидати за позициите што ќе се испразнат поради излегувањето на АА на Таравари од Владата. – ...

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради сомнение дека сторило продолжени кривични дела – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 45, како и Овозможување употреба на наркотични дроги согласно член 216 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик. -Во текот на ...

Руската делегација пристигна во Истанбул на разговори со украинската делегација, кои ќе започнат попладне, соопшти РИА Новости. Во Истанбул е украинската делегација. Во Истанбул нема да дојде рускиот претседател Владимир Путин, кој ја одобри делегацијата предводена од помошникот на претседателот Владимир Медински, објави Кремљ. Украинскиот претседател Володимир Зеленски, веќе е во Истанбул. Недоаѓањето на Путин во Турција предизвика реакција од ...

Турција воведува нов закон со кој ќе ги казнува патниците во авионот ако пред време го откопчаат безбедносниот појас и станат од своето седиште. Патниците ќе бидат казнувани ако тоа го направат пред пилотот да одобри. Новиот закон е инициран од жалбите на патниците кои ги почитуваат правилата. Иако законот не ја одредува висината на казната, според турските медиуми таа ќе изнесува 2.603 лири (60 евра). Новиот закон предвидува и казни за ...

Во Бејрут, Либан се одржа изборот за Мис на Европа 2025, на кој Македонија ја претставуваа две убавици. Јулијана Ѓорѓиевска од Крива Паланка и Соња Арсовскa од Кавадарци. Двете успеаја да освојат титули. Во конкуренција на 50 девојки од цела Европа, Јулијана го освои одличното 6то место, односно титулата 5та придружничка (5th RunnerUp), додека Соња ја освои титулата Miss best costume. Победничка е претставничката на Русија, Јулија Павликова, ...

МВР информира за двајца несовесни возачи. -На 14.05.2025 во 19.30 и на 15.05.2025 во 03.00 часот, полициски службеници од Полициските станици за безбедност на патниот сообраќај Гостивар и Тетово ги лишиле од слобода Д.А.(64) од с.Зубовце, гостиварско и А.М.(36) од Тетово. При вршење увид на сообраќајна незгода со материјална штета на 14.05.2025 околу 19.30 часот на регионален пат Гостивар – с.Градец и по преземени мерки било констатирано дека ...

Регионалниот центар за гранични работи Југ – Одделение за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Гевгелија поднесе кривична пријава по итна постапка против Ј.К.(25) од Неготино поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „криумчарење мигранти” и „фалсификување исправа”. -По преземени мерки и активности, на 13.05.2025 тој беше лишен од слобода во Неготино поради сомнение за негова инволвираност во настанот од ...

Мерките и активностите на надлежните институции иако придонесуваат за подобрување на условите за управување со безбедноста во сообраќајот на патиштата, не се ефикасни за намалување на жртвите во сообраќајните незгоди, покажува ревизорскиот извештајот на тема „Безбедноста во сообраќајот на патиштата во Република Северна Македонија“ на Државниот завод за ревизија. – Јавно достапните податоци од веб страната на МВР упатуваат на загрижувачки ...

До претседателот на Собранието Африм Гаши се уште не е пристигната оставката на министерот за здравство Арбен Таравари, а нема пристигнато ниту предлог кој ќе биде координатор на пратеничката група на ВРЕДИ или кандидат за гувернер на Народната банка. Сега за сега, како што кажа, нема ни нов координатор од ВРЕДИ. Министерот за здравство и лидер на едното крило на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари синоќа во изјава за МИА рече дека тој ќе ...

Младата мексиканска инфлуенсерка Валерија Маркез (23), позната по своите видеа за убавина и шминка, беше брутално убиена за време на пренос во живо на ТикТок, кој го гледаа повеќе од 200.000 луѓе. Трагедијата се случила во вторник, во фризерскиот салон во градот Запопан, во државата Халиско, каде што работела Маркез. Непознат маж влегол во салонот и испукал неколку куршуми кон неа, соопшти државното обвинителство на Халиско. Досега никој не е ...

Сообраќајната статистика покажува дека во деновите кога се организираат матурски прослави се зголемува бројот на сообраќајни незгоди. Голем дел од учесниците во сообраќајните несреќи се млади луѓе – матуранти, кои најчесто завршуваат со тешки телесни повреди, а не ретко и го губат својот живот. -Одговорноста за девијантното однесување на дел од матурантите во сообраќајот е првенствено кај младите, но и кај нивните родители. Не дозволувајте им на ...

Во 2004 година, УЕФА ја воведе програмата „Хет-трик“ која вклучува поддршка на фудбалската инфраструктура како што се национални стадиони, тренинг центри и терени, или имплементација на низа стандарди и иницијативи на УЕФА: ненаместени натпревари, тренерство, лиценцирање на клубови, развој на елитни млади играчи, фудбал на локално и женски терен, добро управување, судење и општествена одговорност. УЕФА реши да додели средства за реконструкција и ...

Аква парк, Панорамско тркало, спортски федерации, универзитети, болници… долг е списокот на проекти и институции градени и поддржани со донации од богатите независни регулаторни агенции како Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) и нешто поскромната во донирањето, Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), на која претпоследна донација и’ е на Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина, чиј директор е ...

Европејците плаќаат различни цени за лекови во зависност од тоа во која држава точно живеат, но трошат значително помалку отколку Американците. Претседателот на САД Доналд Трамп во понеделникот ја критикуваше Европската унија кога ги објави плановите за намалување на трошоците за лекови за Американците. „Ќе плаќаме колку и Европа“, им рече Трамп на новинарите, додавајќи дека земјите од ЕУ се „тешки“, „брутални“ и „гадни“ во преговорите со ...

Со децениска музичка посветеност и искрена љубов кон сцената, Атанас Петров продолжува да чекори по својот музички пат со новиот сингл „Манири“, композиција која носи освежувачки ритам и современ поп звук. По емотивната балада „У теби чувам све“ и првата авторска песна „Сад ме молиш“, „Манири“ ја заокружува неговата досегашна дискографија со динамика и продукциска зрелост. Песната е резултат на соработка со проверен тим. Музиката и текстот се ...

„Support Kocani“ преку социјалните мрежи објави вознемирувачки фотографии од изгореници на лице повредено во катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“. Дарко Стоилов, од Support Kocani за ММС вели дека целта на објавата е да го свратат вниманието кон повредените и нивниот третман: -Едно парче компресивна облека кошта од 100 до 1200 евра! Некои од повредените деца ќе имаат потреба дури од 5-6 парчиња! Компресираната облека помага во ...

Естонскиот претставник Томи Кеш, чие уметничко име е Томас Тамеметс, сè уште не запеа во живо, а околу неговата песна се крена политичко-културна бура. Италијанскиот сенатор Џан Марко Чентинаио, потпретседател на италијанскиот Сенат, јавно побара забрана за учество на Естонија на Евровизија поради, како што тврди, навредливи стереотипи за Италијанците во песната. „Секој што ќе ја навреди Италија мора да биде исфрлен од Евровизија“, напиша тој во ...

Министерот за здравство и лидер на едното крило на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари вели дека тој ќе поднесе оставка од функцијата, а за останатите функционери од оваа партија очекува да бидат разрешени. – Јас поднесувам оставка, другите ќе бидат разрешени, вели Таравари во изјава за МИА. Ваквата одлука доаѓа откако во понеделникот партијата по недоразбирањата со останатите коалициски партнери во „Влен“ донесе одлука да ја напушти владината ...

Холандија и Данска се најдобрите две места за да се биде дете, земајќи ја предвид менталната благосостојба, физичкото здравје и вештините, покажа ново истражување објавено од детската организација на ООН, УНИЦЕФ денеска. Франција го зазеде третото место, а по неа се Португалија и Ирска, според извештајот, во којшто се споредуваат податоците од 43 држави од Организација за економска соработка и развој (ОЕЦД) и од Европската Унија (ЕУ). Извештајот ...

Обвинителскиот тим кој постапува во предметот на Основното јавно обвинителство Кочани во врска со пожарот во дискотеката “Пулс” ги привршува дејствијата на распити на сведоци – очевидци на настанот. -Распитите на осомничените и на други лица се реализираат без отстапувања и согласно утврдената динамика. Интензивно се работи на повеќе вештачења и се вкрстуваат податоците од анализите на обезбедените електронски уреди. Согласно фазата во која се ...

Невладината организација „Хјуман рајтс воч“ (ХРВ) денес предупреди дека Светското првенство во 2034 година, кое ФИФА ѝ го додели на Саудиска Арабија во декември, „не смее да се организира врз трупови на работници“. Во најновиот извештај на ХРВ документирани се сериозни кршења на правата на работниците кои работат на инфраструктурни проекти поврзани со подготовките за Мундијалот. Извештајот е заснован на интервјуа со 31 семејство на работници кои ...

Под влијание на влажен бран, утре кон крајот на денот, во текот на ноќта кон петок и во петок најпрвин во западните, а потоа и во останатите делови, ќе има обилни врнежи од дожд (над 30 литри на метар квадратен). На повисоките планини ќе има услови за повремен снег. Утре, како што соопшти УХМР, ќе дува умерен до засилен југоисточен, а во петок северен ветер (над 60 километри на час), особено вдолж Повардарието. Дневните температури значително ќе ...

Основното јавно обвинителство Битола вчера одново побара од Основниот суд во Битола да донесе одлука за определување привремена мерка – замрзнување на паричните средства во износ од околу 3 милиони евра од банкарска сметка на правното лице Друштво за производство, трговија и услуги РУД-КОП увоз-извоз ДООЕЛ Битола, бидејќи постои основано сомнение дека парите се стекнати како незаконска корист од кривично дело – Злоупотреба на службена положба и ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
1.54
68%
1018
weather icon

Белград

22ᴼ / 21ᴼ
2.06
73%
1016
weather icon

Загреб

18ᴼ / 18ᴼ
2.57
63%
1015
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
0.0
82%
1019
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
0.78
83%
1017
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 16ᴼ
1.56
81%
1016
weather icon

Атина

25ᴼ / 21ᴼ
1.79
49%
1016
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
77%
1019
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
1.03
68%
1019
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 20ᴼ
3.09
92%
1018
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 21ᴼ
4.12
64%
1013
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
3.09
35%
1017
Currency

61.525

Currency

54.1393

Currency

73.0224

Currency

34.9976

Currency

39.4063

Currency

65.8268

Currency

7.47228

Currency

0.67926

Currency

0.37699

Currency

0.52473

Currency

1.37438

Currency

0.62688

Алуминиум

2.46

Кобалт

42.99

Никел

15196.50

Рутениум

19708.41

Калај

31.40

Сребро

1110.77

Злато

108246.40

Бакар

9.75

Паладиум

31539.88

Платина

34532.60

Родиум

172006.49

Цинк

2.67