
Скопје
22ᴼ /
22ᴼ



Министерството за здравство информира дека денес се планира враќање на седум пациенти од Виена, Анкара, Мадрид, Варшава, Марибор, Атина и Солун, со што во странски медински центри ќе останат на лекување 48 пациенти повредени во пожарот во Кочани. -Непроменета останува состојбата на пациентите кои се третираат во странство, вклучително и состојбата на критичните пациенти. Во болниците во земјава во моментот се лекуваат 7 пациенти, од кои ...
Италијанската модна куќа „Прада“ денеска објави дека „постигнале дефинитивен договор“ со американската групација „Капри холдингс“ за преземање на 100 отсто од познатиот бренд „Версаче“ за 1,25 милијарди евра. Спојувањето на двата светски познати италијански брендови, според познавачите, ќе создаде италијанска луксузна групација со обрт од над шест милијарди евра, којашто ќе може да се натпреварува со индустриските гиганти како „Луј Витон“ и ...
За 2,5 денари поевтинува бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, а за два денара бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) од ноќеска на полноќ, одлучи Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад. Не се менува цената на Мазутот М-1 НС. Максималните цени на нафтените деривати од ноќеска на полноќ ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 ...
Надминати се административните пречки и наредните денови се очекува да се почне со поставување на конструкцијата на спортско-рекреативниот центар „Џексон“, информираше денеска градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов. Изградбата на овој спортски комплекс, кој се наоѓа во централното градско подрачје почна да се гради пред десет месеци, а средствата се обезбедени од државниот буџет. Во спортскиот центар „Џексон“ ќе се обезбедат услови за ...
„Немам коментар“ беше одговорот на прашањата поставени од обвинетиот Љупчо Палевски кон таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој денеска сведочеше во Основен кривичен суд Скопје. Ѓорчевски одговори единствено на првото прашање на Палевски, во врска со тоа дали слушнал дека има комуникација со кој било член од неговото семејство, при што замоли веќе да не одговара на прашањата од Палевски. – Јас како што веќе кажав, ниту ве знам ниту ве ...
Германија ќе обезбеди 11 милијарди евра воена поддршка за Украина до 2029 година, изјави денеска украинскиот министер за одбрана Рустам Умеров. Тој рече дека испораките планирани за оваа година ќе помогнат да се зајакне воздушната одбрана на Украина и да се поддржат трупите на Киев на бојното поле. Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас денеска изјави дека ЕУ годинава одвоила над 23 милијарди евра за помош ...
На 10.04.2025 во 13.00 часот во Полициската станица Кочани, 30 – годишен жител на Кочани пријавил дека била измамен од И.М. од Кочани за сума од 18.000 денари. Според пријавеното, во ноември 2022 со усмен договор му ги дал парите за да купи материјал за да му изработи настрешница во дворот, а откако ги земал парите заминал и до пријавувањето не се вратил, не ја завршил договорената работа и не му ги вратил парите. Се преземаат мерки за ...
Амбасадата на Сојузна Република Германија во соработка со Доброволното противпожарно друштво – Кочани во текот на оваа година ќе реализира заеднички проект за справување со последиците од катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“. Во рамки на иницијативата на потпишани се договори за донации како дел од Фондот за мали проекти на Амбасадата, а партнери во спроведување на проектот се македонската Комора на психолози, ДПД и ТППЕ – Кочани и ...
На 10.04.2025 во 18.45 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Б.С.(22) од Штип затоа што се заканувал на неговата 30-годишна сестра и покрај тоа што од Основен суд Штип е издадено решение со кое му се забранува да ја вознемирува и малтретира. Имено, додека полициски службеници биле во нејзиниот дом, постапувајќи по претходна пријава за неговата сестра дека ѝ се заканувал, дошол Б.С. и раце и остар предмет удирал по ...
Судскиот Совет го објави наодот на работната група во врска со предметот против Менсур Пајазити, кој беше осуден на две години затвор за прегазувањето на 22-годишната Теодора Ристовска. Работната група потврди дека судијата Ељведин Ферати не можел да досуди повисока казна поради членот 428 од Законот за кривична постапка, кој забранува менување на пресудата на полошо ако жалбата е изјавена само во корист на обвинетиот. Како поткрепа на ...
Синдикатот на УПОЗ, по барање на група вработени лица, членови на Синдикалната организација при КПУ Затвор Штип, во однос на заштита на работничките права, денеска објави реакција во врска со прес-конференцијата одржана завчера од директорот на дирекцијата за извршување на санкции Александар Пандов и директорот на КПД – Штип Дејанчо Здравков за фрлена дрога преку ограда во затворот. Во реакцијата се наведува дека на прес – конференција ...
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека суспензијата на американските реципрочни санкции претставува „кревка пауза“ и оти Европа мора да продолжи да работи на контрамерки за да се заштити. Тој додаде дека Европската унија треба да се заштити „од текови од трети земји“, особено Кина, која останува максимално оданочена, а чиј прилив на производи може да доведе до нерамнотежа на пазарот. Американскиот претседател Доналд Трамп, ...
Дел од онколошките пациенти повторно останаа без лекови. Речиси месец дена нема биолошка терапија за рак на дојка, а деновиве снемало и за меланом и карцином на бели дробови, реагираат од Здружението Хема – Онко. Ана Марјановиќ од Здружението Хема – Онко истакна дека тендерските процедури за годишната набавка и административните кочења се причина што тешко болните се оставени без терапијата која им е неопходна. Од Клиниката информираат дека ...
Утре во Кочани со симболичен почеток од 12:05, како симбол на задоцнетата реакција на институциите, семејствата и блиските на 61-та жртва на катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ ќе излезат на втор по ред протест насловен како „Задоцнета реакција“. Маршот ќе започне од Градскиот парк, по што семејствата со сликите на загинатите ќе се упатат кон Градскиот трговски центар, каде е лоцирано демолираното кафуле „Класик“ во сопственост на истиот ...
Американскиот глумец Ерик Дејн, познат по својата улога во ТВ-серијата „Вовед во анатомија“ (Grey’s Anatomy), откри дека боледува од амиотрофична латерална склероза (АЛС). Станува збор за невролошко заболување на мускулите и засега нема познат лек за таа болест. – Дијагностициран ми е АЛС. Благодарен сум што го имам моето прекрасно семејство покрај мене додека го почнуваме ова ново поглавје во животот. Љубезно Ве молам да ми дозволите мене и на ...
Вандализирана е новата детска градинка во Бутел, информираше утрово градоначалникот, Дарко Костовски. Тој на Фејсбук објави фотографии од вандализмот на, засега, непознати стрители. – МВР веќе има лоцирано осомничени лица, за многу скоро очекувам остра и брза акција. Одговорност и кривични пријави согласно закон. Направена е голема штета во новата граника во Бутел 1, истата е во план да се пушти во употреба во месец септември 2025 година. ...
Американските власти до септември оваа година ќе ја утврдат причината за аутизмот, изјави американскиот секретар за здравство Роберт Кенеди Џуниор. „Ќе знаеме до септември. Почнавме масовно тестирање и истражување во кое ќе бидат вклучени стотици научници од целиот свет“, рече Кенеди на состанокот на кабинетот на претседателот Доналд Трамп. „До септември ќе знаеме што ја предизвикало епидемијата на аутизам и ќе можеме да ги елиминираме тие ...
На едно место денар, на друго десет за една иста услуга. Колку го плаќаме комфортот на безготовинското плаќање? Различно, а понекогаш во значаен процент што создава горчина кај граѓаните по извршената трансакција, дури и за минимални износи. Извесно е дека конфорот, што треба да биде придобивка на ова дигитално време го плаќаме од сопствениот џеб. Нашите анализи покажаа дека различни институции процентуално наплаќаат различно. Плаќањето со ...
Шест лица, семејство шпански туристи и пилотот, загинаа при пад на хеликоптер во реката Хадсон кај брегот на Њу Џерси. Меѓу жртвите, според полициски извори, е и Агустин Ескобар, директор од Сименс, заедно со неговото семејство. Како што изјави комесарот на њујоршката полиција Џесика Тиш, повикот до итната помош пристигнал во 15:17 часот. „Пријавена е хеликоптерска несреќа во реката Хадсон во близина на паркот Пјер А во Хобокен, покрај брегот на ...
Од пред Владата преку Судскиот совет и законодавниот дом до Кривичниот суд, попладнево се одржа четвртиот протестен марш на граѓанската иницијатива „Кој е следен?”, барајќи правда за жртвите во досегашните трагедии кои се случени како последица на нефункционалноста на системот. Како што изјави претставничката на граѓанската иницијатива Анастасија Митревска, денешниот протест е за сите барања на иницијативата изнесени во јавноста, а дел од нив и ...
Убавината не е само надворешна, туку и она што зрачи одвнатре. Токму овој внатрешен сјај доаѓа до израз кај одредени хороскопски знаци и ги прави неодоливи. Нивната аура, однесување, насмевка и елеганција често засенуваат се околу нив. Ова се три хороскопски знаци кои се истакнуваат по својата убавина. Вага – природна елеганција и симетрија на лицето Вагите често се сметаат за најубав знак во хороскопот, а нивната убавина обично е придружена со ...
Во врска со објавата на Јавното обвинителство на Република Македонија за започнување истрага поврзана со измами со т.н. „брзи кредити”, како и поведувањето на кривична постапка против едно службено лице во рамки на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, информираме дека Фондот во целост ја поддржува работата на надлежните институции и ги обезбедуваше сите потребни информации за спроведување на истрагата, се вели во соопштението од ФЗО. ...
Портпаролката на Белата куќа, Керолајн Ливит, денеска изјави дека нема да соработува со новинари кои во своите мејлови ги наведуваат заменките со кои сакаат да им се обраќаат или го нагласуваат нивниот родов идентитет. „Секој новинар кој ќе избере да вметне произволни заменки во биографијата, очигледно не се грижи за биолошката реалност или вистината и затоа не може да му се верува да напише искрена приказна“, изјави Ливит за „Вашингтон пост“. ...
Тензична е атмосферата меѓу советниците на општина Кочани пред понеделничкиот избор на в.д. градоначалник на втората најголема општина на Истокот, по оставката на Љупчо Папазов заради катастрофалната трагедија во дискотеката Пулс. Веќе споменатиот потенцијален кандидат за градоначалник, независниот советник Венко Крстевски, во објава на фејсбук ги прозва ВМРО ДПМНЕ и СДСМ за нивните план за предлог кандидати: На објавата Крстевски додаде: „Тоа е ...
Општина Штип на системот „градежно земјиште“ објави 10 парцели со намена А1 – станбено домување во куќи, кои што се наоѓаат во населба Три Чешми или поточно на локалниот пат од левата страна кон селото Сушево. Овие парцели се со површини од 350 до 400 м2 и нивната катност е приземје, два ката и поткровје. Рокот за пријавување на сите заинтересирани е до 28-ми април и оние коишто имаат намера да се пријават имаат обврска да извадат банкарска ...
Уште еден од повредените лица во пожарот во Кочани, кој беше на лекување во Бугарија, денеска се враќа во земјава, соопшти Министерството за здравство. Во странство, во моментот се хоспитализирани 55 пациенти. Непроменета останува состојбата на пациентите кои се третираат во странство, вклучително и состојбата на критичните пациенти. Во болниците во земјава во моментов се лекуваат 10 пациенти, од кои четворица во Хируршката клиника „Св.Наум ...
Владимир Трајковски, македонски генетичар и професор по хумана генетика во едно видео упати совет, поточно не ги советува родителите на дечиња со аутизам дека „понатамошни вакцинации на децата и кај што има доказ дека веројатно вакцината е причинител“. -Ако родителите имаат доказ дека вакцината е причина за аутизам јас не им советувам понатамошна вакцинација на децата, рече меѓу другото д-р Трајковски Ова го налути д-р Драган Даниловски, познат ...
Основното јавно обвинителство Скопје денеска поведе постапка против вкупно 43 лица кои со различни дејствија на компјутерски измами, фалсификување исправи и злоупотреба на лични податоци учествувале во повеќекратни измами на граѓани со „брзи кредити“. -За четворица од осомничените, меѓу кои и едно службено лице од Фондот за здравствено осигурување, е поведена истрага за кривични дела – Фалсификување исправа од член 378, Злоупотреба на лични ...
Во рамки на вчерашните активности на полициските службеници од сите осум сектори за внатрешни работи при Бирото за јавна безбедност (БЈБ) на МВР, во врска со засилените сообраќајни контроли за почитување на сообраќајните правила и прописи на патиштата низ државава, биле издадени 1001 платни налози, најмногу во текот на овој месец. МВР денеска соопшти дека најбројни се прекршоците на непрописно паркирање (241), потоа прекршоците по основ на ...
Работната група до претседателот на Судскиот совет Александар Камбовски го доставила извештајот за случајот со Теодора Ристовска, која беше прегазена на пешачки премин во Тетово, а на обвинетиот Менсур Пајазити доби две години затвор. Работната група, составена од три члена, требаше да го разгледа предметот од првиот ден кога обвинението влегло во судот па се до понеделникот кога по вторпат почна и заврши во тетовскиот суд. -Завршена е работата ...