Полицијата вчера го лишиле од слобода Г.Т.(44) од Кавадарци. Тој управувајќи возило „голф“ со кавадаречки регистарски ознаки, на регионалниот пат Кавадарци – Дреново, кај место викано Рамниште, изгубил контрола и излетал од патот. Како што информира денеска МВР, Г.Т. бил задржан во полициска станица, а од извршените проверки било констатирано дека го управувал возилото со 2,52 промили алкохол во крвта. Известен бил јавен обвинител и по ...

Владата на Талибанците го додаде шахот на листата на забранети активности, класифицирајќи го како коцкање и кршење на моралните вредности, објави денес Авганистанската спортска управа. Шахот се смета за „средство за обложување“, што е забрането со законот за ширење доблести и спречување на пороци, донесен минатата година, изјави за АФП портпаролот на Спортската управа, Атал Машвани. Бидејќи станува збор за религиозни прашања, шахот ќе биде ...

ИФФК „Браќа Манаки“ како дел од проектот „Кадар-на“ (анг. HER FRAME, во буквален превод „Нејзин кадар“) ја поддржува иницијативата за надминување на родовата нерамноправност во филмскиот сектор. Проектот „Кадар-на“ е поддржан од Британскиот совет како дел од проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“ (анг. Culture and Creativity for the Western Balkans – CC4WBs), кој е финансиран од Европската унија и има за цел да го поттикне дијалогот ...

Лидерот на крилото на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари вчера на отворањето на изборниот штаб за локалните избори во Врапчиште најави дека партиските органи ќе одлучат за излегувањето од владината коалиција и оти конечната одлука ќе биде соопштена наредниве два дена. Најави дека ќе разговара лично со премиерот Христијан Мицкоски за јасно и точно да му каже за одлуката. Во коалицијата, оцени Таравари, „не добиле поддршка за промените кои ...

ЕУ беше, е и ќе остане наша цел, но за жал, ние сме единствената држава во Европа која нема предизвици втемелени на постигнувања или друг тип критериуми што важат за другите земји кои станале или се во процес да станат земји членки, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски на Самитот Македонија 2025. За нас, напомена, тие критериуми се од сосема поинаква природа. -Дел од тие отстапки правени во минатото од голем дел од политичарите, се резултат ...

Излезните анкети од денешните парламентарни избори во Албанија говорат за изборен триумф на актуелниот премиер и лидер на Социјалистичката партија, Еди Рама. -Социјалистите освоија 51,8 проценти од гласовите на денешните парламентарни избори во земјата, покажуваат податоците од излезните анкети објавени од „Албениан пост“, објави Топ чанел. Ова ѝ обезбедува на партијата 79 мандати во парламентот со 140 пратеници. На второто место, според ...

Српските студенти кои на 25 април од Нови Сад го започнаа штафетниот ултрамаратонот низ Европа, попладнево пристигнуваат во Брисел. Во рамки на ултрамаратонот насловен „Од Нови Сад до Брисел – Патување од 1.950 километри за правда“, 21 студент од Србија, пред да стигнат до Белгија, со штафетно трчање минаа низ Хрватска, Словенија, Австрија, Германија, Франција и Луксембург. Маратонот е дел од шестмесечната кампања за барање одговорност и правда ...

Основното јавно обвинителство Кичево поведе истражна постапка против едно лице осомничено за едно кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 и еден обид за убиство според истата правна квалификација. -При вршење семејно насилство рано утрово, во дворот на семејната куќа во селото Србјани, осомничениот 47-годишник ги лишил од живот својот татко, а се обидел да ја убие и својата мајка. При вербална расправија, со нож и секира најпрво го ...

Малкумина би поверувале дека на концерт на Влатко Стефановски ќе се заигра оро, но се зигра на песната „Скопје“, на неговите јубилејни концерти вчера и завчера во Филхрмонија. Влатко не го криеше задоволството од прекрасната публика, која пак уживаше во неговиот богат опус од кој само дел беа отсвирени за прослава на 50 години богата и успешнакариер. Па неџабе го викаат „светко, а наше“. Емоции предизвика „Јовано, Јованке“, песна која му ја ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ќе добие еден од највредните подароци некогаш дадени на американската држава – луксузен авион „Боинг 747-8“, познат како „летечка палата“, кој ќе стане негов нов „Ер Форс Уан“. Според „Еј-Би-Си Њуз“, авионот е подарок од кралското семејство на Катар, а неговата испорака се очекува за време на претстојната посета на Трамп на Блискиот Исток. Авионот се одликува со раскошна внатрешност, вклучувајќи златни ѕидови, ...

Двајца физијатри, двајца хирурзи, како и физиотерапевти, инструментарки и медицински сестри од Клиничка болница-Штип и Општата болница во Кочани ја завршија шестнеделната обука организирана од страна на англиската Организација за ургентна медицина, информираше за МИА Никола Костадинов физијатар на Одделението за Физикална терапија при Клиничка болница-Штип. Тој истакна дека со македонските тимови работеа со сертифициран тим од доктори ...

Ракометната репрезентација на Македонија триумираше над Литванија со 26:17 (13:11) во дуел од квалификаците за пласман на Европското првенство во 2026 година. По победата пред полни трибини во СЦ „Јане Сандански“, Македонија го освои второто место во групата и обезбеди пласман на континенталниот собир. Нашата репрезентација одигра одлично второ полувреме и го оправда фаворитскиот стаус и донесе голема радост на навивачите во земјава. Најефикасни ...

Битолскиот камерен оркестар, диџеј Шилер и повеќе македонски музички поп-рок ѕвезди се подготвени за четири часовен концертен спектакл кој на 20 мај ќе се одржи во скопската арена „Борис Трајковски“. Во пресрет на концертот, диригентот на битолскиот Камерен оркестар Владимир Димовски изјави дека очекува полна сала во Скопје, исто како што минатата година беше полн градскиот стадион во Битола. -Старс симфони (Star’s Symphony) е проект, ...

МВР информира дека паланчанецот,кој врзал куче за неговиот автомобил и го принудил да трчаќе добие кривична. -ОВР Куманово до ОЈО Крива Паланка ќе поднесе кривична пријава против А.А. (23) од Крива Паланка поради сомнение за сторено кривично дело „мачење животни” по чл. 233 од КЗ. На 10.05.2025 во 23.30 часот во ОВР Крива Паланка било пријавено дека на социјална мрежа е објавена видео снимка, на која се гледа како во Крива Паланка, куче било ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изрази жалење што родителите на загинатите во кочанската дискотека „Пулс“ не ја прифатиле поканата за средба во Владата, но, како што посочи, е подготвен да оди во Кочани, за да разговара со нив. Ова беше истакното во неговиот одговор на новинарско прашање за одбивањето на поканата за средба од страна на родителите, како и дека тие претходно го имале поканато на средба во Кочани. – Жалам што е таква одлуката. ...

Утрово во кичевско се случила трагедија, во која син ги нападнал родиелите, од повредите таткото починал. -Денеска (11.05.2025) во 07.10 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Е.А.(48) од селото Србјани, кичевско, поради сторено кривично дело „убиство”. Околу 07 часот во ПС Кичево од Итната медицинска помош Кичево, било пријавено дека кај нив се јавил Е.А. и кажал дека во семејната куќа во село Србјани со секира ги ...

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 35-годишен турски државјанин за кого постои сомнение дека сторил кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. -Ноќеска по полноќ на улицата “Метрополит Теодосиј Гологанов” во Скопје, во близина на Клубот на пратеници, со умисла се обидел да лиши од живот друг турски државјанин. По претходна вербална ...

Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против вкупно пет лица, од кои првоосомничениот како директен извршител на кривично дело „убиство“, како и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи“, додека останатите четворица се осомничени за „помагање на сторителот по извршено кривично дело“. Сите осомничени се турски државјани, од кои тројца имале пријавено ...

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо и неговата партнерка, шпанската супермоделка Георгина Родригез, го планираат претстојниот одмор – на својата приватна јахта, кај шпанскиот остров Ибица. Покрај сите луксузни детали, двојката ќе има и приватна готвачка за ова патување, која за својата привремена работа, т.е. за само една седмица ќе заработи милион евра. Се работи за Марта Гарсија Бу – позната инфлуенсерка која на социјалните мрежи се ...

Блискоста во љубовните односи се создава и одржува со секојдневните навики – начинот на слушање, реагирање, почит кон другиот, почитување на личните граници итн. Токму овие секојдневни ситници се честа причина и за нарушување на интимноста во врската. Познавачите предупредуваат дека некои навики коишто на прв поглед изгледаат безопасни или нормални, со текот на времето можат да создадат емоционална оддалеченост меѓу партнерите. Затоа, се ...

Македонската диригентка Елена Митревска од 1 јануари ќе биде уметничка директорка на двата хора на Данското Радио. „Воодушевени сме што започнуваме блиска нова соработка со Елена Митревска како уметничка директорка. Со нејзиниот силен уметнички профил, креативна визија и меѓународна кариера, таа е идеален избор за улогата, а дополнителен бонус е што таа веќе има доверлив и позитивен однос со нашите пејачи”, изјави Ким Бор, директорка на ...

Апелациониот суд во Штип одлучи дека е неоснована жалбата на Фадил Зејнелов против пресудата со која беше осуден на казна доживотен затвор за убиството на штипјанката Емилија Пешова. -По одржана јавна седница на ден 24.04.2025 година, Апелациониот суд Штип донесе пресуда со која ја одби како неоснована жалбата поднесена од обвинетиот Фадил Зејнелов од Штип против пресудата на Основниот суд Штип од 12.02.2025 година по однос на изречената ...

СВР Куманово поднесе кривична пријава против В.Т. – поранешна директорка ДСУ „Киро Бурназ” од Куманиво поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положаба и овластување” по член 353 од Кривичниот законик, против правно лице од Куманово за превоз на патници и сопственикот Д.П. од Куманово поради постоење основи насомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на ...

Деца од основно училиште уценувале соученичка дека ќе го тепаат брат и, кој бил со здрвствени проблеми, ако не им даде пари. На неколку пати со уцена ја натерале да им даде 25.000 евра. -Денеска (09.05.2025) во 00.30 часот во СВР Скопје, 52-годишник од Скопје пријавил дека неговата малолетна ќерка, ученичка во основно училиште на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, подолг период добивала закани од двајца соученици дека физички ќе го нападнат ...

На плоштад во Скопје минувачите забележаа маж залепен со дебел слој самолеплива лента на металната градска светилка. Оваа вчудоневидувачка и невообичаена глетка минувачите ја споделуваа на социјалните мрежи. Според пишувањето кога го прашале зошто направил вака тојрекол дека нема да каже додека не дојдат сите новинари. Но, подоцна стана јасно дека ова е герила акција на „Support Kocani“ за да се предизвика внимание за помош на настраданите во ...

Пресудата за случајот со прегазувањето на Фросина Кулакова ќе биде објавена во вторник, на 13-ти месецов. На судењето што почна денеска во Основниот кривичен суд Скопје, обвинетиот Васил Јованов призна вина, а адвокатот на семејството Кулакови, побара највисока казна. Јованов е осомничен за кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ за сообраќајката што се случи во јануари годинава на Булеварот „Партизански ...

На официјална покана од Министерството за надворешни работи на Руската Федерација и Комунистичката партија на Руската Федерација (КПРФ), денес, по повод јубилејните 80 години од победата над фашизмот – пратеникот и претседател на Левица, проф. д-р Димитар Апасиев, присуствуваше на големата воена парада на Црвениот плоштад во Москва, информираат од Левица.. -Македонија, како дел од антифашистичката коалиција во Втората светска војна, даде голем ...

Американскиот претседател Доналд Трамп ја именуваше водителката на Фокс Њуз и поранешна обвинителка од Њујорк, Жанин Пиро, за привремена американска обвинителка во Вашингтон. Објавата дојде откако Трамп го повлече својот прв кандидат за таа функција, бидејќи ја изгуби клучната поддршка од републиканците во Сенатот, кој инаку ги потврдува таквите именувања. Откако Трамп во 2020 година ги загуби изборите од Џо Бајден, Пиро изнесуваше неточни ...

МВР информира за несовесен возач кој под дејство на алкохол и без возачка предизвикал три сообраќајни незгоди. -На 07.05.2025 во 23.45 часот на улица „Прохор Пчински” во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода С.Д.(50) од Велес. Тој, управувајќи патничко возило „сеат” со велешки регистарски ознаки без возачка дозвола, на улица „Димитар Влахов” во Велес удрил во патничко возило „опел”, управувано од Р.И.(44) од Велес, по што ...

Васил Јованов, осомничен за кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ за сообраќајката од јануари годинава на Булеварот „Партизански одреди“ во Скопје во која животот го загуби Фросина Кулакова, денеска пред Основниот кривичен суд Скопје призна вина за делото. Обвинетиот Васил Јованов, кој е редовен студент и беше спроведен од затворски притвор, пред Судот рече дека го разбира делото за кое е обвинет и ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
1.03
64%
1019
weather icon

Белград

23ᴼ / 21ᴼ
1.54
69%
1016
weather icon

Загреб

21ᴼ / 19ᴼ
2.57
63%
1016
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
0.0
73%
1020
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
0.49
75%
1018
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 17ᴼ
1.54
76%
1017
weather icon

Атина

29ᴼ / 25ᴼ
0.89
46%
1016
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
0.51
73%
1018
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
2.06
53%
1019
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 21ᴼ
2.24
75%
1018
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 22ᴼ
2.68
58%
1015
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
4.12
29%
1018
Currency

61.525

Currency

53.9239

Currency

73.0224

Currency

34.9976

Currency

39.4063

Currency

65.8268

Currency

7.47228

Currency

0.67926

Currency

0.37699

Currency

0.52473

Currency

1.37438

Currency

0.62688

Алуминиум

2.46

Кобалт

42.99

Никел

15196.50

Рутениум

19708.41

Калај

31.40

Сребро

1110.77

Злато

108246.40

Бакар

9.75

Паладиум

31539.88

Платина

34532.60

Родиум

172006.49

Цинк

2.67