
Скопје
35ᴼ /
35ᴼ



Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, денеска изјави дека Европската Унија е мировен проект, но дека мирот без одбрана е „илузија“. Во интервју за шпанската емисија „Денес за денес“, тој истакна дека е потребно ЕУ да одржува добри односи со САД бидејќи, како што оцени, алтернативата е „хаос“. -Идејата за царини е економска трагедија. Лоша е за нас, но уште полоша е за американската економија. Се обидуваме да избегнеме царинска војна, ...
Сите четири главни аеродроми во Москва се привремено затворени од безбедносни причини, соопшти руската агенција за воздухопловство „Росавијатија“ на Телеграм. Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, објави на социјалните мрежи дека најмалку 19 украински дронови биле уништени пред да стигнат до градот, „од различни насоки“. Тој рече дека делови од соборените беспилотни летала паднале на еден од главните патишта кон Москва, но немало жртви. ...
Фридрих Мерц денеска не беше избран за следен канцелар на Германија во првиот круг гласање во парламентот, бидејќи не освои апсолутно мнозинство. Конзервативниот лидер доби 310 гласа во 630-члениот Бундестаг, шест помалку од потребното мнозинство. Како што јави ДПА, шокантниот резултат е голема непријатност за Мерц, чија идна коалиција – составена од Христијанските демократи (ЦДУ), баварската Христијанска социјална унија (ЦСУ) и ...
Анкета по повод 80-годишнината од Денот на победата во Европа покажува дека многу Американци и Западноевропејци веруваат дека Трета светска војна е веројатна во следните пет до десет години, а тензиите со Русија се сметаат за најверојатна причина. Според резултатите од анкетата на ЈуГов (YouGov) спроведена во пет европски земји: Велика Британија, Франција, Германија, Италија и Шпанија, помеѓу 41 и 55 проценти од испитаниците веруваат дека ...
Денеска се навршуваат триесет и четири години од загинувањето на Сашко Гешовски, прва жртва при распадот на Југославијa, како припадник на ЈНА, потсетуваат утринава од Музеј галеријата во Кавадарци. Гешовски загина на шести мај 1991 година. Гешовски беше роден во Кавадарци на 31 октомври 1971 година, основно и средно училиште завршил во родниот град. Потсетуваат дека во воениот конфликт во 1991 година, покрај Гешовски, од Кавадарци загина и ...
Го слават и католиците и православните, секој според својот календар, како Ден на Свети Ѓорѓи или Ѓурѓовден. Ѓурѓовден е празник со многу обичаи поврзани со него и магични дејства за заштита, здравје и плодност, кои се изведуваат на тој ден. Вообичаено е да се ткаат венци од лековити билки, кои потоа се фрлаат во проточна вода. Обичаи и верувања Обичаите и верувањата поврзани со Ѓурѓовден сигурно постоеле кај народот уште пред да го прифатат ...
Денес одбележуваме значаен јубилеј – 80 години од кодификацијата на македонскиот литературен јазик. Кодификацијата претставува крунски чин во историјата на секој јазик, како симбол на еден од највисоките акти на јазична, културна и идентитетска самосвест. Таа го обезбедува стандарднојазичниот модел, создава јазичен консензус во рамките на заедницата и овозможува институционализирана, официјална и културна функција на јазикот. Чинот на ...
Во среда, на 07 мај 2025 година во Младинскиот културен центар (МКЦ) – Скопје во кино салата Фросина со почеток во 13.30 часот ќе се одржи комеморација за неодамна прерано починатиот македонски музичар, композитор, текстописец, аранжер и музички продуцент, Тоше Поп Симонов. Настанот симболично се организира токму на местото каде што Тоше ги направил своите први посериозни музички чекори и ги забележал првите успеси во далечната 1980 година како ...
Министерот за одбрана на Босна и Херцеговина Зукан Хелез изјави дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, бил принуден да ги напушти САД откако се обидел под лажен идентитет да присуствува на донаторска вечера на Републиканскиот национален комитет. Според Хелез, Вучиќ, кој го најавувал своето патување како можност за средба со американскиот претседател Доналд Трамп, бил „осрамотен“ и веднаш вратен во Србија. – Вучиќ беше подготвен да плати ...
По повод 3 мај – Светскиот ден на слободата на медиумите, Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), со поддршка од Европската Унија, организираше изложба на новинарска фотографија под наслов „Медиумска слобода низ објективот: Моментите што зборуваат” и свечено ги додели наградите за најдобри фоторепортерски остварувања за 2024 година. На јавниот повик што го распиша ЗНМ пристигнаа вкупно 15 апликации, секоја со свој уникатен пристап во ...
Поранешната прва дама на САД, Мишел Обама во својот поткаст говореше за чувствителен период од животот како родител – физичкото казнување на ќерките. Притоа, вели, со текот на времето – кога сфатила „какво е чувството“, т.е. како боли тоа, го променила пристапот. И, иако веќе не се согласува со потплеснувањето, сепак нагласи дека поставување јасни граници е важно во воспитувањето. – Се почувствував глупаво. Потребни беа неколку потплеснувања по ...
Витаминот Ц е еден од клучните хранливи материи за одржување на здравјето и правилно функционирање на телото. Покрај сѐ друго, има важна улога во зајакнувањето на имунитетот, одржувањето здрава кожа, крвни садови и ткива и му помага на телото да апсорбира железо. Иако во повеќето случаи може да се внесат доволни количини на витамин Ц преку здравата исхрана, понекогаш може да се појави и негов недостаток. Најчестите причини за ова се лошите ...
Германците работат од дома повеќе од вработените во други европски земји, се наведува во извештајот на Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен, спроведено меѓу вработени со факултетска диплома во 40 земји. Според анализата, луѓето во Германија работат од дома во просек 1,6 дена неделно, додека глобалниот просек за вработени со полно работно време кои работат најмалку шест часа дневно изнесува 1,2 дена неделно. Во Европа, Финска е ...
ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од ноќеска на полноќ се намалува за 1 денар, а бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 0, 50 денари за литар. Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 1,113 денари за килограм и сега ќе изнесува 36,042 денари за килограм, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Новата малопродажна цена ...
Полициски службеници од СВР Скопје вчера ги лишиле од слобода О.А.Б.(19), К.И.(19) и Е.Х.Б. (20), тројца студенти од Турција со регулиран привремен престој во земјава, поради сторено кривично дело „разбојништво“. МВР денеска соопшти дека на 3 мај во 23:40 часот во СВР Скопје, И.Р.К.(54) од Скопје пријавил дека на булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје, додека вршел работни задачи како таксист во обележано такси возило, три лица кои ги превезувал, ...
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во врска со смената на Републичкиот обвинител, Љупчо Коцевски, изјави дека во моментов е најважно да се остави Обвинителството да работи и да се справи со трагедијата која, како што рече, „ги засега сите граѓани“. Претседателката дополни дека и таа, како што рече имала критички забелешки и не се откажува од нив. По трагедијата што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која животот го загубија 62 ...
Покажавме европско, скандинавско управување со општините на локално ниво и покажуваме овие година дена на централно ниво дека можело во Македонија да се менаџираат институциите без афери кои што ќе значат криминал, корупција, злоупотреба, вели премиерот Христијан Мицкоски, изразувајќи убеденост во, како што рече „историски голема победа на локалните избори на ВМРО-ДПМНЕ“. Прашан колку од актуелните градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ може да очекуваат ...
Рускиот претседател Владимир Путин ја прифати поканата на индискиот премиер Нарендра Моди да ја посети Индија, соопшти Кремљ. За време на телефонскиот разговор што се одржа денеска, Путин и Моди нагласија дека односите меѓу Русија и Индија се посебни, не се под влијание на надворешни влијанија и продолжуваат динамично да се развиваат. „Во разговорот со Путин, Моди ѝ го честиташе на Русија претстојниот Ден на победата“, соопшти прес-службата на ...
Дали денешните деца доволно го зборуваат, разбираат и чувствуваат својот мајчин јазик? Истражувањата на УНЕСКО, кој се залага за зачувување на светското јазично наследство, покажуваат дека квалитетното образование на мајчин јазик од најмала возраст ги подобрува академските резултати кај децата, ја зголемува нивната самодовербата и го зачувува културното наследство. Од тука се наметнува и потребата да сме упорни и во најмладата возраст да ги ...
Во петте основни училишта во Кочани за новата учебна година треба да се запишат околу 370 ученици во прво одделение, што претставува минимално опаѓање во однос на лани. Во споредба со запишаните првачиња од пред една деценија, бројот е помал за околу 20 отсто. Учениците кои првпат треба да тргнат на училиште се добиени според евиденцијата од книгата на родените во Управата за водење матични книги, а потоа се прави споредба со податоците од ...
Важно е да сме трпеливи и да ги решаваме проблемите, па понатаму граѓаните се тие кои судат и носат одлуки, вели премиерот Христијан Мицкоски, нагласувајќи дека на дневна основа се решаваат проблемите поврзани со случувањата во Кочани. Најави дека лично ќе се сретне и ќе разговара со семејствата на трагично починатите и на повредените. Додаде дека ќе има и политички структури кои ќе се обидат да соберат политички поени од трагедијата, но додаде ...
Кабинетот за безбедност на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху гласаше за интензивирање на офанзивата против палестинското екстремистичко движење Хамас во Појасот Газа сè додека териториите на енклавата не бидат целосно освоени, изјави денеска министерот Зеев Елкин. Претходно, израелската јавна телевизија Кан, повикувајќи се на израелски претставници запознаени со деталите од одлуката на кабинетот за безбедност, објави дека новиот план ...
Средбата на премиерот Христијан Мицкоски со Арбен Тарвари околу актуелните политички случувања ќе биде денеска во 17 часот во рамки на Владата. Премиерот Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Општина Штип, рече дека на средба би сакал да слушне од Таравари за која опција е тој, порачувајќи дека „со или без господинот Таравари Владата е стабилна, цврста и со големо мнозинство“ и оти останува на него и неговите сопартијци да ...
Во врска со информацијата од СВР Штип, за инцидент на фудбалскиот натпревар меѓу ФК Слога и ФК Карбинци, дека претседтелот на клубот Слога истепал фудбалер, со демант се јави Михајлов. -Во врска со “наводно немилиот настан” помеѓу ФК „Слога“ и ФК „Карбинци“ известуваме дека ништо од тоа се нема случено за што има и демант на Фејсбук страната на ФК „Слога“ од Виница, напиша Дејан Михајлов. Дека не се случил овој настанреагираа и од клубот, на ...
Инспирирани од една вистинска животна приказна, познатиот продуцент Роберт Билбилов, заедно со Антониа Гиговска создадоа совршено музичко ремек-дело. Насловот на новата нумера е “Аман”, а доаѓа како инспирација од една смс-порака која гласела: “Мислев ти си ми таман, ама испадна АМАН”. Токму оваа порака била доволна за продуцентот Билбилов ја направи оваа одлична композиција, а Антониа како и секогаш, брилијантно да ја пренесе таа емоција на ...
Изминатиот викенд, на 25 и 26 април, Белград беше домаќин на престижниот меѓународен натпревар Angel Voice Belgrade 2025, на кој учествуваа над 120 млади уметници од целиот свет. Со голема гордост, Македонија беше претставена од тројца талентирани млади пејачи: Нела Манческа, Мартина Трпчевска и Михаела Стојановска, ученици на професорката по соло пеење Александра Коцевска. Тие не само што го покажаа својот голем талент, туку и освоија ...
На 04.05.2025 во ОВР Виница, М.Д.(35) од с.Стар Караорман, штипско, фудбалер на ФК „Карбинци“, пријави дека околу 15.00 часот во службени простории на ФК „Слога“ од Виница на Градскиот стадион во Виница, пред започнување на фудбалски натпревар помеѓу екипите на ФК „Слога“ Виница и ФК „Карбинци“, бил физички нападант од Д.М.(42) од Виница, претседател на ФК „Слога“, додека комесарот за безбедност на ФК.„Слога“, Н.К.(40) од Виница ја држал ...
МВР информира за апсење во Кочани и кочанско поради дрога. -На 03.05.2025, полициски службеници од ОВР Кочани ги лишиле од слобода М.Ц.(21) од с.Облешево, кочанско, С.М.(26) од с.Чешиново, кочанско, А.Р.(26) од Кочани, Н.М.(20) од Кочани и Д.М.(19) од Кочани. При претреси во домовите на М.Ц. и С.М. во Облешево и Чешиново, извршени со судски наредби, била пронајдена и одземена марихуана. Додека, полициски службеници од ОВР Кочани кај Н.М. и Д.М. ...
Сојузот на здруженија со лица со дијабетес (СЗДСМ) бара од Владата, Министерството за здравство и Националната комисија за дијабетес пред престојната јавна набавка на инсулински пумпи да се осигураат минимум критерумите за квалитет и со тоа секое лице со дијабет тип 1 да има пристап до новите технологии кои превенираат нарушување на здравјето. – Македонија се соочува со предизвици во грижата за дијабетесот, особено со загризувачки најмал пристап ...
Американскиот бискуп Томас Папроки побара американскиот претседател Доналд Трамп јавно да се извини за објавувањето на слика од себе како следниот папа, генерирана од вештачка интелигенција. Една недела откако присуствуваше на погребот на папата Франциск, Трамп на социјалните мрежи сподели слика од себе генерирана од вештачка интелигенција облечен во белата папска одора. „Ова е длабоко навредливо за католиците, особено во ова свето време кога сè ...