Дел од средствата за планираната модернизација и реконструција на железницата на Коридорот 10 ќе се обебзедат од Планот за раст, а дел од средствата со најавениот меѓувладин договор со европска земја за инвестиција во инфраструктурата и здравството, кој, како што најави денеска премиерот Христијан Мицкоски, ќе се потпише многу скоро, односно во прашање се денови. – Дел од Планот за раст, но и дел од најавената инвестиција за којашто ќе потпишеме ...

Валандово и Демир Капија се дел од четиригодишен регионален проект „Зајакнати / Empowered“ – за инклузија на лица со попреченост, регионална соработка и развој, во кој се вклучени 15 општини од Западен Балкан. Целта на проектот е унапредување на положбата на лицата со попречености преку поддршка за вработување, зајакнување на локалните иницијативи и развој на инклузивни политики и директно ќе влијае на околу 1500 луѓе со инвалидитет од ...

Изменет режим на сообраќај на автопатот во изградба Охрид-Кичево. -СВР Охрид ја известува јавноста дека, поради поставување сообраќајна сигнализација и сообраќајна опрема на автопатот во изградба Охрид-Кичево, поставена е девијација на дел од делницата Песочани-Требеништа и Ново село-Ботун. Тука сообраќајот се одвива по левата коловозна лента гледано од правецот Кичево-Охрид. Поради интензивирање на градежните работи, сообраќајот од раскрсницата ...

Царинската управа во текот на изминатите денови спречила повеќе обиди за криумчарење лекови, стоматолошки материјали, очила со диоптер, поголема количина цигари, мотоцикл, УПС уреди за напојување со електрична енергија и друга стока. Од почетокот на годинава до сега севкупно на ниво на цела царинарница Гевгелија запленети се 700 штеки цигари. Како што денеска соопштија од Царинската управа, бил спречен обид за криумчарење лекови на граничниот ...

Доколку се утврди драстично зголемување на цените на прехранбените производи на крајот на месецов ќе бидат применети мерки кои ќе траат до крај на годинава, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Одговарајќи на новинарски прашања, дали поради поплаките од граѓаните за поскапувања на прехранбените производи ќе се чека извештајот од контролите на цените на прехранбените производи што ги спроведува Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), откако ...

Европската комисија ги прекршила правилата за транспарентност на ЕУ со тоа што го одбила барањето на новинар за пристап до текстуалните пораки меѓу претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен и извршниот директор на „Фајзер“, Алберт Бурла за набавката на вакцини против Ковид-19 за Унијата, оцени денеска Основниот суд на ЕУ. Според оценката на Судот со седиште во Луксембург, Европската комисијата „не дала веродостојно објаснување за да го ...

Во паузата додека траеше гласањетона прват полуфинална вечер на Евровизија, гледачите ги забавуваше водителката, Хејзел Бругер. Таа одеше од изведувач до изведувач, прашувајќи ги како се чувствуваат пред читањето на резултатите, а кога стигна до претставникот на Естонија, Томи Кеш, рече: „Дали сакате да го видите мојот скриен талент?“. -Можам да правам луди работи со мојот јазик! – рече таа и покажа што може да направи. Hazel Brugger has been ...

На матичната Комисија за образование, наука и спорт во македонското Собрание вчера беа прифатени измените на Законите за основно и за средно образование. Една од измените на Законот за средно образование, која предизвика внимание во јавноста е Членот 93-а, со кој се зголемуваат платите на директорите и помошниците директори. Со зголемувањето, платата на еден средношколски директор со над 50 паралелки ќе изнесува околу 1000 евра. Во зависност од ...

Европскиот суд денеска ќе донесе одлука дали Европската комисија била во право кога одби да ги објави текстуалните пораки меѓу претседателката Урсула фон дер Лајен и извршниот директор на производителот на вакцини „Фајзер“ Алберт Бурл. Тужбата ја поднесе „Њујорк Тајмс“ и нивната новинарка Матина Стивис-Гриднеф, тврдејќи дека Комисијата ги прекршила правилата за транспарентност откако одби да ги предаде пораките по поднесеното барање. Според ...

Евровизија 2025 веќе е обележана со скандали. По пријавата на натпреварувачка дека добила закани со смрт, се случил хакерски напад. Пред почетокот на првата полуфинална вечер на Евровизија 2025, беше одржана генерална проба, чии снимки беа видени на интернет по неколку часа, иако не смееше да се видат во јавност. Хакери, за кои се сомнева дека се од Русија, успеаја да го пресретнат сателитскиот код и да ја емитуваат втората генерална проба, а ...

Доаѓањето во Македонија на Крис Павловски, канадски бизнисмен со македонско потекло беше најавено со една негова кратка објава на X, во која вели дека доаѓа во „земјата на Александар Велики“ и дека ќе го најде неговиот гроб. Павловски, кој се смета за близок до американскиот претседател Доналд Трамп поради бизнис релациите, во текот на вчерашниот ден во едно од интервјуата дадено за македонските медиуми, потврди дека заедно со „неколку пријатели ...

Норвешка, Албанија, Шведска, Исланд, Холандија, Полска, Сан Марино, Естонија, Португалија и Украина, ова се 10-те земји кои од првата полуфинална вечер се пласираа во финалето на Изборот за песна на Евровизија, која се одржува во Базел, Швајцарија. Вечерва се натпреваруваа 15 дрржви, од кои пет отпаднаа, односно не успејаа да се пласираат во финалето, кое ќе се одржи во сабота вечер. Финлето им побегна на Словенија, Белгија, Азербејџан, Хрватска ...

Меѓународниот аеродром во Тирана, чии услуги ги користат голем број македонски државјани објави „итно известување“ за патниците кои треба да патуваат на 15 и 16 мај. Раководството на аеродромот ги советува патниците кои ќе патуваат во споменатите два дена да се пријават на аеродромот најмалку 3 часа пред нивниот лет. -На 15 и 16 мај Тирана ќе биде домаќин на Самитот на Европската политичка заедница, со учество на лидери од цела Европа. Поради ...

Владата на денешната 73 редовна седница ја усвои информација за давање согласност за финансиски средства за набавка на инсулин, глукагон, инсулински игли и ленти за мерење шеќер, инсулински пумпи со потрошен материјал и сензори за континуирано мерење на гликемија за периодот април 2025 – април 2027 година, соопшти владината прес служба. Износот на финансиските средстав е 2.319.311.828,00 денари со вклучен ДДВ, од кои 1.854.864.916,00 денари со ...

Во 21 часот вечерва почнува првото полуфинале на 69. издание на „Евросонг“ во Базел. Настанот е организиран од ЕБУ и Швajцарската радиодифузна корпорација. Водителки на годинашниот „Евросонг“ ќе бидат Хејзел Бругер и Сандра Студер. Во првото полуфинале ќе се натпреваруваат 15 земји, а ќе настапат и претставниците на Италија, Шпанија и Швајцарија. Во неделата, на 11 мај, претставниците од 37-те земји учеснички на „Евросонг 2025“ го изодеа ...

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно физичко и едно правно лице за кои постои сомнение за сторено продолжено кривично дело – Измама од член 247 од Кривичниот законик. -Пријавениот сопственик на правното лице, со цел да прибави противправна имотна корист за себе и за својата фирма, лажно прикажувал факти дека врши посредување при продажба на станови и возила во сопственост на ...

Македонските снабдувачи и трговци со електрична енергија од 1 јуни ќе имаат можност да снабдуваат нови 1000 потрошувачи од косовскиот пазар, каде стартува дополнителната фаза на либерализацијата на пазарот со електрична енергија, соопштија денеска од Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Ова било повод, како што стои во соопштението, РКЕ да иницира состанок, на кој косовскиот ...

Во Градскиот парк кај бараките на Град Скопје е украден споменикот на Крсте Петков Мисирков, додека спомен бистата на Кочо Рацин била оштетена. До полицијата вчера исто така имало пријава дека од дворот на училиштето била одземена спомен биста на Ѓорѓија Пулевски, но и дека биле украдени две бронзени бисти од Градските гробишта Бутел. Истиот ден, додаваат, било пријавено дека од дворот на Основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“, на подрачјето на ...

Веднаш до прекрасното село Габрово кај Струмица, познато по својата природа и Габровските водопади денеска беше отворена хациендата Лоуисандро – првиот агротуристички сместувачки капацитет во југоисточна Македонија. Овој комплекс направен со многу љубов, е дело на струмичанецот Васко Кoциров, кој по повеќе од 20 години работа во Холандија, се врати во Габрово за да продолжи со својот бизнис во агротуризмот. Пристигнаа и првите туристи од ...

МВР инсофмира декауапсилавелешанец,кој пијануправувалвозила,анапраднал и полицец. -На 13.05.2025 во 00.35 часот на улица „Алексо Демниевски Бауман” во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода А.Д.(26) од Велес. Тој бил запрен од полициски службеници затоа што бил забележан како со голема брзина управувал патничко возило „нисан” со велешки регистарски ознаки. Притоа, тој одбил да му се изврши алкотестирање и почнал агресивно ...

Главни теми на потенцијалните преговори помеѓу Русија и Украина би можеле да бидат за територијалниот статус, контролата над нуклеарната централа Запорожје, како и користење на реката Дњепар и пристап на Украина до Црно Море, изјави специјалниот пратеник на Белата куќа, Стив Виткоф во интервју за американскиот портал „Брејтбарт њуз“ (Breitbart News). Тој истакна дека „нема да има договор без одобрување од страна на претседателот на Русија, ...

Западот мора да ги зголеми санкциите против Русија, како и воената поддршка за Украина, откако Русија вчера не се согласи на моментален прекин на огнот, изјави денеска германскиот министер за одбрана Борис Писториус. -Потребни се натамошни чекори во однос на санкциите, како и дополнителна поддршка за Украина, бидејќи (рускиот претседател Владимир) Путин, како што се очекуваше, се однесува како и обично во таква ситуација, изјави Писториус пред ...

Нема да има реконструкција на Владата, туку само смена на министри, информираат од Владата за МИА по синоќешната изјава на Арбен Таравари дека АА излегува од Владата. Алијанса за Албанците во Владата има две министерски места – за здравство кое го предводи Таравари и вицепремиерско и министерско место за добро владеење на кое сега е Арбен Фетаи. Во Парламентот, партијата има шестмина пратеници. Засега се уште не се знае како ќе се одвива смената ...

Се гледаме утре во 17 часот пред Универзална Сала – на местото каде што на монструозен начин и беше одземен животот на Фросина по што ќе се упатиме кон судот кој денес, по втор пат ја уби, напиша на Фејсбук, Росица, сестрата на Фросина, која Васил Јованов ја усмрти, а кој денес доби 12 години затвор. На оваа пресуда незадоволно е семејствотоКулакови. Росица на Фејсбук напиша: -Оваа срамна пресуда е само уште еден триумф на праксата на ...

Љубомир Фрчкоски со писмена реакција за кривичната пријава од Единицата за финансиски криминал до ОЈО Скопје за злоупотреба на службената положба и овластување: „Власта и Министерството за надворешни работи направило срамна, банална и полна со неточности кривична пријава за проф. Љубомир Фрчкоски и неговата функција Амбасадор при ООН во Њујорк – за да изврши притисок врз неговите јавни настапи кои се критички кон власта. После голема пауза на ...

Вкупно 13 научни институти се затворени, а уште 13 се под силен мониторинг и допрва треба да се види колку од нив ќе бидат затворени. Затворена е и една медицинска струка, ќе се затвори и уште една, информира денеска министерката за образование и наука Весна Јасневска. Одговорајќи на новинарски прашања по панелот во рамки на Самитот Македонија 2025, Јаневска рече дека е јавна тајна стекнувањето лажни и незаслужени дипломи. Во вакви случаи, како ...

Има приватни универзитети кои постојат како трговски претпријатија, „штанцале“ дипломи години наназад и Владата им се спротивстави, но има и приватни универзитети кои навистина добро работат. Не сум против отворање приватни школи, универзитети и слично, но секој мора да го почитува законот и уште поважно, тие да не се отвораат исклучиво за бизнис цели, туку со мисија навистина да помогнат во подобрување на квалитетот на образованието во државата ...

Лидерите на верските заедници од земјава, денеска, по иницијатива на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОЗРГ), потпишаа Декларација на верските лидери во Република Северна Македонија против насилен екстремезам. На потпишувањето беше посочено дека верските заедници се меѓу клучните чинители за превенција и спречување на насилниот екстремизам, бидејќи нивното ...

Полицијата синоќа во 21.00 часот во скопски Аеродром, полициски ја лишиле од слобода В.С.Н.(55) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“ при продажба на стан. Како што се наведува во соопштението од МВР, 34-годишен скопјанец на В.С.Н. и исплатил 172.732 денари при склучување на нотарски договор за посредување при купување на стан, но оштетениот подоцна дознал дека станот веќе бил продаден на друго лице, по ...

Претседателот на Украина Володимир Зеленски ќе се сретне само со рускиот претседател Владимир Путин за преговори во Турција во четврток и со никој друг од евентуалната руска делегација во Истанбул, соопшти советник на украинскиот претседател за Ројтерс, пренесува БТА. Зеленски изјави дека е подготвен да се сретне со Путин во турскиот мегалополис за преговори кои би ставиле крај на војната во Украина, започната во февруари 2022 година. ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
1.54
68%
1018
weather icon

Белград

22ᴼ / 21ᴼ
2.06
73%
1016
weather icon

Загреб

18ᴼ / 18ᴼ
2.57
63%
1015
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
0.0
82%
1019
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
0.78
83%
1017
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 16ᴼ
1.56
81%
1016
weather icon

Атина

25ᴼ / 21ᴼ
1.79
49%
1016
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
77%
1019
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
1.03
68%
1019
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 20ᴼ
3.09
92%
1018
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 21ᴼ
4.12
64%
1013
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
3.09
35%
1017
Currency

61.525

Currency

54.1393

Currency

73.0224

Currency

34.9976

Currency

39.4063

Currency

65.8268

Currency

7.47228

Currency

0.67926

Currency

0.37699

Currency

0.52473

Currency

1.37438

Currency

0.62688

Алуминиум

2.46

Кобалт

42.99

Никел

15196.50

Рутениум

19708.41

Калај

31.40

Сребро

1110.77

Злато

108246.40

Бакар

9.75

Паладиум

31539.88

Платина

34532.60

Родиум

172006.49

Цинк

2.67