Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Случајот е пријавен во Државниот просветен инспекторат, во Центарот за социјални работи, СВР Битола и во подрачното одделение за образование. Како што пишуваат медиумите, ученикот пред извесно време бил префрлен од едно во друго одделение со цел подобро да се вклопи во училишната средина. Сепак, настанале несогласувања со новите соученици, на што реагирале нивните родители. По ова, тој објавил недолични и заканувачки пораки на социјалните ...
Таа посочи дека два главни наоди призлегле од истражувањето, од кои првиот наод е дека голем дел од сервисите што државата има обврска да ги воспостави досега не се воспоставени. „Проблемот е најургентен кај засолништата, кај упатните центри за жртви од сексуално насилство, кај центрите за долготраен психосоцијален третман и кај советувалиштата“, додаде проф. д-р Шапкова -Коцевска. Анализата, појасни таа, опфаќаше истражување на тоа колку ...
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, вечерва ѝ нареди на својата војска утре да не ја напаѓа воената парада во Москва, која ќе се одржи по повод одбележувањето на Денот на победата над нацистичка Германија во Втората светска војна. Зеленски тоа кратко го соопшти на социјалните мрежи веднаш откако американскиот претседател Доналд Трамп вечерва прогласи тридневно примирје меѓу Украина и Русија, кое утре ќе стапи во сила. In recent ...
Нешто во воздухот во Русија се промени. Сега дури и лојалистите се жалат на сѐ поголемите ограничувања и репресија, а некогаш оптимистичките деловни луѓе сега се обесхрабрени. Сведоци сме на три поврзани процеси. Прво, се менуваат ставовите кон претседателот Владимир Путин. Второ, бледнеат економскиот оптимизам и со него поврзаниот секојдневен патриотизам, кој го слави опстанокот, а не развојот — луѓето едноставно се благодарни што се живи. И ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека е договорено тридневно примирје со Русија во рамките на американските напори да се испреговара крај на војната што трае повеќе од четири години. Зеленски на Телеграм исто така изјави дека двете страни ќе разменат 1.000 воени заробеници, додека хуманитарните прашања остануваат клучен украински приоритет. „Затоа денеска, во рамките на преговарачкиот процес со посредство на американската ...
Во објава на социјалната мрежа Икс, еден ден откако двете страни меѓусебно се обвинија за напади во Ормускиот теснец, Арагчи порача дека Иранците „никогаш нема да се покорат на притисок“, пишува Би-би-си. Тој постави прашање: „Дали ова е груба тактика на притисок? Или повторно некој саботер успеал да го вовлече американскиот претседател Доналд Трамп во нова замка?“ И покрај судирите, Трамп изјави дека прекинот на огнот и понатаму е во сила. ...
Размерот на разурнувањето е неспоредливо поголем од она што американската влада досега јавно го призна. Поради постојаната закана од воздух, некои американски бази станале премногу опасни за престој, па командантите уште на почетокот на војната ги повлекле повеќето трупи надвор од дострелот на иранските ракети. Од почетокот на конфликтот на крајот на февруари, седум војници се убиени во напади врз американски објекти во регионот – шест во ...
Забраната за Тиквеш ќе трае се до целосно подмирување на обврските или најдолго до три следни преодни рока. Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) информираше за забраната. „Фудбалската федерација на Македонија ја информира јавноста дека, согласно одлука на ФИФА, на ГФК Тиквеш Кавадарци му е изречена забрана за регистрација на нови фудбалери на меѓународно и национално ниво поради неисполнување на финансиските обврски кон фудбалерот Филип ...
Најмногу одобренија за градење, 148, се за високоградба. Во Полошкиот Регион се издадени најмногу одобренија за градење, 62, по што следуваат Скопскиот со 51, Југозападниот, 37, Југоисточниот, 34, Источниот, 24, Пелагонискиот, 15, и Североисточниот 3. За изградба се предвидени 618 станови, од кои 317 во Скопскиот Регион, 143 во Југозападниот, 76 во Југоисточниот,…. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите ...
Реал Мадрид изминативе два дена беше потресен од расправијата помеѓу Феде Валверде и Оррлиан Чумани, која ескалираше во физичка пресметка по која Уругваецот заврши во болница со „трауматска повреда на главата“. „Кралевите“ реагираа веднаш и по брза постапка го решија случајот со историска казна. Клубот од „Бернабеу“ попладнево брифира дека двајцата фудбалери изразиле длабоко жалење за случувањата и се извиниле еден на друг. Тие исто така им ...
Орце Ѓорѓиевски, градоначалникот на Скопје, појасни дека дефектите се последица на долгогодишно нередовно сервисирање. Увидот на австриските експерти од компанијата „Допелмаер“ потврдија неколку потенцијални опасности: истрошени делови, гумените елементи се целосно истрошени, што предизвикувало директно триење на гондолите; нефункционални сензори – дел од клучните безбедносни сензори воопшто не функционирале; ризик од паѓање – поради лошата ...
Скопје обедини министри, високи владини претставници, меѓународни експерти од околу 30 земји, како и претставници на ООН, Совет на Европа, Европска банка за обнова и развој и други меѓународни организации. Централниот фокус на конференцијата беше развивање заеднички одговори на длабоките демографски трансформации кои го обликуваат регионот на Источна Европа и Централна Азија. Поддршка и придонес на конференцијата даде и претседателот на ...
„Уверуваме дека Општина Карпош продолжува да функционира непречено, со целосен капацитет и посветеност кон потребите на граѓаните“, посочуваат од локалната самоуправа. Нагласуваат дека согласно законските процедури, надлежностите на градоначалникот привремено ќе ги извршува членот на Советот, Неделчо Крстевски. „Општина Карпош апелира до јавноста и медиумите за разбирање и почитување на приватноста на градоначалникот и неговото семејство во ...
Шпанските медиуми пренесуваат дека можните санкции се исклучително строги, од повеќемечна суспензија, па сè до потенцијален раскин на договорите. Наводниот инцидент започнал со жестока расправија на тренингот, која потоа прераснала во физичка пресметка. Според информациите, по контактот со Чуамени, Валверде паднал и удрил со главата, при што заработил расекотина и кратко останал без свест. Уругваецот бил изнесен од теренот и веднаш префрлен ...
Игрите опфаќаат разни спортски дисциплини и ќе се реализираат преку натпревари на локално, регионално и државно ниво. Најуспешните млади спортисти ќе обезбедат пласман на меѓународното финале во Сплит, каде што е се натпреваруваат со врсници од регионот. Со тоа, како што нагласуваат организиторите, Македонија првпат станува дел од едно од најголемите аматерски спортски движења за деца во Европа. Министерот за спорт Борко Ристовски вчера на ...
Станува збор за надоместоците што Техеран ги предложи во рамките на своите предлози за завршување на, како што се наведува, американско-израелската војна против Иран, пишува Ал џезира. Портпарол на компанијата изјавил за Ројтерс дека ниту во иднина не планираат да плаќаат такви надоместоци. На прашањето како бродовите успеале да поминат, од Мицуи ОСК лајнс, која и понатаму има неколку пловила во Персискиот Залив, одговориле дека тоа го ...
Церемонијата беше организирана по истоименото здружение, каде што роботот симболично положи будистички завети и – го доби своето име. Робот, висок околу 1,3 метри, учествувал во ритуалот заедно со монасите, одговарајќи на прашања за посветеноста на Буда и учењата, додека заветите биле прилагодени на неговата природа, вклучувајќи правила како што се „не прави штета“ и заштеда на енергија. За време на церемонијата, монасите му подарија на ...
„Следиме сè што се случува. Нашите мерки моментно се до 18 мај, што значи дека следната недела ќе видиме што ќе се случува со цените на берзата и со војната. Неколку дена пред истекот на овој рок ќе видиме до каде сме со цените и, ако е потребно, повторно ќе преговараме со „Окта“ за продолжување на попустот. Правиме сè што е во интерес на нашите граѓани“, рече Божиновска во одговор на прашање на денешната средба со новинарите во просториите ...
Како што наведуваат од партијата, според договорот потпишан на 8 јули 2025 година, МЕПСО склучил договор за набавка на опрема со компанијата ЕЛНОС БЛ ДООЕЛ Скопје, фирма блиска до поранешниот претседател на Република Српска, Милорад Додик, фирма која „веќе неколку дена е во центарот на јавноста поради сомнежите за милионски штети и сомнителни тендерски постапки“. „Го прашуваме Бурим Латифи зошто повторно истите компании добиваат договори во ...
Во врска со тоа дали очекува затегнување на односите откога денеска бугарското Народно собрание ја избра новата влада предводена од Радев, а предложена од партијата Прогресивна Бугарија, Мицкоски нагласи дека тој не рекол дека очекува влошување, туку дека не очекува подобрување. „Сè додека има котиња од СДСМ, кои коленичат и кои ги распродаваат македонските национални интереси, не очекувам подобрување. Наместо да застанат со нас и да се борат ...
Ова пред помалку од еден час го напиша новинарот и активист Алекандар Видиновски на својот фејсбук-профил. Тој, во рамките на неговите еко-активности, денеска се појави на плоштадот во центарот на Скопје и заедно со претседателката на Македонија Гордана Сиљановска-Давковка го чистеа ѓубрето од тревникот и плочникот. Ова пред помалку од еден час го напиша новинарот и активист Алекандар Видиновски на својот фејсбук-профил. Тој, во рамките на ...
Таа, како што посочија од кабинетот на претседателката, ја истакнала улогата на Советот на Европа како најстара европска институција, која повеќе од седум децении ги унапредува демократијата, човековите права и владеењето на правото, како темелни вредности. Според претседателката, новиот демократски пакт за Европа претставува важен чекор кон обновување на довербата во институциите и зајакнување на демократската отпорност, во услови на длабоки ...
Н.И. и Б.Г., како управители на две правни лица, во текот на 2021 година свесно и со однапред утврдена намера ги повредиле прописите на постапката за јавен повик и доделување на договор за јавна набавка, со претходен договор и координирани дејствија ја нарушиле конкуренцијата во постапката за продажба на хаварисани возила – старо железо, организирана од Агенцијата за управување со одземен имот. Едниот правен субјект бил прикажан како формален ...
„Судските спорови на Фондот се стари и врзани се една болница во Фленсбург во Германија, каде во подамнешно минато се испраќани најчесто хематолошки случаи за трансплантација на матички клетки. Бидејќи тоа било доста редовна пракса во тоа време, не се собирале меѓусебните сметки и во еден момент Фондот прекинува да испраќа на лекување во таа болница и настануваат разлики. Со таа болница се водат 11 судски спорови во германските судови, ние ги ...
Настанот во Скопје го отвори претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која во своето обраќање порача дека „Генералка викенд“ треба да прерасне од симболична акција во секојдневна животна навика. „Сметам дека е многу добро секој ден да го почнуваме вака, имитирајќи ги Јапонците. Претпоставувам дека знаете – тие најпрвин чистат таму каде што живеат, околу своите згради, а потоа одат на работа. Ова мора да стане филозофија на живеење“, изјави ...
Во отворено писмо до Фудбалската асоцијација на Ирска (ФАИ), тие го обвинуваат Израел за соучество во геноцидот во војната во Газа и за кршење на статутите на УЕФА и ФИФА со тоа што им дозволи на клубовите да играат на окупирана палестинска територија. Ирска треба да биде домаќин на Израел на 4 октомври на стадионот Авива во Даблин. Во писмото, насловено како „Стоп на играта“, се бара натпреварот да не се игра. Меѓу потписниците, покрај ...
Заменик министерот за правда Ален Дерeбан истакна дека новиот Закон е изработен во транспарентна процедура, вклучени експерти од областа и сите опфатени со неговата примена и е директен одговор на сите детектирани слабости на претходниот закон. „Законот беше испратен на мислење до Венецијанската комисија и вратен со позитивно мислење. Во него се имплементирани сите препораки на европските тела“, истакна Деребан. Со предложеното законско ...
Кај една од три жени ќе биде дијагностицирана остеопороза во старост, која се јавува кога телото не успева да го замени старото коскено ткиво додека се распаѓа. Резултатот се кршливи и слаби коски, посклони кон фрактури и побавно заздравување. Постарите жени се особено изложени на ризик бидејќи по менопаузата, нивото на естроген се намалува, хормон кој игра клучна улога во одржувањето на здравјето на коските. Сличен ефект можат да имаат и ...
Како што беше кажано на денешната средба со новинарите, државната компанија МЕПСО, задолжена за пренос на струја, ја обжалила одлуката на предарбитражното тело за спорови кое одлучило во корист на компанијата Енергоинвест од Сараево, Босна и Херцеговина, која требаше да го гради далекуводот кон Албанија. Од МЕПСО се убедени дека ќе ја добијат правната битка со Енергоинвест посочувајќи дека аргументите се на нивна страна. Консултирале и две ...
Универзитетската прес-служба соопшти дека овој иновативен метод овозможува лекот да остане на местото на апсорпција подолго, до шест часа. „Млади научници од Фармацевтскиот институт „А. П. Нељубин“ на Универзитетот Сеченов создадоа „паметна“ интраназална форма на дозирање на база на желатинска гума, која му овозможува на лекот подолго да остане на слузокожата и да ја достави активната супстанца до мозокот, заобиколувајќи ја крвно-мозочната ...