Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Превентивната активност беше организирана од Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, а со цел подигнување на свеста за одговорно и безбедно учество во сообраќајот. Притоа беше поделен едукативен материјал, летоци со практични совети за безбеден сообраќај. Превентивната активност беше организирана од Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со ...
Работнички одигра 2-2 на гостувањето кај Брера, но овој бод не ги одржа во игра за опастанок. Во втората лига оди и Македонија Ѓорче Петров која денеска на свој терен загуби убедливо од Тиквеш со 1-4. Работнички денеска почна добро, уште во првата минута Хоџа донесе водство, но Величковски брзо изедначи на 1-1. До крајот на првиот дел Брера направи пресврт со нов гол на Велечиковски. А Работнички дојде до израмнување во финнишот со гол на ...
Се пишува и дека веќе е одлучено, Мурињо ќе биде новиот тренер на Реал Мадрид. Флорентино Перез ги прифатил условите на Португалецот, а се ќе биде објавено по крајот на сезоната. Но, изјавата на Мурињо е поинаква од она што се пишува. „Сум немал контакт ниту со претседателот ниту со било кои важни луѓе од Реал Мадрид, и нема да имам се до последниот меч од лигата. Потоа ќе имам недела во која ќе имам слобода да разговарам со кого сакам“, рече ...
Првата акција „Родители и деца“ за оваа година ќе биде со хуманитарен предзнак, односно помош за малата Ника Роглева од Богданци која боледува од церебрална парализа. Настанот в недела ќе започне од патеката Курија, спроти минералните бањи, со почеток од 10 часот, а предвидено е да се пешачи 5 километри по лесна патека, погодна за сите генерации. По прошетката следува дружење со музика, интерактивни игри за деца и родители и планинарско ...
Говорејќи на панел дискусија посветена на образованието и дигиталната трансформација, таа нагласи дека Министерството за образование и наука е посветено на следење на глобалните трендови и интегрирање на вештините на 21. век во наставниот процес, почнувајќи уште од основното и средното образование. „Вештачката интелигенција веќе е реалност во училниците. Министерството во соработка со државни и приватни факултети од областа на информатиката, ...
Ко-претседателот на Вреди и градоначалник на Чаир Изет Меџити во своето обраќање на Конгресот рече дека има моменти во историјата кога политиката престанува да биде натпревар и се претвора во неопходност. Според него, ова се моменти кога времето бара не само промени, туку и единство. Тој истакна дека се собрале заедно различни сили, со различни истории и искуства кои честопати оделе во спротивни насоки. „Сепак, во тој момент, иако разликите ...
„На Македонија денес повеќе од сè ѝ е потребно обединување. Да се обединиме околу националните интереси. Околу иднината на нашите деца. Околу почитта кон сопствената историја и достоинството на народот. Нашите предци не се делеа кога ја бранеа слободата. Не прашуваа кој од каде е, ниту кој на кого припаѓа. Сите стоеја под едно име – Македонија“, посочил Мицкоски. Македонците во Албанија, потенцирал тој, се нераскинлив дел од македонското ...
Манасиевски истакна дека новиот бугарски премиер, Румен Радев, не е непознат фактор во бугарската политика и дека неговите ставови кон Македонија, македонскиот јазик, народ, идентитет и историја се одамна познати. „Очигледно е дека официјална Софија ќе продолжи со притисоци и блокади секогаш кога тоа ќе ѝ одговара. Во вакви околности, кога е потребен јасен и цврст став во одбрана на македонските интереси, Венко Филипче избра спротивен пат“, ...
Хрватот до големата победа стигна по пресврт, откако Ѓоковиќ го доби првиот сет со 6-2. Призмиќ потоа возврати со 6-2 и 6-4 за најголем триумф во својата кариера. Ова беше прва победа на Призмиќ против српскиот ас, кој претходно го совлада на Австралија Опен во 2024 година. Воедно, Ѓоковиќ го доживеа и првиот пораз од хрватски тенисер на земјена подлога. Српскиот тенисер во Рим настапи по пауза од два месеци, а останува да се види дали пред ...
Охрид отвори добро и водеше во првите десетина минути. Потоа Вардар подобро го заврши првото полувреме и на пауза замина со предност од 12-14, иако охриѓани во неколку наврати имаа контрола над резултатот. Домашниот тим добро парираше во воведот, а со головите на Јасухира и Ѓукиќ стигна и до 8-5. Гостите отворија подобро и во вториот дел, поведувајќи со 12-16, но следеше голем пад во нивната игра. Охрид направи серија од 4-0 и целосно се ...
Иранските пратеници објавија дека работат на закон за формализирање на иранското управување со Ормускиот теснец, со клаузули што вклучуваат забрана за премин на бродови од „непријателски држави“. Брод за транспорт на терет беше погоден со проектил североисточно од Доха, соопшти британската Поморска трговска служба во неделата. Пожарот е изгаснат, без жртви или влијание врз животната средина, објави УКМТО. Властите го истражуваат изворот на ...
Пред последната рунда беше познат само еден директен патник во Лига 1 и тоа тимот на Троа, додека за второто место се бореа Ле Ман и Сент Етјен. „Зелените“ се надеваа на кикс на ривалот против Бастија, но тоа не се случи. Откако Милан Робин во првата минута од судиското продолжение го постави конечниот резултат, следуваше хаос на трибините. Револтирани домашни навивачи почнаа да фрлаат факели на теренот, по што судијата ги испрати играчите во ...
„Мислам дека се ближи до крајот“, им рече Путин на новинарите за војната што стана најсмртоносниот конфликт во Европа од Втората светска војна. Во саботата, тој остро ја критикуваше западната поддршка за Киев, додека првиот ден од договореното примирје беше обележан со меѓусебни обвинувања за прекршувања. „Тие (Западот) почнаа да го ескалираат конфликтот со Русија, кој продолжува и денес. Мислам дека војната се приближува до крајот, но тоа е ...
„Филипче, по стапките на неговиот ментор Заев, за власт е спремен сè државно да распродаде. Само што Филипче сака да го надмине својот учител и ментор Заев, кој пред да дојде на власт лажеше дека нема да го смени името, па затоа уште сега ветува дека прва работа што би ја направил на власт би биле уставните измени. Ова покажува само дека Филипче и СДСМ немаат црвени линии и за да се догребат на власт се спремни на нови национални предавства“, ...
Според него, речиси по автоматизам, повторно почнаа да циркулираат истите зборови: пандемија, контрола, депопулација, mRNA, „1984“… „Како да постои готов шаблон што се активира секогаш кога во медиумите ќе се појави името на некој вирус.Во меѓувреме, јавноста постепено престанува да прави разлика меѓу епидемиологија и алгоритамски произведен страв.Особено загрижува фактот што во таквата атмосфера понекогаш активно учествуваат и здравствени ...
Според „Опта“, голот на Влаховиќ е најбрз погодок за Јувентус во Серија А, претходно рекордот го држел Артуро Видал кој постигнал гол против Интер во 2012 за 18 секунди. Но, погодокот на Влаховиќ не е и најбрз во Серија А. Рекордот го држи Леао кој даде гол по шест секунди игра, а Лозано има постигнато погодок за девет секунди. 12 – Il gol di Dusan Vlahovic dopo 12 secondi è il più veloce della Juventus in #SerieA da quando il dato è ...
Од Здружението истакнуваат дека различнoстите сплотуваат и појаснуваат оти кај „Школка“ од 11 часот ќе се одржи настан за зголемување на свесноста за лицата со атипичен развој како и за нивно прифаќање, почитување и инклузија во општеството. „Тоа ќе биде седми по ред од 2018 година, а како и претходните, така и овој, ќе биде една голема игротека со многу разновидни активности – спортски, забавни, едукативни, музичка, ликовна работилница, но и ...
Пред истакнати медицински професионалци од Косово и од регионот, д-р Митрев ги презентираше достигнувањата на болницата и резултатите постигнати во изминатите 26 години во областа на кардиоваскуларната хирургија. Во своето обраќање, тој се осврна на развојот на болницата од нејзиното основање до денес, истакнувајќи дека од 2000-та година се реализирани над 15.000 кардиоваскуларни интервенции, како и над 10.000 други процедури. Во болницата ...
Сан Антонио Спарс направи брејк против Минесота и со победата од 115-108 стигна до пресврт во серијата од плејофот во НБА лигата. Главна фигура кај Спарси беше Виктор Вембањама, кој доминираше со 39 поени и 15 скока, додека кај Минесота најрасположен беше Ентони Едвардс со 32 поени и 14 скока. Важна гостинска победа оствари и Њујорк Никс, кој ја совлада Филаделфија со 94-108 и се доближи на чекор до конференциското финале. Џејлен Брансон ...
На одговорните во институциите им се обратија во три наврати, застанувајќи пред зградата на полицијата, барајќи одговорност за полициските службеници, кои таа ноќ не интервенирале кога се запалила пиротехниката, како и при евакауцијата на нивните деца од дискотеката. „Што точно правеле службените лица во тие клучни моменти? Тие немо стоеле и ги блокирале вратите на единствениот влез-излез и кога увиделе дека пожарот се шири, први кукавички ...
Трката насловена „ХалкЕко Скопје трча 10 км“ (HalkEco Skopje Run 10К) предвидено е да почне во девет часот. – Стартот и целта на трката ќе бидат поставени на булеварот „Илинден“, во близина на фонтаната „Лотус“, а трасата ќе се движи по булевар „Илинденска“ и дел од булевар „Партизански одреди“. Со над 2.000 пријавени учесници од 16 земји, овогодинешното издание се очекува да биде едно од најмасовните и најдинамични досега. „ХалкЕко Скопје ...
„Во периодот јануари-април на овој премин се регистрирани 14.918 патници што е за 1% повеќе споредено со истиот период лани, кога минале 14.708 патници. Овој премин е од локален карактер, што подразбира дека право да го користат имаат само жителите од граничниот регион, на двете држави“, изјави Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид. Најголем проток е забележан во месец јануари или 4.678, наспроти 4.067 патници во ...
Министерот Трипуновски во објава на Фејсбук сподели дека ги посетил лабораториите на Институтот во кои се врши анализа на почва и производи од тутун. Според Трипуновски, се очекува производство на расад за садење на 12 хектари тутун, наменет за производство на сертифициран семенски материјал. „Со добивање на квалитетен семенски материјал се инвестира во квалитетно производство на тутун. Продолжуваме со инвестиции во науката и во развојот на ...
Цветковиќ на почетокот од мечот погоди за водство на Вардар од 1-0, а брзо потоа црвено-црните зголемија на 2-0 со гол на Закариќ од пенал. По осум минути игра во вториот дел Силекс намали со гол на Бутуровиќ. Во продолжението Вардар пропушти неколку шанси да дојде до поубедлива победа, но најважно за нив е што целта е остварена, трите бода се освоени. Вардар можеше денеска да биде крунисан за шампион, но за тоа да не се случи се погрижи ...
„9 Мај за нас е двоен празник: Ден на победата над фашизмот и Ден на Европа. Македонскиот народ застана на правата страна – антифашистичката. Илјадници македонски партизани, млади и стари, мажи и жени, селани, работници и интелектуалци станаа дел од Народноослободителната борба, цврсто решени да се изборат за слобода, но и за самостојна и независна држава на македонскиот народ“, напиша претседателката на својот Фејсбук профил. Таа наведе дека ...
Настанот отвори суштинска дискусија за едно од најважните прашања за иднината на земјата: како образованието да престане да создава само дипломи и да почне да создава млади луѓе подготвени за реалниот живот, за реалните компании и за пазар на труд кој се менува побрзо од кога било. Проф. д-р Синиша Наумоски, генерален директор на Хајделберг, истакна дека суштинската мисијата на Хајделберг факултетот е да понуди образование кое ги поврзува ...
Во текот на четирите години од најсмртоносниот конфликт во Европа од Втората светска војна, руските сили досега не успеаја да го освојат целиот регион Донбас во источна Украина, каде што киевските сили се потиснати на линија од утврдените градови. Американскиот претседател Доналд Трамп вети дека ќе стави крај на војната во Украина и го нарече својот неуспех да го стори тоа едно од неговите најголеми разочарувања, иако објави тридневен прекин ...
На Конгресот присуствуваат и премиерот Христијан Мицкоски и косовскиот премиер Албин Курти, како и претставници на други политички партии од земјава. Од Вреди најавуваат нов модел со копретседатели и други тела како што се секретаријати. Ќе бидат усвоени пет резолуции, од меѓу кои резолуција за жените со која се бара 40 проценти застапеност на жените во процесите на донесување одлуки во новата партија, резолуција за млади и еезолуција за ...
Како да стивнаа оние скандирања „Никогаш Северна, само Македонија“, политичките опоненти ги заменија улогите со промената на власта, па оние што ја додадоа „северна“, сега ги провоцираат тие што викаа „никогаш“, зошто не ги поништат и Преспанскиот договор, и додавката. Одговорот на провокацијата е – „вие ги врзавте рацете (и устите)“ на секоја државна институција и официјален македонски функционер“. „Неочекувано, но актуелното политичко ...
Во центарот на вниманието се најде Винисиус Жуниор, за кого дел од соиграчите наводно веруваат дека му пренесува информации на тренерскиот штаб за случувањата во тимот. Според „Мундо Депортиво“, ваквата недоверба создала дополнителни тензии во соблекувалната по лошите резултати и турбулентната сезона на Реал. Ова е само еден од проблемите со кои се соочува „кралскиот“ клуб во последно време. Ситуацијата кулминирала и на еден тренинг, кога ...