Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Како што информира Министерството за европски прашања, заменик-министерката Трајков ја истакна важноста на процесот на следење и имплементација на препораките од претходните оценски мисии, како и значењето на овој процес во контекст на европската интеграција на државата. „Владата е силно посветена кон зајакнување на владеењето на правото, транспарентноста и борбата против корупцијата, како и кон унапредување на соработката со Европската Унија ...
Ова тело, рече премиерот, не е формалност, туку јасна и недвосмислена порака дека државата конечно цврсто, систематски и бескомпромисно стои против криминалот и корупцијата. „Оваа влада ја почна борбата против криминалот и корупцијата не со декларации, туку со дела. Во моментот се обработуваат повеќе од педесет случаи за висока корупција. Случаи што со години беа прикривани, одложувани или игнорирани. Но, ова не е крај, туку почеток. ...
Новата малопродажна цена на еуродизел БС (Д-Е V) ќе биде 68 денари, а на екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) 67 денари за литар. Еусросупер БС – 95 и понатаму ќе се продава за 72, а еуросупер БС – 98 за 74 денари за литар. Со одлуката на РКЕ за 0,786 денари по килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 33,885 денари. Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во ...
Данскиот бек го заврши шампионатот со 68 погодоци зад своето име, со што го надмина и Сандер Сагосен кој остана со 65 погодоци. На третото место се проби и Симон Питлик кој запре на 64 гола на турнирот, а четвртопласиран е сега Кирил Лазаров со 61 од ЕП 2012. Гидсел имаше перфектен ден, бидејќи освен подвигот и трофејот, го доби и МВП признанието на турнирот. Покрај тоа, беше утврден и идеалниот тим на турнирот. Најдобар тим на ЕП 2026: ...
Изложувањето на ИСМ се третира како стратешка платформа за јакнење на извозното присуство, со фокус на продлабочување на постојните партнерства и воспоставување нови контакти со потенцијални дистрибутери на глобално ниво. „Настапот на саемот ИСМ е од големо значење за изложувачите, затоа што ова е најголем светски саем специјализиран за кондиторија и посебно одговара за нашиот сектор. Витаминка е редовен изложувач тука и во досегашното ...
Како што информира ГД „Гранит“ АД Скопје, посебниот режим на сообраќај се воведува поради градежни активности кои се однесуваат на изградба на улици и комунална инфраструктура на улицата „Тодор Александров“ бр.11 и бр.12 во Општина Центар. „Согласно издадено Одобрение за времена измена на режим на сообраќај од Град Скопје со број 15-12450/4 од 13 јануари 2026 година, Ве известуваме дека на ден 2 февруари 2026 година ГД ‘Гранит’ АД Скопје ќе ...
Артемис 2 е втората мисија во програмата Артемис, започната во 2017 година, по успешниот беспилотен лет Артемис 1 во 2022 година. Астронаутите ќе летаат во новиот вселенски брод Орион, кој во вселената го носи ракетата Спејс Лаунч Систем (СЛС). Ова ќе биде прв пат луѓе да летаат со овие вселенски летала и прв пат човечки екипаж да се приближи до Месечината од мисијата „Аполо 17“ во 1972 година. Мисијата е замислена како сеопфатен тест на ...
Претседателката ќе биде главна говорничка на сесија посветена на демографските промени. Таа ќе говори за перспективата на државава во однос на демографските промени и нивните импликации врз националниот развој. Сиљановска-Давкова ќе учествува на Глобалниот форум за владини регулативи и правда, како и на Светскиот самит на лауреати, што се одржува за прв пат во пресрет на Светскиот самит на владите, со вклучување на носители на Нобеловата ...
Тензијата, како што наведува бриселскиот портал, беше очигледна минатиот понеделник во Европскиот парламент, каде што Руте отворено ја бранеше доминантната улога на САД во рамките на НАТО. Тој им кажа на пратениците дека е илузија да се верува дека Европската Унија, или Европа како целина, може да се одбрани без американска поддршка. Европските лидери реагираа брзо и остро. „Не, драг Марк Руте“, возврати францускиот министер за надворешни ...
Марковски изјави дека седум години редовно ја посетувал дискотеката „Пулс“ и дека со друштвото заминале на концерт бидејќи, како што рече, „ДНК ги сакавме сите“. Во дискотеката пристигнале околу 12:45 часот, а билетите ги купиле од Тодор, братот на сопственикот Дејан, кој, според сведокот, секогаш бил задолжен за продажба на карти, а кој е обвинет во постапката. На влезот, како што посочи, имало обезбедување, а тоа биле Лазар Захариев, Мартин ...
Португалецот наводно не е задоволен од начинот на кој ПИФ (Јавниот инвестициски фонд) во Саудиска Арабија го води клубот за кој настапува. Тој смета дека Ал-Хилал е во подобра позиција и поради тоа се најавува дека ќе го бојкотира следниот меч против Ал-Ријад денес. Имено, Ал-Хилал во минатото добиваше позвучни имиња, а делува дека и сега ќе го добие Карим Бензема кој е незадоволен во Ал-Итихад и бара нова опција за кариерата. Повеќе фактори ...
Покрај тројцата притворени, со истрагата се опфатени и петмина други. Јавното обвинителство за организиран криминал претходно вечерва објави дека е донесена наредба за спроведување истрага против Небојша Спасојевиќ, Раде Спасојевиќ, Иван Драгниќ, Урош Младеновски и Александар Мијаловиќ, кој е главниот осомничен како организатор на криминалната група. Мијаловиќ е во бегство и по него е распишана меѓународна потерница. Според обвинителството, ...
„Како граѓани и заштитници на природното наследство, должни сме да ве потсетиме дека овој проект е во спротивност со националните закони, меѓународните обврски и современите еколошки стандарди и претставува директен и сериозен ризик за интегритетот на Националниот парк Маврово. Проектот Бошков мост произлегува од застарен концепт кој одамна ја загуби својата легитимност“, реагираат од Еко свест. Како клучни причини за ваквата реакција ...
Ѓорческа на почетокот од годинава учествуваше во квалификациите на Австралија опен и Челинџер во Порто, на двата турнири мина по една пречка, а тоа ѝ донесе нови бодови. Сега повторно е меѓу најдобрите 200, односно на 193. позиција на ВТА листата. Нејзиниот најдобар пласман е на 170. место, оваа година ќе се обиде да го надмине тоа. Ѓорческа на почетокот од годинава учествуваше во квалификациите на Австралија опен и Челинџер во Порто, на ...
Кипар, 1882 година. Селото е под британска окупација, а Елени, сликарка која се стекнала со образование на француски јазик, шета низ селото со своите три деца, собирајќи цвеќиња за од нив да направи пигменти. Додека децата си играат во урнатините на стара црква, се случува несреќа во која тие загинуваат од уривање на ѕид. Жигосана и проколната од селаните, Елени се повлекува ги пали своите слики и детските играчки. Нејзината изолација ја ...
Според планираните активности, во тек е фаза на механичко отстранување на сувите наслаги и трската од крајбрежниот појас на езерото. Активностите се реализираат во соработка помеѓу АД „Водостопанство“ и ЈПВ „Лисиче“ – Велес, со поддршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. За реализација на проектот е обезбедена финансиска поддршка од 6.000.000 денари од Програмата за водостопанство. Целта на ревитализацијата е ...
„Градот Скопје со визија и посветена работа ги испишува нивите страници на една убава, достоинствена и горда историја“, пишува во објавата на Фејсбук. Ѓорѓиевски најави дека следната недела треба да биде распишана и тендерската постапка за втората фаза, а очекува целата сообраќајница, која е околу два километра, да биде завршена до крајот на неговиот мандат. „Рокот на изведба е 90 дена, а од следната недела ќе ја почнеме тендерската постапка ...
Меѓународен тим истражувачи користел податоци од студии на близнаци за да ги разликува надворешните причини за смрт (несреќи, убиства, инфекции) од внатрешните, биолошки фактори (генетски мутации, болести поврзани со стареењето), наведува Ен-би-си њуз. Со раздвојувањето на овие категории добиле попрецизна проценка на влијанието на генетиката врз животниот век, што е значително повеќе од претходните проценки од 6 до 33 отсто. „Ова не е ...
За време на финалето на „Род Лејвер Арената“ во првите редови на трибините беше и легендарниот Рафаел Надал. Ѓоковиќ не го заборави својот голем ривал и во повеќе наврати имаше конверзации со него. Во третиот сет Ѓоковиќ му се обрати на Надал и му понуди да се симне на теренот наместо него со прашањето: „Сакаш ти да играш?“. “Wanna play, Rafa?” 😅 pic.twitter.com/lg2tnYE5zc — #AusOpen (@AustralianOpen) February 1, 2026 По финалето српскиот ...
Премиерот Мицкоски истакна дека со оваа набавка ќе се реши еден од најголемите долгогодишни проблеми во работењето на претпријатието – застарената неодржувана и истрошена механизација, која сериозно го отежнувала одржувањето на јавната хигиена во главниот град. Според Мицкоски, состојбата дополнително била усложнета и со превработеност, како и со недоволна ефикасност на дел од вработените. „Со овие 40 камиони, сигурен сум дека многу ќе се ...
„Граѓаните во Македонија се проевропски ориентирани, дури се поевропски ориентирани и од некои други земји членки на ЕУ и за тоа не треба никој да има дилема“, рече Мицкоски. Вели дека е добро што расте поддршката за членство во ЕУ и дека тој лично очекувал тој процент да биде 90. „Тоа значи дека ние работиме во креирање на перцепцијата за да се зголеми процентот кај граѓаните и ќе продолжиме така да работиме. Што е проблемот? Кога сите тие ...
За време на посетата, претседателот Гаши ќе учествува на Националниот молитвен појадок (National Prayer Breakfast), еден од најзначајните традиционални настани во САД, како и ќе оствари низа средби со американски конгресмени и претставници на меѓународни партнерски организации, со фокус на зајакнување на институционалното и политичкото партнерство. Во рамки на агендата, претседателот на Собранието ќе се обрати на Форумот за безбедност во ...
Според информациите на Авто мото сојузот на Македонија, магла има на планинските превои Плетвар, Ѓавато и Пресека поради што видливоста е намалена до 100 метри. На останатите патишта низ државата сообраќајот се одвива во зимски услови со остатоци на кашест снег на некои повисоки места поради што се препорачува внимателно возење. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Според ...
Прикажувањето на филмот е дел од тековната серија проекции на грчки филмови на Амбасадата на Грција, со наслов „Ајде да се запознаеме“, иницијатива која има цел да ја приближи публиката до современата грчка кинематографија. Филмот „Што ако“ е трогателна романтична драма од креаторот на светски признатата серија на „Нетфликс“ – Маестро во сина. Дејството на филмот се одвива во Атина во периодот на економската криза и ја следува приказната на ...
„Денес сме први февруари, некаде околу 20 часот. Имаме значително намалување на бројката на сообраќајни прекршоци во споредба од пред два месеци кога започнавме со тест периодот. Имаме од прилика околу петстотини сообраќајни прекршоци коишто се констатирани од страна на паметните камери и сакам да укажам една огромна благодарност до македонските граѓани и совесните учесници во сообраќајот бидејќи вие сте тие коишто овозможивте драстично да се ...
”И ние како советничка група и неколку останати советници гласавме за продажба на тоа возило од проста причина што многу добро знаеме во какви околности беше купено тоа возило и во какво време кога не беа запазени приоритетите на граѓаните.Струга имаше многу посериозни проблеми кои требаа да се решат, а не да се купува едно такво луксузно возило”, изјави за Алфа, Коста Хиохи, советник од ВМРО ДПМНЕ. Возилото купено за 67.000 евра сега ќе се ...
Италијанската легенда го презеде клубот пред стартот на сезоната, откако Филипо Инзаги го внесе тимот во елитата, па замина. Џилардино го прифати предизвикот и ја предводеше Пиза, меѓутоа не му одеше најдобро. Оваа сезона во Серија А екипата на Пиза е меѓу најслабите, забележа само една победа, а има по 11 ремија и порази. Поради тоа клубот се реши за промена, му врачи отказ на Џилардино, а на неговото место веројатно ќе дојде Марко Џампаоло. ...
„Иако за дел од јавноста случајот можеби е веќе заборавен, за мене тој претставува суштинско прашање поврзано со правдата и слободата на говор. Во периодот кога СДСМ јавно се повикуваше на слободата на изразување, во практика се обидуваше да ја ограничи преку правни конструкции и судски тужби. Наместо аргументи беа користени конструкции, наместо одговори – тужби, а наместо отчетност – обиди за замолчување. Ваквиот притап е е напуштен ниту ...
Од 19:40 часот се укинува забраната на сообраќај за тешки товарни возила и автобуси на патниот правец село Шипковица-Попова Шапка воведена утрово од 9:20 часот поради врнежи од снег. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат во Крушево, Пониква, Попова Шапка и Маврово и на планинските превои Пресека, Буково, Плетвар и Ѓавато и на патниот правец Берово-Струмица, Делчево и Смојмирово. Намалена видливост до 100 метри поради магла има на ...
Како што се наведува во апелот, блокадата го отежнува секојдневното движење на населението и ја нарушува комуникацијата меѓу двете страни на границата. „Македонско друштво “Илинден“-Тирана бара брза интервенција и обезбедување безбеден и непречен сообраќај“, се наведува во апелот на Друштвото. Апелот е поднесен од претседателот на Македонското друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај и координаторот на Друштвото за областа Голо Брдо, Фатри ...