„Особено сме горди што Европската Унија го препозна усвојувањето на Патоказите за владеење на правото и реформата на јавната администрација како конкретен и опиплив резултат на нашата посветеност. Овие стратешки документи претставуваат темел за изградба на поефикасни институции, посилно владеење на правото и поголема доверба на граѓаните во правосудниот систем“, се наведува во соопштението. Министерството за правда, се додава во него, ...
Министерството за правда соопшти дека претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, дал значајна потврда за реформскиот курс на државата и директно ги поздравил континуираните напори и постигнатиот напредок во спроведувањето на реформската агенда. Како што информираат од ресорното министерство, ова претставува силен поттик за понатамошно ефикасно спроведување на неопходните системски реформи. Од Министерството изразија особено задоволство ...

