Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
Како што посочува Ѓорѓиевски на социјалните мрежи, на овој форум присуствуваат претставници на локалната и регионалната власт од земјите членки на Европската Унија, како и од земјите кандидати за членство. Седницата, како што напиша во објавата, претставува можност за размена на искуства, зајакнување на соработката меѓу општините и дискусија за предизвиците поврзани со процесот на европска интеграција, со посебен фокус на улогата на локалната ...
Со овој закон, посочи Сали, се става крај на претходните решенија, кои беа делумни или недоволни. „Балансерот беше само дигитална алатка и делумно решение која не може да се спореди со едно сеопфатно законско решение. По 23 години ние како ВРЕДИ конечно го заокружуваме ова прашање со закон. Овој закон ја ужива поддршката од Советот на Европа бидејќи за него е дадено позитивно мислење од Венецијанската комисија“, истакна Сали. Министерот ...
Како што напиша Мицкоски, Македонија за првпат од осамостојувањето е избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на Обединетите нации (ЕКОСОК), едно од водечките тела на светската организација. На гласањето одржано во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, земјата добила поддршка од 174 држави членки и обезбедила место во Советот за мандатниот период 2027–2029 година. Изборот во ЕКОСОК, Мицкоски го оцени како значајно дипломатско ...
„Министерството за одбрана претставува значаен партнер на Центарот за управување со кризи во реализацијата на заедничките активности насочени кон унапредување на системот за управување со кризи, како и кон зајакнување на заштитата и безбедноста на граѓаните, наведе ЦУК во соопштение. На средбата била потврдена заедничката заложба за понатамошно продлабочување на соработката и координацијата меѓу двете институции, особено во делот на ...
Како што соопшти ДЗС, на средбите бил ставен акцент на зајакнување на координацијата во системот за заштита и спасување, со цел поефикасно дејствување при гаснење шумски пожари и при други итни ситуации. Се разговарало и за унапредување на улогата и капацитетите на доброволните противпожарни друштва, како и за нивно поактивно вклучување во активностите за справување со пожари во текот на летниот период. Дополнително, биле разгледани ...
Тој изрази загриженост и вети дека ќе разговара со властите за прземање итни мерки. „Најпрво дозволете ми да кажам дека сум прилично шокиран од големината на проблемот. Знаев дека депонијата не е усогласена со стандардите, но да сфатите дека е толку блиску до градот, на неколку стотини метри од куќите, многу блиску до реката и до водоснабдувањето, а исто така и до езерото, навистина е обесхрабрувачки да се види. И, секако, како Европска ...
Во Комисијата денеска се одржа јавна расправа за утврдување на предлог-листа од пријавените кандидати по Одлуката за објавување јавен оглас за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. На јавниот оглас беа пријавени вкупно 11 кандидати, од кои осум ги исполнија условите утврдени со огласот. Кандидати кои го поминаа првичниот процес на селекција беа: Миле Стојановски, Јасна Оровчанец-Арангеловиќ, Исмаил Синани, ...
Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, како што оттаму соопштија вечерва, постапувајќи по предлог на ОЈО ГОКК за определување мерка против 4 лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривични дела Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство, Примање награда за противзаконито влијание и Давање награда за противзаконито влијание, а кои ...
Португалскиот клуб соопшти дека Реал Мадрид ќе плати 15 милиони евра за ангажманот на искусниот стратег, но трансферот ќе зависи од претстојните претседателски избори во шпанскиот гигант. Според информациите, доколку Флорентино Перез ја добие довербата на изборите, Мурињо ќе биде назначен за нов тренер на „кралевите“. Португалецот веќе седеше на клупата на Реал Мадрид во периодот од 2010 до 2013 година, кога освои титула во Ла Лига, Куп на ...
Сепак, Манчестер Сити ќе биде клубот со најмногу претставници на Мундијалот. Дури 19 негови фудбалери се најдоа на списоците на своите репрезентации. Англискиот гигант го надмина рекордот на Баерн Минхен од Мундијалот во Катар 2022, кога баварскиот состав имаше 17 репрезентативци. Интересно е што и во 2018 година токму Сити беше клубот со најголем број учесници на Светското првенство. Овој податок уште еднаш потврдува дека Манчестер Сити ...
Како што се посочува во соопштението на ДКСК, предметот е отворен поради потребата од проверка на наводите изнесени во јавноста и медиумите, како и согледување на евентуални ризици од корупција, судир на интереси, злоупотреба на службена положба или други неправилности во работењето, во рамките на надлежностите на ДКСК. „ДКСК ќе ги преземе сите потребни дејствија за прибирање и анализа на релевантната документација и информации од надлежните ...
На шампионатот се очекува учество на околу 1.500 студенти-спортисти од повеќе од 40 земји, што го прави еден од најсилните универзитетски спортски настани во светот. – Нашите каратисти изминатиот период работеа интензивно на техничко-тактичка подготовка, физичка кондиција и психолошка стабилност, со цел достојно да ги претстават македонските универзитети и државата на највисокото светско студентско ниво. Атмосферата во репрезентацијата е ...
Постапката за трајно складирање на запленети моторни возила е во ингеренции и ја води Општина Велес,откако на последната седница на Советот на Општина Велес беше донесена одлука за обезбедување на парцела за оваа потреба на СВР Велес. Според информацијата од секретарот на Општина Велес, Панче Јанев, засега е дефинирана местоположбата на локацијата за трајно паркирање на овие запленети возила и во тек е постапкаа на изготвување на потребна ...
Конференцијата е дел од Меморандумот за разбирање за заедничко управување на Дримскиотт басен потпишан во 2011 година меѓу Македонија, Грција, Косово, Црна Гора и Албанија. Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски преку видео обраќање истакна дека Дримскиот басен претставува исклучително важна политичка, економска и еколошка платформа на целиот регион, кој низ годините покажа дека заедничката работа и соработка се ...
На јавната расправа беше истакнато дека туризмот има значаен, но недоволно искористен економски потенцијал, а клучните предизвици се високата сезоналност, недоволната вредност од турист, како и сивата економија. За подготовка на стратегијата, во наредниот период ќе се спроведе обемно истражување за состојбите во секторот, од каде што преку детални анализи ќе се добијат одговори и насоки за одржливи политики, кои треба да станат дел од ...
Присутните гости уште при самиот влез на настанот имаа можност да се запознаат со иновативно технолошко решение развиено од студентите и истражувачите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ). Робот, програмиран на ФИНКИ ги пречекуваше и поздравуваше учесниците, симболично претставувајќи ја поврзаноста меѓу дигиталните технологии, иновациите и иднината на енергетскиот сектор, што беше и една од централните теми ...
Одговарајќи на новинарски прашања по отворањето на Албанскиот саем на книгата денеска во Скопје, Меџити рече дека во договор се со партнерите во Владата оти ќе има реконструкција. „Деновиве треба да седнеме и разговараме за принципите и дали ќе одиме со промена на ресори, имиња и така натаму“, изјави Меџити. Премиерот Христијан Мицкоски, завчера, одговарајќи на новинарско прашање по отворањето на новиот базен „Карпош“, најави дека во втората ...
Директорот е согласен дека казните за овие оператори со храна се ниски и затоа, напомена, веќе се изготвуваат измените и дополнувањата на Законот за прекршоците. Една од опциите за кои се размислува е – ако еднаш или двапати бидат фатени како манипулираат, да им се земе решението за вршење дејност во рок од 3 години. „Неофицијално, мислам дека ги имате операторите, но официјално ќе ги имаме во наредниот период. Две се увозни, осум се наши ...
Македонскиот репрезентативец истакна дека уште од првиот ден бил убеден дека сака да остане дел од клубот и нагласи дека е горд што го брани голот на еден од најголемите шпански клубови. „Многу сум среќен и воодушевен што можам да го објавам ова двегодишно продолжување со Валенсија. Немав никакви сомнежи околу продолжувањето, отсекогаш го посакував и бев фокусиран на тоа бидејќи сум многу среќен тука и со сè што претставува клубот. Секогаш се ...
Најпрво се јави таткото на Халанд кој го демантираше Рикелме, а сега стигна остра реакција од Манчестер Сити. „Приказните кои се појавија од Шпанија во врска со иднината на Халанд се неточни. Не постои никаква шанса тоа да се случи, нема договор или клаузула кој тоа го овозможува. Размислуваме и за правни чекори поради користењето на имиџот на нашиот играч во овој контекс“, соопштија „граѓаните“. View this post on Instagram A post shared by ...
Италијанецот по пресврт го елиминираше Феликс Оже Алијасим со 3-1 во сетови (4-6, 6-4, 6-4, 6-4). Канаѓанецот подобро го отвори мечот и го доби првиот сет, но потоа Коболи целосно ја презеде контролата. Италијанецот заигра сигурно во продолжението и со три последователни освоени сета стигна до најголемиот успех во својата кариера. По повеќе од три часа борба на париската земјена подлога, Коболи за првпат се најде меѓу четворицата најдобри на ...
Според Илијевски, физичката дислокација во урбаните средини е апсолутно невозможна, а дополнителните огромни финансиски давачки во законот свесно ја туркаат индустријата кон уништување. „Повеќе од 10.000 директно вработени луѓе преку ноќ ќе останат без својата егзистенција, што значи дека заедно со нивните семејства, преку 35.000 луѓе стануваат идни можни кандидати за иселување од нашата држава. Дополнително, ќе бидат загрозени меѓу ...
Во документот австрискиот амбасадор во Бугарија известува до своето министерство во Виена за разговорите што ги имал со бугарски извори во врска со распаѓањето на соседна Југославија и ставот на Бугарија за претстојниот референдум за независност во Македонија. Според амбасадорот, пишува Мартенс, бугарскиот претседател Жељу Желев им рекол на новинарите дека Софија може да ја признае Македонија како држава, но дека тоа „нема да биде признавање ...
Според статистичките податоци, градежниот сектор во првиот квартал годинава бележи раст од 7,2 проценти во споредба со истиот период минатата година. Овие бројки, истакнува министерот, претставуваат силен показател за континуираната градежна активност во целата држава, како и за успешната реализација на капиталните инвестиции, кои се од клучно значење за економскиот развој. Според Николоски, особено охрабрувачки е фактот што во сегментот на ...
Промената ќе им овозможи на корисниците од шесте држави од Западен Балкан да остваруваат телефонски повици, да испраќаат текстуални пораки и да користат мобилни податоци додека престојуваат во ЕУ, без дополнителни трошоци. Истото ќе важи и за корисниците од ЕУ при посета на шесте балкански земји. Зоната во моментов ги опфаќа земјите членки на ЕУ, како и Исланд, Лихтенштајн и Норвешка, а во неа се вклучени и Молдавија и Украина. По денешната ...
Во првата фаза се тестира интеграцијата на ЕРП-системите на компаниите со системот за е-фактура. Во втората фаза се додадени API-сервиси за преземање, прифаќање, одбивање и сторнирање е-фактура и се овозможи тестирање повеќе даночни индикатори. Со овие измени се промени структурата на API-повиците и JSON-форматот поради што компаниите повторно ги приспособија своите системи во согласност со новите спецификации објавени на ...
Минатите денови излегоа гласини дека Валенсија ќе ја активира клаузулата за продолжување на договорот на Димитриевски, тоа и се случи. „Валенсија го активираше продолжувањето на Столе Димитриевски за уште две сезони, македонскиот голман ќе остане во клубот до јуни 2026 година“, стои во соопштението на Валенсија. Според шпанските медиуми, со активирањето на клаузулата за продолжување на договорот, Димитриевски ќе доби и бонус од 500.000 евра. ...
Пратениците од опозициските партии на Албанците го критикуваа законското решение посочувајќи дека со него не се предвидени квоти ниту, пак, како ќе се контролира дали правичната застапеност се почитува, а тоа, велат, ќе има долгорочни последници. Укажаа дека правичната и соодветената застапеност се столбот на Охридскиот рамковен договор и на Уставот. Сличен став имаше и пратеникот Сали Мурати, припадник на турската заедница, кој смета дека ...
Трговската размена по производи според Стандардната меѓународна трговска класификација покажува дека во извозот најголемо е учеството на: катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта и други катализатори на носачи. Во увозот најмногу се застапени: платината и легурите на платина, необработени или во прав, другите метали од ...
Тука е најголемата грижа и исто така очекувањето дека соседна Бугарија, кога би очекувала ние да го внесеме бугарското малцинство во нашиот Устав, најмалку што би можело да направи е да си ги исполни своите обврски согласно меѓународното јавно право, односно тука мислиме на Европската конвенција за човекови права, рече Муцунски во изјава за медиуми пред почетокот на Бизнис форумот на ИТ компании, во организација на Стопанската комора за ...