„Мрежа управувана од американските и израелските разузнавачки служби е идентификувана во земјата и разбиена“, соопшти разузнавачката служба на Револуционерната гарда, идеолошката војска на Иран. Таа служба додаде дека операцијата била спроведена на координиран начин во неколку провинции, но не прецизираше датум, точни локации и дали имало апсења. Во јуни Израел почна напади врз Иран, при што беа убиени неколку стотици луѓе, вклучувајќи високи ...

Во едночасовната програма за четирирачно пијано, професорките Гацева и Џорлева одржаа вистински час за висока професионалност и исклучително сугестивна интерпретација на дела од Ерик Сати, Едвард Григ и Антонин Дворжак. Долги аплаузи измамија со интерпретацијата на дело од македонскиот композитор Дамјан Темков, за што беа вратени на бис. Концертот го отвори директорот на нашиот КИЦ во Белград, Васко Шутаров, а беше реализиран во партнерска ...

„Да укажеме дека Македонија е една од малкуте земји кои користат вакви европски кохезиски фондови за развој. Тие имаат строго утврдени процедури за трошење на средствата и токму поради тоа, при ваков скандал по автоматизам се носи времена одлука за прекин на користење на парите. По временото стопирање, без да знаеме до каде ќе оди истрагата и што ќе излезе на виделина, можно е оваа мерка да прерасне и во целосна суспензија на ИПАРД-програмата“, ...

Од 380 милиони денари во 2024 година на 680 милиони денари во 2025 година, а за следната 2026 предвиден е рекорден буџет од 1,37 милијарди денари за наука, соопшти денеска Министерството за образование и наука (МОН). Од ресорното министерство информираат дела оваа календарска година преку три повици за распределба на средства е стимулирана реализацијата на научно-истражувачки проекти на јавните универзитети, факултети и научни установи, на МАНУ ...

Оваа одлука претставува значаен прекин во соработката со најблискиот сојузник и партнер и го истакнува растечкиот скептицизам во врска со легалноста на американската воена кампања во Јужна Америка, пишува Си-ен-ен. Со години Обединетото Кралство, кое контролира голем број територии во Карибите каде што има разузнавачки ресурси, им помагало на САД да лоцираат сомнителни бродови за да може американската крајбрежна стража да ги пресретне. Ова ...

Според нивните податоци, Израел пукал врз цивили 88 пати, 12 пати навлегол во станбени области надвор од договорената „жолта линија“, 124 пати ја бомбардирал Газа и 52 пати уништил приватен имот, при што притворил 23 Палестинци. На 29 септември Соединетите Американски Држави го презентираа предлогот од 20 точки за прекин на војната, ослободување на затворениците, дозволување влез на хуманитарна помош и повлекување на израелските сили. Првата ...

Раководителот на контролниот центар на Европската вселенска агенција (ЕСА) во Дармштат, Германија, Јозеф Ашбахер, потсети дека програмата „Коперникус“ овозможува следење на условите на мразот, развојот на земјоделството, климата и климатските промени, бурите и поплавите, а радарот на вселенското летало може да продира низ облаците. Тој додаде дека сондата, која чини помеѓу 200 и 300 милиони евра, може да детектира промени на Земјата до ...

„Има народи на кои е доволно да им се каже: не го правете тоа, лошо ќе завршите. Во случајот на некои тоа мора да заврши лошо за да сфатат дека тоа не е правилниот начин. Русите денес тоа го пробуваат со нас. Тие тестираат не само како функционира воздушната одбрана на одредени земји, интегрираниот систем на НАТО, туку и колку сме решени навистина да се одбраниме“, кажа чешкиот претседател во дебатата со ученици од регионот Карлови Вари на ...

„Ајде градоначалник да ги објавиш сите фирми со долг по институција, со фактури и датуми од кога им се должи за да знае народ дека лажеш. Исто и со име и презиме да ги објавиш сите 500 вработени и кој од кога не одел на работа, и таму да се види дека лажеш. 3 години за корка леб сите кои одеа на работа ти ги избрка да направиш место за своите партиски војници“, пишува Арсовска на фејсбук. Таа го повика новиот градоначалник на дебата, на ...

Одговарајќи на новинарски прашања пред денешната седница на Советот на јавни обвинители, Коцевски рече дека Јавното обвинителство и досега така постапувало, и доколку навистина има злоупотреби, Обвинителството стои на располагање. „Во однос на изјавите на градоначалникот дека Јавното обвинителство треба по допрен глас, само ќе кажам дека тој како градоначалник доколку има докази е надлежен и тоа може да го пријави на надлежните органи, да ги ...

Демонстрантите, кои се противат на одлуката за донесување специјален закон кој треба да ја забрза изградбата на комплекс на тој простор кој беше цел на агресијата на НАТО, формираа „жив ѕид“, беше исцртана црвена линија која, како што велат студентите, „не се гази“, а со тишина им беше оддадена почит на жртвите од уривањето на стреата во Нови Сад. Тие на митингот кај Генералштабот дојдоа од четири локации – од Факултетот за ветеринарна медицина, ...

Најголемиот поединечен акционер на НИС е Газпром њефт, подружница на рускиот енергетски гигант Газпром, која управува со единствената српска рафинерија во Панчево и поседува 44,9 отсто од акциите на компанијата. Самиот Газпром контролира дополнителни 11,3 отсто, додека српската влада поседува 29,9 отсто од акциите. „Руските сопственици на НИС испратија барање до Канцеларијата за контрола на странски средства на министерството за финансии на САД, ...

Лице запознаено со патувањето на Пател изјавило дека директорот на ФБИ отпатувал во Пекинг во петокот и останал еден ден. Тој разговарал со кинеските претставници во саботата, изјавил изворот за Ројтерс. Истакнати се криминалните ризици со кои може да се соочат извозниците при испорака на хемикалии во одредени земји со „висок ризик“, како што се САД. Американскиот претседател Доналд Трамп ги преполови царините за кинески стоки, воведени како ...

Извозот со тоа во септември достигна највисоко ниво во седум години и покрај повторното активирање на санкциите на Обединетите нации на крајот од месецот, пишува весникот Техеран тајмс цитирајќи пост на Танкер тракерс на социјалната мрежа Икс. Вашингтон и владите на европските земји очекуваа дека обновените санкции ќе го нарушат снабдувањето со иранска нафта на купувачите како Кина, но податоците на Танкер тракерс ја потврдуваат проценката на ...

Русите за пробивот ја искористиле маглата, што значително ја намалило ефикасноста на украинските воздушни операции, односно надзорот со беспилотни летала. Видео од руски војници кои се движат кон Покровск во густа магла се прошири и низ социјалните мрежи. ❗️У мережі з’явилося відео наступу російських військ на Покровськ. На кадрах видно, що окупанти використовують туманну погоду для просування. Офіційних даних від українських сил щодо ситуації ...

Како што соопштуваат од Собранието, претседателката на Пратеничката група, Рашела Мизрахи, истакна дека средбата е уште една потврда за силните и пријателски односи со Израел, уште од воспоставувањето на дипломатските односи во 1995 година. „Живееме во време на исклучително сложени глобални безбедносни предизвици. Радикализмот, насилниот екстремизам и тероризмот се закани кои не познаваат граници и бараат одлучен, заеднички и координиран ...

Кристијано Роналдо признава дека се ближи крајот на неговата богата кариера, Португалецот во видео интервју за време на туристички форум во Ријад, прво најави дека Светското првенство во 2026 ќе биде негово последно. „Да, дефинитивно. Ќе имам 41 година и мислам дека тоа ќе биде вистинско време“ – вели популарниот ЦР7. Во неодамнешното интервју со Пирс Морган, Кристијано Роналдо рече дека „наскоро“ ќе оди во пензија, па сега беше прашан да ...

Полицијата во градот Мерканг го затвори мостот Хонгки, долг 758 метри, за целиот сообраќај во понеделник попладне, откако се појавиле пукнатини на пристапните патишта, а било регистрирано и поместување на планинскиот терен, соопштија локалните власти. China On November 11, the Hongqi Bridge at the Shuangjiangkou Hydropower Plant in Ma’erkang City, Aba Prefecture, Sichuan Province, collapsed, sending a section of the bridge into the Zumuzu River. ...

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 7.124.419 илјади денари, што е за 5,2% помалку во однос на истиот месец лани. Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 220 (70,1%) се наменети за објекти од високоградба, 38 (12,1%) за објекти од нискоградба и 56 (17,8%) за објекти за реконструкција. Од вкупно 314 објекти, на 229 (72,9%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 85 (27,1%) објекти ...

Во Коалицијата Вреди сме согласни и го делиме мислењето дека по изборот на Изет Меџити за градоначалник на општина Чаир, на неговото место треба да дојде нашиот предлог – Беким Сали, изјави Фетаи. „Изет Меџити имаше две функции во Владата, министер за животна средина и заменик-премиер. Ние сметаме дека треба да предложиме едно име плус, министер за животна средина и заменик-премиер. Оваа недела верувам дека ќе седнеме со премиерот како мандатар ...

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), за овој натпревар реши да ги отвори вратите за навивачите, влезот ќе биде бесплатен. А оние кои досега купиле билет, ќе добијат гратис влезница за следниот натпревар на репрезентацијата. „Слободен влез на Националната арена за Македонија – Летонија Македонската А репрезентација во четврток, 13 ноември, со почеток во 18:00 часот, ќе го одигра последниот домашен натпревар оваа година. На Националната ...

Според податоците, овој износ е вклучен во предлогот на Министерството за финансии што ќе биде предмет на последната дебата за нацрт-буџетот за 2026 година во буџетската комисија на Бундестагот. Владини извори минатата недела изјавија дека дополнителните средства ќе бидат наменети за артилерија, беспилотни летала и оклопни возила, како и за замена на два системи за воздушна одбрана „патриот“. Комисијата на Бундестагот ќе одржи таканаречена ...

Иако слични процедури претходно се изведувале на модели, 3Д реплики или животни, ова е, според научниците, прва таква операција на човечко тело. Професорката Ирис Грунвалд од Универзитетот во Данди извршила таканаречена далечинска тромбектомија, отстранување на згрутчувања на крв по мозочен удар, користејќи робот што го контролирала од болницата Најнвелс во Данди, додека телото на кое била извршена процедурата било на другата страна од градот, ...

Изрази задоволство што е во Ресен, град, кој според неа, од многу причини, многу почесто треба, не само претседателите, туку и сите да го посетуваат. Не само, како што рече, заради убавината, историјата, соживотот, езерото, ретките птици, Сарајот, музејот на Татарчев, Наде Проева… „Неслучајно почнав од Ресен, бидејќи основната причина беше грижата за Преспанското Езеро. Добив темелни податоци, меѓу кои и оној дека не е основната причина во ...

„ИПАРД фондовите се многу важни. Тоа за нас е еден неверојатно значаен проект. Еве и денеска во разговорот со градоначалникот зборувавме за користењето на средствата од ИПАРД, колку е тоа важно. И мислам дека европското однесување или однесувањето во рамките на владеењето на правото, или однесувањето како добри домаќини кон средства коишто ни се дадени на помош е многу, многу важно. Строго треба да се санкционира злоупотребата. Не е првпат да се ...

Таа нагласува дека современите медицински практики, континуираната едукација и отвореноста кон иновации претставуваат темел на кој Клиниката ја гради својата иднина и дека нивната мисија останува непроменета – обезбедување највисок квалитет на грижа за жената и детето, поддршка на репродуктивното здравје и развој на медицината во служба на животот. „Вкупно 22 специјалисти од нашиот тим реализираа обуки во реномирани центри во Европа. Набавивме ...

Од вкупниот број туристи, 24,6 % се домашни, а 75,4 % се странски. Од вкупно 262.686 ноќевања, 31,8 % ги оствариле домашните туристи, а 68,2 % странските. Во периодот јануари – септември 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 5,8 %. Кај домашните туристи има намалување за 1,4 %, а кај странските има зголемување за 9,6 %. Вкупниот број на ноќевањата, пак е зголемен за 0,9 %. Кај ...

Причината е одлуката на тренерот Дени Рол да го повлече Миовски од игра уште на полувремето, при резултат 2-0 за неговиот тим. Поранешниот фудбалер на Ренџерс, Крис Бојд, изненаден од ваквата промена, не криеше дека тој би биле незадоволен ако се нашол во позиција како Миовски. „Ако јас бев на местото на Миовски, апсолутно би полудел од лутина. Немаше најдобар настап, но како напаѓач фрустрира кога гледаш дека друг кој не ја користи шансата, во ...

Во организација на Советот за регионална соработка (СРС), со поддршка од Министерството за надворешни работи и меѓународна соработка на Италија и Министерството за внатрешни работи на Италија и во партнерство со Владата на Република Македонија, денеска во Скопје беше отворена оваа 10-та јубилејна годишна конференција за координација на безбедноста на Западен Балкан. Според Гаши, партнерството со ЕУ треба да се продлабочи во областите што ...

„Не. Напротив. Поздравена е позитивната акција од страна на луѓето од Европската комисија“, изјави премиерот Мицкоски, кој утрово беше во посета на фабриката Костал во Охрид. Премиерот Мицкоски рече дека побарал да се блокира исплатата на парите од ИПАРД, за да се види до каде оделе злоупотребите. „Мораме да видиме до каде одат злоупотребите. Затоа што првичните информации говорат дека тоа не е од сега, туку години наназад тоа е правено. Така ...

Повик

1 ден - МРТ
weather icon

Скопје

-3ᴼ / -3ᴼ
0.51
93%
1027
weather icon

Белград

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
93%
1024
weather icon

Загреб

1ᴼ / 0ᴼ
1.03
92%
1024
weather icon

Софија

2ᴼ / -3ᴼ
1.03
66%
1027
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
2.04
91%
1027
weather icon

Љубљана

1ᴼ / 0ᴼ
0.51
100%
1024
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
2.24
78%
1024
weather icon

Тирана

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
81%
1023
weather icon

Подгорица

1ᴼ / 1ᴼ
2.06
87%
1025
weather icon

Букурешт

0ᴼ / 0ᴼ
1.54
95%
1027
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 0ᴼ
2.06
96%
1024
weather icon

Истанбул

6ᴼ / 6ᴼ
2.57
76%
1027
Currency

61.5417

Currency

52.3678

Currency

70.0914

Currency

34.7469

Currency

38.017

Currency

65.8137

Currency

7.42978

Currency

0.65936

Currency

0.33821

Currency

0.5247

Currency

1.22623

Currency

0.57482

Кобалт

58.42

Алуминиум

2.88

Бакар

10.76

Рутениум

29192.88

Платина

59937.34

Родиум

255598.44

Калај

41.29

Цинк

3.03

Иридиум

145787.60

Злато

138322.05

Сребро

2049.55

Паладиум

50830.33