Најмалку половина милион евра ќе биде побогата здравствената каса за една година ако Арбен Таравари го исполни ветувањето на неговиот прв работен ден во понеделник. Оваа заштеда е само од укинување на функцијата организациски директор во здравствени установи, а во иднина нема да има трошоци за секретари, службени возила, телефони и патувања во странство што досега ги користеа овие функционери. Таравари најави веднаш разрешување на оние кои се ...

Не може да се предвиди дека новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе го реализира сето она што го ветува и предвидува, оценува опозицијата по денешното експозе на мандатарот на владата Христијан Мицкоски. Мицкоски: Да ја обновиме довербата во институциите и да ја направиме Македонија место на просперитет, правда и надеж за сите – Многу од ветувањата кои беа дадени пред граѓаните, многу од прашањата кои беа отворени и на кои на манипулативен ...

Македонија е нашиот дом, и нашата заедничка тврдина. И секоја поделба треба да ја надминеме со разум и со мудрост. Ниту една наша разлика не е поголема од мотивот да успееме, и тука немам никакви дилеми. Доаѓа часот кога татковината треба да направи повеќе за секој еден граѓанин! Секој еден од вас, Македонец, Албанец, Турчин, Србин, Ром, Влав, Бошњак и сите останати, секој од вас, направи се за својата татковина, истакна денеска во своето ...

Шефовите на министерствата за енергетика на Црна Гора и на Албанија го наведоа преоптоварувањето на системот поради екстремно високите температури како причина за испаѓањето на електроенергетските системи во петокот во Црна Гора, Босна и Херцеговина и големи делови од Хрватска и Албанија. Дистрибуцијата на електрична енергија е поврзана низ целиот Балкан, а Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и поголемиот дел од хрватското крајбрежје ...

Осум пожари на отворено и неколку помали интервенции се регистрирани во последното деноноќие, а од вчерашните сѐ уште активен е пожарот во реонот на селото Цер, Кичевско, јавува Центарот за управување со кризи. Веќе петти ден е активeн пожарот кај местото викано Рамнин, во атарот на селото Цер (Општина Кичево), каде на почетокот гореше нискостеблеста деградирана шума, сува трева и смрека. Во гасненењето на овој пожар досега интервенирале ...

Македонската државјанка која вчера загина во сообраќајна несреќа на автопатот Егнатиа во правец кон Солун имала 29 години, информираат од Министерството за надворешни работи. „На автопатот Егнатиа, во Република Грција, се случила тешка сообраќајна несреќа, во која за жал, М.Н. (29), државјанка на Република Северна Македонија го изгуби животот“, информираа од МНР. Претставниците на Генералниот конзулат на Македонија во Солун, кои од времето на ...

Во убавиот амбиент на амфитеатарот ,,Галерија на отворено” при Домот на култура ,,Илинден” во општина Илинден, се одржа 10-тиот меѓународен фолклорен фестивал ,,Св. Троица”. Фестивалот е во организација на КУД ,,Гоце Марковски” од Долно Лисиче со поддршка од Општина Илинден, а многубројната публика имаше можност да ужива во прекрасните настапи на културно уметничките друштва од земјава и странство. Фестивалот започна со прекрасно дефиле каде ...

Бројот на жртвите од топлотниот бран што зафати голем дел од територијата на Мексико не престанува и дури се засилува, достигна 155 загинати, со триесет смртни случаи регистрирани во периодот од 13 до 18 јуни, соопшти вчера Министерството за здравство. Најмалку 2.567 случаи на здравствени проблеми поради „екстремни температури“ се регистрирани од 17 март, според нивниот неделен билтен, во услови на екстремна жештина (март-октомври). ...

Венко Филипче, кандидат за претседател на СДСМ, вчера во Куманово пред партиското членство ги образложи главните постулати на неговата програма. Засилена комуникација со членството, формирање на нови тела и органи на партијата на отворен и транспарентен начин и менување на начинот на избор на претседатели на општинските организации и кандидати за градоначалници преку воведување на подемократски и потранспарентен внатрепартиски процес. Ова се ...

Собраниската седница за избор на новата Влада почнува утре, а треба да заврши најдоцна до недела на полноќ. Мандаторот Христијан Мицкоски ќе ја образложи програмата и предлогот за состав на Владата, по што во Собранието се води единствен претрес. Седницата за избор на нова влада закажана за в сабота во 11 часот Владата е избрана ако за неа гласало мнозинството од вкупниот број пратеници. Претседателот на Собранието го известува претседателот ...

Последното предупредување на мандатарот Христијан Мицкоски за отстранување на механизмот „балансер“ е директен удар врз Охридскиот договор, како еден од главните столбови за стабилноста на државата и меѓуетничките односи во државата, реагира Европскиот фронт. Реакцијата уследи откако на новинарско прашање – дали ќе се прекине со употреба на балансерот, мандатарот Мицкоски потсети каква е препораката на ЕУ во однос на таа алатка. „Ако ЕУ вели ...

Итната медицинска помош во Скопје го евидентираше првиот случај на каснување од змија. Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) редовно информираат за пријави за змии во населени места, а надлежните апелираат да се внимава во текот на летото, со цел граѓаните да се заштитат од влекачите. Доктор Драган Панов од Итната медицинска помош во Скопје во изјава за МИА открива дека во вторникот имале пријавен случај на каснување од змија. Станува збор ...

Противпожарните екипи на Македонски шуми не можат да наполнат горива во возилата за гаснење пожари поради блокираната сметка на претпријатието, информираше денеска на прес конференција директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов. Македонија во моментов не е спремна да се справи со гаснењето на шумските пожари. Имаме три ер трактори, но само еден пилот. Ако избие пожар во шума, не може да се надеваме ниту на пожарникарите од ЈП Национални шуми, кои први ...

Потребна е забрзана европска интеграција, е пораката која денеска на средба во претседателскиот кабинет и ја пренела претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на американската амбасадорка Анџела Агелер, посочувајќи дека пристапниот процес за членство во Европската Унија мора да биде мериторно врзан и, како што рече претседателката, не смее да трпи политички притисоци од страна на други земји членки. Како што информираат од кабинетот на ...

Во Основниот суд во Струга денеска почна главната расправа против струшкиот градоначалник Рамиз Мерко за незаконско назначување директори во основните училишта, во селата Подгорци, Лабуништа, Велешта и „Браќа Миладиновци“ во Струга. Трите предмети за незаконско поставување директори, каде е инволвиран само Мерко, судијата Јордан Јованов ги спои во еден, додека за училиштето во Велешта ќе се води одвоен предмет, каде покрај злоупотреба на ...

Две лица загинаа, а три се повредени утринава на Цетиње во Црна Гора, откако била активирана експлозивна направа во близина на локалниот спортски центар, соопшти црногорската полиција. Експлозијата се случила во 9:10 часот, а од силната експлозија испукале стаклата на зградата на Спортскиот центар. Според неофицијалните информации на Вијести, убиени се припадници на озлогласениот криминален шкаљарски клан Петар Калуѓеровиќ и Драган Рогановиќ. ...

Кој ќе биде во тимот со кој ќе работи Јован Деспотовски, кандидат за претседател на СДСМ беше една од темите во фокусот на онлајн сесијата во живо која ја следеа и се вклучија неколку илјади членови и поддржувачи од цела Македонија, како и на средбата со членовите во Кочани, каде ја презентираше програмата Нов почеток, Нов СДСМ. Деспотовски предлага заедно со членството да се дефинираат идните носители на клучни функции во партијата. „Време е ...

Изминатите денови во јавноста една тема ги разбранува страстите и оправдано, тоа беше цената на електричната енергија која што ќе биде практично регулирана од страна на Регулаторна комисија за енергетика на Македонија во неделите кои што следат, а која што ќе биде апликативна односно важечка од први јули заклучно со 31 декември 2024 година. Во јавноста проструи информација дека истата ќе претрпи значителни корекции во негативен тренд за ...

Министерот за економија Крешник Бектеши смета дека нема да поскапи електричната енергија од 1 јули и вели дека очекува Регулаторната комисија за енергетика да донесе одлука што нема да биде на товар на граѓаните, а покрај тоа очекува и новата влада да ја ревидира одлуката на техничката влада со која е зголемена цената по која ЕСМ ја нуди струјата на универзалниот снабдувач и е намален процентот на покривање на потребите регулираниот пазар. ...

Професионалниот војник е еден од кандидатите кои го посетуваа селективниот курс за баталјонот за специјални сили кој се одвива изминатите дваесетина денови на армискиот полигон „Криволак“. Војникот на крајот од изведувањето на последната дисциплина од селективниот курс, марш на долго растојание во касните попладневни часови, по 18,30 часот, без претходни видни знаци моментално му се слошува по што паѓа во безсознание. Веднаш, со армиско ...

Идниот премиер, Христијан Мицкоски, ќе го почитува правниот поредок на Република Македонија и нејзиниот Устав. Но, исто така, ќе пружа несебична поддршка на националниот идентитет и гордоста на македонскиот народ. Ова е заклучокот од вчерашното интервју за Сител, во кое Мицкоски рече дека заклетвата ќе ја даде во согласност со уставното име на Република Македонија. За него е особено важно носителите на извршната власт да им служат како пример ...

Новороденче старо само 30 часа, родено во петокот напладне во Клиничката болница во Битола, почина во саботата, откако поради влошена здравена состојба е транспортирано на Клиниките во Скопје. Мајката била известена дека има проблеми со бебето неколку часа по раѓањето, а тоа е пренесено во Скопје следниот ден попладне. Родителите кои се од Ресен, обвинуваат дека болницата не интервенирала навреме. „Што се случуваше од 19 часот во петокот, до 15 ...

Дали и за колку ќе поскапи струјата за домаќинствата и малите потрошувачи од 1 јули се уште е неизвесно. Ден пред затворање на аукцијата на која производителите треба да ги достават понудите по кои ќе и ја продаваат струјата на ЕВН Хоум, јавноста е во дилема, но и исчекување на крајниот биланс. Државната ЕСМ, која по правило досега нудеше најевтина производствена цена понудила 5% повеќе, односно наместо досегашните 57, сега бараат 60 евра за ...

За в сабота, 22 јуни, во 11 часот е закажана седмата пленарна седница на Собранието на која како единствена точка на предлог-дневниот ред е изборот на новата влада во земјава. Предлагач на составот на владата е мандатарот, пратеник и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Почнуваме офанзивно, граѓаните очекуваат брзи резултати! До собранискиот спикер и до пратениците тој вчера го достави предложениот владин состав, како и програмата за ...

Александар Лазовски магистрира на „Харвард“ со највисок просек и ни раскажа за аплицирањето, впечатоците од студирањето, професорите, начинот на учење, како и за животните лекции што ги стекнал. – „Харвард“ не само што ги исполни моите очекувања, туку и ги надмина! Тоа е место со долга и богата традиција, со силни морални вредности кои се засноваат на идејата дека привилегијата на квалитетно образование доаѓа со голема одговорност да се подобри ...

Никој да не се меша во судската власт, порачаа денеска новите членови на Судскиот совет Исамедин Лимани и Александар Камбовски, кои дадоа свечени изјави пред претседателот на Собранието, Африм Гаши. Лимани и Камбовски не одговорија што мислат за предлогот за распуштање на Судскиот совет. – Отсекогаш сум верувал во независност, во транспаретност, отчетност, одговорност, борба против корупција. Се надевам дека тие мои убедувања ќе бидат третирани ...

Општина Гази Баба им додели признание и 3000 денари на 11 првенци на генерацијата од општинските основни училишта на својата територија, кои годинава го завршуваат основното образование. Општина Гази Баба е единствената општина во Република Македонија која на учениците што се прогласени за ученик на генерација им доделува парична награда од 3.000 денари и признание за постигнатиот успех. Оваа активност се воведе со моето доаѓање за ...

Пратеничката од СДСМ и една од кандидатите за партиски лидер, Славјанка Петровска, смета дека со оставката на Зоран Заев од лидерската позиција се мислело дека ќе се решат проблемите во партијата. „Можеби е една од грешките во 2021 година, уште тогаш имавме лош резултат на локалните избори. Се проценуваше дека со оставката или со повлекувањето на Зоран Заев од функцијата лидер и премиер ќе се надминат проблемите. Но, се виде дека погрешна ...

Мандатарот за состав на новата Влада, Христијан Мицкоски, денеска до Собранието ја достави предлог-програмата за работата на идната влада и списокот на членови во новиот кабинет кој за неколку дена ќе седне на „Илинденска бр.2“. Очекува изборот на новиот кабинет пред пратениците да се најде овој викенд на 22 и 23 јуни. Срце на терен, напорна работа и брзи резултати. Наместо привилегирана политичка каста, и граѓани од трет и понизок ред – ...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, заедно со координаторот на пратеничката група и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски и пратеничката и член на ИК Марија Митева остварија средба со Стефани Руст, потпретседателка за програми на НДИ во Собранието. На средбата претседателот Мицкоски информираше за убедливата победа на ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните и претседателските избори, кои за ВМРО-ДПМНЕ претставуваа голема обврска и ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
93%
1016
weather icon

Белград

14ᴼ / 13ᴼ
4.12
84%
1014
weather icon

Загреб

16ᴼ / 12ᴼ
0.51
71%
1016
weather icon

Софија

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
87%
1016
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
0.82
89%
1014
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 10ᴼ
2.06
92%
1016
weather icon

Атина

17ᴼ / 13ᴼ
1.54
73%
1012
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
2.06
87%
1013
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
94%
1013
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 12ᴼ
2.57
83%
1014
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 11ᴼ
1.34
75%
1014
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
5.66
82%
1015
Currency

61.535

Currency

53.5268

Currency

71.8162

Currency

34.3766

Currency

38.9421

Currency

65.6811

Currency

7.35715

Currency

0.65988

Currency

0.38012

Currency

0.52161

Currency

1.4063

Currency

0.63136

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1051.34

Злато

111305.26

Бакар

9.55

Паладиум

29803.74

Платина

30837.68

Родиум

173614.03

Цинк

2.52