Екипа на Итната медицинска помош од Скопје заедно со пациент пред половина час заглавиле во лифт во подрумски дел од зграда на улица Христо Татарчев, 47, во Кисела Вода, Скопје, информираше Центарот за управување со кризи (ЦУК). „Во 11:22 часот на 112 во ЦУК добивме пријава за заглавена екипа на Итната медицинска помош од Скопје заедно со пациент, во лифт во подрумски дел од зграда на улица Христо Татарчев, 47, Кисела Вода, Скопје. Од страна на ...

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје отвори истрага против осуденик кој издржува казна затвор под соменение дека во мај годинава тешко повредил друг осуденик во затворот по што тој во саботата починал. „Осомничениот, осуденик на издржување казна затворот во Идризово, Скопје, на 31 мај тешко повредил друг осуденик. Физички го нападнал во затворот со тупаници и клоци, а од нанесените тешки повреди оштетениот починал на 22 јуни“, информираа ...

Инвестиција вредна 500 милиони долари влегува во Македонија. Со изградбата на најголемиот ветерен парк во Македонија и во регионот од 55 ветерници ќе се отворат 630 работни места, а 100 илјади домаќинства ќе ја користат струјата. Паркот ќе започне да се гради во втората половина од 2025 година, на територијата Штип, Карбинци и Радовиш, а производството од еден терават часови струја ќе задоволи околу 20 отсто од потребите на Македонија. Според ...

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски на стартот на жетвата оствари средба со земјоделците од Пелагонискиот регион во општина Новаци. Денес сум во посета на Пелагониско, поточно во општина Новаци, срцето на житницата во Република Македонија, на разговор со земјоделците околу почетокот и текот на откупот на лебното жито, денеска ќе разговараме за сите отворени ситуации коишто се на прагот на жетвата, изјави ...

Кандидатот за претседател на СДСМ, Јован Деспотовски се јави со видео од болница. Тој кажа дека имал операција на слепото црево и дека поминала како што треба, а веќе од утре продолжува со теренската динамика. „Имав мала криза здравствена поврзана со слепото црево, операцијата помина како што треба. Денеска сме оперативни, и во 19 часот продолжуваме со лајв чет, за сите предлози и коментари кои ќе ги имаме, и од утре продолжуваме со исто темпо ...

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска оствари работен брифинг со началникот на Генералштабот на Армијата, генерал Васко Ѓурчиновски. Ѓурчиновски го информирал министерот за тековните активности, планови и приоритети кои се однесуваат Армијата. -Разговаравме за следните чекори во поглед на модернизацијата на Армијата, опременоста и стандардот на припадниците кои го даваат својот максимум во заштитата на националната, регионалната и ...

Mинистерот за здравство, Арбен Таравари потпиша разрешување на осум економски директори на клиники во Скопје, кои беа вршители на должност. Меѓу нив е директорката на Токсикологија, Бесија Иљази, која предизвика контроверзи со својата работа. Разрешени се економските директори на Клиниката за неврологија, Ендокринологија, Максилофацијална, Дерматологија, Ревматологија, Физикална медицина, Токсикологија, Стоматолошката и Психијатриската клиника. ...

Собранието денеска го даде на натамошна постапка предлогот за измени на Законот за енергетика, чија целе е намалување на цената на струјата од 1 јули. За законот ќе расправа матичната Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика која ќе заседава во 17: 30 часот, а потоа и Законодавно правната комисија. Потпретседателката на Собранието Весна Бендевска рече дека продолжението на осмата собраниска седница на која треба да биде донесен ...

Џулијан Асанж, основачот на „Викиликс“, го напушти затворот во Велика Британија откако се согласи на договор за признавање вина со САД. Тој сега е упатен кон американскиот пацифички остров Саипан, на Маријанските острови, каде се очекува да се изјасни за виновен по една точка како дел од договорот за признавање вина во среда. Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж најверојатно ќе склучи договор со американските власти, објавија повеќе медиуми кои ...

Во првиот ден по формирањето на Владата, премиерот Мицкоски и министрите остварија средба со претседателката Гордана Сиљановска Давкова. За ова на социјалните мрежи информираше претседателот на Владата: “Традиционална средба со Претседателката на државата на првиот работен ден од новата Влада. Да соработуваме за доброто на Македонија и користа на сите граѓани” напиша Мицкоски. https://www.facebook.com/share/p/3sUP51NjXy5bP3Ut/?mibextid=oFDknk ...

Новата Влада, предводена од премиерот Христијан Мицкоски, ќе биде силно фокусирана на евроинтеграциите на земјата, изјави денеска новиот министер за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија, Тимчо Муцунски, јави дописникот на МИА од Белград. Ќе бидеме силно фокусирани на спроведувањето на реформите, рече Муцунски по пристигнувањето на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ и претставници на ...

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, кој првиот ден како премиер го почна од Штип, најави дека инвестицијата за ветерниот парк која официјално ќе биде објавена утре, ќе донесе 100 милиони евра поголем приход во БДП. Како што истакна Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања, вакви проекти ќе има уште во периодот што следува. Македонскиот ветер ќе донесе дополнителни 100 милиони евра годишно во БДП. Проектот ќе го објавиме утре, заедно ...

Новиот министер за здравство, Арбен Таравари веќе информираше дека дал наредба за разрешување на економските директори на кои им завршува мандатот. Веќе е дадена наредба што побрзо да се спроведе во Собранието измената на законот за укинување на функцијата економски директор на клиниките. Како што информира Таравари, денеска ќе бидат разрешени 7-8 в.д. директори од вкупно 14. Денес се разрешуваат одреден број на економски директори на кои што ...

Од јули во Грција може да се работи шест, наместо седум дена во неделата. Грчката влада им дава можност на работодавците да воведат шестдневна работна недела, ако сакаат. Притоа, работникот нема право да одбие да работи подолго, а за ден плус, ќе треба да добие додаток во висина од 40 отсто од дневницата. Законот кој во Грција се води под број 5053/2023 требаше да стапи на сила на 1 март годинава, но поради калкулациите во врска со изборите за ...

По барањето на Државниот санитарен и здравствен инспекорат, денеска министерот за здравство Арбен Таравари во изјава за медиумите рече дека ваква комисија ќе се формира. „Мора да направиме штом Испекторатот така мисли. Денес добив краток брифинг и за тоа. Ќе направиме комисија и веднаш да излезат и да констатираат што се случило“, изјави Таравари кој по преземањето на функцијата ги посети хируршките клиники во Скопје. Државниот санитарен и ...

Околу 23 илјади членови на СДСМ се пријавиле за учество на внатрепартиските избори за нов лидер закажани на 30-ти јуни, заклучно со рокот за активна регистрација што истече синоќа на полноќ, дознава „Фокус“ од високи партиски извори. Тоа е драстично помалку во споредба со претходните избори за партиски лидер по пат на непосредно гласање од страна на членството, со оглед дека при изборот на Зоран Заев како единствен кандидат во 2021 година беа ...

Во Министерството за локална самоуправа денеска е направено формално примопредавање на должноста министер за локална самоуправа. По изборот во Собранието, новиот министер за локална самоуправа Златко Перински во кабинетот беше пречекан од досегашниот министер, Ристо Пенов. На средбата се разговараше за реализацијата на тековните проекти на Министерството за локална самоуправа, за имплементацијата на политиките за локален и регионален развој, за ...

Со примопредавање на мандатот од техничкиот премиер Талат Џафери новиот претседател на Владата Христијан Мицкоски официјално го стартуваше својот премиерски мандат на Илинденска 2. Собранието по дводневна расправа со 77 гласа „за“ и 22 гласа „против“ ја избра новата Влада. Владината коалиција ја сочинуваат ВМРО-ДПМНЕ, партиите од Коалицијата Вреди и ЗНАМ. Македонија доби нова Влада, нов премиер е Христијан Мицкоски Пртив Владата гласаа ...

Државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе иницира формирање на комисија со цел да се утврди дали имало пропусти во начинот на лекување на родилката и новороденчето од Ресен кое почина 30 часа од породувањето. Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат информираат дека на 20 јуни е извршен вонреден инспекциски надзор во битолската Болница и на Клиниката за детски болести во Скопје, како и во приватната здравствена установа „Д-р Тони“ ...

Новоизбраниот министер за одбрана Владо Мисајловски ја презеде функцијата од заменик-министерот за одбрана Тирон Јајага. Владо Мисајловски е роден на 21.01.1985, Скопје, Македонија. Тој дипломирал на Факултетот за општествени науки, Скопје, Македонија каде се здобил со звање дипломиран политиколог за меѓународна политика и дипломатија, а магистрирал на областа Европска меѓународна политика и дипломатија на истиот факултет. Од компјутерски ...

Собранието вечерва со 77 гласа „за“ и 22 гласа „против“ ја избра новата Влада чиј претседател е Христијан Мицкоски. Владината коалиција ја сочинуваат ВМРО-ДПМНЕ, партиите од коалицијата Вреди и ЗНАМ. Против Владата гласаа пратениците од СДСМ и Левица, а Европскит фронт ја напушти седницата кратко пред нејзиното завршување. Во новата влада има вкупно 20 министерства, а Владата брои 24 члена. Покрај премиерот, има уште 23 вицепремиери и министри, ...

Големо невреме го зафати попладнево Тетово. Командирот на Противпожарната служба од ЕВН бара во целиот град да биде исклучена струјата бидејки според него ризикот од струен удар по граѓаните и пожарникарите е многу висок поради тоа што се поплавени голем број на подруми, информираа од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Во 16:30 часот територијата на Тетово ја зафати невреме проследено со дожд, грмотевици и силен ветер во траење од околу 40 ...

Како што беше закажана, точно во 11 часот почна вториот ден од расправата во Собранието за програмата и за кадровските решенија за новата влада предложени од мандатарот Христијан Мицкоски. Пратеничката од редовите на сегашната опозиција СДСМ, Сања Лукаревска од собраниската говорница ги укори ВМРО-ДПМНЕ дека за само неколку денови погазиле многу од своите ветувања. Констатацијата на Лукаревска предизвика многу реплики и контрареплики од ...

Пратеникот Фатмир Битиќи, кој неколку години претходно беше и вицепремиер за економски прашања во владата на СДСМ-ДУИ, во интервју за РСЕ вели дека секојдневно размислувал да се кандидира за нов лидер на социјалдемократите, но, смета дека на партијата не и треба дополнителна поделба и групирање. Неговиот став е дека кампањата за иден претседател на СДСМ не се одвива на најдобар начин. Сметам дека изборната кампања за претседател не се одвива на ...

Комисијата за здравство на ВМРО-ДМПНЕ преку објава на Фејсбук предпреди дека подолг период укажува на неправилностите во работењето на Фондот за здравство и на Министерството за здравство и на нивната негрижа граѓаните да добиваат еднакво достапни и опфатни здравствени услуги и лекови, како и на континуираната негрижа за самите институции, вработувајќи или ангажирајќи во нив некомпетентен кадар на сметка на стручен кадар кој недостасува во ...

Изминатото деноноќие на Единствениот број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК) регистрирани се 12 пожари на отворено, од кои четири се уште се активни. Активни се пожарите во Општина Градско, меѓу селата Виничани и Свеќани, каде гори нискостеблеста шума и сува трева, во село Цер, Општина Кичево, каде гори нискостеблеста деградирана шума, сува трева и смрека, Општина Ново Село, во месноста „Хаџиица“, на границата со ...

Мандатарот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вели дека сите функционери ги очекува пеколно темпо и сите ќе бидат под мониторинг затоа што се работи за нашиот образ. Мицкоски најавува дека нема да толерира неморал. ,,Работата на сите предложени кандидати за јавни функции ќе биде предмет на постојана ревизија и евалуација и ќе има место само за тие со јасна волја, кои се посветени на државата и народот и кон исполнување на програмата, и ...

Топлото и спарно време продолжува и понатаму. Според најавите на Управата за хидрометеоролошки работи, и денеска се очекува да биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Сепак, како што беше најавено деновиве, денеска, во попладневните часови се очекува да има локална појава на пороен дожд и грмежи. Од УХМР велат дека има услови и за појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град. Сепак, УВ зрачењето останува ...

Вистинска парада на гордоста” по трет па се одржа вечерва низ Широк Сокак во Битола, почнувајќи од плоштадот “Магнолија“, каде во 20 часот се собраа битолчани. Пред битолчани на “Магнолија“ се обрати Игор Петковски, кој рече:-Браќа и сестри, ова е “Вистинска парада на гордоста” која по трет пат се организира во Битола, а со која може да се зачуваат традиционалните вредности, дом, семејство, брак, деца, мајка и татко… “Вистинската парада на ...

Сè уште сме тука, сè уште постоиме и сè уште работиме на унапредување на нашите права. Со дискусија на темата за човекови права и со слоганот „Непослушни“, годинава се оддржа петтата по ред парада во Скопје. Организаторите рекоа дека парадата е успешна и реална приказна веќе неколку години по ред и се надеваат дека како и претходните пати да нема инциденти. Од 2019 година, па досега откако се одржува парадата, регистрирани се само два ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
93%
1016
weather icon

Белград

14ᴼ / 13ᴼ
4.12
84%
1014
weather icon

Загреб

16ᴼ / 12ᴼ
0.51
71%
1016
weather icon

Софија

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
87%
1016
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
0.82
89%
1014
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 10ᴼ
2.06
92%
1016
weather icon

Атина

17ᴼ / 13ᴼ
1.54
73%
1012
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
2.06
87%
1013
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
94%
1013
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 12ᴼ
2.57
83%
1014
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 11ᴼ
1.34
75%
1014
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
5.66
82%
1015
Currency

61.535

Currency

53.5268

Currency

71.8162

Currency

34.3766

Currency

38.9421

Currency

65.6811

Currency

7.35715

Currency

0.65988

Currency

0.38012

Currency

0.52161

Currency

1.4063

Currency

0.63136

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1051.34

Злато

111305.26

Бакар

9.55

Паладиум

29803.74

Платина

30837.68

Родиум

173614.03

Цинк

2.52