
Скопје
23ᴼ /
23ᴼ



Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, денеска информираше дека работна група од ЗЕЛС веќе работи на изготување на закон за комунална полиција во соработка со Министерството за внатрешни работи. Во изјава за медиуми по денешниот координативен состанок со скопските градоначалници, Ѓорѓиевски рече дека во наредниот период и јавноста ќе треба да се запознае со тој закон. – Размислуваме за закон за комунална ...
По спроведената постапка, а пред поднесување на обвинителен предлог, предметниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција склучи Предлог – спогодба со осомничениот И.М. за кој постоеше основано сомнение дека сторил кривично дело Примање награда за противзаконито влијание од чл. 359 ст.3 в.в. со ст.2 од Кривичниот законик за кое е пропишана затворска казна од 1 до 5 години. Претходно, со ...
Во годишниот извештај за Индексот на активна транспарентност за 2024 година, министерството за внатрешни работи бележи голем напредок од 87.5% за 2023 година на 95.7% за 2024 година. МВР е рангирано во најдобрата група со скок од седум места, во рангирањето на министерствата според активната транспарентност. -Нашата цел како Влада и министерство е да ја унапредуваме полицијата во отворена, отчетна и транспарентна институција пред Вас граѓаните. ...
ИТНО ОДЗЕМАЊЕ НА ИНГЕРЕНЦИИТЕ НА ДАНЕЛА АРСОВСКА! Денес, на моја иницијатива остварив координација со скопските градоначалници каде ги евидентираме проблемите и предизвиците со кои се соочувавме и заеднички бараме решенија, напиша на Фејсбук градоначалникот на Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски. Денешната координативна средба ја иницирав токму заради вакви бројни наталожени проблеми со кои се соочува главниот град и она што како ...
Системот за управување со кризи ќе се реформира, одлучи Владата, а тоа ќе се направи преку спојување на Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи. Нешто, кое, според Владата, ќе придонесе кон поефикасен кризен менаџмент во иднина. Во меѓувреме, пожарите не стивнуваат, а температурите и натаму се екстремно високи. Премиерот Христијан Мицкоски вчера информираше дека на седница на Владата е донесена одлука за спојување ...
„Не сум се откажал, нити ќе се откажам се додека правосудството кај граѓаните ужива доверба од 2 проценти, се ќе направам, буквално се ќе направам што е во моја моќ да тие 2 проценти бидат барем во една година 12. Се ќе направам. Но тоа што е наш одговор во тој документ којшто вие го кажувате е одговор врз основа на важечките закони и Устав. Ние како Влада не можеме да излеземе надвор од важечкото законодавство и Устав“, изјави претседателот на ...
Во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје денеска се одржа промоција на офицери и подофицери, но и промоција на 24. класа на питомци во чин потпоручник, слушателите на Курсот за офицери на служби во почетен офицерски чин и слушателите на основниот курс за подофицери во чин водник. Министерот за одбрана Владо Мисајловски во своето обраќање истакна дека имаат шанса придонесуваат и да соработуваат. Посочи дека, како министер, се ...
Премиерот Христијан Мицкоски се обрати пред членовите на македонската Влада по повод 23 години од склучувањето на Рамковниот договор. -Треба да се биде реален и да се каже дека донесувањето на овој договор во тоа време никоја од страните потписнички не ги направи до крај среќни и задоволни, но сепак Рамковниот договор го донесе тоа што во тој момент беше најпотребно и најбарано, а тоа е мирот. Од овој аспект мора да се разбере дека ова е ...
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, вчеравечер се обрати на младинската дискусија „Nextgen перспективи: Младинска (Ре)акција!“, што по повод 12 август, Меѓународниот ден на младите, се одржа во Вила Билјана во Охрид. Темата на настанот, во коорганизација на Националниот младински совет на Македонија и Кабинетот на претседателот, а со поддршка на Британската амбасада во Скопје, беа младинските перспективи и визиите на младите за лидер и ...
Со одделни настани на власта и на албанската опозиција денеска во Скопје ќе бидат одбележани 23 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор со кој беше ставен крај на неколкумесечниот конфликт во земјава во 2001 година. Со одделни настани на власта и на албанската опозиција денеска во Скопје ќе бидат одбележани 23 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор со кој беше ставен крај на неколкумесечниот конфликт во земјава во ...
17-годишно момче вчера загина во тешката сообраќајна несреќа што се случи во близина на скопското село Блаце во судир на два автомобили и автобус на ЈСП. Возачот на еден автомобил избегал од местото на несреќата. Несреќата се случила на крстосницата на патот Шуто Оризари – Горно Оризари со сервисна улица која го поврзува патот со ул.Александар Урдаревски. Како што информираат од МВР, се судриле автобус на ЈСП, управуван од Г.М.(51) од Скопје, ...
Собранието денеска го усвои Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2024 година. Со Ребалансот вкупните приходи се планирани на ниво од 318,2 милијарди денари или повисоко за 2,6%, односно за околу 8 милијарди денари повеќе во однос на иницијалните проекции со планот за 2024 година. Вкупните расходи се планирани на ниво од 362,8 милијарди денари или повисоко за 5,6%, односно за околу 19,2 милијарди денари повеќе во однос на иницијалните проекции со ...
Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2024 година, којшто од денеска е на дневен ред на пленарна седница во Собранието, значи обезбедување ликвидност за сервисирање на сите обврски до крајот на годината. Средства, како што рече министерката за финансии во експозето по Предлогот, за зголемени пензии за пензионерите, за исплата на стекнатите права на работниците и раст на платите, за исплата на доспеаните обврски кон стопанството, истовремено ...
Се работи на проширување на програмата „Мој термин“ или евентуално нова дигитализација. Ова го изјави министерот за здравство Арбен Таравари денеска. „Ќе видиме која ќе биде дефинитивната одлука. На Македонија дефинитивно и требаат сите здравствени установи да бидат во еден ист систем. Значи, приватни и јавни здравствени установи, меѓутоа фармации и сите други институции што се поврзани со здравството. Тука мислам и на ФЗОМ, така што ќе видиме, ...
Министерот за здравство Арбен Таравари заедно со директорката на Универзитетскиот институт за радиологија, доктор Соња Николова, денеска ги посетија реновираните простории на Институтот во рамки на Хируршките клиники. Инвестицијата на Институтот опфаќа реновирани простории, осовременување на условите за работа на кадарот, како и за третман на пациентите. Реновирањето опфаќа обнова на подови, нови врати, прозори. Како што беше истакнато, станува ...
Во пожарот што вчера повторно избувна во Пехчевско изгоре единственото возило на ДПД Пехчево. Пожарникарите се добро, објави заменик директорот на ЈП Национални шуми Кире Михаилов. – За жал ни се случи голема катастрофа. Зафатено од пламените јазици ни изгоре единственото противпожарно возило на ДПД – Пехчево, за среќа колегите пожарникари се здрави и живи, се вели во објавата на социјалните мрежи. Михаилов, објави и видео на кое се гледа ...
Со големо шоу и свечена церемонија вчера беа затворени Олимписките игри во Париз. https://x.com/olympics/status/1822702064876523812?s=46 Симболично знамето на Олимписките игри беше предадено на градочалничката на Лос Анџелес, градот кој ќе биде домаќин на игрите за четири години. Лос Анџелес така по трет пат во својата историја ќе ги пречека најдобрите спортисти во светот. https://x.com/saraho_connell/status/1822751572322857018?s=46 Една од ...
Синоќа беше спуштена завесата на Олимписките игри во Париз, Американците и овојпат се најтрофејната нација, но Кина беше рамо до рамо со нив кога се во прашање златните медали. САД и Кина освоија по 40 златни медали, но Американците имаа и 44 сребра и 42 бронзи, за разлика од Кинезите кои 27 пати стоеа на второто место на пиедесталот и 24 пати беа трети. Овие две нации беа далеку пред другите, третопласираната Јапонија имаше двојно помалку ...
Владата на барање на Министерството за здравство донесе препораки за новиот топлотен бран што се очекува да ја зафати државата во следните три дена по информациите добиени од Институтот за jавно здравје и метео-алармот на Управата за хидрометеоролошки работи. Во препораките за намалување на ризиците од високите температури што ги усвои Владата на вчерашната седница се предвидува ослободување од работните обврски на најранливите групи население, ...
Од утре до среда, територијата на цела држава ќе биде зафатена со високи температури од портокалово ниво на опасност од високи температури и согласно Акцискиот план на Министерството за здравство за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението, се преземат акции предвидени за фаза 2 – „Портокалово ниво“ на топлотни бранови, информираат од Министерството за здравство. По тој повод, Владата ги усвои препораките на ...
За овие три дена, од 12.08.2024 до 14.08.2024 година (понеделник, вторник и среда) важат истите дополнителни мерки за превенција, и тоа: 1. Oслободување од работни обврски за најралнивите групи на населениението: бремените жени и лица на возраст над 60 години. Во истиот период, работодавачите да ги реорганизираат работните активности на градежните работници и на работниците кои работат на отворено, со тоа што ќе се избегне вршење градежни и ...
Владата ја оддржа 11-та седница на која донесе кадровски одлуки. 1. Афрона Верзиволи се разреши од должноста вршител на должноста главен резизор на Резизорско тело за ревизија на инструментот за претпристапна помош. Афрона Вервизоли ќе биде разрешена, ќе има одговорност и за злоупотребите на ИПА фондовите, велат од Владата 2. Aрбен Рамадани се именува за в.д. главен ревизор на Резизорско тело за ревизија на инструментот за претпристапна помош. ...
Полицијата уапси скопски рекетар кој од лице што го пријавило сакал како посредник да изнуди непостоечки долг од 16.500 евра, објави МВР. „На 10.08.2024 година од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – СОНК во содејство со Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција од слобода е лишен Д.М.(39) од Скопје поради основано сомнение дека извршил кривично дело по член 258 од Кривичниот законик – ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против три лица – татко и неговите два сина, за кои постои сомнение дека заедно сториле кривично дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик. Тројцата соизвршители, со намера да предизвикаат општа опасност за животот и телото на луѓето или за имот од големи размери, на 9 август предизвикале пожар, полевајќи со запалива течност шумско ...
Раководството во заминување на ЕСМ и РЕК Битола во период од еден месец распиша десетина тендери, кои очигледно смрдат на криминал и корупција. И за истите одговорност ќе има, истакна на денешната прес-конференција пратеникот Бојан Стојаноски. За да се воочи што правело раководството на ЕСМ треба првин да го погледнеме договорот кој што претпријатието преку РЕК Битола го склучило со Марковски компани на 08.05.2023 година, за ремонтни активности ...
Жално е да се гледа како едно криминализирано раководство ја влече ДУИ во амбис. За прво место во категоријата „најсмешни моменти“ може да конкурира барањето на ДУИ за меѓународен ветинг, коментираат од „ВРЕДИ“. Постои ли покредибилен меѓународен ветинг за некој политичар од црната листа на САД? Да го имаш еден Рамиз Мерко во своите редови, главен политички емисар да ти е Мендух Тачи и да зборуваш за меѓународен ветинг е дрско потценување на ...
Македонија оди напред, во јули собрани рекорден број приходи од Управата за јавни приходи и Церинската управа, парите што се краделе од СДС и ДУИ сега завршуваат во буџетот, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Царинската управа во месец јули наплатила речеси 12 милијарди денари приходи, а УЈП над 13.4 милијарди. Наплатата и од УЈП и од Царина е рекордна. Парите кои до сега се краделе, сега наместо во приватни џебови завршуваат во ...
Србите имаат кошаркашка бронза на Олимписките игри во Париз, а ние имаме златна песна за прослава на спортски успеси. Ечеше „Македонско девојче“ во центарот на Париз од грлата на српските кошаркари. Никола Јокиќ и дружината прославуваа во едно кафуле во Париз, каде што изнајмиле и пејач на народни песни да ги забавува. Во еден момент, селекторот Пешиќ го зеде микрофонот, ја прекина парадата на српски хитови и ја запеа „Македонско девојче“. ...
Во спомен на загинатите бранители во 2001 година кај месноста Љуботенски бачила, делегација од Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата предводена од началникот, генерал потполковник Васко Ѓурчиновски и државниот секретар Елизабета Чуповска Ристова денеска положија венци со свежо цвеќе пред спомен-обележјата на загинатите бранители во село Волково, село Љубанци и пред спомен-плоча во касарната „Илинден“. Во спомен на загинатите ...
Ја стабилизираме државата за да почнеме да ја развиваме како што граѓаните тоа го заслужуваат, вели премиерот Христијан Мицкоски. „Има разлика. Кога ќе се затворат сите дупки каде што претходно се крадел народот со години, кога институциите ќе функционираат и кога криминалот ќе стане неисплатлив тогаш приходите во буџетот ќе пораснат. Директорот Boban Nikolovski – Бобан Николовски ме извести дека Месец јули, Царинската управа бележи рекорд и ...