
Скопје
21ᴼ /
21ᴼ



Назначената Афрона Вервизоли утре ќе биде разрешена од местото ревизор на ИПА фодновите, брифираат од Владата. Воедно, велат од Владата, потребно е вниманието да се насочи кон отворените злоупотреби на парите од ЕУ и фондовите кои беа присутни во изминатиов период, а за кои постои и пишан траг и нотификација од Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) кои поради таквото работење побаруваат од државата исплата на неколку милиони ...
Бразилските власти се обидуваат да утврдат што точно ја предизвикало авионската несреќа во државата Сао Паоло каде загинаа сите 61 лице во авионот. Авионот Воепас, двомоторен АТР 72, вчера летал кон меѓународниот аеродром во Сао Паоло со 57 патници и четворица членови на екипажот кога се урна во градот Вињедо. Сликите снимени од очевидци покажаа дека авионот вртоглаво паѓа пред да удри во земјата во станбена зона на градот, при што се запалил ...
Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски заврши на 69-тото место на маратонската трка на Олимписките игри во Париз 2024. Во пеколно тешка трка победи Тамират Тола од Етиопија и тоа со олимписки рекорд. Ивановски го комплетираше маратонот со време од 2 часа, 28 минути и 15 секунди. Зад него финишираа само уште двајца маратонци, но десетмина не го завршија маратонот. Ивановски пред утрешниот настап: Подготвен сум за предизвикот, сакам цела ...
Вечерва со почеток во 21:00 часот во црквата Св. Софија во Охрид, во рамките на 64-то издание на манифестацијата Охридско Лето, ќе можете да уживате во швајцарска вечер со настап на Алексеј Ботвинов- пијано, Себастиан Борен-виолина и Патрик Деменга -виолончело. Програма: В. А. Моцарт: Соната за виолина и пијано е-moll K. 304 Allegro Tempo di menuetto Ј. Брамс: Соната за виолончело и пијано бр. 1 во e-moll оп. 38 Allegro non troppo ...
Денеска (09.08.2024) околу 13 часот од страна на полициски службеници од ЕВР Кисела Вода при СВР Скопје, на место викано „Дупки“ во с.Патишка река, скопско, биле лишени од слобода С.А. (59), А.А. (31) и И.А. (25) од Скопје поради основано сомнение дека предизвикале пожар. Лицата се задржани во полициска станица и по документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. Во јули имало дури 620 пожари од кои повеќето предизвикани од ...
Министерството за внатрешни работи најостро го осудува оштетувањето на спомен плочата кај Карпалак поставена во спомен на загинатите припадници на безбедносните сили во 2001 година. -Ја известуваме јавноста дека се преземаат сите потребни мерки и активности за расчистување на случајот и најстрого санкционирање на сторителот. Денеска (09.08.2024) во 11:05 часот во СВР Тетово е пријавено дека е оштетена спомен плочата поставена кај Карпалак. По ...
На повеќе локации во Скопје денеска ќе бидат одбележани 23 години од загинувањето на осуммината припадници на резервниот состав на Армијата, кај месноста Љуботенски Бачила. Делегација од Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата предводени од началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски ќе положат венци со цвеќе на спомен обележје на паднатиот бранител Томислав Настевски во Општина Ѓорче Петров, а потоа и на ...
Тешка провокација на Карпалак. Искршена спомен плочата со имињата на загинатите бранители. Реакции со осуда стигна и од Министерството за одбрана и од бранителите. Полицијата се уште трага по сторителот или сторителите. Искршена спомен плочата со имињата на загинатите бранители, уништени венци и свеќи кои беа запалени на помен за душите на загинатите фрлени во нива. Ова е сликата на Карпалак еден ден откако беше одбележана годишнината на ...
Осомничениот зел кујнски нож од масата и му нанел убодна рана во предел на абдоменот, по што оштетениот му го одзел ножот, избегал на улицата и со возило на лица кои ги сретнал на улицата веднаш бил пренесен во болница. Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 32-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Убиство според член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) ...
Утре ќе настапи и последниот македонски натпреварувач на Олимписките игри во Париз, атлетичарот Дарио Ивановски ќе трча на маратонската трка. Ивановски вели дека е максимално подготвен и очекува да заврши меѓу првата половина на натпреварувачи на трката. Сиљановска Давкова на средба со македонскиот атлетичар Дарио Ивановски „Целиот живот се подготвувам за овој настап. Овие три недели одлично ја темпирам формата. Мојата форма се зголеми и ...
Повредениот и истоштен царски орел кој што пожарникарите од Доброволното противпожарно друштво од Кочани го спасија и го однесоа во Зоолошката градина во Скопје заради негово згрижување и ветеринарен третман, вчера угинал. Информацијата ја потврдија од доброволното друштво од каде велат дека од ЗОО Скопје веднаш биле известени и дека за причината нема да зборуваат додека не се изготват комплетните обдукцијски наоди. За жал хуманата мисија на ...
Сценариото на ДУИ е прочитано, со протестите сакаат да ги бранат функционерите кои треба да одговараат за криминал, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. ДУИ знае дека треба да дада одговори за сите матни тендери, за лотарија, за подизведувачите на патиштата, за Соравија, за отпишаниот долг на синот на Муса Џафери. ДУИ се свесни дека ќе има одговорност, а протестите и обидите за дестабилизација им се подлога да можат да вадат членови на ...
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во Вила Билјана во Охрид ги прими македонските претставници на 56. Меѓународна олимпијада по хемија. Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во Вила Билјана во Охрид ги прими македонските претставници на 56. Меѓународна олимпијада по хемија, што од 21 до 30 јули се одржа во Саудиска Арабија и на која освоија еден сребрен и еден бронзен медал. Во конкуренција на 327 ученици од 84 држави од целиот ...
Ќе се повтори ли Токио каде Дејан Георгиевски освои сребрен медал и во Париз е прашањето што се поставува откако македонската олимпијка Милијана Релиќ оствари фантастична победа против двократна олимписка шампионка. Таеквондистката Рељиќ на неочекувано добар начин ги почна настапите на Олимписките игри во Париз во категоријата до 57 килограми. Иако по ждребот со силниот противник таа беше речиси потпишана Релјиќ со одлука на судиите (2-1) успеа ...
Согласно тоа како се движи бруто-домашниот производ (БДП) и согласно колективниот договор, наставниците во март идната година ќе добијат околу 12 проценти покачување на платата, изјави денеска министерката за образование Весна Јаневска. Одговарајќи на новинарски прашања за време на увидот на спортска сала во Булачани, Јаневска рече дека имала две конструктивни средби со СОНК, како и со група наставници. -Со СОНК остварив две средби. Можам да ...
Концертите на Тејлор Свифт во Виена се откажани откако полицијата спречила осуетен терористички заговор поврзан со Исламска држава. Свифт требаше да одржи 3 концерти во Австрија како дел од европската етапа на нејзината светска турнеја. Турнејата на поп-ѕвездата Тејлор Свифт во Виена е откажана откако беше откриен планот за напад на арената каде што требаше да се одржат концертите. Полицијата уапси две лица – на возраст од 17 и 19 години – ...
„Поминаа три дена и се уште нема барање од политичките партии и моноетничката влада до меѓународната заедница за меѓународно мониторира ветинг. Стравот од целосен ветинг не се покрива со небулозни соопштенија. Јасно е дека секое доцнење во овој процес само ќе ги засили сомнежите на граѓаните за вистинската посветеност конборбата против корупцијата. Бараме веднаш да започне меѓународно мониториран ветинг за секој политичар во последните триесет ...
Заедничка делегација од Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата предводена од началникот, генерал потполковник Васко Ѓурчиновски и државниот секретар Елизабета Чуповска Ристова денеска положија венец со свежо цвеќе на спомен плочата на бранителите кај месноста Карпалак. Десетмината прилепски бранители, Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби ...
Според податоците на Центарот за управување со кризи (ЦУК) денеска имало повеќе од 35 активни пожари од кои најголем дел се угаснати. Во последните 24 часа избија уште три тешки пожари, еден кај Дебар и два се кај Кичево. Пожарот во атарот на селото Негорци, гевгелиско кој вчера беше ставен под контрола денеска пак се разгоре. Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов се сомнева дека нјголем дел од пожарите се подметнати. “Иако истиот ден кога ...
ДУИ во моментот е во заложништво на мала група бандити во врвот, а Ахмети од национален лидер на Албанците во Македонија прераснува во најголем заштитник на криминалот во Македонија. Визионерските политики на ДУИ се јасни како бел ден дури и на милионерите, внуци на Ахмети – ограби ја и уништи ја државата и нејзините институции, па криј се зад лажниот патриотизам, се вели во реакциите на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашните настапи на високи претставници ...
Во истрагата за фалсификуваните монети од две евра кои се правеле во Скопје, а се носеле на Косово, вклучена е и внатрешната контрола на МВР која испитува дали и други лица од македонската полицијата се дел од оваа криминална мрежа. Пред пет дена во заедничка акција македонската и косовската полиција на територијата на Косово го уапси Шкелзим Демири од Ресен, полициски службеник и возач на Ветон Кранли, поранешен началник на одел за сузбивање ...
23 години од масакрот кај Карпалак во кој десетмина прилепчани од резервниот состав на АРМ, ги загубија животите Во предвечерието на еден од најтраорните и најкрвави настани од поновата македонска историја – масакрот кај Карпалак на 8 август 2001-та, градот на простумот и непокорот, Прилеп, а кој на тој кобен ден загуби дури 10 свои синови, достоинствено се подготвува за да им оддаде достојна почит на овие македонски херои. Чествувањата по ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија денеска оствари средба со претставници на Стопанската комора на Македонија – Турција (МАТТО), односно со претседателот на Комората, Aјдован Адемоски, заменик-претседателот Марија Томеска и заменик-претседателот Есер Џевахир. Како што известуваат од Министерството, на средбата била потврдена одличната соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Турција во делот на бизнисот и ...
Врховниот судија Наке Георгиев, кој е во притвор поради мито од 10.000 евра, и се сомничи дека поседувал во предмет поврзан со поранешниот градоначалник Боро Стојчев, имал барање од затворот. Директорот на „Шутка“ Бобан Утковски во емисија на ТВ Алфа кажал дека пристигнало барање од Георгиев. Георгиев наводно се пожалил дека не се читале предметите од страна на неговите колеги, туку по автоматизам се продолжувал притворот. „Препорака од него е ...
Во моментов од Казнено-поправната установа Затвор Струмица во бегство се 23 затвореници, информира новоименуваниот в.д. директорот на затворот Зоран Ристов. Во видео обраќање за затекнати состојби во КПУ Затвор Струмица, Ристов вели дека ова е резултат на неодговорното работење на претходни раководства. „Во изминатиов период во пракса било преку телефонски повик да се даде погодност на затвореник со зборовите ‘Јас стојам зад тоа’. Ваквите ...
Владата вчера ја оддржа својата редовна работна седница со која раководеше премиерот Христијан Мицкоски. Иако е период на одмори премиерот Мицкоски и повеќето од министрите беа присутни и се носеа одлуки. На прашањето: „Каде ова лето на одмор?“, информациите се дека Владата нема да оди на колективен одмор, туку министрите ќе користат парцијално годишен одмор. Премиерот Мицкоски ова лето поголемиот дел останува работно ангажиран, и само кус ...
СДС и ДУИ Пред да зборуваат за меѓународен ветинг, треба да имаат домашна одговорност за сторениот криминал. Од опозиција се загрижени, од власт недопирливи – вака некако ја замислуваат политиката СДС и ДУИ кои ја ограбија државата и 7 години не помислуваа на народот додека се богатеа, вели Марија Митева, портпарол, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. -Али Ахмети денес повикува на меѓународен ветинг затоа што мисли дека така ќе се заштити себе ...
По извршените проверки, преглед во службениот материјал и увид во видео снимките од радар за ден 06.05.2024, констатирано е дека двајца полициски службеници, постапувајќи по наредба за мерење на брзината на движење на возила со радар на автопатот Скопје-Велес, констатирале сообраќаен прекршок, односно измериле брзина на движење на моторно возило „порше“ од 272 километри на час, на место каде движењето било ограничено на 120 километри на час со ...
Трошоците на животот во јули годинава, во однос на јули лани, бележат зголемување за 3.0 %, а цените на мало за 3.9 %, соопшти Државниот завод за статистика. Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во јули во однос на јуни 2024 година, изнесува 0.7 %. Цените на мало, пак, во јули во споредба со претходниот месец забележал раст од 1.5%. Зголемувањето на инфлацијата е резултат на растото на трошоците на животот во групите: ...
Пред неколку дена угинала слоницата во скопската ЗОО,која не ја извести јавноста за овој случај. Неколку дена се правеле планови како да биде изнесено умреното животно надвор од градината и каде да се закопа. Утрово, околу 08 часот започна и акцијата за „тивко“ изнесување на слоницата. Според снимките на „Скопје1“, со два багери и камион, слоницата е изнесена од зоолошката. Според информации на „Скопје1“, слоницата е однесена на депонијата ...