
Скопје
12ᴼ /
12ᴼ



Одбележуваме 25- годишнина од формирањето на Бригадата на Југоисточна Европа – SEEBRIG, еден од најзначајните проекти на Иницијативата за соработка на министрите за одбрана на Југоисточна Европа – SEDM, објави на социјалната мрежа на Фејсбук министерот за одбрана Владо Мисајловски. Градењето на довербата помеѓу земјите членки на SEEBRIG започна со почитување на воспоставените вредности и принципи, а соочувајќи се со најразлични безбедносни ...
Веќе утре после напорна двомесечна работа и отстранување на сите оние недостатоци, коишто се акумулирале во месеците наназад, ќе имаме поставување на нов камен темелник на компанија којашто доаѓа од Германија“, најави претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање. Тој информираше дека инвестицијата е отприлика 60 до 65 милиони евра, некаде околу 700 нови вработувања и дека ќе се ...
Криминалците нема да профитираат од проектот со Коридорот 8, односно изградбата на кракот до границата со Бугарија, а Владата со помош на Брисел ќе најде техничко решение, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски. – Во комуникација сме со одговорните во Брисел, подготвени сме на технички дијалог. Ја прифативме понудата да учествуваме во процесот во Брисел во кој заедно ќе најдеме техничко решение. И добро е што се изборивме да не потрошиме ...
Од оваа недела па натаму секој граѓанин што ќе поднесе барање за добивање на лични документи, тоа право ќе може да го оствари во рамки на законскиот рок од 15 дена, изјави утрово министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски по посетата на полициската станица Пролет во Скопје каде има пунктови за издавање на лични документи. Министерот упати молба до граѓаните кои немаат возачки дозволи со уставното име на државата да поднесат барање бидејќи ...
Како дел од проектот „Бистро-матно“ за редовни месечни и годишни анкети за корупција, „Транспаренси интернешнл – Македонија“, ги објави настаните кои беа актуелни во август. Како дел од „матните“ настани во месец август предничи спогодбата на врховниот судија Наќе Георгиев со Обвинителството. „Врховниот судија Наќе Георгиев се спогоди со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во врска со случајот за земање ...
Министерството за социјална политика, демографија и млади соопштува дека согласно со Законот за празниците на РM („Службен весник на РМ“, бр.21/98 и 18/07), 09 септември (понеделник) е неработен ден за сите граѓани на Македонија, поради тоа што 8 септември – Денот на независноста на Републиката е во недела, информираат од ресорното министерство. Министерството за социјална политика, демографија и млади на сите граѓани им го честита Денот на ...
Потребна е специјализирана единица од 200-300 луѓе, подготвени и опремени веднаш да реагираат и да се справат со пожари, поплави, земјотреси. Климатските промени ќе донесат уште покатастрофални пожари, предупредува Горан Стојановски раководител на секторот за операции и координација при ЦУК Невозможно е после целосно гаснење и после период со дождови, сами од себе да се појават нови пожари во речиси едни исти реони. Големи се сомнежите за ...
За околу три евра поевтино ќе биде патувањето со автомобил меѓу Солун и Атина со намалувањето на цените на пет патарини во централна Грција, што вчера го соопшти грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина. Намалувањето на цените за 17 отсто за лесните возила и пет проценти за тешките, што ќе трае 15 месеци, ќе стапи во сила на 1 октомври, а ќе важи до крајот на 2025 година, е резултат на искористување на 15,8 милиони ...
Венецијанската комисија во 2019 година даде оценка за Законот за јазиците, одобрен од Собранието во 2018 година, со кој се унапредува официјалната употреба на албанскиот јазик, но некои одредби од овој закон, како што е познато од содржината на извештајот, „ги надминуваа стандардите поставени во Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства и Европската декларација за регионални и малцински јазици“. „Законот од 2018 година ...
Доскорешниот министер за образование, Јетон Шаќири, реагира до коалицијата Влен дека дозволиле враќање во употреба на учебник за настава на албански јазик со светите браќа Кирил и Методиј, односно со верски мотиви на насловната страна. „Дали се согласувате вашето дете утре да го започне часот со оваа корица? Слугите веројатно ќе го прават тоа, но родителите кои сакаат фер образование за своите деца треба добро да размислат. Потсетуваме дека ...
Советот за оценка на обвинителен акт, постапувајќи во оценка на обвинение против Љупчо Палевски, осомничен за две кривични дела – „убиство“ и две кривични дела – „грабнување“, а поврзани со убиството на малолетната Вања Ѓорчевска од Скопје и велешанецот Панче Жежовски во ноември 2023 година, донесе решение со кое Обвинителниот акт се одобрува во целост, информираат од Основен кривичен суд Скопје. Оттаму дополнуваат дека јавноста ќе биде ...
Издавањето на патните исправи и личните документи е под контрола и издавањето е во законскиот рок од 15 дена, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, кој во ООУ „Стив Наумов“ во Скопје одговараше на новинарско прашање дали е решен проблемот издавањето на документите од страна на МВР. -Можам исто така со задоволство да кажам дека нередот којшто беше пракса за минатата влада на СДСМ и ДУИ во процесот на издавање на патните исправи и личните ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски се упати на терен заедно со полициските службеници кои ја одржуваат безбедноста на главниот град. Вчера тој ги посети пунктовите на полициските службеници кои учествуваат во рамките на оперативната акција за зголемено присуство на полицијата за безбеден град Скопје и мониторинг системот „Безбеден град“ при која за една лишени од слобода 67 лица. Оперативната акција е дел од планот за бескомпромисна ...
Сметам дека досега оваа Влада не покажа апсолутна никаква намера ние да го продолжиме европскиот пат и не гледаме ниту еден чекор во насока кон обид да се направи нешто во контекст на тоа што го ветуваа, рече во одговор на новинарско прашање претседателот на СДСМ, Венко Филипче, прашан за односите со Бугарија и изјавите на претставниците на власта дека не можат да разговараат со нив кога Бугарија нема политичка влада. Според Филипче, ВМРО-ДПМНЕ ...
До почетокот на декември владата ќе исплати К-15 на 84.000 вработени на кои работодавач им е владата, изјави премиерот Христијан Мицскоски, запрашан дали наставниците ќе добијат регрес за годишен одмор за годинава. Во ребалансот на буџетот се планирани 1 милијарда денари за таа намена. Исплатата ќе се реализира при крајот на ноември и почетокот на декември за да се опфатат што поголем број на вработени, знаете дека вработените по закон треба да ...
За 245 илјади основци и средношколци денеска почнува новата учебна 2024/25 година. Учебната година ќе трае до 10 јуни за сите ученици, со исклучок на учениците од завршните години во средно образование, кои ќе имаат настава до 16 мај. Наставата почнува со физичко присуство, а онлајн настава ќе има за учениците од неколку училишта каде не е завршена на време реконструкција или набавка на опрема, како клупи и столчиња за учениците. Во 140 ...
Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека денеска во 18:11 часот на единствениот број за итни случаи 112 е добиена пријава за тешко повреден германски државјанин, параглајдерист. Тој има отворена скршеница на едната нога и, како што наведува ЦУК, веројатна повреда на рбетот и се наоѓа на полетиштето за параглајдери пред Мечкин Камин во Крушево. Поради сериозноста на повредите од екипата на итната медицинска помош и градоначалникот на ...
Каселакис и Макбет од средата се приватно на Крит каде што со низа свечености го прославија бракот склучен во октомври минатата година во САД. Претседателот на грчката опозициска партија СИРИЗА Стефанос Каселакис и неговиот сопруг, Американецот Тајлер Макбет на свадбена прослава на островот Крит синоќа си разменија брачни завети и си ветија вечна љубов, јави дописничката на МИА од Атина. Каселакис и Макбет од средата се приватно на Крит каде ...
Претседателот Венко Филипче денес ја обвини Владата дека нема интерес да ги зголеми платите во образованието и бара оправдувања за тоа со обвинување дека нема доволно пари во буџетот. Тој рече дека ако СДСМ во време на најголемите кризи обезбедувал средства за покачување на плати, тоа може да го направи и Владата, но тоа не и е приоритет. Во интерес на просветните работници е да се зголемат платите. Ставот на премиерот и на министерката е ...
Годинава, основците и средношколците нема да имаат пролетен распуст, одлучи Министерството за образование и наука врз основа на спроведената анкета меѓу наставниците, родителите и учениците, кои во мнозинство се изјасниле дека ваков распуст не е потребен. Учебната година ќе трае од 2 септември до 10 јуни за сите ученици, со исклучок на учениците од завршните години во средно образование, кои ќе имаат настава до 16 мај. – Зимскиот одмор ...
Со почеток од 2025 година, граѓаните на Македонија ќе можат да аплицираат за патување во Европа преку новиот систем ЕТИАС (Европски систем за патничка информација и овластување). Овој систем ќе овозможи безвизно патување за кратки престои до 90 дена за туризам, бизнис, транзит и медицински посети. Европскиот комесар за внатрешни работи го потврди дека датумот на започнување на претстојниот систем за влез/излез (ЕЕС) ќе биде 10 ноември 2024 ...
Промена на годишните планови за сеча планираат од Национални шуми со цел да се намалат штетите од годишните пожари. Јавното претпријатие ќе направи замена, ќе има сеча околу опожарените подрачја со цел да се расчисти просторот и да се искористи неоштетената дрвна маса која може да се продаде по редовна цена, за сметка на порано планираите сечи кои ќе бидат пролонгорани за некоја друга година. В.Д. директорот Михаилов вели дека задача на новото ...
“Фијаско на СДС пред МОН, само 20-тина активисти на партијата дојдоа на најавениот голем партиски протест. Филипче ја нема поддршката ниту на своите членови, а не пак на народот”, вели Сергеј Попов, пратеник, претседател на УМС ВМРО-ДПМНЕ и додава: Кој го излизга Филипче со идејата за протест е нешто на кое што треба да си бара одговори самиот. Факт и реалност е дека СДС беа власт до пред 2 месеци, тие ги имаа сите можности да ги зголемат ...
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска присуствуваше на свечената Богослужба во македонската црква „Св.Климент Охридски“ во Љубљана, каде заедно со македонските иселеници го одбележа празникот Успение на Пресвета Богородица и го истакна значењето на православната вера. Министерот Андоновски, исто така зеде учество на Богородичниот собир во организација на Македонското културно друштво „Св. Кирил и Методиј“ од Крањ, ...
За прв пат по седум години, учебната година започнува со навремено испорачани учебници во сите основни училишта во државата. Обезбедени се 10тина нови наслови во основното и над 100 во средното образование кои досега не биле испечатени. Наставата нема да трае подолго од 10 јуни и нема да има пролетен распуст. Едносменска настава се воведува во 140 училишта, а како поддршка на учениците со попреченост ќе бидат ангажирани над 1000 образовни ...
Бисера Антоанета не можела да стигне секаде каде што сакала, трошела пари на авионски билети, плаќала со службена картичка, а потоа не одела на пат, парите пропаѓале. Ова не е случај само со 3000 евра платени за карти за Дубаи, тоа е случај и за две авионски карти платени за Лондон, објави денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков. „Бисера Антоанета платила две авионски карти на релација Приштина – Лондон во еден правец во висина од 44.900 ...
Пред стартот на новата учебна година, најавен е протест пред Министерството за образование и наука за повисоки плати во образованието организиран од опозициската СДСМ. Од Самостојниот синдикат за образование и наука се оградија од протестот со образложение дека нивни членови нема да учествуваат во политички протести. Со став излезе и министерката за образование и наука според која партијата што го организира протестот имала можност во ...
Центарот за македонски јазик во Грција, кој беше регистриран пред две години, се укинува, пишуваат грчките медиуми. Според нив, ова е епилогот по тужбите и приговорите кои беа поднесени веднаш откако здружението беше регистрирано од Основниот суд во Лерин. Одлуката за укинување на Центарот, според demokratia.gr, ја донел Апелацискиот суд на Западна Македонија (дел од областа Македонија во северна Грција). Со тенденциозен наратив кој провејува ...
По информациите дека Апелацискиот суд во Кожани донел одлука со која се поништува неговата регистрација, активистите најавуваат дека ќе ги искористат сите правни средства и ќе се жалат и до грчкиот Врховен суд и Судот за човекови права во Стразбур. Од Центарот во Лерин за Канал5 велат дека пресуда има, но тие се уште официјално ја немаат добиено и нема да ја коментираат се додека детално не ја прочитаат. Додаваат дека поминале долга правна ...
Има голема разлика од еден до друг затвор. Има затвори кои се од латино-американски тип, во кои само исклучително ментална силна личност би можела да издржи, изјави денеска директорот на Управата за извршување на санкции Александар Пандов во Штип, по откривањето на споменикот на Тодор Александров. Одговарајќи на новинарско прашање каква е состојбата во македонските затвори по извршениот увид во нив, Пандов изјави дека некои затвори ...