
Скопје
9ᴼ /
9ᴼ



Љупчо Дон Николовски толерирал лица блиски до власта на СДС со огромни количини земја под закуп во нивните нерегуларности и со години дозволил штета врз буџетот. Фирмата ДЗС Илинден на која и бил раскинат договорот за закуп на околу 1000 хектари земја со години земала субвенции, иако земјиштето веќе не било под нејзин закуп, обвинува Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. -Да почнеме од почеток, во 2019 година е поведен судски спор за ...
Претседателот на Бугарија Румен Радев и претседателката на Македонија Гордана Сиљановска Давкова, според најавите, ќе остварат средба во 14:30 часот по бугарско време. Средбата ќе се одржи во Кабинетот на бугарскиот претседател. Радев и Силјановска Давкова, како што е најавено, вечерва заедно ќе присуствуваат и на операта „Набуко“ од Џузепе Верди, која е во изведба на Националната опера и балет. Ова е прва средба на претседателката Гордана ...
Бујаре Абази од Коалицијата „Вреди“, денеска на прес-конференција изнесе тврдења дека фирмата „Ритрон копи ДООЕЛ“, која била тесно поврзана со пратеникот на Европскиот фронт Елми Азири, во текот на 2022 година во два наврата добила тендер за јавни набавки во Државна лотарија со вредност од околу 3 милиони денари. Артан Ајрули фигурира како сопственик на фирмата „Ритрон Копи“ ДООЕЛ увоз-извоз Куманово, кој е внук на сопругата на Елми Азири. Оваа ...
Министерството за внатрешни работи, Основното јавно обвинителство и Управата за јавни приходи започнаа акција во чии рамки, по наредба на судија на претходна постапка при Основен кривичен суд-Скопје, се вршат претреси по домови и фирми во Струмица, Гостивар и Скопје, а на распит се викнати бројни управители, адвокати и нотари. Од МВР информираа дека при претресите е обезбедена поголема документација која ќе биде предмет на дополнителна ...
БЈБ на МВР, Министерство за финансии, УЈП и Јавното обвинителство влегоа во фирмите на струмичкиот бизнисмен Крмзов. Тој се сомничи за перење пари, дупли плаќања, незаконско постапување и даночни затајувања. При претресот кој се одвивал на повеќе локации низ државата, повеќе лица се во бегство, а Крмзов е обезбеден на органите кои ја водат акцијата. Откриени се косовски државјани кои формирале фирми кои имале деловна активност со струмичкиот ...
Во пропишаниот рок, поднесена е пријава за безбедосниот настан на небото на Скопје што се случи на 7.месецов и отворена е истрага за утврдување на фактичката состојба и причините, информира денеска Давателот на навигациски услуги М-НАВ, по објавите за избегнат инцидент со судир на два авиона. Од М-НАВ потенцираат дека таквите настани како и секаде во Европа, секогаш се навремено пријавени и процесирани од сите релевантни одделенија. – На 7 ...
Вкупно 71 општина, со околу 330 предлог проекти аплицирале досега на јавниот повик за финансирање на проекти од инфраструктурен карактер кој што е наменет за сите единици на локална самоуправа во висина од шест милијарди денари, средства обезбедени согласно ребалансот на Буџетот. Како што информираше министерот за локална самоуправа, Златко Перински, се чека на апликациите кои биле испратени по пошта, за да може во целост да се затвори јавниот ...
Според неофицијални информации полицијата и обвинителството вршат претреси на повеќе локации во фирми и домови во Скопје, Гостивар и Струмица. На полициски разговор наводни се повикани десетина управители, адвокати, нотари што се поврзани со работењето на стримички и скопски фирми што функционираат во систем на криминална пирамида. Дел од медиумите пренесуваат дека неофицијално станува збор за афера тешка десетици милиони евра, како и дека ...
Собранието попладнево ги усвои измените на Законот за пензиското и инвалидското осигурување со кои ќе има линеарно зголемување на пензиите од по 2.500 денари од 1 септември годинава и од 1 март следната година. На 14. седница на Собранието, предлог законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, по скратена постапка, беше изгласан со 78 гласа „за“. Линераното зголемување на пензиите е изборно ветување на ...
Карбинци конечно го реши проблемот со собирањето на смет во општината. По пат на донации и кофинансирање е обезбедено ново комунално возило кое во наредниот период ќе биде ставено во функција и на околу 700жители во подплачковичките села кои досега мака мачеа со депонирањето на отпадот кој го создаваат. „Услугите ќе успееме да ги зголемиме, а тоа значи дека во следна фаза ќе бидат опфатени подплачковичките села, со тоа што претходно немаше ...
Пратениците на СДСМ бараат да се повлече законот за заем од Унгарија по скратена постапка и тој да се носи во редовна постапка, за него да се организира дебата со вклучување на експертската јавност. Предлог законот, како што кажа, е коруптивен и земјата се става во должничко и политичко заложништво кон Унгарија. Пратеникот и лидер на СДСМ Венко Филипче денеска на прес-конференција во Собранието побара законот да се донесе во редовна постапка, ...
Царинската управа спречи криумчарење на 72 штеки цигари што македонски државјанин без да ги пријави сакал да ги внесе во Македонија преку граничниот премин Богородица. Вкупната вредност на штеките цигари изнесува 167.588 денари при што вкупните давачки што лицето сакало да ги избегне изнесуваат 113.228 денари, информираат од Управата. Царинските службеници ги откриле штеките цигари во кабината на камионот со кој управувало лицето. Цигарите биле ...
Нека се вклучат експерти, ние сме за да се вклучат за да се најде решение. Мислам дека не треба да се коментираат повеќе и да им се посветува внимание на политичките флоскули од страна на поранешните членови на Историската комисија. Потрошени се стотици илјади народни пари и евра за нешто кое што резултираше со капитулација прифаќајќи го тоа што го прифатија Ковачевски и Османи. Мислам дека отсуството на доверба на оваа влада која што доби ...
Поранешните членови на Историската комисија обвинуваат дека нивната работа била злоупотребена за партиски цели. Преку соопштение прстот го вперуваат во премиерот и министрите во владата велејќи дека им се ставила политичка етикета и ги поткопале националните интереси. …Бараат во составот на Комисијата да се вклучат и странски експерти од УНЕСКО, Советот на Европа или ОБСЕ. Минатите неколку недели бевме сведоци на неаргументирани, обвинувачки и ...
Утре (13.09) времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа во западните и источните делови ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд (над 20 l/m2), грмежи и силен ветер (над 70 km/h). Во деновите потоа ќе се задржи променливо облачно време со повремен локален дожд. Во сабота ќе дува засилен ветер од западен-југозападен правец, а од недела температурите ќе бидат во позначително опаѓање. Во ...
Бранителите ја имале, ја имаат и ќе ја имаат мојата недвосмислена поддршка. Овој закон којшто вчера беше на дневен ред е поднесен од пратеничката Славјанка Петровска, односно СДСМ и она што е интересно кога се гласаше потребата за носење на дневниот ред, СДСМ ја напушти седницата, затоа што самата пратеничка и СДСМ не го поднесуваат законот затоа што мислат добро на бранителите, туку го поднесуваат за да создадат повторно етнички тензии, ...
За заштита на животната средина лани биле потрошени над 144 милиони евра. Речиси третина од парите, над 50,5 милиони евра биле насочени кон отпадните води. Според еколошката намена, за заштита на шумите биле употребени убедливо најмалку средства – само 657 илјади денари или 10,6 илјади евра. Во вкупната сума, близу 90 милиони евра се инвестиции, а остатокот ги опфаќа издатоците за одржување. Тоа се всушност двете компоненти кои ги сочинуваат ...
Град Скопје денеска до Министерството за локална самоуправа ги достави проектите согласно објавениот јавен повик за поддршка од Владата, со цел унапредување на квалитетот на живот на жителите на Скопје. Поднесени се 20 проекти во повеќе области со фокус на подобрување на јавниот превоз, развој на градската патна инфраструктура, противпожарната заштита, јавната хигиена, информациски технологии и дигитализација, како и од областа на културата. Во ...
Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање изјави дека јавниот повик за аплицирање на проекти од страна на општините завршува утре, потенцирајќи дека до сега се пристигнати проекти од прилика од 10 до 12 општини. „Во текот на вчерашниот ден имаше некаде од 10 до 12 општини кои ги поднеле своите апликации очекувам тој процес да забрза и утре да заврши успешно, потоа следи ...
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР го расчисти случајот од 17.08.2024 на граничниот премин „Долно Блаце“ при обезбедување на делегација на претседателот на Собранието, Африм Гаши, и по извршен увид во службените материјали, анализа на видео надзорот и извршени разговори со полициски службеници, поради сторена повреда на работниот ред и дисциплина утврдено во член 187 став 1 алинеја 10 од ...
Општина Ѓорче Петров денеска поднесе неколку значајни инфраструктурни проекти до Министерството за локална самоуправа, со вкупна вредност од 119 милиони денари. Овие проекти имаат за цел значително да го подобрат квалитетот на живот во општината и да обезбедат модерна и функционална инфраструктура, информираат од општината. „Конечно, имаме силен и посветен партнер за соработка. Со поддршката на Владата, сигурен сум дека ќе постигнеме историски ...
Со законот за локална самоуправа се регулираат прашањата за надлежностите на општината, непосредно учество на граѓаните во одлучувањето, иницијативи, организација на работа на органите на општината како и други прашања од значењето на локалната самоуправа, истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски на денешната собраниска седница. Тој потенцираше дека измените се со цел да нема нови предвремени локални избори. -Измените на законот за ...
Иако уредно поканет, кавадаречкиот судија Лазар Нанев денеска не се појави на седницата на Судскиот совет на која се расправаше за негова одговорност за да може да се произнесе по наводите дека тој непрофесионално и неодговорно ја извршувал судиската функција. Седницата беше јавна токму по барање на самиот судија. Претседателката на Комисијата Лорета Георгиева информира дека Нанев поканата ја примил на 8 февруари, но до започнување на денешната ...
Со оглед на тоа што се случува со нашата демографија, со масовното иселување на нашето население надвор од земјата, веќе се појавува т.н. вишок на наставници иако лично сметам дека наставник не може да биде вишок. Ние, треба само да ги направиме функционални. Затоа Владата уште во предизборната програма направи цела стратегија како наставниците кои ги имаме да ги направиме функционални за да останат во образовниот процес, изјави денеска ...
Политички лешинари преку проблемот со црквата во Галате сакаат да предизвикаат меѓуетнички тензии, што е доказ за наводите за дестабилизација на кои предупредуваше во неколку наврати премиерот Христијан Мицкоски, оценува во интервју за Телма министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Според него, обидот за подгревање на тензии е неуспешен, а МВР ќе ги преземе сите мерки за нивно целосно спречување. Како што посочува Тошковски во ...
Случајот со инцидентот со црквата во селото Галате има политичка позадина со оглед на тоа од која партија е градоначалник на Врапчиште и кои се структурите во ОВР Гостивар. „Ова се изолирани инциденти, и ќе има уште вакви“, рече денеска премиерот Мицкоски по инцидентот во гостиварското село Галате, кога дојде полицијата додека жителите самоиницијативно почнаа да го расчистување на дворот на црквата Св. Петка. Вие ја слушнавте изјавата на ...
„Ми претставува особена чест и задоволство да ве поздравам на денешниот политички дијалог, кој е од особена важност затоа што допира една значајна тема, што го засега секој од нас: обезбедување пристап до основните лекови за сите наши граѓани. Овој собир ја одразува непоколебливата заложба на Владата за заштита на здравјето и благосостојбата на секој граѓанин, заложба што лежи во сржта на нашата мисија“, рече премиерот Христијан Мицкоски. ...
Континуирано кратење на парите за судската власт спротивно на законот, отсуството на одредби за утврдување на платите на вработените во судовите кои вршат технички и помошни работи, непостоење пропишана форма и содржина за водење на судски депозити и неусогласеност во законската и подзаконската регулатива во дефинирањето на сопственоста на застарените депонирани предмети по истекот на десет години од нивното предавање се само дел од забелешките ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во гостувањето во вестите на „Алсат М“ телевизија говорејќи за десетте постулати со кои повика на заедништво и сплотеност истакна дека мнозинството од граѓаните сакаат подобар живот, повисоки плати, ред, а не етнички теми и тензии со кои СДСМ и ДУИ прават дефокус обидувајќи се да го заштитат криминалот. – Десетте точки се резултат на истражувањата што ние ги правиме секој месец најмалку два пати и ...
Владата на затворена седница го назначила Ванчо Георгиев, професор на Филозофскиот факултет во Скопје, за претседател на Комисијата за историски прашања со Бугарија. Ванчо Георгиев доаѓа на местото на Драги Ѓоргиев од кого новата Влада и ВМРО-ДПМНЕ не беа задовони од неговата работа. Инаку, Георгиев беше член на комисијата, но истапи од неа, како што рече тогаш, поради притисокот што го правела тогашната Впада. Ова е новио состав на Комисијата: ...