
Скопје
23ᴼ /
23ᴼ



Премиерот Христијан Мицкоски најави продолжување на инвестицискиот бум со три можни нови инвестиции, од кои две се проширување на веќе постоечките производствени капацитети и нова во вредност од 150 милиони евра. Во одговор на новинарско прашање претседателот на Владата истакна дека инвестициите се во автомобилската индустрија и индустрија за присуство на суплементи. Преговараме со три можни нови инвестиции, две се од веќе постојните производни ...
Врховниот суд на Македонија денеска донесе решение за предметот во врска со екстрадицијата на Блерим Рамадани со кое се укинува Решението на Основниот кривичен суд Скопје и предметот се враќа на повторно одлучување и постапување. Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје, при донесување на својата одлука со која утврдил дека не се исполнети законските претпоставки за екстрадиција на ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека ќе ги замоли советниците од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на следната седница на Советот на Град Скопје да ги изгласаат програмите за кои градоначалничката Данела Арсовска тврди дека ги блокираат, но смета дека тоа нема ништо да смени. Како претседател на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги замолам советниците кои доаѓаат од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ веднаш на следната седница да ги ...
Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски, денеска заедно со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски направија посета на регионалниот пат Р-1102 кој транзитира низ населени места во општината. За време на посетата градоначалникот Стефковски и директорот Трајановски направија увид на акцијата за расчистување на вегетацијата покрај патот, кастрење на дрвата и косење на високата трева. Трајановски: ...
Постојаниот претставник на Македонија во ООН во Њујорк, амбасадорот Љубомир Фрчкоски поднесе оставка. Тој за ова ги информирал претседателката Гордана Силјановска – Давкова и Министерството за надворешни работи. Фрчкоски неодамна откако беше повикан на разговор во МНР поради наводни финансиски нерегуларности во работењето на претставништвото најави дека ќе поднесе оставка. Побараниот разговор со министерот Тимчо Муцунски се уште не е реализиран ...
За време на изминатите денови и во текот на вчерашниот ден царинските инспектори и царинските службеници спречија неколку обиди за нелегална трговија и криумчарење и тоа: – Спречена нелегална трговија со фалсификувани производи со потпис на познати модни брендови, при што во неколку контроли, запленети се вкупно 10.618 парчиња, меѓу коишто облека и чанти „Луи Витон“, „Армани“, „Гучи“ и часовници „Ролекс“. Производите се запленети, против ...
Претседателот на СДСМ Венко Филипче во Битола кадешто се сретнал со наставниците од градот. -Разочарувањето од тоа што оваа година ќе ја започнат школската година без покачени плати е големо и тоа јасно ми го пренесоа. Покрај наставниците има големо разочарување и кај сите останати работници кои школската година ја започнуваат со зголемени трошоци за живот и најави дека нема да се зголемуваат платите. Прекинот на трендот на постојан раст на ...
Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев истакна дека благодарение на брзата и професионална реакција на полицијата, особено на интервентната полиција и специјалните единици, успеале да ги фатиме сторителите од вчерашниот настан и да ја обезбедат правдата. -Сакам да им се заблагодарам на сите мои колеги за нивната професионалност, храброст и посветеност кон граѓаните и македонската држава. Вашата неуморна работа и решителност ...
СВР Скопје целосно ги расчисти кривичните дела „убиство” и „убиство во обид“, кои беа извршени на 20.08.2024 на паркинг просторот позади трговскиот центар Мавровка, каде што со употреба на огнено оружје беше убиен В.Е.(58) од Скопје и на ул.„Стојна Стефкова“, каде со пиштол беше пукано кон полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје. Имено, по преземени мерки и брза реакција на СВР Скопје, специјалните полициски ...
Од мај идната година граѓаните на земјите од Западен Балкан кои не се дел од ЕУ, меѓу кои спаѓа и Македонија, ќе треба да плаќаат седум евра за виза за влез во земјите од Шенген зоната. Оваа мерка покрај за граѓаните од Македонија ќе важи и за државјаните на Србија, БИХ, Црна Гора, Молдавија, Украина и од Велика Британија. Илва Јохансон, европскиот комесар за внатрешни работи, потврди дека Европскиот систем за информации и овластување за ...
По поднесена од кривична пријава од Министерството за внатрешни работи против едно лице, Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против осомничениот за кривично дело – Убиство по член 123 став 2 во врска со став 1 точка 4, кривично дело – Убиство по член 123 во врска со член 19 (во обид) и кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи од ...
Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски ја посети асфалтната база на Јавното претрпијатие за одржување на магистрланите и регионалните патишта (Македонијапат) во Скопје која до денеска беше единствено активна, а од денеска стартуваа со работа и асфалтните бази во Велес и Битола. Трајановски изврши увид и во асфалтирањето на делницата Желино-Јегуновце, а асфалтирање на поравнителниот асфалт се вршеше и на Р1102 кај ...
Немаме намера да се занимаваме со „темни сценарија“, туку сакаме прогрес, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски на новинарско прашање за обвинувањата од поранешниот министер за економија Крешник Бектиш дека ДУИ биле прислушувани по налог на власта. Мицкоски изјави дека е несериозно е да коментира изјави на поединци, поранешни политичари и упати да се бара одговор од институциите. Одамна помина безредието овде кај нас во Македонија со ...
Министерот за здравство Арбен Таравари објави дека девет лека стануваат дел од позитивната листа. Според министерот, станува збор за девет генерици претставени преку 87 лека, меѓу нив и оние за висок притисок, срцеви заболувања, депресија и деменција. „Се работи за 87 лека во разни форми, јачини и пакувања, што имаат активна регистрација во нашата држава, девет генерици претставени преку 87 лека. Помеѓу нив, опфатени се лекови за висок ...
Мицковски не се откажува од идејата за распуштање на Судскиот и на Советот на јавни обвинители Премиерот Христијан Мицкоски рече дека се потребни коренити реформи во судството, бидејќи според сите мерења довербата на граѓаните е на многу ниско ниво. По средбата со претставниците на Судскиот совет, која според него е направена на нивно барање, тој рече дека не се откажува од идејата за распуштање на Судскиот и на советот на јавни обвинители , ...
Премиерот Христијан Мицкоски, ќе поднесе тужба против Славјанка Петровска од СДСМ, по нејзиното обвинување дека тој стои зад мафијашки пресметки. „Не ѝ е првпат на Славјанка Петровска да нанесува удар на мене и моето семејство. Таа мене за жал монструозно ме обвини. Тоа јас го составам на нејзината чест и совест. Не сакам да навлегувам во длабочината на нејзината мисла. Се консултирав со мојот правен тим и ќе покренам тужба бидејќи би сакал ...
Нов мандат од скопјани нема да побара, но тврдењето дека нема политички аспирации се коси со вистината. Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и покрај катастрофалната состојба во која го донесе градот, не планира да поднесе оставка. За своите неуспеси прстот го вперува кон сите, освен кон себе. На денешната прес-конференција на новинарско прашање дали би се кандидирала за уште еден нов мандат таа децидно одговори дека немала такви ...
Министерството за образование и наука информира дека во тек е испораката на одобрените и испечатени учебници и наставни материјали кои ќе се користат во основните и средните училишта во учебната 2024-2025 година. Согласно дефинираната динамика, испораката треба да биде заокружена пред првиот училишен ден – 2 септември, но за остварување на планот, неопходна е кооперативност и ажурност на сите училишни директори. Во оваа насока е и пораката која ...
Претседателот на Владата на Македонија, Христијан Мицкоски заедно со Министерот за правда Игор Филков, денеска во 17:00 часот, ќе остварат средба со Весна Дамева, Претседателка на Судски совет, во просториите на Владата. Средбата доаѓа по бројните забелешки за работата на Судскиот совет, ниската доверба и отворениот повик на Владата и премиерот Мицкоски за предлози за реформи во Судскиот совет. Мицкоски: Ако имате корумпирани судии во Врховниот ...
Министерот Муцунски потврди дека се откриени непрофесионално однесување и финансиски злоупотреби во Постојаната мисија при Обединетите нации во Њујорк и уште две дипломатски претставништва. Имињата на другите инволвирани амбасади не се откриени. Министерот ја нагласи итната потреба од построги стандарди за работа на амбасадорите за заштита на финансиските ресурси. „Покрај ситуацијата во Постојаната мисија на ОН во Њујорк, идентификувавме знаци ...
Раководството на криминализираната ДУИ продолжува да живее во паралелен свет. Потценувајќи го албанскиот народ, тие се обидуваат да се претстават како политички жртви на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ВЛЕН. Ова е тешка демагогија. Мнозинството Албанци гласаа за промена на 8 мај, што, меѓу другото, значи кривична одговорност за сите што се збогатуваа на грбот на граѓаните во овие 22 години режим. Целта на албанската опозиција е по секоја цена да го спречат ...
Основниот кривичен суд – Скопје преку соопштение изнесе пет факти во врска со екстрадиционата постапка на поранешниот припадник на ОВК Блерим Рамадани од Косовоии, каде одговорноста за неговото бегство од куќен притвор ја насочува кон Министерството за внатрешни работи, нагласувајќи дека надзорот над куќниот притвор, согласно решението се доверува на МВР, односно надлежната полициска станица. Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски ...
Сега сме позагрижени отколку пред состанокот изјави министерот за локална самоуправа, Златко Перински по средбата со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска која се одржа денеска во Владата. Како што изјави Перински, на состанокот како Влада не слушнале ништо конструктивно за решавање на проблемите. Од нивна страна не слушнавме ништо констуктивно, очајна е состојбата, и како заклучок се донесе дека немањето комуникација помеѓу ...
Денес разговараме за еден голем капитален проект кој треба да го забрза развојот не само на Општина Кавадарци туку на целиот Тиквешки регион. Се работи за изградба на обиколница на градот Кавадарци и треба да помогне во подобрување на условите за бизнис, комуникацијата во растеретување на сообраќајот кој се случува во моментот низ самиот град а во перспектива да отвори и сериозни можности за развој, истакна министерот за транспорт Александар ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска на својата фејсбук страница објави дека е позитивен на Ковид-19. Како што информира министерот, оваа седмица работните обврски ќе ги извршува од дома, се до исчезнување на симптомите. Ве информирам дека утрово во Клиничкиот Центар „Мајка Тереза“ по извршеното тестирање за Ковид 19, резултатите кои ги добив се позитивни, објави на социјалната мрежа на Фејсбук министерот за внатрешни работи ...
Министерот за здравство Арбен Таравари денеска соопшти дека прв критериум за вработување на приватни специјализанти, е таму каде има најголем дефицит. – Најголем дефицит имаме во внатрешноста на државата и ќе им дадеме предност во тие места, значи тие коишто доаѓаат од градовите Куманово, Струмица, Тетово, Кичево. Потоа, ќе бидат специјализанти кои се при крај на специјализацијата. Значи, предност ќе имаат тие кои се во шеста, петта, четврта ...
Нескриените тенденции на официјална Софија во различни модалитети да ја продолжи традицијата на асимилирачки политики во регионов и особено кон Македонците, во последната деценија во голема мера се препознава со издавањето бугарски пасоши. Имено, откога Бугарија стана членка на ЕУ, нејзиниот пасош стана и „европски“ и, се разбира, истиот тој е со поголеми можности, што ги овозможува со членството во Унијата. Трендот на издавање бугарски пасоши ...
Денес во 15.30 часот во Владата ќе се оддржи средба помеѓу премиерот Христијан Мицкоски и градоначалничката на Скопје Данела Арсовска. Средбата доаѓа по бројните реакции на скопските општини и ЗЕЛС и министерот за локална самоуорава Перински дека градот има акутен проблем со хигиената и складирањето на сметот. Бараме одземање на надлежностите и ингеренциите, назначување на владин повереник и започнување на процес на расформирање на овие две ...
Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар славеше против вечниот ривал Пелистер со 1-0 во второто коло од Првата македонска фудбалска лига. Двете екипи имаа по неколку шанси на почетокот, а најсериозната ја имаше Михаил Талевски, но уште подобар на голот беше Филип Гачевски кој ја одбрани мрежата на Вардар. По првото полувреме кое помина без погодоци, двете екипи тргнаа по трите бода во вториот дел, а единствениот гол беше постигнат во 86. ...
Неделен хороскоп за периодот од понеделник, 19-26. август 2024 година. Девица 23.8.-23.9. Љубов Вашата љубовна приказна ќе продолжи и покрај цашите сомнежи.Понекогаш ќе бидете навистина збунети од тоа што ви се случува , но реалноста ќе ви донесе задоволство. Ако и натаму ја барате својата љубов , дотерајте се и излезете меѓу луѓе. Само не бидете нападни во настапите. Кариера На работа главно ќе се надмудрувате. Ќе наоѓате утеха во приватниот ...