Вчера во 12.50 часот полициски службеници го уапсиле 52-годишниот И.Н од Велес кој бил пуштен на викенд отсуство од затворот Идризово. Затвореникот кој издржувал затворска казна бил уапсен од причина што неговиот поранешен адвокат го пријавил поради закани информираат од СВР Велес. Пандов: Дел од директорите на затворите во Македонија се однесувале како Луј IV Откако бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител, по што бил ...

Денес заедно со Васе Анакиев, Директор на Државниот земјоделски инспекторат сме на теренска посета во Тиквешијата. Сакаме од лице место да видиме како се одвива откупот, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски. -Моментално се наоѓаме кај еден од лозарите, директно на терен да видиме како оди бербата. И од тука продолжуваме по откупните пунктови се со цел да направиме еден личен увид во делот на ...

По повод 100 години од смртта на Тодор Александров денеска беше одржана панихида во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ и откриен споменик во паркот, спроти Музејот на ВМРО во старата штипска населба Ново Село, каде што е роден. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов изјави дека на сто годишнината од смртта на Александров, а на иницијатива на патриотското здружение „Мише Развигор“ и со одлука на Совет на Општина Штип, во штипско ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска учествуваше на традиционалниот „Охридски безбедносен форум“ во организација на дипломираните студенти на Маршаловиот центар за безбедносни студии, а во соработка со Европскиот центар за безбедносни студии и амбасадите на САД и СР Германија. Министерот Тошковски во обраќањето истакна дека заедничките евроатлански вредности се основен двигател на земјите од Западен Балкан во надминување на ...

Започна 37. Охридски пливачки маратон. Многу среќа и успех на сите натпреварувачи. Нека победат најдобрите. Претседателката Гордана Сиљановска Давкова присуствуваше на отворањето на 37. Охридски пливачки маратон. Таа им посака многу среќа на сите учесници и како што порача да победат најдобрите. „Многу среќа и успех на сите натпреварувачи. Нека победат најдобрите“ напиша Сиљановска Давкова. ...

Со секој нов скандал на Бисера Антоанета и начинот на кој ги трошела парите, си го поставуваме прашањето – Имала ли чувство на одговорност и грижа на совест? По сите скандали што ги направила очигледно не, истакна на денешната прес-конференција пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков. -Очигледно Бисера Антоанета сакала да стигне и отиде секаде, но времето и било непријател. Годината има 365 дена, а Антоанета сака да ја посети целата ...

Сите 19 пријавени пливачи точно во 11 часот запливаа во водите на Охридското Езеро кај Свети Наум, на стартот на 37-миот меѓународен Охридски пливачки маратон. Деветнаесетте маратонци, осум во женска и единаесет во машка конкуренција, ќе треба да ја испливаат 25 километри долгата патека „Климе Савин“ од Свети Наум до Градското пристаниште во Охрид. Стартот на трката го означи градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, во присуство на ...

Министерството за образование и наука известува дека во новата учебна 2024/2025 година во редовните основни училишта ќе бидат ангажирани над 1000 образовни асистенти кои ќе помогнат во унапредување на воспитно – образовниот процес на учениците со попреченост и ќе им помагаат во секојдневното извршување на училишните обврски. Образовните асистенти се ангажираат преку основните училишта со ресурсни центри, а согласно барањата на родителите и ...

Со нов закон ќе се решаваат проблемите кои ја кочат изградбата на автопатот Кичево – Охрид. Проблемите лоцирани на терен се бројни, од незавршена експропријација, лошо проектирани косини , појава на свлечишта и проблеми со објектите кои се наоѓаат на трасата. Најголемиот проблем како што посочи Министерот Николоски е тоа што веќе една и пол година не се врши асфалтирање со финален слој, поради несоодневниот состав на асфалтот за потребите на ...

Не треба во недоглед да бараме кривица во кого било за состојбите во Град Скопје, кривицата на крајот на денот е во менаџерот кој добил шанса од граѓаните да направи нешто за својот град и за своите граѓани. Верувам дека ќе смогне сили и ќе најде начин Арсовска да се надмине себеси и својата суета и конечно да поднесе оставка на функцијата градоначалник на Град Скопје што ќе биде добро за нејзе, но пред се за сите скопјани, порача претседателот ...

Во касарната „Илинден“ во Скопје, денеска имаше примопредавање на донација на опрема од Република Турција за потребите на нашата Армија. Станува збор за дронови, средства за врски, ноќни визири и интендантска опрема. На настанот присуствуваа министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал – мајор Сашко Лафчиски, како и амбасадорот на Турција, Фатих Усулој. Турскиот амбасадор Усулој рече оти чест му е ...

Министерот Николоски најави дека во соработка со ЈП за државни патишта ќе се реконструира автопатската делница од Гевгелија до ГП Богородица и од Гевгелија до Неготино, додека во делот на општина Богданци се работи на изградба на обиколница во општината. Тој најави дека следи период на силна градежна офанзива во сите општини во државата. Обезбедив 30 милиони денари за изградба на Западен булевар во Гевгелија и очекувам набрзо да започне ...

Времето утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен, наместа засилен ветер од североисточен правец. Од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град. Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во Скопје претпладне сончево со мала до умерена облачност и со умерен североисточен ...

Во рамките на кампањата „Сите заедно за професионална и квалитетна јавна администрација“ денеска во просториите на Заедницата на единиците на локалната самоуправа – ЗЕЛС се одржа јавна дискусија за предлог законите за административни службеници, за вработени во јавниот сектор и за стручно усовршување и обука на административните службеници со учество на општинската администрација, а во организација на Министерството за јавна администрација со ...

Бисера Антоанета не штедела ниту во ресторанот Соле, каде за еден ручек платила 249 евра, а за вечера во истиот ресторан 212 евра. Овде на менито на Антоанета била италијанска храна. Само за овие три ресторански посети Бисера Антоанета платила 846 евра или 53.136 илјади денари. Да добро слушате, Бисера Антоанета за еден ручек и две вечери со народни пари платила колку што изнесува месечна потрошувачка кошничка за цело семејство. Ја прашуваме ...

Долгогодишниот македонски ракометен репрезентативец со 155 настапи во националниот дрес, голманот со богата интернационална кариера Борко Ристовски, од пред два месеци, е во комплетно нова професионална улога. Тој е на чело на новото Министерство за спорт. Ќе го вратиме спортот каде што му е местото во македонското општество, обезбедени се пари за ваучерите, со Даниел Димевски немам намера да комуницирам, спортисти и спортски работници не смее ...

Министерот за одбрана Владо Мисајловски се обрати на примопредавањето на опрема од Република Турција за Армијата во касарна „Илинден“. Државава подготвува уште еден пакет за помош кон Украина, рече денеска министерот за одбрана Владо Мисајловски. Како што појасни тој, земјава, како членка на НАТО има обврска секоја година да двои одредени средства за Украина, но сака да покаже и лојалност кој Алијансата. „Има дополнителен пакет за помош на ...

Во извештајот, ДКСК меѓу другото забележува дека помалку од половината од институциите не ја исполниле законската обврска да достават податоци за службените возила со кои располагаат. Од 826 институции воопшто не доставиле информации, од кои 10 се министерства. „Најзагрижувачки е фактот дека 826 институции воопшто не доставиле информации, од кои 10 се министерства. Ова претставува сериозен недостаток во исполнувањето на законските обврски и ...

Поранешниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување, Беким Максути нема да одговара за несервисираните „ер трактори“ кои не беа во функција за време на големите пожари летото 2021 година. Обвинителството, постапувајќи по кривичната пријава поднесена од „Левица“, не нашло елементи за кривично дело ниту за постапките за јавни набавки за поправка и сервисирање на авионите, ниту дека Максути несовесно работел. Пo поднесената пријава од една ...

Во периодот што следи државата ќе се соочи со два крупни предизвици – обид на внатрешни структури за создавање нестабилност и обид од нашиот источен сосед да нѐ внесат во предизборната реторика, предупредува премиерот Христијан Мицкоски, апелирајќи до македонските граѓани, до политичарите, до оние коишто и мислат добро на татковината и на граѓаните да не наседнуваме на овие провокации. Мицкоски, кој се наоѓа во прва официјална посета на ...

Макрон пристигна во Белград, Вучиќ го пречека на аеродром, свечен пречек пред палатата „Србија“ Претседателот на Франција, Емануел Макрон, пристигна во Белград, а на аеродромот Никола Тесла го пречекаа претседателот Александар Вучиќ, како и амбасадорот на Франција во Белград, Пјер Кошар и амбасадорката на Србија во Париз, Ана Хрустановиќ, пренесуваат српските медиуми. На францускиот претседател му беше приреден свечен пречек пред палатата ...

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, денеска ги посети општините Босилово и Ново Село во кои се реализираат проекти за унапредување на југоисточниот дел од земјава, финансиски поддржани од Министерството преку Бирото за регионален развој. На подрачје на Општина Босилово, во село Секирник, се подобруваат условите за следење на настава во подрачното основно училиште „Кирил и Методиј“, а во Ново Село, Смоларските водопади и ...

На денешната седница на Владата донесовме неколку мерки кои треба сериозно да ја подобрат состојбата со воздушниот сообраќај. Сетот на мерки кои ќе ги преземеме во 2025 година траба да донесат во Македонија 200 илјади патници повеќе од досега, а во годините што следуваат тој број и да се зголемува, рече Николоски на денешната прес-конференција во Владата. Тој посочи дека земјава од лидер во регионот во воздушниот сообраќај пред 15-тина година, ...

Хрватска останува подготвена да и помогне на Македонија на нејзиниот пат кон Европската унија. Во изминатите 20 години имаше многу неправди кон Македонија и созреа времето кога сето тоа треба да се респектира, изјави хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ по средбата со неговиот македонски колега Христијан Мицкоски кој е во прва официјална посета на Хрватска. На прес-конференцијата одржана по тет а тет средбата во владината зграда во Загреб, ...

Hа 28.08.2024 во 22:45 часот на Граничниот премин Богородица, на излез од државата, полициски службеници од РЦГР Југ го лишија од слобода М.А.(38) од Босна и Херцеговина, кој управувал товарно возило „мерцедес“ со полуприколка со босански национални ознаки. Приведен е затоа што при извршена проверка, во полуприколката биле пронајдени 15 мигранти од Кина, од кои едно е малолетно лице. Известен е јавен обвинител од ОЈО за ГОКК Скопје и поради ...

Во рамки на посетата Мицкоски оставри средба и со хрватскиот колега Андреј Пленковиќ, а во фокус на разговорите е евроинтеграцијата на нашата држава, хрватската поддршка, како и предизвиците на патот кон интеграција на земјите од Западен Балкан. При посетата на македонската владина делегација во Хрватска предводена од премиерот Христијан Мицкоски потпишани се спогодби за соработка меѓу двете држави во областа на здравството и медицината. ...

И министерот за транспорт и врски Александар Николоски бил подложен на обид за поткуп за третата фаза на железницата кон Бугарија. Министерот Николоски денеска не кажа отворено за обидот, но рече дека компаниите кои учествувале на тендерот имале причина да нудат поткуп бидејќи не ги исполнувале условите. Премиерот беше многу прецизен во однос на ова прашање. Ова е проект кој е започнат од претходната влада на СДСМ и ДУИ. Тие понуди не доаѓаат ...

Полицискиот инспектор кој беше фатен како шверцувал лажни монети во Косово незаконски бил вработен во македонската полиција, дознава Радио Слободна Европа од два независни извори. Тој не ги поминал основните безбедносни проверки на Агенцијата за национална безбедност. 34 годишниот ресенчанец е во притвор во Косово поради сомневање дека изработил околу 2 милиони лажни монети од по 2 евра, кои требало да бидат пуштени во оптек во косовската ...

Најголем број слободни места годинава има на Природно-математичкиот факултет (ПМФ) или 1 030, на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) – 1.020 и на Филозофскиот, 895. На Правниот факултет има 705, а Економскиот факултет е со 700 слободни места Денеска и утре е пријавувањето во првиот рок за упис во прва година додипломски студии во академската 2024/2025 година на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје. На 23-те ...

Милионерот од Охрид се уште не се појавил по освоените 1,7 милиони евра. Ова е најголемиот џекпот во историјата на Државна лотарија. Добитната комбинација се состои од броевите 7, 10, 27, 31, 33, 35 и 36 и е уплатена во Охрид. Во Охрид паднаа 1,7 милиони евра на Лото Бидејќи билетот е уплатен во Охрид, се уште не е јасно дали добитникот е охриѓанец или турист кој бил на одмор во Охрид. Претходната најголема сума е забележана во 2021 година, ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
71%
1014
weather icon

Белград

19ᴼ / 16ᴼ
2.57
62%
1013
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
2.06
68%
1015
weather icon

Софија

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
67%
1014
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
1.22
66%
1014
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 13ᴼ
1.54
82%
1015
weather icon

Атина

21ᴼ / 18ᴼ
2.24
61%
1012
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
0.51
67%
1012
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
0.0
77%
1012
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 17ᴼ
2.24
61%
1013
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 17ᴼ
3.6
71%
1014
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
4.63
63%
1014
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5534

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63352

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1049.88

Злато

109913.70

Бакар

9.54

Паладиум

29610.84

Платина

30576.51

Родиум

173614.03

Цинк

2.52