
Скопје
12ᴼ /
12ᴼ



Објавен е нов повик за финансиска поддршка за воведување на нови дестинации од Мeѓународниот аеродром Скопје и Св. Апостол Павле во Охрид за периодот 2025-2027 година, со кој субвенциите ќе се доделуваат по дестинација, а не како досега на авиокомпанија. Финансиската поддршка ќе се доделува согласно критериумите за рангирање на новите дестинации според редоследот: период на oперирање на дестинацијата, број на неделни летови, атрактивност на ...
Новиот шеф на Делегацијата на ЕУ во земјава истакнал оти Унијата е подготвена да ја придружува државата и новата Влада, институциите и граѓанското општество на патот кон натамошна европска интеграција, додавајќи дека се надеваат оти наскоро преговорите и реформите би можеле да станат процеси кои меѓусебно ќе се зајакнуваат Моја цел е да ѝ помогнам на Македонија да оди напред и да направи видливи чекори на патот кон заедничката определба за ...
Увезен од Србија е потврдениот случај на морбили кај 12 годишно дете од општина Петровец. Симптомите ги добил пред 6 дена кога бил кај матичен лекар, потоа на Инфективна, па во ИЈЗ каде му биле земени анализи а завршил на ТОАРИЛУЦ за снимка на белите добови. По добиената дијагноза за заразното заболување, семејството одбило хоспитализација. Ученикот имал уште четири браќа и сестри од кои дел биле вакцинирани а заболениот и помал брат не примиле ...
Со свечена програма под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“ Владата на 8 септември ќе го одбележи Денот на независноста. Како што најави владината прес-служа, свечена академија ќе се одржи во Македонската филхармонија во Скопје во 13:00 часот. Свеченоста ќе започне со изведба на македонската химна од страна на детски хор, по што ќе биде прикажан видео спотот „Везилка“ која вклучува оригинална изведба на песната од Блаже Конески. ...
Три фирми досега пројавиле интерес за тендерот за компресорската станица на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Информацијата за МИА ја потврди Стојче Николовски, стручно лице за посета на терен, задолжено од комисијата и раководител на Секторот за техники работи во ЈУ од областа на здравството за потребите на јавните здравствени установи, универзитетски клиники, завод и ургентен центар – Скопје. Три заинтересирани фирми ја посетија ...
Повикот за финансирање проекти на општините не може да се дефинира како предизборен поткуп, затоа што сите градоначалници имаат можност да аплицираат и да добијат средства, изјави вечерва министерот за локална самоуправа Златко Перински. Гостувајќи на телевизија Сител, тој додаде дека и Градот Скопје може да аплицира за проекти. Но, запрашан што ако добијат проект за набавка на 250 нови автобуси, тој подвлече дека тоа не е инфраструктурен ...
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Полов напад и силување од член 186 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. -На 5 септември, осомничениот 31-годишник нападнал жена во Кисела Вода и спротивно на нејзината јасно изразена волја, со умисла се обидел да изврши полови дејствија врз неа. Жртвата се ...
Полицијата го истражува случајот со милионска измама во скопска градежна фирма. СВР Скопје соопшти дека е извршен претрес во приватен дом и во други простории и дека е поведена постапка против лице во Скопје. Постои сомнние за сторено кривично дело и стекнување со протиправна имотна корист од 73,700.961.00 денари, односно нешто повеќе од милион евра. „На ден 05.09.2024 година од страна на полициските службеници од Единицата за Економски и ...
Ќе има замрзнување на цените на основните прехранбени производи, најави министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, но не наведувајќи детали. Иницијативата ги опфаќа сите домашни земјоделски производи и ќе се следи за усогласеност. Во однос на профитните маржи на училишниот прибор, министерот Дурмиши истакна дека Пазарниот инспекторат будно ќе ја следи усогласеноста. Доколку продавниците не ги почитуваат новите прописи, ќе бидат преземени ...
Судскиот совет на денешната итна седница го разгледа и едногласно го усвои извештајот од работна група за констатирана состојба по предмети на Основен кривичен суд Скопје во врска со екстрадициониот притвор на поранешниот припадник на ОВК, Блерим Рамадани, како и за одлуките за спогодба на Обвинителството со врховниот судија Наќе Георгиев и членот на Советот на јавни обвинители, Иџет Мемети. Извештајот кој ја констатира фактичката состојба беше ...
Преку реална пракса, до побрзо вработување. Со ваквиот концепт владата ќе се обиде да ги задржи младите во Македонија. Станува збор за проектот дуално образование кој претставува комбинација на теорија и пракса, при што посебен акцент се става на практичната обука во самите компании. Министерката за образование со швајцарската амбасадорка, денес ја посетија фабриката „Каз груп“, каде од прва рака се запознаа со начинот на кој оваа компанија ги ...
Владата, на седницата одржана минатиот вторник, одлучила да отвори три нови позиции за национален координатор. Според одлуката објавена во Службен весник, отсега ќе има национални координатори и за демографија, млади и човечки ресурси, за локална самоуправа и за безбедност на храна. Укината е позицијата национален координатор за кохезија. За национален координатор за демографија, млади и човечки ресурси, владата го назначи долгогодишниот ...
Стопанската комора бара да се избрише делот од законот со кој се ограничува рабатот што добавувачот му го одобрува на купувачот, како и да се прецизираат условите под кои купувачот може да ги врати кај добавувачот непродадените производи. Треба да се зголеми рокот во кој купувачот го известува добавувачот дека ја намалува нарачката на одреден производ, го пренесува ТВ Телма писмото на претседателот на Стопанската комора Бранко Азески испратено ...
Во битолското село Кременица синоќа во 19.20 часот полициски службеници од полициското одделение Велушина при СВР Битола го лишиле од слобода И.Т.(27) од село Кременица. МВР денеска соопшти дека тој бил затекнат како пали оган во близина на фабрика за вода, при што настанал пожар на сува трева. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Битола. „При преглед кај И.Т. била пронајдена запалка со која го предизвикал ...
Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – август 2024 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 5,5%, додека во однос на декември 2023 година е зголемен за 2,6%. Цените на угостителските услуги во август во однос на јули годинава се зголемени за 0,2%, а споредено со август минатата година за 5,1%, објави Државниот завод за статистика. Споредено по групи на услуги во август годинава ...
Министерот за надворешни работи на Турција, Хакан Фидан, денеска (5 септември) е во официјална посета на Македонија каде со неговиот колега Тимчо Муцунски ги истакнаа традиционално добрите односи меѓу двете држави. На прес-конференција во Скопје, Фидан нагласи дека имаат цел да ги зајакнат економските врските. „Соработката, пријателско и сојузништвото со Македонија го цениме многу. Разговаравме како можеме да ја унапредиме оваа соработка. Како ...
Прес-конференција на премиерот Христијан Мицкоски и министерот за локална самоуправа Златко Перински. Целта на денешната прес-конференција е почетокот на реализација на проектот од кој Владата ќе одвои 250 милиони евра за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините и подобрување на животот на граѓаните. За таа цел е објавен јавниот повик за аплицирање на општините за инфраструктурни проекти врз основа на претходно утврдени ...
За да бидеме успешна држава, сите треба да го работиме она за кое сме поставени – политичарите да се занимаваат со политика, а научниците со наука – вели првиот дипломат зборувајќи за промените кои треба да се случат во мешовитата историска комисија со Бугарија. Тимчо Муцунски бил разочаран што еден научник, кој бил доста платен да врши научна работа а се обидува политички да се профирила и покај тоа што се уште не му бил истечен мандатот.Во ...
Делегација на Владата во состав заменик претседателот и министер за транспорт, Александар Николоски, заменик претседателот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски е во официјална посета на Република Србија. Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски посочи дека Мaкедoнија и Србија оддржуваат доста блиски односи, а со формирањето на новата влада ...
После 5 години поминати во фиока, го поздравувам чекорот на Уставниот суд конечно да расправа по поднесените иницијативи и на еден објективен и стручен начин да ја испита уставноста на контроверзниот Закон за употреба на јазиците, вели универзитетската професорка Тања Каракамишева во изјава за Канал 5. „Да потсетам дека и Венецијанската комисија упати неколку клучни препораки во насока на негова доразработка и допрецизирање. Токму ...
Клубот за подводни активности „Норкач“ од Струга во соработка со Camping SCOUT, Diving.mk и нуркачки клуб „Сирена“ вo сабота ќе ја реализираат втората еко акција за чистење на дното на Охридското Езеро кај Струга. Целта, според најавата, е зачувување на природната убавина и богатство на Охридското Езеро и подигање на свеста за значењето на заштитата на животната средина. Целта на оваа иницијатива е да се одржи чистотата и убавината на нашето ...
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Дебар поднесе кривична пријава против Љ.З. вработен во Отсек за оружје, експлозивни и опасни материи- Охрид, Сектор за оружје, експлозивни и опасни материи при Оддел за граѓански работи, поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба“ по член ...
Во Технолошко – индустриската развојна зона – Скопје, денеска беше одбележан почетокот на градбата на фабрика на германската БМЗ груп која се занимава со изградба на литум јонски батерии. Инвестицијата изнесува 65 милиони евра, се очекува фабриката да биде готова до мај следната година, а извозот во првите три години да достигне најмалку 60 милиони евра. Комерцијалното производство е почнато со браундфилд инвестиција, но недостасувал повеќе ...
Инспекторите од Државниот пазарен инспекторат од утре ќе излезат на терен и ќе вршат контрола за да се утврди дали ја почитуваат владината мерка за ограничување на маржата за училишниот прибор. Директоорт на ДПИ, Горан Трајковски уверува, нема да има компромис за никого, а Законот ќе важи за сите. Ограничени трговските маржи на училишниот прибор -Инспекторите ќе постапуваат во рамки на нивните надлежности кои произлегуват од Одлуката, а ...
Тројцата помагачи на Палчо за двојното убиство исправени пред судијата Ивица Стефановски. Таткото на Вања надведнат и згрчен на обвинителната клупа. За првпат во судницата, лице в лице се сретнаа ликвидаторите и таткото на убиената Вања, кој е обвинет дека далал информации за траекторијата на движење на неговата ќерка. Велибор Манев, Влатко Кешишев, Боре Видевски и Александар Ѓорчевски седнаа на обвинителна клупа, но само за кратко. 10-тина ...
Пожарот кој вчера попладнето ескалираше во Мариово и неговата линија се протегна на над 20. Км се уште беснее во прилепско. Огромни пламени јазици и чад се забележуваат во атарите на селата Бонче, Крушевица, Пештани, Дуње и Кален. Синоќа во последен момент беше спасено селото Бонче и манастирот Свети Илија Писокал. Жителите во шок раскажуваат за огромната трагедија која можела да ги снајде. Како што информираше Ангелов биле договорени повеќе ...
На 72-годишна возраст почина Бора Ѓорѓевиќ, фронтменот на групата Рибља чорба. Неодамна беше примен во болница во Љубљана со тешка пневмонија. Се лекувал со антибиотици, а по неколку дена поради влошената состојба бил ставен на респиратор.Тој долго време се бореше со тешка болест. Музичарот пред Нова година имал пневмонија, поради што го откажал концертот во Ниш. Докторот експресно ми забрани да вложам секакви напори бидејќи боледувам од тешко ...
Судењето поврзано со убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски треба да започне денеска во Основен кривичен суд Скопје. Основното јавно обвинителство Скопје најпрво поднесе обвинение против четири лица, а потоа и за првоосомничениот Љупчо Палевски за кого се чекаше екстрадиција од Турција, за двојното грабнување и свирепо убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес. ...
Претседателот на Собранието Африм Гаши, по однос на поднесената интерпелација за неговата работа, рече дека демократијата е можност да се ислушаат спротивставените мислења, но „ова не е интерпелација против Африм Гаши, туку против верската припадност на претседателот на Собранието“. Кој го има легитимитетот во нашата држава, порача Гаши од собраниската говорница, да суди кој може или не да биде претседател на Собранието, само зошто доаѓа од ...
Помалку трошоци повеќе за тебе – е мерката која денес ја донесовме на Владата. Поточно Владата донесе одлука за помош на сите семејства што имаат ученици со цел да се намалат трошоците за набавка на училишен прибор, истакна премиерот Христијан Мицкоски. „Оваа мерка е директно насочена кон подобрување на животниот стандард и економската состојба на илјадници македонски семејства. Со оваа одлука се ограничува највисоката трговска т.е. профитна ...