Денеска (10.09.2024) од страна на Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Сектор за криминалистички истраги, Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал во содејство со Одделот за специјални и посебни операции, под раководство на јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, во рамките на криминалистичка истрага „Кипер“, беше спроведена координирана полициска операција со цел расчистување на кривични дела ...

Според бугарскиот медиум, во македонската делегација ќе биде и министерот за култура Зоран Љутков, а се уште не е потврдено доаѓањето и на шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски. Претседателката Гордана Сиљановска Давкова в петок ќе оди во посета на Софија, каде ќе присуствува на операта „Набуко“ од Џуепе Верди, во изведба на Националната опера и балет. Како што јави БГНЕС, според неофицијални информации, во Софија ќе се одржи и првата средба на ...

Секој деветти смртен случај на новороденче во Македонија , е поврзан со аерозагадувањето. Ова е нотирано во новиот извештај на УНИЦЕФ, објавен во пресрет на Меѓународниот ден на чистиот воздух. Во извештајот насловен „ Почетоци без здив: политики за заштита на децата од загадениот воздух во Европа и Централна Азија“, се вели дека во 2021 година, над 5.480 доенчиња во 23 земји и територии од Европа и Централна Азија, починале од причини поврзани ...

Македонија има нов почеток. Во Владата има партнери кои не носат хипотеки од минатото, туку се подготвени да се соочат со корупцијата, да се заложат за економски развој и подобрување на животниот стандард. Ова го изјавил првиот потпретседател на Владата и министер за животна средина Изет Меџити, кој е во официјална посета на САД и каде на покана на Атлантскиот совет учествува на деветтата годишна конференција за енергетска безбедност на ...

Дождот ги изгасна пожарите, но остана црната статистика. Штипската ТППЕ во изминатите 8 месеци бележи рекордни 600 интервенции. Од нив 400 биле пожари на отворено, претежно во летниот период кога се гаснеле и по 7 до 8 пожари дневно. Ова лето буквално бевме од утро до касните ноќни часови на терен, изјави Благој Ренџов, командир на ТППЕ- Штип. Во моментот ТППЕ располага со доволен кадар, односно, го задоволува стандардот да има по еден ...

Царинските службеници, во соработка со мобилните тимови на граничните премини, успешно спречија повеќе обиди за нелегален внес и износ на стока и средства. На граничен премин Деве Баир, при контрола на автобус, биле запленети 68 парчиња непријавена облека со потпис на познатите трговски марки „Бос“ и „Ралф Лаурен“. Против патникот кој носел непријавената облека се води прекршочна постапка, а започната е и постапка за заштита на право од ...

Пратеникот и поранашен министер за земјоделство, Љупчо Николовски, ги демантира наводите на Трипуновски. -Во нашата држава точно се знае кој каква улога има, вклучително и функцијата министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, за која Трипуновски по не знам кој пат покажува дека е недостоен да ја држи. Го упатувам министерот прво да се запознае со постапките и надлежностите на органите во неговиот состав, пред да се расфрла со празни ...

Со оваа одлука над 84 илјади вработени во државната администрација ќе добијат по 11 илјади денари К15. Исплатата ќе биде најдоцна до декември оваа година. Со тоа ќе се реализира уште една значајна поддршка за вработените. Мицкоски: Администрацијата и наставниците ќе добијат К-15 во ноември и декември Со овој пакет К15 ќе бидат опфатени и вработените наставници во училиштата. На овој начин Владата покажува конкретна грижа за секој еден вработен ...

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски најави дека од денеска започнува со објавување на сите сомнителни случаи и афери од претходното раководство на министерството. Народот, појасни Трипуновски, покрај тоа што виде како работеше Николовски, денеска ќе има можност и да слушне што се случувало во министерството. На денешната прес-конференција тој обзнани како одредени правни лица надвор од сите прописи земале ...

Во основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ во општина Аеродром веќе работат 12 образовни асистенти за 15 деца со посебни потреби, а раководството очекува за некој ден да се докомплетира тимот. Според министерката за образование и наука Весна Јаневска, договори со образовни асистенти се потпишуваат и денеска, што значи, како што изјави, во следните денови асистентите постепено навлегуваат во училиштата. Повеќе пати кажав дека ова што се случуваше ...

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, на покана и во организација на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), учествува на дводневниот тематски дијалог „Од замисла до реалност: Спроведување инвестициски проекти“ кој од денеска се одржува во Белград. На дијалогот, се презентираат практики и методологии од различни земји со цел нивна примена и унапредување на идни инфраструктурни проекти, се разгледуваат заедничките ...

Управата за хидрометеоролошки работи најавува нестабилно време со пообилни врнежи и локално невреме. Како што информираат од УХМР, под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, денеска во вечерните часови почнувајќи од запад ќе има врнежи од дожд кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде. Во Скопје денеска во вечерните часови, во текот на ноќта и утре времето ќе биде облачно со врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе биде нестабилно ...

Во рамките на работната посета на Будимпешта, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се обрати пред студентите и дипломатите од Унгарската дипломатска академија. Во своето обраќање Муцунски се осврна на долготрајниот и посветен процес за пристапување на нашата држава кон ЕУ. Тој посебно ја истакна непрекинатата повеќедецениска посветеност кон процесот, но и бројните и големи отстапки кои македонското општество ги ...

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис најави дека патниците со крстарења кои ќе пристигнат на островите Миконос и Санторини на неколку часа во екот на туристичката сезона ќе платат 20 евра. Мицотакис на традиционалната прес-конференција во рамките на меѓународниот саем во Солун рече дека Грција нема структурен проблем со прекумерниот туризам и дека целта не е доаѓањето туристи, туку приходите од туризмот. „Би сакале повеќе туристи, кои трошат ...

Доналд Трамп и Камала Харис се изедначени во последните недели од изборната кампања, според националната анкета спроведена од „Њујорк тајмс“ и колеџот Сиена, што ги зголеми влоговите на претседателската дебата во вторник. Трамп порасна за еден процентен поен, 48%-47%, во однос на Харис, според истражувањето објавено во неделата, разлика што е во рамките на маргината на грешка од три процентни поени на истражувањето, што значи победа за кој било ...

Домашната разузнавачка агенција на Германија предупреди на сајбер група која припаѓа на единицата 29155 на руската воена разузнавачка служба (ГРУ), велејќи дека извршила сајбер напади врз земјите на НАТО и ЕУ. Во објава на X, Bundesverfassungsschutz објави дека објавува предупредување против групата позната како UNC2589 заедно со ФБИ, Американската агенција за кибер безбедност и инфраструктура (CISA), Агенцијата за национална безбедност (NSA) и ...

Манипулациите се карактеристика за СДС. Кога ќе се види што Венко Филипче пријавувал како министер, а што како пратеник може да се види дека тој манипулира со голем имот. Или Филипче пријавил поголем имот како пратеник, отколку кога бил министер. Последниот анкетен лист доставен до Антикорупциска откако стана пратеник покажуваат дека тој поседува имот во вредност од 850 илјади евра, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Филипче како министер за здравство ...

Денеска, недела 8 септември, прекинат е огромен континуиран ланец на кража на дрвни сортименти кои оперираа на територијата на општина Кичево. Одземени се камиони, трактори, поголема количина нелегално посечена дрвна маса и на лице место се заловени поголема група на луѓе кои учествувале во овие криминални активности. Ова денеска го објави Кире Михаилов, заменик генерален директор на Национални шуми кој изразам благодарност до МВР и ...

Во изминатите 33 години се соочивме и со многу предавства од страна на неодговорни политички лидери кои ги продаваа нашите национални интереси. Денес сме тука да се увериме дека тоа никогаш повеќе нема да се повтори. Имаме свои национални интереси и тие интереси ќе бидат заштитени по секоја цена. Нема да бидеме монета за поткусурување на никој. Ние ќе се бориме за нашите интереси и за нашето достоинство и ве уверувам дека ќе успееме! Ова, меѓу ...

Амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Анџела Агелер упати честитка по повод Денот на независноста на земјава – 8 Септември. Во видео обраќањето кое го објави Амбасадата на САД во Скопје, Агелер вели „на овој посебен ден се придружуваме на Македонија и на сите вас во прославата на вашата независност и вашите динамични и разновидни заедници“. Како и нашата независност, вашата беше тешко здобиена, со безброј жртви направени од оние кои ...

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова упати честитка до граѓаните по повод 8 Септември – Денот на независноста. „Почитувани граѓани, На 8 септември 1991 година, македонските граѓани, користејќи го правото на самоопределување, ја изразија својата волја и во огромен број го дадоа својот глас за суверена и самостојна македонска република. Освен на референдумското ливче, таа волја беше изразена и преку озарените лица на илјадниците граѓани ...

Почина Снежана Стамеска, една од најзначајните актерки на македонскиот театар, соопшти нејзината долгогодишна матична куќа Драмски театар од Скопје. Стамеска почина на 79 години. Посмртните останки на актерката ќе бидат изложени утре од 10 часот во капелата на гробиштата Бутел по што ќе биде погребот. Од Драмски велат дека дополнително ќе ја објават информацијата за денот на одржување на комеморацијата. Стамеска е родена е на 1 јануари 1946 во ...

Денес се навршуваат три години од пожарот во модуларната болница во Тетово во кој животот го загубија 14 луѓе, а десетина лица беа повредени. Од 14-те луѓе кои починаа поради пожарот, 12 беа на болничко лекување таму како заболени од Ковид-19, додека двајца беа членови на семејствата на болните. Основен суд Тетово веќе спроведе судски процес во текот на 2022 и 2023 година, а со решение на Апелациски суд годинава требаше да почне и повторено ...

Над 500 учесници имаше во карневалското дефиле синоќа во Кавадарци, од земјава и странство, градот има вински кралица и крал во рамките на традиционалната манифестација „Тиквешки гроздобер“. Секоја карневалска група со своја приказна, секоја убава на свој начин. Традиционалниот карневал и оваа година со над 500 учесници во 31 карневалска поставка, кои продефилираа низ улиците на Кавадарци, а кралот и кралицата заедно со градоначалникот Митко ...

На 8 септевмври 1991 година, граѓаните на оваа земја кажаа Да, за самостоја и независна Македонија. „Нека ни е честита самостојна и независна Македонија!“ Ова беа зборовите на претседателот Киро Глигоров кој на преполниот плоштад во Скопје на 8 септември 1991 година ги официјализира резултатите од референдумот на кој македонскиот народ со огромно мнозинство од 95% се изјасни за осамостојување на Република Македонија од Федеративна Југославија ...

Бора Ѓорѓевиќ, легендата на рокенролот, беше погребан на гробиштата во Чачак, како негова последна желба. На погребот присуствуваа членови на семејството и бројни граѓани, како и членови на бендот Рибља Чорба, но и бројни јавни личности. Замина легендата Бора Ѓорѓевич Солзи на лицата, тага во очите можеа да се забележат кај бројни сограѓани. Хорот на гимназијата Чачани го испрати Бора во вечното почивалиште, со неговата песна „Pogledaj dom ...

Македонскиот тим од областа на програмирањето за средношколци, составен од учениците Дамјан Давков од Штип, Благој Рујаноски Стојановски од Прилеп, Виктор Максимоски од Гостивар и Софија Велковска од Скопје, предводени од лидерите, д-р Миле Јованов и д-р Емил Станков од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), освоија сребрен медал на Интернационалната олимпијада по инфрорматика што се одржува во Египет од 1 до 8 ...

Александар Николоски вицепремиер и министер за транспорт во интервју за неделникот Фокус истакна дека до крајот на 2026 година граѓаните ќе возат по новиот автопат Кичево-Охрид. „Има бројни проблеми, но реков дека нема да ја заморувам јавноста со проблеми, зашто јавноста е уморна од изговори, но она што може да го кажам дека зборот ќе го држиме и до крај на 2026 година ќе имате функционален автопат Охрид-Кичево“ кажа Николоски а во однос на ...

Спортскиот работник, тренер и претседател на Таеквондо федерацијата на Македонија, Борче Костовски, е добитник на годинашната награда за животно дело „8 Септември“. Најголемиот успех Костовски го постигна како тренер на олимпиецот Дејан Георгиевски, кој го освои сребрениот медал на Олимписките игри во Токио во 2021 година. На свеченоста по повод доделувањето на наградите што се одржа денеска во во Собранието, Костовски истакна дека ништо не е ...

На годинашното јубилејно 45. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ по прв пат на Широк сокак во Битола ќе бидат откриени ѕвезди на сите досегашни добитници на наградата Златна камера 300 која се доделува за животен опус. Директорот на Фестивалот, Симеон Мони Дамевски во интервју за МИА открива детали за патеката, која ќе биде промовирана со свеченост достојна за ѕвезди на овој, како што вели, најстар и втор по ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
2.57
76%
1013
weather icon

Белград

14ᴼ / 11ᴼ
1.03
78%
1012
weather icon

Загреб

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
82%
1012
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
87%
1013
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
1.73
79%
1012
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 9ᴼ
0.0
90%
1013
weather icon

Атина

17ᴼ / 12ᴼ
0.89
72%
1010
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
82%
1011
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
2.57
88%
1012
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 11ᴼ
2.06
87%
1012
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 12ᴼ
0.45
80%
1012
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
4.12
71%
1012
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5534

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63352

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1049.88

Злато

109913.70

Бакар

9.54

Паладиум

29610.84

Платина

30576.51

Родиум

173614.03

Цинк

2.52