Во наредните недели ќе бидат сменети и членовите на интердисциплинарната Комисија на експерти за историски, археолошки и образовни прашања, чие формирање беше предвидено со договорот од Преспа. Факт е дека тие досега и не завршиле некоја работа, брифираат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија и додаваат дека на претстојното Генерално Собрание на ОН во Њујоркн ќе се одржи билатерална средба меѓу шефовите на ...

На фотографиите направени при неколкуте настани што се одвивале за време на официјалната посета на македонската делегација на Загреб, што ги испрати Владата до медиумите на 29 август, се гледа македонското знаме. Тврдењето на опозициските портали дека Мицкоски се фотографирал без македонското знаме е спин, а за тоа сведочи и фотографија на Мицотакис со Пленковиќ, на идентичната сцена за фотографирање, единствената на која и тој и Мицкоски се ...

Уставните измени за влез на Бугарите во македонскиот Устав, со одложено дејство откако Македонија ќе стане членка на ЕУ, е предлогот со кој македонската дипломатија веќе подолго време разговара со партнерите од ЕУ. Овој предлог на македонската Влада за уставните измени со одложено дејство ќе биде презентиран и на претстојните средби на македонската делегација со челниците на Европската Унија во Брисел на 18 и 19 септември. Од Министерството за ...

Нема повеќе меѓународна политика и дипломатија со свиткана кичма, секогаш ќе реагираме кога црвените линии ќе се поминат и затоа денеска ќе му биде врачен демарш на бугарскиот амбасадор, рече премиерот Христијан Мицкоски денеска во врска со неистакнувањето на македонското знаме на средбата на претседателката Гордана Сиљановска Давкова со бугарскиот претседател Румен Радев во петокот во Софија, што се одржа во кабинетот на Радев. Во минатото ...

Бугарскиот амбасадор Жељаско Радуков во текот на денот ќе биде примен од Директоратот во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Како што претходно најави премиерот Христијан Мицкоски, нему ќе му биде врачена протестна нота за неистакнувањето на македонското знаме при фотографирањето на македонската претседателка Гордана Силјановска Давкова со нејзиниот бугарски колега Румен Радев. Според изворите од МНРиНТ, при договарањето ...

Бројот на загинати во поплавите во централна Европа вчера се искачи на осум, откако илјадници луѓе беа евакуирани од своите домови во Полска, Чешка, Австрија и Романија. Циклонот „Борис“, донесе обилни дождови од Австрија до Романија, што доведе до најголемите поплави во речиси три децении во тешко погодените области на Чешка и Полска. Илјадници куќи беа оштетени за време на викендот, мостови беа однесени, а најмалку 250.000 домаќинства, главно ...

Од денеска, пациентите во аптеките ќе можат бесплатно да ги земат новите лекови кои се додадени на позитивната листа. Вклучени се девет нови генерики, односно, вкупно 87 лекови во различни имиња и форми: за висок притисок, срцеви заболувања, анти-агреганси, лекови за третман на депресија и деменција. На товар на Фондот за здравство ќе бидат антикоангулансите Prasugrel и Ticagrelor, Nebivolol, Perindopril, Valsartan, Fenofibrate, лекови против ...

Поранешен менаџер на клиника само за десет месеци земал патни трошоци од околу 500 000 денари без да има налог и сметки за тоа, а бивш економски директор на клиничка болница си ја зголемувал платата незаконски. Според информации на Сител од извршени финансиски контроли на Фондот за здравствено осигурување во јавни здравствени установи, повисоки плати без почитување на колективен договор имало и во еден Центар за јавно здравје. Доктори од ...

Денеска, додека Доналд Трамп уживаше во игра на голф, околу неговиот имот во Флорида дојде до сериозен инцидент. Според официјалните извори, се слушнале истрели, кои предизвикале внимание кај присутните. Меѓутоа, Доналд Трамп не бил директно вклучен и неговата безбедност не била загрозена. Веднаш по настанот, службите за безбедност го потврдија неговото здравје и безбедност. Портпаролот на кампањата, Стивен Чеунг, потврди дека Трамп е на ...

Министерството за надворешни работи и надврешна трговија утре ќе го повика бугарскиот амбасадор во државава Желјаско Радуков за фотографирањето пред бугарското знаме на претседателите Румен Радев и Гордана Сиљановска на средбата завчера во Софија. -Во врска со најавата на претседателката Сиљановска Давкова информираме дека во текот на утрешниот ден во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на разговор ќе биде повикан ...

Денеска, во Берлин се изврши чинот на осветување на камен темелникот за нова црква од страна на неговото блаженство архиепископ охридски и македонски г.г Стефан во сослужение со митрополитот на Европската епархија г. Пимен и митрополитот на Тетовско- гостиварската епархија г. Јосиф со многубројно свештенство од Европа. Пред многубројните верници кои со задоволство го проследија чинот на осветување на камен темелникот на новиот објект, се ...

Дел од парите на Еуростандард банка се префрлани во Турција? Неофицијалните информации од предистрагата на надлежните органи околу случајот на Крмзов говорат дека над 8 милиони евра се префрлани на сметки во Турција. Истрагата се шири на повеќе струмички компании кои биле дел од шемата на струмичкиот бизнисмен за злоупотреба на парите. Има основан простор за сомнеж дека биле подигани пари од Еуростандард банка, а тие биле префрлани на сметки во ...

Министерот положи свежо цвеќе на бистата која се наоѓа пред истоимената месна заедница „Бобан Трпков“ во населба Драчево. „Во негова чест денес се одржува 23. Меморијален турнир во мал фудбал, во местото каде што херојот Трпков растеше и другаруваше. Нека му е вечна слава на херојот, бранителот Бобан Трпков! Да живее Македонија!“, рече министерот Тошковски. На турнирот учество земаа припадници на МВР – Специјалната антитерористичка единица ...

Грчката авиокомпанија „Егејан ерлајнс“ ќе ги прекине своите летови меѓу Скопје и Сараево од 29 ноември, нешто повеќе од една година по поврзувањето на двата градови. Превозникот првично планираше да ја реализира услугата три пати неделно во ноември и декември и двапати неделно од јануари. Потоа планираше летови до 7 декември, со ограничена работа за време на празничниот период од крајот на декември до почетокот на јануари, но сега ги отстрани ...

Преголема е моќта на градоначалниците и таа треба да се ограничи, вели претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на општина Кисела вода, Орце Ѓорѓиевски, во интервју за Радио слободна Европа. Во ЗЕЛС се работи на составување тим кој ќе предложи измени во законот за локална самоуправа со цел механизам за смена на градоначалник. Ѓоргиевски како “трагично“ го оцени однесувањето на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, бидејќи последиците ...

Во Бугарија е потврдена колера, што е прв ваков случај во последните 103 години. Пациентот е 23-годишен индиски државјанин кој неодамна допатувал од Њу Делхи, соопшти тамошното Министерство за здравство, пренесува „Новините“. Според Регионалниот здравствен инспекторат на Софија (РЗИ), заразеното лице почнало да чувствува симптоми на акутна дијареа и по лабораториски тест дијагнозата била потврдена од Националната лабораторија за особено опасни ...

Сакаме да веруваме дека се работи за протоколарен превид, а не за намерна постапка и отстапка од договореното и веќе утре ќе побараме објаснување од бугарска страна, се вели во одговорот на кабинетот на македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова на прашањето на МКД.мк за неистакнувањето на македонското знаме за време на средбата со бугарскиот претседател Румен Радев. Дијалогот е клучното решение за односите меѓу Македонија и ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, гостувајќи во емисијата „Трилинг” на прашање дали е почната борбата со високиот криминал и корупција, што ја еродираат државата, потенцираше дека борбата е веќе силно почната со доаѓање на новото раководство на МВР уште во техничката влада. – Имаме врховен судија којшто повеќе не е врховен судија и осуден е на три години казна затвор, членот на Советот на јавни обвинители којшто не е повеќе дел ...

Воениот рок во Србија се очекува да биде задолжителен за мажите, додека пак жените ќе може да служат доброволно Српскиот претседател Александар Вучиќ соопшти дека како врховен командант и претседател, денеска ја потпишал согласноста за извршување на редовен воен рок од два и пол месеци (75 дена). Тој порача дека верува оти српската Влада ќе ја донесе таа одлука, оти на Србија и е потребна силна армија. „Сакам да верувам дека сите разбирате ...

Австрија, Чешка, Словачка и Полска се најтешко погодени. Овие области очекуваат врнежи од 200 до 400 литри дожд на метар квадратен и обилен снег на планините, а на Алпите на запад и југ од Австрија се очекува нов снег до два метри. Областа на Алпите е веќе покриена со снег, а снежната линија се спушти на 800 до 1000 метри надморска височина. За жал, поради екстремно обилните врнежи, централна Европа се плаши од разорни поплави и порои, а ...

Предлог-законот за бранителите е една од иницијативите на деструктивната опозиција ДУИ, и во случајов злоупотребената СДСМ, бидејќи истиот СДСМ до вчера се бореше за граѓански концепт, оцени денеска првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити и додаде дека нема да одат таму каде што сака да ги поведе опозицијата. Владата, како што кажа, ќе додели милијарда евра за решавање на конкретни реални проблеми на сите општини и на сите ...

Во координација со јавниот обвинител на Македонија, основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје донел одлука за формирање на посебно одделение за сериозен и сложен криминал кое ќе постапува по предмети за кривични дела за кои е пропишана казна доживотен затвор со поголем број обвинети и обем на докази, финансиски истраги, сложени предмети и предмети од исклучителен интерес на јавноста. Со одделението, како што информираат ...

Државниот секретар за федерални и европски прашања на покраината Северна Рајна-Вестфалија, д-р. Марк Шпајх за Дојче Веле вели дека мора да се забрза процесот на пристапување на Македонија во ЕУ. Растечката фрустрација меѓу македонските граѓани за пристапувањето на државата кон ЕУ е разбирлива и Германија мора да стори нешто за да го забрза процесот, вели во разговор за ДВ, д-р Марк Шпајх, државен секретар за федерални и европски прашања на ...

Заврши јавниот повик за прибирање на апликации за проекти за јавниот повик за капитални инвестиции на Владата за општините. 80 општини доставија 357 проекти со кој се решаваат конкретни проблеми на граѓаните. -Ова е историско високо ниво на владини инвестиции важни за локалната самоуправа. Со овие пари ќе се градат водоводи, канализации, училишта, градинки, спортски комплекси. На овој начин се покажува конкретната грижа и поддршка за општините, ...

Случајот „Крмзов“ се расплеткува во повеќе етапи и БЈБ на МВР, во координација со повеќе други институции, открива сомнежи за криминал повеќе од очекуваното, информираат добро упатени извори, пренесува ПлусИнфо. Во текот на вчерашниот ден е влезено во други два магацина на струмичката империја на бизнисменот Крмзов. Едно од главните дела кои им се става на товар на лицата под истрага е фиктивниот поврат на ДДВ и оштетувањето на државната каса. ...

Ќе се трага по заедничко решение и компромис без никој да се чуствува навреден или повреден и без никој да мисли дека бил заборавен, ова е дел од тоа за што се согласиле претседателите на Македонија и на Бугарија, Гордана Силјановска Давкова и Румен Радев на денешната средба која ја имаа во Софија, на која меѓу другото се обединиле и околу европската интергација на Македонија, Копенхашките критериуми, регионалниот пристап кон решавње на ...

Нашиот став е познат и цврст, нема за што да се репреговара со Македонија, изјави од говорницата на парламентот во Софија, премиерот на техничката бугарска влада, Димитар Главчев. „Тие (македонската Влада, н.з.) велат дека нема да преговараат со преодната влада, но јас порачувам дека од наша страна нема желба за преговори затоа што нема за што да се преговара. Постои и европска позиција по ова прашање и тоа е познато. На последниот Европски ...

За жал, како држава веќе подолго време бевме мета на сајбер напади коишто граѓаните делумно ги почувствуваа. Тоа се заканите за бомби кои доаѓаа на хибриден начин кон основните и средните училишта, па потоа и во трговските центри, а сличен вид на напади се случуваа и во државни институции. Затоа, како Влада, со формирањето на Министерство за дигитална трансформација многу сериозно и посветено се фокусиравме на институционална изградба на ...

Ние ќе се обидеме да направиме ревизија на досегашните проекти и Македонија сама да има енергетски капацитети. Енергетиката не е нешто што се планира од денес за утре, тоа е долгорочно, вели Божиновска за Гласот на Америка. Глас на Америка: Министерке, во Вашингтон имавте средба со заменикот-помошник секретар на САД за Западен Балкан. Каде беше акцентот на разговорите? Божиновска: Остваривме средба со Александар Касанов. Тој нагласи дека САД се ...

Есенската потрошувачка кошница ќе биде позната од понеделник, како и замрзнувањето на цените и ограничувањето на маржите, најави министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска, кој престојува во посета на Гостивар. „Денеска, рабоотната груба од министерствата за економија, за земјоделство и секорот за финансии уште работат, таа работна група е во тек со оваа програма, в понеделник ќе имаме јасен одговор и документот или предлогот ќе ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
2.57
76%
1013
weather icon

Белград

14ᴼ / 11ᴼ
1.03
78%
1012
weather icon

Загреб

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
82%
1012
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
87%
1013
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
1.73
79%
1012
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 9ᴼ
0.0
90%
1013
weather icon

Атина

17ᴼ / 12ᴼ
0.89
72%
1010
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
82%
1011
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
2.57
88%
1012
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 11ᴼ
2.06
87%
1012
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 12ᴼ
0.45
80%
1012
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
4.12
71%
1012
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5534

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63352

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1049.88

Злато

109913.70

Бакар

9.54

Паладиум

29610.84

Платина

30576.51

Родиум

173614.03

Цинк

2.52