
Скопје
9ᴼ /
9ᴼ



Потпретседателот Александар Николоски даде одговор на тезата на Борисов, јас немам што повеќе да додадам, кажа премиерот Христијан Мицкоски од Штип во одговор на новинарското прашање како го коментира барањето на Борисов за оставка на министерот Николоски. „Ќе треба да си го гледаме нашиот интерес како држава, да не влегуваме во замката на нивната предизборна кампања и реториката која што е дел од предизборната кампања во Бугарија. Жалам што во ...
Во Основниот кривичен суд Скопје денеска започнува судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски. Судечкиот совет при Основниот кривичен суд Скопје месецов донесе одлука за спојување на постапките на обвинетите, откако Основното јавно обвинителство најпрво поднесе обвинение против четири лица, а потоа и за првоосомничениот Љупчо Палевски за кого се чекаше екстрадиција од Турција, за двојното грабнување ...
Според извори на телевизијата, барање за поведување на постапката за нестручно и несовесно вршење на судиската функција на Пајазити поднел членот на Судскиот совет, Александар Камбовски, иако засега нема официјална потврда од Советот поради тајноста на постапката Иницирана е постапка за утврдување на одговорност на судијата Пајазит Пајазити од Основниот кривичен суд Скопје, кој му го определи, па му го замени ефективниот со домашен притвор на ...
Во последниот ден пред да бидат разрешени генералниот директор и уште двајца директори и членови на Управниот одбор купиле 250 мобилни телефони за потребите на МЕПСО за кои компанијата ќе плати 59.000 евра Зуди Енуз, екс генералниот директор на МЕПСО на последниот ден од неговиот мандат 29 јули годинава потпишал договор за набавка на 230 мобилни телефони за кои државниот електропреносен систем-оператор ќе плати 59.000 евра. Ова се официјални ...
Барање за извинување преку оставка од македонскиот вицепремиер, Александар Николовски, но и известување на европските партнери за јазикот на навреди кој се користи во Македонија кон Бугарија, се дел од реакците кои ги предизвика изјавата на Николовски во која тој ги нарече бугарските домаќини на македонската претседателка, Гордана Силјановска . „Ниту е домаќинот цивилизран, ниту е пристоен, ниту има било каква почит, затоа е работа таква каква ...
Скандалозна е вчерашната одлука на Уставниот суд во врска со „балансерот“. Ова е обид да се суспендираат сите одбранбени механизми кои се градени низ овие години, а имаат за цел да ги заштитат правата на граѓаните. Со „удирањето“ по балансерот се нарушуваат основните човекови права на граѓаните на оваа држава – изјави претседателот на Алијанса за Албанците Зијадин Села. Тој денеска на прес-конференција во Собранието посочи дека треба да се ...
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ денеска побараа членовите на Советот на јавни обвинители да поднесат оставки и ова тело да се распушти имајќи ги предвид довербата во правосудството од 2 отсто и работата на Советот. Тие негативно го оценија Годишниот извештај за работата на Советот на јавни обвинители за 2023, особено критикувајќи го делот во кој се наведува дека Советот постигнал „значителни резултати во работењето„ и дека „позитивно се оценети ...
Нашето членство во НАТО претставува долгорочна стратешка определба и придонесува за зајакнувањето на колективната безбедност, порача денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцински во обраќање на приемот организиран во седиштето на Алијансата во Брисел по повод Денот на независноста – 8 Септември. Тој се осврна и на предизвиците со кои се соочува земјава на својот европски пат, при тоа нагласувајќи дека посветеноста ...
Премиерот Христијан Мицкоски, во придржба на министрите за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцински и за европски прашања Орхан Муртезани, денеска ќе престојува во работна посета на Брисел. За време на престојот во седиштето на ЕУ, Мицкоски ќе присуствува на работен ручек што за него и за останатите лидери од земјите од Западниот Балкан го организира претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Како што информира ...
Уставен поведе постапка за испитување на вработувањата по етнички клуч. Ќе ја проверува уставноста на законите кои ја регулираат примената на балансерот, бидејќи судот смета дека националната припадност не може да е услов за место во администрација. Таквите огласи биле спротивни на правата на граѓаните за еднаквост до сите работни места. Со ваквата одлука времено нема да смее да се да се објавуваат огласи за вработување во кои услов ќе биде и ...
Голем украински напад со дронови предизвика експлозија налик на земјотрес во складиште за оружје во рускиот регион Твер, објавија руски воени блогери, при што била наредена делумна евакуација на соседниот град Торопец. Снимки објавени на социјалните мрежи покажуваат голема огнена топка како го осветлува ноќното небо и повеќе детонации. Сателити на НАСА регистрирале извори на силна топлина кои произлегуваат од област од 14 квадратни километри, а ...
Претседателот на Владата на Македонија Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека многу бргу од денес почнува изградбата на спортската сала во Воената академија. „Преку Министерството за спорт, во склоп на Воената академија, ќе почне реализацијата и на таа спортска сала, и тоа многу бргу. Тоа е еден од оние проекти што се дел од капиталните инвестиции, ние мораме да имаме повеќе капитални инвестиции, со што ќе ја ...
Првиот потпретседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска учествуваше на Конференцијата: „Бизнис ангели и претприемачки екосистем во Република Македонија. Mожности и предизвици“на која го истакна значењето што го дава Владата и министерството со кое раководи, на инвестициите во зелените бизниси. Меџити, поканет на Конференцијата од министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, рече дека Владата ...
Премиерот на Македонија Христијан Мицкоски и македонскиот министер за надворешни работи Тимчо Муцунски денеска и утре во Брисел ќе имаат средби со европските партнери на кои ќе разговараат за уставните измени како услов за членство во ЕУ. На овие средби Мицкоски и Муцунски ќе се обидат да ги убедат европските партнери за македонскиот предлог за уставни измени со одложено дејство. Според заклучоците на Европскиот совет Македонија нема да ...
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска прими ученици-младинци со оштетен слух и говор од Државниот училишен центар за образование и рехабилитација „Партенија Зографски“, специјалниот едукатор и рехабилитатор Христина Божиновска Ѓикова и Викторија Волак, толкувач на знаковен јазик. На средбата претседателката Сиљановска Давкова беше информирана за тековните активности во овој училишен центар што се во насока на образование, ...
Повеќе од 18 милиони евра ќе бидат вложени за реконструкција на студентските дома во државата, информираше денеска премиерот Христијан Мицкоски на означување на почеток на доградба на основното училишта „Блаже Конески“ во Скопје. Покрај двата студентски дома во Скопје ќе се реконстрираат и останатите домови низ државата. -Повеќе од 18 милиони евра ќе бидат вложени за реконструкција на студентските домови, не само во Скопје, туку и во другите ...
Почна да тече рокот за изградба на нова компресорска станица во Клиничкиот центар која ќе овозможи хируршките сали да работат во полн капацитет. Министерот за здравство Арбен Таравари денес извести дека го потпишал договорот со компанијата „Винора“, единствената која се пријави на повторениот оглас. „Компанијата е сериозна, професионална за оваа работа и се надевам дека, според нив, за четири месеци целиот зафат ќе биде завршен. Договорот го ...
Во интервјуто за ТВ Алфа, заменик претседателот на Владата, Александар Николоски говори за хистеријата што ја создава опозицијата меѓу граѓаните. Во продолжение интегралното обраќање на заменик претседателот Николоски: “Сите ќе се согласат дека е огромна работа е што конечно ДУИ ги испративме во опозиција. ДУИ беше на власт во континуитет од 2002 година до 2024 година, со една пауза од 2006 до 2008 година. Тоа што многумина пред нас го ветуваа, ...
Министерството за внатрешни работи го разреши началникот на Рeгионалниот центар за гранични работи Север, Наим Рамука поради скандалот со бегството на Блерим Рамадани кој се бараше за воени злосторства и за пропуштањето на свадбарите на Африм Гаши на „Блаце“. За нов началник е поставена Маја Темелкова-Сотиров, долгогодишна вработена во МВР, а работела и на граничниот премин на скопскиот Аеродром и била главен инспектор за гранични проверки и ...
Собранието денеска со 65 гласа „за“ го изгласа Законот за задолжување на Република Македонија со заем од половина милијарда евра од унгарската Влада, по скратена постапка. Во текот на општиот претрес за законот на продолжението на 14. седница опозицијата обвини дека договорот за заемот е направен зад затворени врати, со крајно сомнителни намери и носи огромни политички и економски последици со енормно зголемување на јавниот долг. Наспроти нив, ...
Денеска (17.09.2024) делегација предводена од министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски учествува на конференција на министри за внатрешни работи во рамки на Берлинскиот процес, која се одржува во Берлин, Сојузна Република Германија. Одбележувајќи ја десетгодишнината од постоењето на оваа иницијатива, беше истакнато дека регионот на Западен Балкан живее историски моментум во однос на неговата европска перспектива, а токму Берлинскиот ...
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција поднесе кривична пријава за кривично дело „неизвршување на судска одлука“ по член 377 од КЗ против Т.Л., И.Д. и Р.Т., полициски службеници од ПС ОН ...
Обвинителите наводно не докажале обвинетиот убиец на малата Вања бил во автомобилот Рено Кангу, возилото во кое според истрагата седел првообвинетиот за двојното убиство Љупчо Палевски – Палчо. Ова го тврди тој самиот во писмо од Шутка, кое се споделува по социјалните мрежи а го пренесува и партијата Десна на својата ФБ страница. Обвинетиот за двојното убиство се правда и тврди дека речиси една година траела, како што пишува – „голема лага за ...
Во текот на летната туристичка сезона, полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, (Езерска полиција), оствари стабилна и поволна безбедност во водите на Охридското езеро. Немаше регистрирани позначајни нарушување на безбедноста на капачите вдолж охридското и струшкото крајбрежје, не се пријавени пловидбени несреќи и немаше случаи на давеник во езерските води. Полициските службеници од Езерската полиција, интервенираа по еден ...
Во периодот од 9 до 15 септември во земјава се регистрирани 57 нови случаи на SARS-CoV-2, пријавени се четири починати лица – две во Скопје и по еден во Битола и Тетово, сите над 70-годишна возраст и невакцинирани, се посочува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје. Од 9 до 15 септември тестирани се вкупно 285 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, ...
На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска и утре е пријавувањето во вториот рок за упис во прва година додипломски студии за учебната 2024/2025 година. По првиот уписен рок на 29 и 30 август, слободни места има на речиси сите факултети во состав на Скопскиот универзитет. Според информациите од УКИМ, на Архитектонскиот факултет во првиот уписен рок се пополнети сите слободни места, додека на Градежен факултет се слободни 233, од ...
Циклонската активност која не зафати, останува да влијае на времето кај нас се до крајот на оваа седмица, и истата ќе условува потпросечни температури за овој период од годината. Метео прогноза на Славчо Попоски: Од денес (вторник) во попладневните часови, па се до крајот на седмицава ќе има повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Локално ќе се развиваат и конвективни грмотевични облаци, од кои се очекува појава на пороен ...
Народната банка (НБРМ) предупредува на шема на нов и многу опасен начин на „фишинг“, каде со внесување на податоци од платежната картичка и доставен ОТП код за авторизација, се преземаат платежните сметки на клиентите од страна на измамници и ги повикува граѓаните на поголема внимателност. Од Народната банка појаснуваат дека до граѓаните пристигнува фишинг порака (смс, е-маил), во која се наведува на итност за исплата, испорака на пакет и ...
Германските инвеститори во Македонија се задоволни од деловната клима во земјава во последниве неколку месеци. Тие денеска остварија деловен појадок со премиерот Христијан Мицкоски. Од германското стопанско здружение велат дека нивен приоритет во иднина ќе биде да се мотивираат германските инвеститори да дојдат во Македонија, а постоечките да ги прошират своите вложувања овде. Дополнителни можности за соработка има и во делот на наоѓање ...
Министерот за здравство Арбен Таравари смета дека за функционирање на хируршките сали би било најдобро да се направи нова компресорска станица, но да се сервисира и зачува и старата како „бек-ап“. Тој знае дека има фирма што се пријавила на јавниот оглас за компресорските станици, но денеска очекува да биде информиран дали фирмата ги исполнува условите. Според Таравари, најверојатно во почетокот на идната година ќе има нова станица. Се надевам ...