
Скопје
15ᴼ /
15ᴼ



Наследивме целосно девастирано Министерство, во долгови, неисплатени плати, заостанати субвенции, целосно закочени проекти и сериозни сомнежи за криминал на претходното раководство. Ова е Влада на земјоделците, ќе докажеме дека тие се нашиот партнер и заедно ќе ги креираме агро политиките, рече денеска ресорниот министер Цветан Трипуновски на прес-конференција по повод сработеното во изминатите 100 дена. Според него, сто дена е мал период за ...
Владата веќе ги утврди чекорите како ќе се справува со нелегалното онлајн коцкање, кое ќе биде нејзин примарен приоритет во наредниот период, бидејќи тоа е многу раширено кај младите во општеството, а наскоро ќе бидат претставени и активности што ќе бидат презмени, вели министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски. -Прво, нашите најмлади се зафатени од оваа болест без никаква контрола, ниту се знае дали користат туѓи лични карти, ...
„Изминативе 100 дена бевме посветени на секој граѓанин и секоја општина, инвестирани се над 1 милијарда денари во речиси 200 различни инфраструктурни проекти во сите осум плански региони низ земјава. Реконструкција и изградба на патишта, адаптација и реконструкција на објекти во енергетско ефикасни згради, реконструкција на објекти од областа на образованието и социјалната и здравствена заштита, подобрување на инфраструктурата на туристичко – ...
Од денеска граѓаните на Струмица и шест населени места со вода за пиење ќе се снабдуваат преку 25 апарати поставени во сите училишта и детски градинки, а се обезбедени и 25 канистри со вода за пиење кои 24 часа ќе бидат распоредени низ улиците на градот, соопштија синоќа од струмичкото комунално претпријатие. Канистрите за вода за пиење 24 часа ќе бидат поставени кај Градската болница, резервоарот на „Свети Петнаесет“, Амфитеатарот во Градскиот ...
Основното јавно обвинителство Струга поднесе уште еден Обвинителен предлог против струшкиот градоначалник Рамиз Мерко. Овој пат ќе се гони за несовесно работење во службата. „Обвинетиот свесно ги повредил законските прописи при именување вршител на должност – директор на општинско основно училиште во селото Радолишта“, велат од Јавното обвинителство. Иако Законот за основно образование предвидува дека вршител на должноста директор се избира од ...
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари работна средба со амбасадорот на Чешката Република, Јарослав Лудва. На средбата на која што беа потврдени добрите билатерални односи, се разговараше за идна соработка во различни сектори од заеднички интерес меѓу двете земји. Исто така се отвори и прашањето за можноста за воспоставување на нови авиолини меѓу двете земји, притоа министерот Николоски го ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска во обраќањето по повод 100 дена Влада повторно нагласи дека владината коалиција е стабилна и дека и покрај различните мислења за одредени прашања, сепак сите коалициони партнери се обединети околу стратешките прашања. Изминатите 100 дена од работата на Владата ги оцени како успешни и рече дека она што го прави горд и задоволен е тоа што сите оние кои добиле шанса, во најголем дел ја исполниле дадената ...
Навистина чувството е би рекол прекрасно колку во суштина ова покажува дека нашиот народ е скромен, нашиот народ е благодарен, нашиот народ е работлив, вреден и колку малку треба за човек да биде среќен. Јас сум благодарен што можам да го видам тоа денес на вашите лица и тоа за нас преставува инспирација да продолжиме да работиме уште понапорно за во периодот кој што следи да овозможиме уште поголеми пензии, да овозможиме уште поголема ...
Здружението на граѓани РАСТ денеска оствариле средба со директoрот на Уневерзитетската детска клиника д-р Реџеп Мемеди и со советникот на премиерот д-р Игор Николов. На средбата, информираат од здружението, биле информирани дека обезбедени се финансии и ќе се лекуваат дополнителни 19 деца или вкупно 168 деца со хормон за раст. Изминатите години бевме сведоци дека бројката на лекувани деца беше помала, а листата на чекање поголема. Здружението ...
„Нема да ги полираме чевлите на некои политичари на земјите членки од ЕУ и ако треба да прифаќаме секакви уцени и диктати, простете но јас не сум тој соговорник“. Премиерот Христијан Мицкоски е дециден дека фокусот на Владата и натаму е Европската Унија, ама цената не смее да биде понижување на граѓаните. Според него, и македонската јавност и меѓународната заедница до сега биле навикната на функционери кои би прифатиле секакви ултиматуми, без ...
Премиерот Христијан Мицкоски денес беше на првиот академски час до студентите. -Денес, стојам пред вас не само како премиер, туку и како редовен професор на Машинскиот факултет при нашиот најреномиран Универзитет кој го носи името на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј. Универзитет кој отсекогаш бил центар на знаењето, развојот и иновациите во нашата држава. Често се навраќам во просториите на мојот матичен факултет и ...
Владата на СДС и ДУИ набавувала милионски софтвери кои не се користат, а се платени. Според Извештајот на ДЗР за 2021 година, изготвен во 2023 година се вели дека во деловните книги на Владата евидентирани се софтвери и лиценци во вкупен износ од 576.514.000 денари, од кои дел се набавени и се користат во повеќе институции од јавната администрација. Но, за дел не добиле документација дека истите се користат од страна на Владата или се дадени на ...
Првите 100 дена од изборот на новата Влада не беа лесни, но беа клучен период во кој многу работи станаа јасни – каде сме и каде треба да одиме и што е потребно за да стигнеме таму. Но, најважно покажавме дека сме одлучни и посветени да се справиме со предизвиците без разлика на опструкциите со кои се среќаваме и проблемите и стапиците што се поставени пред нас, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски. Како што истакна на денешната ...
Министерството за образование и наука информира дека објавени се конкурсите за доделување на стипендии за средношколци за учебната 2024-2025 година и истите можат да се погледнат на следниот линк. Крајниот рок за аплицирање е 15 октомври 2024 година. Станува збор за вкупно 9 различни категории на стипендии, а условите за стекнување на правото на користење, како и потребните документи се наведени во секој од конкурсите. Денеска почнува ...
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против 18 службени лица (12 – дванаесет се полициски службеници – припадници на Мобилната ...
На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип денеска ќе се одржат првите академски часови за учебната 2024/2025 година. Овој настан, го означува почетокот на новата академска година. Но она што го забележа статистиката е дека од година во година бројот на студенти во земјава се намалува. Центарот за граѓански комуникации забележува дека за 10 години во земјава бројот се намалил за над 7 илјади. ...
Боре Видевски, обвинет за учество во грабнувањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, е префрлен на Клиниката за нефрологија во критична здравствена состојба. Неговиот адвокат, Бојан Манев, за Радио Слободна Европа потврди дека Видевски бил транспортиран од притвор поради влошување на неговата состојба. „Тој е во неконтактибилна состојба и е сместен на Клиничкиот центар ‘Мајка Тереза’ ...
Транспарент со ликот на лидерот на ДУИ Али Ахмети утрово е поставен на еден надвозник на автопатот Скопје – Тетово, веднаш после населеното место Сарај. На транспарентот покрај ликот на Ахмети на албански јазик е напишана и порака „Команданте, ние сме спремни“. Сличен транспарент се појави и во Шуто Оризари. “МВР е подготвено да одговори на секакви предизвици во иднина. Предизвици кои ќе бидат насочени кон дестабилизација на Македонија, ...
Од денеска до 16 октомври, НАТО ќе распореди околу 200 припадници на новоформираните сојузнички сили за одговор (АРФ) на Западен Балкан, со цел да започнат со обука и да бидат подготвени да им помогнат на членовите на КФОР. КФОР објави дека ова е првпат да се распоредат припадници на АРФ по формирањето на таа формација во јули оваа година, а се додава дека 50 членови на оперативниот тим за врски и извидување во рамките на АРФ ќе бидат ...
Министерството за јавна администрација им даде насоки на институциите како да постапуваат во периодот додека важи времената мерка на Уставниот суд за стопирање на алатката „балансер“ која се користеше за правична застапеност на малцинствата при вработувањата во државните и локалните институции. Уставниот суд пред две недели одлучи да поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на балансерот во Законот за вработените во јавниот ...
Во рамки на Министерството за внатрешни работи денеска беше отворен Регионален центар К9 за обука и сертификација на кучиња, со поддршка од страна на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, каде свои обраќања имаа министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и заменик шефицата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Сузан Пенкса. Според Тошковски, Регионалниот центар е од исклучително значење за земјава, како од аспект на стратешко делување, така од аспект и на ...
Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска се обрати на Вториот министерски состанок на управувачките платформи на Западен Балкан за образование и обука, истражување и иновации и култура. На состанокот, на кој покрај министерот Љутков учествуваа и министерката за образование и наука, Весна Јаневска, и министерот за култура и иновации, Балаш Ханко, од унгарското претседателство со Советот на Европската Унија, беше истакната важноста ...
До овој момент, нема македонски државјани кои се обратиле за помош или евакуација од Либан, велат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија за МИА. -Поради влошенета безбедносна ситуација во Либан, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Северна Македонија во неколку наврати ги повика сите наши државјани кои се наоѓаат во оваа држава, да ја напуштат во прва можна прилика и апелираше да се одложат сите ...
Поранешниот премиер Никола Груевски нема да ја одлежи двегодишната затворска казна во предметот „Тенк“. На 4 октомври ќе поминат шест години од правосилната пресуда за Груевски во предметот за набавката на владиниот луксузен мерцедес, за кој поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска веќе ги одлежа пресудените 4 години затвор. На 10 ноември, пак, ќе се навршат шест години откако Груевски избега од Македонија во Унгарија, ...
Осомничените на возраст од 49 и 48 години, како соизвршители, на 27.7.2023 година, почнале да градат објект на нивно земјиште, без одобрение за градба издадено од надлежен орган. На постојниот објект во центарот на Охрид изградиле доградби од северната страна, во сутеренот, приземјето и на катот, проширувајќи ги со армирани бетонски плочи и столбови, по што продолжиле да го надградуваат објектот со две армирано-бетонски плочи, со кои ја ...
Поголемиот дел од граѓаните немаат ништо против задолжувањето со кредит од Унгарија. Позитивно е мислењето на граѓаните и за мерката замрзнување на цените на одредени производи. Oва се дел од резултатите на истражувањето на јавното мислење кое за МКД.мк го спроведе агенцијата Маркет вижн од 16 до 25 септември на 1.200 испитаници. Мерката за замрзнување на цените на одредени производи, како позитивна за македонската економија ја гледаат 72,6 ...
МВР жестоко ќе одговори на сите обиди за дестабилизација на Македонија. Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски вели дека регистрирале вакви обиди но дека полицијата има капацитет да се справи со нив. “МВР е подготвено да одговори на секакви предизвици во иднина. Предизвици кои ќе бидат насочени кон дестабилизација на Македонија, доколку ги има како такви во реалноста во иднина, жестоко ќе одговориме. МВР е подготвена да одговори на ...
Регионалниот ЦУК Тетово, извести дека преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во 11.57 часот, вчера беше примен повик за исчезната повозрасна планинарка (72-годишна) на Шар Планина во реон на Љуботен, по што беше организирана потрага што продолжи и денеска од утрово, кога се раздени. Во потрагата беа вклучени ренџери од НП „Шар Планина“ заедно со нивниот директор, 12 специјалци од МВР, 5 полициски службеници од ПС Теарце. ...
Адвокатот Владимир Туфегџиќ, кој го водеше истражниот процес за масакрот кај Смилковско Езеро, изрази сериозни обвинувања за злоупотреба на прислушуваните разговори што беа дел од јавниот проект поддржан од тогашниот лидер на СДСМ, Зоран Заев. Во интервју за „Претрес со Ландов“, Туфегџиќ тврдеше дека тие разговори не само што не придонесоа за расветлување на случајот, туку предизвикаа ново страдање за семејствата на загинатите. Според Туфегџиќ, ...
Во првите 100 дена од своето владеење, вицепремиерот Изет Меџити и новата влада успеаја да остварат значајни резултати, и покрај континуираните пречки од опозицијата. Меџити, кој е и министер за животна средина, потенцира дека владата останува фокусирана на реформите, борбата против корупцијата и подобрувањето на животниот стандард на граѓаните. Пречки од опозицијата Според Меџити, опозицијата има јасна цел да ги саботира напорите на владата ...