Во рамки на посетата на САД во Пентагон, заедно со Началникот на Генералштаб, генерал мајор Сашко Лафчиски, остварив средба со Аманда Дори, потсекретар за одбранбена политика во Пентагон, се вели во Фејсбук статусот на министерот за одбрана, Владо Мисајловски. На средбата се заблагодарив за поддршката од САД во процесот на модернизација и опремување на Армијата и порачав дека остануваме целосно посветени на заедничката соработка и заедничките ...

Патот на Албанија за пристапување во Европската Унија ќе биде одвоен од Македонија, а првиот преговарачки кластер официјално ќе биде отворен на 15 октомври, едногласно одлучија амбасадорите на земјите членки на ЕУ, пишува паневропската новинската мрежа специјализирана за европски прашања „Еурактив“. Медиумот потсетува дека патот на двете земји од Западен Балкан за пристапување во Европската Унија беше споен и дека двете заедно ги започнаа ...

Со цел безбедно и непречено одвивање на предвидените активности, по повод претстојната посета на унгарскиот премиер Виктор Орбан и неговата делегација на Охрид, Секторот за внатрешни работи Охрид ги презема сите неопходни безбедносни мерки и активности. Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај ги известува сопствениците на патнички и други моторни возила дека е потребно да ги дислоцираат возилата од паркинг местата на булеварот ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во рамки на посетата на Полициското одделение во Матејче ја отвори новата канцеларија на управните служби на МВР, која ќе овозможи побрз пристап на граѓаните од липковско до услугите на МВР . Министерот Тошковски потенцираше дека отворањето на канцеларијата, втора по ред за само неколку дена, како дел од низа други кои ќе бидат отворени е со цел граѓаните да имаат побрз пристап до ...

Нема да има толеранција за никого, нема да толерираме никаква примена на нечесни практики и секој кој ќе се огреши ќе биде казнет. Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) веќе е на терен на цела територија на Македонија со повеќе од 40 тимови или повеќе од 120 инспектори, ротирани во различни градови, и врши проверка дали се почитува одлуката на Владата за ограничени профитни маржи за основните прехранбени производи, порача денеска директорот на ...

Одлуката за ограничување на профитните маржи на трговците до 10 отсто ги опфаќа и бурекот и јогуртот и белите печива, потсети на денешната прес-конференција директорот на Државната пазарна инспекција, Горан Трајковски, откако граѓани се пожалиле дека нема поевтинување на бурекот и белите печива. Имаше такви дилеми, но бурекчилниците се опфатени со одлуката за ограничување на маржата, и тоа според Законот за трговијата, член 3. Денес, ...

Денеска на мое големо задоволство во организација на Меѓународниот Републикански Институт заедно со невладиниот сектор и дел од членовите на Владата имавме можност да поразговараме за една тема која што претставува акутен проблем за нас како држава, а тоа е високото ниво на криминал и корупција и борбата против ова високо ниво на криминал и корупција. А како дополнување зборувавме и за доброто владеење, нешто кое што исто така претставува ...

Повторно е одложен почетокот на судењето за пожарот во тетовската модуларна ковид-болница, кој се случи на 8 септември 2022, а кој е вратен на повторно судење по одлука на Апалацискиот суд во Гостивар. Судот во Тетово во април 2023 донесе пресуда со која поранешните директори на тетовската болница Флорин Бесими и Артан Етеми за кривичното село „Тешки дела против општата сигурност“ им изрече казна затвор во траење од една година и шест месеци, ...

„Долго време се води расправа за законот за бранителите, со кој треба финансиски да се помогнат фамилиите на настраданите бранители во вооружениот конфликт во 2001 година. Предлог-законот, кој е во собраниска постапка, треба да го поддржат сите партии“, велат од Демократскиот сојуз. Од ДС истакнуваат дека е неприфатливо истиот да се користи за меѓупартиски конфронтации и поттикнување на меѓуетнички тензии, првенствено од страна на ДУИ и СДСМ. ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 1 од Кривичниот законик, соопштија од обвинителство. Обвинетата, во својство на организациски директор на Јавна здравствена установа – Универзитетска клиника за токсикологија, ги пречекорила своите службени овластувања со намера да овозможи противправна имотна ...

Почина оперската пејачка Ирена Кавкалевска, мецосопран во Македонската опера и балет (МОБ). „Уште во првата нејзина појава, Ирена Кавкалевска беше вистинско олицетворение на Кармен, бескрупулозната заводничка. Таа апсолутно пленеше со сценичноста, владееше со целото дејство, очигледно се чувствуваше удобно во улогата што ја толкува. Комотна и самоуверена на сцената, мошне маркантно ја долови фаталната женска привлечност“ – зборува музичката ...

Светскиот македонски конгрес (СМК) ја поздравува посетата на претседателката на Собранието на Албанија, Елиса Спиропали на Собранието на Македонија, меѓутоа пораките „за тоа како Македонија треба да се грижи за Албанците, бидејќи се работи за ист народ во три држави” ги оценува за грубо мешање во внатрешните работи на Македонија. Посебно за „правичната и пропорционалната застапеност на Албанците во институциите на земјата…” и „имплементацијата ...

Костадин Костадинов, претседател на крајно десничарската партија Преродба денеска, како што имаше најавено минатата недела, поднесе во бугарскиот парламент декларацијата со која се бара Европската Унија и Европската Комисија да ги осудат, како што се вели во документот, навредите искажани од политичари од Македонија, кон Бугарија и бугарски политичари. Поводот, или провокацијата, за декларацијата за Костадинов и неговата партија беа изјавите на ...

Владата денеска на редовна седница ги забрани онлајн игрите на среќа.Ова следи по собраниското толкување дека лиценца за тоа има само АД Државна лотарија. „Ме радува што од денеска со Одлука на Владата во оваа држава се забранува и казнува онлајн коцкањето. Единствените кои не се согласуваат со оваа одлука се некои поранешни функционери на ДУИ кои изградија империја во коцкањето, давајќи дозвола за такви активности на српски или црногорски ...

Во периодот на изборниот процес Државната Комисија за спречување на корупција (ДКСК) оформила вкупно 65 предмети, кои се резултат на пријави за сомневање за сторени повреди на Изборниот законик и Законот за спречување на корупцијата, предмети оформени по сопствена иницијатива на Комисијата, како и приговор поднесен од организатор на изборна кампања. Според посебните извештаи на Државната комисија за спречување на корупцијата, за утврдените ...

Владата ќе набавува нови возила, меѓу кои електрични и хибридни. Но, набавката ќе се планира во следниот буџет. Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска изјави дека сите институции се задолжени да направат попис на потребите за возила. „Сакаме да имаме поинаков пристап преку оперативен лизинг да ги намалиме трошоците за нивно одржување и на тој начин да обезбедиме нова флота на возила, меѓу коишто сигурно ќе има и такви електрични ...

Министерот за одбрана, Владо Мисајловски заедно со Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал мајор Сашко Лафчиски, ја предводат македонската делегација која од денес е во работна посета на Соединетите Американски Држави. Повод на посетата се годишните билатералните одбранбени консултации меѓу двете земји. За време на посета на министерот Мисајловски ќе оствари средби со високи официјални претставници на Пентагон и вооружените сили на ...

Пратеничката од опозициската СДСМ Славјанка Петровска денека ги повика пратениците од владејачката ВМРО-ДПМНЕ да го задолжат претседателот на Собранието Африм Гаши да го примени член 126 став 3 од Деловникот, исто како што тоа го направи за задолжувањето од Унгарија и да ја закаже седницата на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади, за да продолжи процедурата за усвојување на измените на Законот за бранителите. Прашан ...

Ми преставува особена чест и огромно задоволство што сум денес домаќин на еден ваков настан како што е 18-тиот Годишен работен состанок на министрите за земјоделство од Југоисточна Европа. Овој министерски состанок дава една одлична можност ние како министри меѓусебно да се запознаеме и нормално да размениме мислења, идеи и прашања кои што се од областа на земјоделството, руралниот развој, па и пошироко, истакна министерот за земјоделство, ...

Претседателот на Владата на Христијан Мицкоски, на новинарско прашање, во врска со инвестициите во енергетиката и за тоа дали земјава може да стане енергетски независна, оцени дека Владата ќе ја направи Македонија енергетски независна од делот увоз на електрична енергија. „Апсолутно да. Ако се сеќавате добро, ние мандатот го започнавме со една таква инвестиција, инвестицијата на компанијата „Алказар“, каде што очекувам отприлика производство од ...

На 93-годишна возраст во Битола почина м-р Јован Кочанковски, последниот жив сведок од групата битолски интелектуалци кои во 1960 година го формираа најстарото научно друштво во земјава, Македонско научно друштво-Битола. До пензионирањето, Кочанковски вршел повеќе јавни функции, бил директор на Историски Архив-Битола, директор на ОУ „Тодор Ангелески“-Битола, додека во Друштвото за наука и уметност, подоцна МНД-Битола, бил потпреседател и член ...

Во „Службен весник“ е објавена Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки и обврска на трговците да прибавуваат и продаваат видови и количества на одделни стоки на потрошувачите со што од денеска се очекува граѓаните да ги почувствуваат ефектите од есенската потрошувачка кошница. Цените на 73 прехранбени производи, кои се дел од есенската потрошувачка кошница, треба да бидат пониски до 31 октомври, а производите вклучени во оваа ...

„Северна Македонија: Важен чекор напред за зајакнување на регионалната соработка, средбата Герапетритис- Муцунски“; „Герапетритис до Скопје: Почитување на Договорот од Преспа и правилата за добрососедство“; „С. Македонија: „Важен чекор напред“ за зајакнување на соработката, средбата со Герапетритис“; „Нова порака за почитување на Договорот од Преспа“; „Порака на Герапетритис до МНР на С. Македонија за Преспа: Европската перспектива бара ...

Нека му е со среќа – вака кусо и отсечно премиерот Христијан Мицкоски денеска ја коментираше најавата на пратеникот од Вреди Халил Снопче, кој синоќа го повтори ставот на албанската коалиција дека ќе ја напуштат Владата доколку се усвојат измените на Законот за бранители без да биде предвидено обештетување и за поранешните борци на ОНА. Премиерот со истиот одговор одговори и на новинарско барање за коментар на најавите на лидерот на ...

Можам да кажам дека повторно Македонија се гради после долгогодишен застој, конечно почнуваме да го надополнуваме тоа коешто годините позади нас беше запустено, заборавено, а ветувано, неисполнето, рече претседателот на владата, Христијан Мицкоски, кој присуствуваше на ставањето камен-темелник на новата спортска сала во оопштина Ѓорче Петов. За разлика од минатото можам да кажам дека градоначалникот овде во Општина Ѓорче Петров заедно со дел од ...

Општина Кисела Вода стана првата која презеде конкретни чекори за подобрување на квалитетот на воздухот. Со поставување на 5 најсовремени пречистувачи за воздух во парковите, оваа општина покажа дека вистинската грижа за животната средина се остварува со дела, а не со празни ветувања. Овие пречистувачи, познати како „Filter Cube III 5“, се вистински технолошки чуда. Со максимален проток на воздух од 16.625 кубни метри на час, тие ефективно го ...

Имав средба со амбасадорот и постојан претставник на УНДП, Армен Григоријан, објави на фб профилот премиерот Христијан Мицкоски. На средбата се заблагодарив за поддршката и разменивме мислење за Националната стратегија за развој, која е заеднички документ кој ќе придонесе за интензивирање на развојот на државата и постигнување на повисоки стандарди. Воедно ја посочив нашата подготвеност и за соработка и на повеќе други полиња, напиша Мицкоски. ...

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска во Загреб оствари билатерална средба со министерот за туризам и спорт на Хрватска, Тончи Главина, со што ја започна дводневната работна посета на Хрватска. На средбата, која помина во пријателска и конструктивна атмосфера, беа разменети мислења за развојот на туризмот и унапредување на соработката меѓу двете држави. Министерот Љутков ја истакна одличната соработка меѓу двете пријателски ...

Овој совет е одлична платформа да се учествува во визијата и во реализација на она што претставува стратешка цел на државата и за тоа е потребно да се создаде патоказ и визија за чекорите во периодот 2024 – 2044 година, рече премиерот Христијан Мицкоски на втората седница на Националниот совет за развој. Во продолжение интегрално изјавата на премиерот Мицкоски: Сериозните држави создаваат документи кои се плод на заедништво, меѓусебна ...

Претседателката Гордана Силјановска – Давкова преку видео порака упати честитка до лицата со оштетен слух и говор по повод одбележувањето на 23 септември, Меѓународниот ден на знаковниот јазик. Ова е единствена можност да се поддржи и заштити јазичниот идентитет и културната разновидност на сите глуви лица и другите корисници на знаковниот јазик. Според Светската федерација на глуви, во светот има повеќе од 70 милиони глуви луѓе од кои 80% ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
59%
1012
weather icon

Белград

18ᴼ / 15ᴼ
0.51
67%
1011
weather icon

Загреб

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
72%
1011
weather icon

Софија

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
82%
1013
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
1.0
69%
1012
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 11ᴼ
0.51
83%
1013
weather icon

Атина

18ᴼ / 15ᴼ
1.79
75%
1011
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
0.51
77%
1012
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
2.06
82%
1012
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
65%
1011
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 13ᴼ
0.51
72%
1011
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 13ᴼ
4.12
55%
1012
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5534

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63352

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1049.88

Злато

109913.70

Бакар

9.54

Паладиум

29610.84

Платина

30576.51

Родиум

173614.03

Цинк

2.52