Цените на горивото, еуродизелот и моторните бензини се значајни за сите корисници, па темата која земја има наевтини горива останува примамлива во регионот. Анализа која ја изработија во соседството, поточно Здружението на нафтени компании на Србија (УНКС), покажува дека Србија е на третото место во регионот по цената на бензинот и течниот автогас, а на второто по цената на Еуродизелот. Литар бензин БМБ 95 во Србија чини 1,5 евро. Убедливо ...

Министерот за култура, Зоран Љутков, денеска одржа прес-конференција на која посочи дека култната Универзална сала станала ничија и не се знае кој управува со нејзе, а ниту под чие владение е. Тој најави кривични пријави затоа што Министерството за култура незаконски ја преземало. „Ние како министерство, како владина институција, по закон не можеме да финансираме или да градиме објект што е локална установа. Уште малку имаме да за да ги ...

ВМРО-ДПМНЕ остро ја осуди изјава на СДСМ во која, како што тврдат, македонските граѓани се наречени „будали“. Во реакцијата, ВМРО-ДПМНЕ оваа изјава ја нарече тешка навреда и ја смета за отслик на внатрешната криза и безидејност во СДСМ. „Ваквата тешка навреда изречена од некогаш сериозната партија СДСМ е само отсликување на состојбите внатре во партијата и нивната тотална безидејност. Внатре наместо разумот владее интересот за спас и бегство од ...

Најголем дел од граѓаните се согласуваат дека најважен проблем во државата се криминалот и корупцијата, додека втор најважен проблем се инфлацијата, растoт на цените и трошоците за живот. Oва се дел од резултатите на истражувањето на јавното мислење кое за МКД.мк го спроведе агенцијата Маркет вижн од 16 до 25 септември на 1.200 испитаници. Анкетата покажа дека ВМРО-ДПМНЕ и натаму е партијата со најголема доверба кај граѓаните. Граѓаните на ...

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска го обвини СДСМ за раздвојувањето на Македонија од Албанија и загубата на европските перспективи. Според партијата, СДСМ систематски работела на тоа да ја заглави државата во криза, а како доказ го наведуваат договорите потпишани од Заев, како и криминалот и корупцијата кои царувале во текот на нивното владеење. Во соопштението, ВМРО-ДПМНЕ истакнува дека СДСМ првично се трудела да ја спои Македонија со Албанија, а ...

Патници кои се враќале од Грција со автобус на туристичка агенција, кршеле стакла за да излезат од автобусот откако возилото почнало да чади. Ова го пренесуваат повеќе македонски медиуми, кои јавуваат дека несреќата се случила во околината на Велес. Според информациите на ТВ21, кои пренесуваат сведоштво, возачот на автобусот прв алармирал да се кршат прозори и да се излезе, а вратите бил затворени. Се очекуваат повеќе информации од МВР. ...

Орбан нема што многу да понуди, а да е прифатливо за Софија, но неговиот потег да се стави како посредник меѓу Македонија и Бугарија е за поздравување бидејќи во моментов е преговарач со Европската Унија, смета поранешниот амабсадор Јован Донев. Унгарскиот премиер по средбата со Мицкоски од Охрид рече дека има план како Македонија да ги почне преговорите до крајот на годината, но само доколку Скопје и Софија го прифатат неговото посредништво. ...

И во 21век, во одредени средини се уште традицијата го надвладува разумот. Во Штип, основци, на четиринаесет и тринаесетгодишна возраст, откако се заљубиле решиле да стапат во вонбрачна заедница. Стручни служби веќе разговарале со ниво, но малолетниците не отстапувале од својата цел, за љубовта ја крунисат со заеднички живот. Во моментот, само момчето посетува настава. „По создавањето на брачната заедница разговарано е со родителите и од двете ...

Во сите анкети над 75% од граѓаните велат дека се за членство во ЕУ. Политичарите имаат обврска да носат одлуки, за да одговорат на нивното очекување. Владата треба да каже кој е нивниот план. Очигледно гледаме сценарио во кое за жал продолжува стариот манипулативен приод на оваа гарнитура, да изманипулираме што можеме за избори а после кога ќе ја добиеме власта ништо од тоа не важи, рече пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи во одговор на ...

Демократската унија за интеграција ја изразува својата најдлабока осуда и загриженост за физичкиот напад врз претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамет Сејдини, напад без преседан врз истакната спортска личност и првиот Албанец на чело на ФФМ. Овој грд чин, извршен од маскирани лица пред ресторан, претставува силен аларм за зголемување на меѓуетничките тензии во земјата. Сејдини по нападот: Беа тројца, се надевам МВР ќе го ...

Синоќа во Скопје се случил физички напад врз претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини. 55-годишникот заедно со својот придружник по состанок во скопски ресторан биле нападнати на паркингот. Веднаш случката била пријавена во полиција и веќе е објавен записникот. „На 27 септември 2024 година околу 18:40 часот М.С. (55) од Кичево, пријавил дека пред угостителски објект во Скопје бил физички нападнат од неколку лица, ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во интервју за МИА најави дека по неговото враќање во Скопје ќе отпочне процесот на консултации за именување на амбасадори и пополнување на дел од амбасадите и генералните конзулати со персонал. Правиме план за распределба на дипломати внатре од Министерството за надворешни работи кои треба да бидат упатени во следниот период во дипломатско-конзуларните претставништва, а имам ...

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во рамки на учеството на 79. Генерално Собрание на Обединетите Нации во Њујорк оствари средба со Генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш. На средбата претседателката Сиљановска Давкова ги потенцираше принципите на светската организација како основа на којашто мора да функционира меѓународниот поредок, без разлика дали се работи за мали или големи држави. Таа на својот соговорник му ...

Од утре стапува на сила Законот за нефер трговски практики. Министерот за економија очекува поевтинување од 10% на 2.500 производи. Меѓу нив има месо, млечни производи, овошје и зеленчук, леќа, грав, тестенини, слатки, шеќер, чај, сокови, води, различни видови вина и пива. Сепак, поевтинувањето потрошувачите би можеле да го очекуваат кон крајот на следниот месец, односно откако есенската кошничка повеќе нема да важи. „Првите резултати ги ...

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во рамки на учеството на 79. Генерално Собрание на Обединетите Нации во Њујорк се обрати на Советот за безбедност на отворена дебата на високо ниво на тема „Лидерство за мир: обединети по однос на Повелбата на Обединетите нации, во потрага по сигурна иднина“. Во своето обраќање, претседателката Сиљановска Давкова, посочувајќи дека сè уште се соочуваме со многу конфликти, но и со уште поголема ...

Кинески пари не може да ви даваме, но можеме европски пари и тие ќе ви ги даваме, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска од Охрид, одговарајќи на новинарско прашање по заедничката прес конференција со премиерот Христијан Мицкоски. Запрашан за унгарскиoт заем во Македонија и шпекулациите дека парите доаѓаат од Кина, Орбан, нагласи дека парите кои Унгарија ги добива од Кина невозможно е да се дадат на други затоа што има договор тие пари ...

Денес имам чест да го поздравам мојот колега, премиерот Виктор Орбан, кој заедно со својата делегација е во дводневна официјална посета на нашата земја, рече во своето обраќање од Охрид претседателот на владата, Христијан Мицкоски. Оваа посета е доказ за одличните пријателски односи и соработката помеѓу двете земји, кои се продлабочуваат со секој изминат ден. Македонскиот и унгарскиот народ, македонските и унгарските граѓани ги врзува длабоко ...

Претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, заедно со градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу и Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска ја посетија салата “Партизан” во Чаир. Најавија дека овој спортски објект, кој оставен на забот на времето, се наоѓа во катастрофална состојба, ќе биде темелно реновиран и повторно ќе го врати својот сјај. Претседателот Ѓорѓиевски му се заблагодари на Министерот Борко Ристовски за неговиот ангажман за ...

Денеска одржавме заедничка Меѓувладина седница помеѓу Владата на Македонија и Владата на Унгарија. Седницата којашто ја предводевме со премиерот Виктор Орбан на која заедно со министрите се разгледаа важни прашања од заеднички интерес. Се дискутираше за соработка со фокус на економската соработка, инфраструктурните проекти, културната размена како и борбата против криминалот и корупцијата, напиша на Фејсбук претседателот на владата, Христијан ...

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во рамки на учеството на 79. Генерално Собрание на Обединетите Нации, во Њујорк оствари средба со Александар Касаноф, заменик-помошник државен секретар на САД за Западен Балкан. На средбата претседателката Сиљановска Давкова ја потенцираше важноста на стратешкото партнерство и пријателство со САД и изрази очекување за засилување на поддршката од официјален Вашингтон за што побрз почеток на пристапните ...

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски, утрово оствари куса средба со унгарскиот премиер Виктор Орбан во Охрид. Орбан е во официјална посета на Македонија, а денеска ќе има и обраќање пред новинарите. „Имав плодна и пријателска средба со унгарскиот колега Виктор Орбан. Историјата сведочи за нашиот заеднички стремеж кон мир, просперитет и соработка. Унгарија во минатото беше еден од првите наши партнери кој ги препозна македонските стремежи за ...

Унгарскиот премиер Виктор Орбан попладнево пристигна во Охрид каде утре ќе има тет-а-тет средба со македонскиот премиер Христијан Мицкоски. Орбан, како што информираат владини извори, е пристигнат со бројна делегација во чиј состав се и 10-тина министри. Според агендата, утре по средбата на двајцата премиери, ќе се одржи меѓувладина седница по која Мицкоски и Орбан ќе одржат заедничка прес-конференција. Како што информираат од Владата, на ...

Денеска на покана на директорот на Фондот за здравствено осигурување сме овде. Можевме да видиме каква е реалната состојба што е она што тие како менаџмент го наследија од претходниот менаџмент на Фондот. Самите слушнавте дека станува збор за долг од отприлика 5 милијарди денари. Тоа е некаде околу 80-тина милиони евра и повеќе, изјави претседателот на владата, Христијан Мицкоски. Со едно домаќинско работење и со би рекол вешто реструктуирање ...

Претседателот на Владата на Македонија Христијан Мицкоски, на новинарско прашање, дали се презема нешто во врска со споменувањето на можноста, конечно да се стави ред во употребата на македонскиот јазик особено со емитувањето на странски, односно спортските арена канали во државата, информираше дека Владата веќе има формирано Комисија којашто има задача да направи напор да се користи македонскиот јазик, албанскиот и останатите јазици во ...

2500 производи од 29-ти септември треба да имаат ограничени маржи до 10 отсо. Трговците треба да обновуваат договори и да се прилагодат согласно законот за нефер трговски практики кој беше изгласан во март, а треба да почне да се применува за три дена. Според организацијата на потрошувачи, институциите не се подготвени да го контролираат спроведувањето на законот кој треба да воспостави ред меѓу добавувачите и купувачите. Од таму посочуваат ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека уште кога бил во посета на Брисел било најавено дека најверојатно Албанија ќе ги почне преговорите и ќе се одвои од земјава, но нагласи дека тоа е лоша порака кон македонските граѓани, бидејќи државата во, како што рече над дводецениски пат кон интеграција во ЕУ сторила многу работи, повеќе од која било кандидатка или актуелна членка, а кои најчесто немаат никаква врска со Копенхагенските ...

МВР до Основното јавно обвинителство во Гевгелија, поднесе кривична пријава против Б.Ш. поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „бесправно градење“. МВР денеска соопшти дека пријавениот, во својство на градоначалник на една општина, во периодот од 2.3.2021 година до 23.9.2021 година, ги пречекорил границите на своето службено постапување на начин што постапил спротивно на ...

Државниот пазарен инспекторат ги изрече првите парични казни за непочитувачите на одлуката на Владата со која им се наложи на трговците да ја намалат профитната маржа на седумдесетина прехрамбени производи за 10 отсто со што би се намалиле нивните цени во малопродажба. Од институцијата информираат дека до сега извршени биле над 60 контроли на целата територија на државата при што биле изречени осум платни налози во висина од речиси 20 илјади ...

Владата на СДС и ДУИ со народните пари се однесувала како кон своја лична сопственост, без одговорност и отчетност, истакна на денешната прес-конференција Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. -Според Извештајот на ДЗР за 2021 година, од сметката на Генералниот секретаријат исплатени се средства по дел од Владини програми, за кои целокупната документација, извршените проверки на податоците како и извршените контроли се надлежност на ...

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во интервју за МИА вели дека не би можела точно да одговори дали може да дојде до реализација на „францускиот предлог плус“ и ставот на Владата кој неодамна беше презентиран во Брисел. Сиљановска Давкова повторува дека во Договор за пријателство со Бугарија нема одредба за менување на Уставот и потенцира дека не може да има бидејќи таа се врзува со историските комисии и нивните разговори. Сепак, вели ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
59%
1012
weather icon

Белград

18ᴼ / 15ᴼ
0.51
67%
1011
weather icon

Загреб

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
72%
1011
weather icon

Софија

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
82%
1013
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
1.0
69%
1012
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 11ᴼ
0.51
83%
1013
weather icon

Атина

18ᴼ / 15ᴼ
1.79
75%
1011
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
0.51
77%
1012
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
2.06
82%
1012
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
65%
1011
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 13ᴼ
0.51
72%
1011
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 13ᴼ
4.12
55%
1012
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5534

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63352

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1049.88

Злато

109913.70

Бакар

9.54

Паладиум

29610.84

Платина

30576.51

Родиум

173614.03

Цинк

2.52