Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Н.А., вработен во Полициската станица од општа надлежност Аеродром при СВР Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“, предвидено и казниво по член 236 став 4 во врска со став 1 точка 1 и член 22 „соизвршителство“ ...

Вредноста на биткоинот денеска, до 15 часот по средноевропско време, се зголеми за 3,54 отсто и достигна 92.005,42 евра на најголемата светска берза за криптовалути, Бинанс, покажуваат податоците за пазарната трговија. Вкупниот обем на тргување со биткоини во последните 24 часа изнесува 61,28 милијарди евра. Индексот на „страв и алчност“ за биткоин денеска е на ниво 29, што се смета за категорија „страв“, што претставува мало подобрување во ...

На конструктивниот состанок со претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола и претседавачката со Советот на ЕУ, данската премиерка Мете Фредериксен постигнавме „солидно разбирање“ за предлозите за Повеќегодишната финансиска рамка на ЕУ за периодот 2028-2034 година, како и јасен пат напред, информира претседателката на Европската комисијата, Урсула фон дер Лајен. – Ги разјаснивме и зајакнавме нашите цели во три клучни области: ...

Вршителот на должноста градоначалник на Општина Гостивар и кандидатот кој доби најмногу гласови во првиот круг на локални избори, Ваљбон Лимани, смета дека назначувањето на „владин повереник“ за општината е неуставно. Владата одлучи општините во кои на локалните избори не беше исполнет цензусот, меѓу кои е и Гостивар, ќе назначи владини повереници додека траат законските процедури за повторување на гласањето Лимани во одговор на новинарско ...

Повеќе од 1.500 летови беа откажани во САД денеска, а над 1.200 беа одложени поради продолжениот делумен прекин на работата на федералната влада, што предизвикува хаос во авиосообраќајот четврти ден по ред. Според податоците на веб-страницата за следење летови FlightAware, денеска се откажани над 1.550 летови, додека вчера биле откажани 2.950, а речиси 10.800 биле одложени – што е најтешкиот ден за американската авијација од почетокот на ...

Суд во Париз денеска донесе одлука за предвремено ослободување од затвор на поранешниот претседател на Франција, Никола Саркози, додека го чека исходот од неговата жалба. Оваа одлука следува само неколку недели откако 70-годишниот конзервативен политичар почна да ја издржува петгодишната затворска казна поради заговор за прибирање нелегални средства за претседателската кампања од Либија. Саркози беше осуден на 21 октомври, откако во септември ...

РС Македонија преку структурите и органите за управување на средствата од ИПА/ИПАРД инструментот на Европската унија донесе одлука за времен прекин на исплатите на средствата од ИПАРД програмата. Ваквата Одлука следи по актуелните случувања со Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој. – За ваквата одлука истиот ден е известена Европската комисија и службите во Брисел, кои повратно известија и ја поздравија одлуката ...

Жител на долненското село Секирци, 46-годишниот Ицко Милески се лекува на клиниките во Скопје по вчерашниот напад на мечка при берба на печурки. Милески вчера околу 13 часот со пријател бил на вообичаена берба на печурки во атарот на селото Рилево кога одненадеж го нападнала мечка. Сето се случило за десетина минути. По нападот мечката избегала. Според началникот на хируршкото одделение во прилепската болница, д-р Димитар Иваноски, повредениот ...

Невладиниот сектор е она што ги одржува „меурите“ на слободата и ним мора да им се помогне, оцени професорот Љубомир Фрчкоски во интервју во емисијата „Во центар“ „НВО секторот мора да биде жилав и да се обиде да се снајде сам, но тоа многу тешко да се направи. Тоа не е лесно, апсолутно херои се тие што го прават тоа што успеваат да се соживеат, респект мора да има. И не е лошо да им се помогне. Ова што ние зборуваме, со што се изложуваме на ...

РС Македонија преку структурите и органите за управување на средствата од ИПА/ИПАРД инструментот на Европската унија донесе одлука за времен прекин на исплатите на средствата од ИПАРД програмата. Ваквата Одлука следи по актуелните случувања со Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој. – За ваквата одлука истиот ден е известена Европската комисија и службите во Брисел, кои повратно известија и ја поздравија ...

Љупчо Путер Николовски, кој во својата кариера остана запаметен по гломазно презентираната акција за заплена на стотина килограми путер, не е релевантен да зборува на ниту една тема, особено не на тема корупција, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го објавува во интегрална форма. Сега, за разлика од времето на СДС одговорност има за секој сторен криминал. Одговорноста во случајот со Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието ...

Новиот градоначалник на Општина Кичево, Александар Јовановски денеска ја презеде функцијата од досегашниот градоначалник Фатмир Дехари. Тој во објава на Фејсбук на македонски, албански и турски јазик посочува дека оваа должност не ја гледа како привилегија, туку како обврска пред граѓаните да работи посветено, транспарентно и во интерес на сите. -На самиот почеток сакам искрено да му се заблагодарам на досегашниот градоначалник, г-дин Фатмир ...

Европската Унија соопшти дека се додека не добие детали околу договорот, нема да ги коментира информациите дека на средбата на американскиот претседател Доналд Трамп и унгарскиот премиер Виктор Орган во Вашингтон било договорено Унгарија да биде ослободена од обврската за почитување на санкциите на САД насочени кон забрана за увозот на руска нафта и природен гас. – За да можеме да коментираме, треба да видиме што точно е договорено. Текстот (на ...

Вратите на Општина Врапчиште денеска останаа заклучени, а вработените кои утрово пристигнаа на своите работни места не можеа да влезат на работа. Тие немале никаква информација што се случува, пренесе 4news. Некои од нив, преку телефон, изјавиле дека вратите ги затворил поранешниот градоначалник на општината, Исен Шабани. Тој самиот го призна тоа, велејќи дека неговиот мандат завршил вчера (9 ноември) и дека од денес тој е „слободен граѓанин“. ...

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор откако судија пресуди дека може да го отслужи остатокот од казната дома. Саркози му рече на судот дека неговите три недели во затвор биле „исцрпувачки“ и „кошмар“ додека се појавуваше преку видео врска од затворот. Саркози влезе во парискиот затвор Ла Санте на 21 октомври, откако парискиот суд му изрече петгодишна казна за криминален заговор околу шема за добивање ...

Со изведување материјални докази од Обвинителството денеска во Основниот кривичен суд Скопје продолжи судењето за случајот „Геријатрија” за примање поткуп, против директорот на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина, Мухсин Арифи и Блерим Амити за примање награда за противзаконито влијание. Во судница беа презентирани докази – фото и видео материјали прибавени со примена на посебни истражни мерки, како извештаи од ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,29% во однос на одлуката од 3.11.2025 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,613%, кај дизелот за ...

Инспекциските служби на Општина Центар спроведоа вонредни инспекциски надзори на плоштадот „Филип Втори” и на влезот на Старата скопска чаршија. При контролата беше утврдено постоење на повеќе диво поставени и заградени објекти. За истите се донесени решенија за нивно отстранување, во рок од 5 дена. Доколку сопствениците не ги отстранат објектите во наведениот рок, Општина Центар ќе пристапи кон нивно отстранување. Градоначалникот Горан ...

Македонскиот јазик и македонистиката иако веќе 80 години се проучува и се штити во македонската држава како службен јазик на македонскиот народ и на македонската држава, сепак, секогаш има предизвици. Во овој момент најголем предизвик ни е употребата на странските зборови и желбата на младите, модата да зборуваат на еден од светските јазици, изјави денеска директорка на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“-Скопје. проф. д-р Елена ...

Прес-конференција на СДСМ, Љупчо Николовски, пратеник На денешната прес-конференција сакам да ја информирам јавноста дека информациите коишто ги споделив со вас за можната суспензија на ИПАРД 3 програмата се покажаа како точни. Во петокот околу 16 часот, од страна на националниот координатор за авторизација преку механизмот за суспендирање на плаќања, е донесена и дистрибуирана до македонските власти одлука за суспендирање на ИПАРД 3 ...

Извештајот на Европската Комисија за Република Северна Македонија е вистинско охрабрување за продолжување на спроведување на реформите во одредени сектори, истакна денеска во Штип амбасадорот на Република Франција Кристоф Ле Риголер, кој на новинарско прашање даде коментар за овој Извештај. Тој посочи дека Извештајот сам по себе е интересен, затоа е многу детален и комплетен. -Многу урамнотежен, со многу позитивни елементи и со помалку ...

Претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 l/m² за 24 часа) со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 18 степени. Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. T=16°C. P=988hPa. ...

„Комисијата за историски прашања со Република Северна Македонија е еден вид алиби во моментално многу комплицираните односи меѓу Бугарија и Северна Македонија, изјави бугарскиот професор и поранешен амбасадор на Бугарија во Македонија, Ангел Димитров, кој е актуелен копретседател на Заедничката експертска комисија за историски прашања, во емисијата „Денот започнува“ на БНТ. На прашањето до каде стигнала комисијата во својата работа на ...

МВР информира дека вчера попладне во 12:30 часот во СВР Скопје, 38-годишна жена од Скопје пријави дека на 08.11.2025 околу 00:30 часот била физички нападната од нејзиниот 45-годишен партнер во неговиот дом во скопско, кој употребил и тврд предмет и ѝ се заканувал со огнено оружје. Исто така, во 15:50 часот во СВР Скопје, 45-годишниот маж пријави дека на 08.11.2025 во неговиот дом бил физички нападнат од неговата 38-годишна партнерка, којa ...

Бројките се импресивни: повеќе од 300.000 раѓања беа во фокусот на истражувањето на научниците од Израел и САД, коишто обработија вкупно околу 44 милиони мерења. За потребите на студијата, анонимно се направени тестови на крв, урина и други испитувања. Така, на пример, правени се мерења на холестеролот во крвта, бројот на имунолошки ќелии и црвени крвни зрнца, воспалителни процеси, како и податоци за состојбата на црниот дроб, бубрезите и ...

Коалицијата ВЛЕН денеска изрази жалење за, како што велат, пристапот на министерката за образование, Весна Јаневска, кон албанскиот јазик. Според ВЛЕН, министерката вчера, за време на јавен настап, во два или три наврати изразила незадоволство кога градоначалникот на Тетово, Билал Касами, комуницирал на албански јазик со новинарите од медиумите на албански јазик. „Поради оваа причина, ВЛЕН изразува жалење за ваквиот пристап на министерката ...

Белгискиот министер за заштита на потрошувачите Роб Биндерс денеска побара од Инспекторатот за трговија да спроведе истрага околу „спектакуларните попусти“ во синџирот супермаркети „Алберт Хејн“. Како што јавија белгиските медиуми, минатата недела супермаркетите „Алберт Хејн“ започнаа акција под слоганот „XXXXXL БОНУС. Купи 2 и добиј 5 бесплатно. Тоа е купи 7 и добиј 2 бесплатно“. Со оваа акција се опфатени повеќе производи, како детергенти, ...

Северна Македонија е помеѓу одредено и умерено ниво на подготовка и не постигна никаков напредок во превенцијата и борбата против корупцијата. Корупцијата останува распространета во многу области и е прашање што предизвикува сериозна загриженост, стои во извештајот на Европската комисија за Македонија во делот на борба против корупцијата. – Трагедијата од 16 март 2025 година во Кочани, за време на која пожар изгоре во клуб, при што загинаа 62 ...

Италијанскиот новинар Габриеле Нунцијати беше гостин во емисијата „Со други зборови“ на италијанската телевизија LA7, а во таа прилика зборуваше за сите детали од одлуката на неговата сега веќе поранешна компанија да го отпушти поради прашањата што ги поставил за одговорноста на Израел за реконструкцијата на Газа. Во емисијата, младиот новинар проговори за прашањето што го поставил за време на прес-конференцијата во Брисел и рече дека добил ...

Министерството за внатрешни работи (МВР) апелира граѓаните да не отвораат и да не враќаат на пораки кои се испраќани во име на директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Александар Јанев, бидејќи се лажни. Од МВР посочуваат дека до неколку граѓани се пристигнати лажни пораки за наводна тековна истрага против нив, а дека испраќачите лажно се претставуваат во име на директорот на БЈБ. Во лажните пораки се наведува дека примачот на пораката е ...

Повик

2 дена - МРТ
weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
86%
1032
weather icon

Белград

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
87%
1030
weather icon

Загреб

1ᴼ / 1ᴼ
0.0
93%
1028
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1033
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
0.99
66%
1030
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 7ᴼ
0.87
99%
1028
weather icon

Атина

16ᴼ / 13ᴼ
0.45
72%
1030
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
71%
1030
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
76%
1031
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 0ᴼ
4.12
81%
1028
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 4ᴼ
1.03
96%
1029
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
4.63
66%
1030
Currency

61.555

Currency

52.4113

Currency

70.0141

Currency

34.7579

Currency

38.0952

Currency

65.9222

Currency

7.45972

Currency

0.65322

Currency

0.33776

Currency

0.52399

Currency

1.22957

Currency

0.57975

Злато

139470.53

Алуминиум

2.90

Рутениум

29192.88

Кобалт

58.42

Платина

61733.50

Сребро

2128.87

Калај

42.35

Иридиум

145787.60

Бакар

10.93

Паладиум

52470.02

Родиум

258009.74

Цинк

3.03