Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, ја исмеа изјавата на поранешниот американски претседател Џозеф Бајден за демократијата, со која тој сакал да го дискредитира актуелниот шеф на државата. Како што рече Захарова, Бајден целел кон Трамп, а погодил во европските монархии, опишувајќи ги како недемократски режими. Бајден го критикувал актуелниот американски претседател Доналд Трамп, велејќи дека ја срамоти ...

Соединетите Американски Држави (САД) и Унгарија потпишаа договор за нуклеарно гориво вреден 114 милиони долари, соопшти Стејт департментот, опишувајќи ги односите меѓу двете земји како „достигнување нови височини на соработка и достигнувања“, јави Анадолија. „Вестингхаус“, компанија со седиште во САД, ќе снабдува американско нуклеарно гориво за унгарската електрана „Пакс I“, која произведува околу половина од електричната енергија во земјата. ...

Американскиот Сенат го одби законот за продолжување на исплатата на платите за стотици илјади федерални службеници за време на најдолгиот прекин на работата на владата во историјата на САД, откако демократите и републиканците не успеаја да постигнат договор за повторно отворање на владата. За предлогот гласаа 53 сенатори, додека 43 беа против, што е под потребните 60 гласови за усвојување. Повеќето демократи биле против, тврдејќи дека законот ...

Прашкаста супстанца, која може да се покаже како експлозивна, е откриена за време на истрагата на експлозиите во џамија сместена во училишен комплекс во Џакарта, соопшти денеска началникот на индонезиската полиција, Листио Стиг Прабово. Осомничениот за инцидентот, 17-годишен ученик, се уште закрепнува по операцијата, а истражителите не ја исклучуваат верзијата за намерен напад. – Пронајдени се неколку докази кои ја поддржуваат оваа верзија – ...

Девојката Викторија З. која во ноември минатата година предизвика тешка сообраќајна несреќа на патот Кавадарци – Неготино, во која загина едно лице, а тројца беа повредени, побегнала од Македонија додека траел судскиот процес против неа. Станува збор за 19-годишна обвинета, која не била предмет на никакви мерки на претпазливост – немала забрана за напуштање на државата, ниту ѝ бил одземен пасошот, поради што слободно ја напуштила земјата. Од ...

Случајот со земањето мито од страна на директорот на Агенцијата за поддршка на земјоделството и руралниот развој е јасен показател дека законите важат подеднакво за сите сегашни и поранешни функционери и затоа апелирам овој случај да се истражи до крај, рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски. Во однос на обвинувањата од опозициската СДСМ дека поради овој случај, во ризик се доведени средствата од ...

Во ОВР – Кавадарци било пријавено дека во атар на кавадаречкото село Сопот биле пронајдени остатоци од човечко тело, информираа попладнево од Секторот за внатрешни работи – Велес. Како што појаснија, случајот бил пријавен вчера во 16:40 часот. -Увид на местото бил извршен од јавен обвинител во содејство со увидна екипа од ОВР – Кавадарци и по наредба на јавен обвинител, пронајдените остатоци се предадени за обдукција и ДНК анализа, појаснија од ...

Четворица малолетници од Струмица малтретирале врсник, насилството го снимале и го објавиле на социјалната мрежа „Тик-Ток“. Таткото на малтретираното дете пред два дена пријавил во полиција и според неговото кажување матретирањето се случило пред околу една недела. -По пријавување на настанот, од страна на полициски службеници од СВР Струмица се преземени мерки за негово расчистување и во ПС Струмица се повикани инволвираните малолетници, со ...

Коруптивните шеми и скандали на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ во земјоделството ја доведуваат во прашање европската поддршка за реализација на ИПАРД-3 програмата, вредна 128 милиони евра. Големиот скандал со директорот на Платежната агенција, Илија Стоилев, кадар на ВМРО-ДПМНЕ, го докажува она на што постојано укажувавме, вистинската слика за ова владеење: држава заробена од партиски и лични интереси, корупција и неспособни кадри, вели Љупчо ...

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува надлежните институции да го истражат случајот, нема да толерираме неправилности и одговорност мора да има. ВМРО-ДПМНЕ нема да ги толерира неправилностите и девијантните однесувања на поединци за кои има сомнение дека го прекршиле Законот. Законот за сите е ист, се вели во сопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Секој којшто ќе биде фатен во корупција или криминал, а притоа ќе има докази за истиот, мора да одговара. Не смееме да ...

Полиција привела ваташанка, туркала предмети на Бензинска со 1,95 промили алкохол во крвта, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес. – Утрово во 06:30 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци ја привеле Е.К.(28) од село Ваташа, кавадаречко, затоа што на бензинска станица во Кавадарци го нарушила јавниот ред и мир со недолично и дрско однесување кон вработените, туркала предмети во објектот на бензинската станица, а по ...

Неформална група граѓани на Тузла најави протестен собир за денес во 11:55 часот, како израз на негодување од неодамнешните настани што ја потресоа јавноста. Станува збор за апсењето на осум лица осомничени за трговија со луѓе и сексуална експлоатација на малолетници, како и за трагедијата во Пензионерскиот дом во која загинаа 13 лица. Протестниот собир ќе се одржи пред зградата на Полициската управа на Министерството за внатрешни работи на ТК, ...

Новиот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, ја даде историската изјава за историската функција која историски ја доби, со најмалку гласови во историјата: “Ќе дејствувам како јас да сум директор на секое јавно претпријатие”. Каква чест е тоа за нас, прескромен дар од Ѓорѓиевски, кој овие следни 4 години ќе ни биде бескомпромисен менаџер на ѓубреџиите кои повеќе мафтаат со мобилните, отколку што виделе воопшто метла со свои очи; ...

Пратеничката Имерлије Салиу имаше шокантна објава на социјалните мрежи која дефакто значи дека Македонија е федерализирана. Салиу објави дека премиер на Албанците во Македонија наскоро ќе биде Беким Сали кои се очекува да стане прв вицепремиер во Владата на Христијан Мицкоски. -Господинот, Беким Сали за кратко ќе биде премиер на Албанците во Северна Македонија. Она што е најтрагично е што Салиу како пратеник дава заклетва дека ќе го почитува ...

Со предлог-измени во Изборниот законик, Либерално-демократската партија (ЛДП) ќе се обиде да издејствува владините повереници кои ќе бидат назначени во општините каде нема избрано градоначалници да немаат право да се кандидираат на повторените избори во општините Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше и Центар Жупа каде на локалните избори оддржани на 19 октомври годинава, не беше исполнет потребниот цензус. „Со оваа мерка сакаме да спречиме ...

Филипинскиот метеоролошки завод денеска издаде предупредување за опасни бури и налети на ветер, во очекување на главниот удар на тајфунот Фанг-вонг, кој се движи кон источниот брег на земјата и, според прогнозите, ќе пристигне до недела вечер. Тајфунот, кој се протега на 1.500 километри, веќе зафати делови од источните Филипини со силни дождови и ветрови, изјави на прес-конференција метеорологот Бенисон Естареја од Филипинската управа за ...

Уникатна можност да се вкусат домашни производи и специјатлитети од сите региони на Македонија, претставува Саемот за храна што ќе се одржи денеска во Градскиот парк во Скопје. Под мотото „Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“, Саемот ќе ги промовира производите „Македонско најдобро“ кои, како што информира Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), претставуваат синоним за квалитет. -Саемот за храна ќе понуди ...

Вкупните приходи од наплата на патарина за првите девет месеци од годинава изнесуваат 3.611.645.604, денари (58,725 милиони евра), информираа за МИА од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП). Во септември годинава прометот на наплатните станици изнесува 401.971.971 денар, а во летните месеци кога е највисока фрекфенцијата на возила, биле инкасирани 494.308.025 во август, 469.811.647 во јули и 399.325.680 денари во јуни годинава. ...

Презедов општина со 6,5 милиони евра долг, а денес оставам општина со 13 милиони евра приход, изјави ексградоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски. „На оваа последна прес конференција како градоначалник на општина Карпош сакам да им ги соопштам следните информации на жителите на Општина Карпош: На 4 ноември, 2021 година, кога стапив на функкцијата од мојот претходник наследив: 330 милиони денари блокирана сметка и уште една блокада од ...

Во вторникот вечерта во елегантниот арт деко културен центар во Брисел, „Бозар“, претставниците на Молдавија, вклучувајќи ја и претседателката Маја Санду, го славеа извонредниот пробив на земјата на патот кон ЕУ по објавувањето на годишните извештаи на Европската комисија. Еврокомесарката за проширување Марта Кос дента ги групираше земјите кандидати за тоа колкав напредок направиле изминатава година: Црна Гора и Албанија се на чело на групата, ...

Светски познатиот научник Џејмс Вотсон, кој ја делеше Нобеловата награда за физиологија или медицина во 1962 година за помош во откривањето на структурата на ДНК, почина на 97-годишна возраст. Смртта на Вотсон беше потврдена синоќа од лабораторијата „Колд Спринг Харбор“, каде што работеше со децении. Во 2007 година се пензионираше од престижната лабораторија во државата Њујорк откако даде расистички коментари, пренесе ДПА. Вотсон, заедно со ...

Американски федерален судија во петокот пресуди дека претседателот Доналд Трамп нелегално им наредил на трупите на Националната гарда во Портланд, Орегон, да ги задушат наводните немири, објави Ројтерс, додавајќи дека пресудата е правен удар врз употребата на војската од страна на администрацијата во американските градови. Одлуката на американскиот окружен судија Карин Имергут е првата што трајно го блокира користењето на воена сила од страна ...

Покренато е обвинение против двајцата македонски државјани и еден грчки и еден косовски државјанин кои во битолското село Црнеец во близина на Стрежево на 1 ноември организираа и учествуваа во борби со кучиња. Тие ќе одговараат за кривично дело „убивање и мачење животни“ согласно член 233 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. – Првообвинетиот организирал борба меѓу двете кучиња во дворот од семејната куќа на второобвинетиот, кој ...

Еврејски доселеници извршиле најмалку 264 напади врз Палестинци на Западниот Брег во текот на октомври што претставува рекорден број напади во еден месец откако ОН почнаа да водат статистика за овој показател во 2006 година. Во соопштение на Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарните прашања (ОЦХА), во кое се предупредува на наглото зголемување на насилството, се наведува дека нападите кои резултирале со повредени лица и оштетена ...

Турција издаде налози за апсење за израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и уште 36 други осомничени поради нивната улога во „геноцид“ во палестинската област Газа, јави ТРТ. Главното јавно обвинителство во Истанбул соопшти дека денеска издало налози за апсење за 37 осомничени, вклучувајќи го Нетанјаху, поради обвиненија за „геноцид“ во Газа. Во соопштението се наведува дека налогот е издаден по обемна истрага за „систематските“ напади на ...

На 21-то Изборно собрание на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), што се одржа денеска се избрани двајца редовни членови, осум дописни членови, четири членови надвор од работниот состав и двајца почесни членови. МАНУ соопшти дека за нејзини редовни членови се избрани дописните членови Изет Зеќири и Блажо Боев. За дописни членови се избрани проф. д-р Гордана Лажетиќ во Одделението за општествени науки, проф. д-р Мирко ...

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека успехот на годишните нуклеарни вежби на Алијансата, одржани на почетокот на овој месец, влеал апсолутна доверба во кредибилитетот на нуклеарното одвраќање на овој воен сојуз, и покрај руските закани. – Кога Русија користи опасна и непромислена нуклеарна реторика, нашето население мора да знае дека нема потреба од паника, бидејќи НАТО располага со силно нуклеарно одвраќање, изјави Руте, ...

По изборите за членови на Европскиот парламент во јуни минатата година, првата оценка беше дека и покрај значителниот подем на десницата и екстремната десница, мнозинството во претставничкото тело на ЕУ го задржа „политичкиот центар“, што го формираат Европската народна партија (ЕПП), Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите (СД) и либералната група Да ја обновиме Европа (РЕ), на кои многу често им се приклучуваат и Зелените. Но, ...

Обилните врнежи кои ја зафатија Македонија изминатата ноќ ќе продолжат двата дена од викендот па се до вторник. Повремено тие ќе бидат поројни и проследени со појава на грмежи и со засилен до повремено силен ветер од јужен и од југоисточен правец кој повремено и локално ќе достигнува брзина до околу 60 км/час. Локално ќе наврне позначително количество на воден талог (над 35 литри на метар квадратен дожд). И во Скопје и околината до вторник (11 ...

Американската армија планира да купи најмалку еден милион дронови во следните две до три години и би можела да набави од половина милион до еден милион дронови годишно во наредните години, изјави секретарот на армијата, Даниел Дрискол. Во интервју за Ројтерс, Дрискол детално го опиша значителното зголемување на планот за набавка на дронови на армијата, признавајќи ги предизвиците, со оглед на тоа што најголемата гранка на американската војска ...

Повик

2 дена - МРТ
weather icon

Скопје

-3ᴼ / -3ᴼ
1.03
93%
1031
weather icon

Белград

2ᴼ / 0ᴼ
2.06
93%
1027
weather icon

Загреб

3ᴼ / 1ᴼ
0.51
94%
1027
weather icon

Софија

2ᴼ / 2ᴼ
0.57
66%
1030
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
0.75
80%
1029
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
0.51
97%
1027
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
0.89
84%
1029
weather icon

Тирана

6ᴼ / 6ᴼ
2.57
70%
1029
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
87%
1029
weather icon

Букурешт

0ᴼ / 0ᴼ
4.63
100%
1028
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
95%
1027
weather icon

Истанбул

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
87%
1029
Currency

61.5517

Currency

52.5497

Currency

70.0141

Currency

34.7579

Currency

38.0952

Currency

65.9222

Currency

7.45972

Currency

0.65322

Currency

0.33776

Currency

0.52399

Currency

1.22957

Currency

0.57975

Алуминиум

2.90

Платина

61733.50

Бакар

10.93

Кобалт

58.42

Рутениум

29192.88

Калај

42.35

Родиум

258009.74

Сребро

2128.87

Цинк

3.03

Злато

139470.53

Паладиум

52470.02

Иридиум

145787.60