Скопје
24ᴼ /
24ᴼ
Високиот суд во Белград го закажа објавувањето на пресудата за 18 јуни за Милјана и Владимир Кецмановиќ, родителите на Коста Кецмановиќ – момчето кое уби десет лица во училиштето „Владислав Рибникар“ на 3 мај 2023 година. Судот предложи единствена затворска казна од 14 години и 11 месеци за Владимир Кецмановиќ и затворска казна од 3 години за Милјана Кецмановиќ. – Велат дека нема олеснителни околности за Кецмановиќ, бидејќи нивната небрежност ...
Нестабилното време што беше најавено од метеоролозите попладнево донесе поројни врнежи, грмежи и засилен ветер во повеќе делови од државата, а најпогодени се регионите во централна и јужна Македонија. Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека е регистриран развој на поинтензивни атмосферски процеси, особено во Мариовскиот регион и подрачјата источно од Прилеп, каде што временските услови се најнеповолни. Според најновите ...
Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, обвини дека директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Оливер Миланов, повеќе од една недела не ги објавува имињата на фирмите кои, според наодите на институциите, манипулирале со декларациите на млечните производи. Во видео-објава на социјалните мрежи, Мојсоска поставува прашање дали зад одложувањето стојат други интереси и го повикува министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски, да ...
Да се гради нов Клинички центар во Скопје без да бидат завршени болниците во Штип и Тетово за директорот на ФЗОМ, Сашо Клековски не е пожелно. Премиерот Христијан Мицкоски најави дека новиот ултрамодерен Клинички центар ќе почне да се гради наредната година на локацијата пред базенот Борис Трајковски, кој со подземен премин би бил поврзан со болницата „8 Септември“. „Пред да стигнеме до Клинички центар верувам дека треба да направиме се што ...
Силно невреме проследено со пороен дожд и град попладнево го зафати подрачјето кај Групчин, предизвикувајќи отежнати услови за одвивање на сообраќајот на автопатот Тетово–Скопје. Според очевидци, за кратко време врнежите значително се интензивирале, а градот го покрил коловозот, поради што видливоста била намалена, а возачите биле принудени да ја намалат брзината и да возат со зголемена претпазливост. „Поинтензивна нестабилност со пороен ...
Пратеникот на СДСМ, Миле Талески, во Собранието на седницата за интерпелацијата за министерот за земјоделство Цветан Трипуновски, обвини за хаос во земјоделството, оценувајќи дека во изминатите две години се случил целосен распад на системот, проследен со корупциски скандали, блокирани европски средства и намалена поддршка за земјоделците. „Пред нас овде не е интерпелација само заради него, туку интерпелација во којашто се отсликуваат ...
МВР информира дека вчера во во 11:35 часот во СВР Скопје е пријавено дека во основно училиште во с. Црешево, скопско, каде била вработена, на В.Ѓ.(57) и се слошило и починала. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по насоки од јавен обвинител телото на починатата било дадено за обдукција МВР информира дека вчера во во 11:35 часот во СВР Скопје е пријавено дека во основно училиште во с. Црешево, ...
СВР Скопје поднесе кривична пријава за случена сообраќајна несреќа во населба Илинден СВР Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против лицето А.С. (23) од Скопје, поради основано сомнение за сторено кривично дело казниво по член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик. Имено, на 28.05.2026 година во 23:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улица „34“ во населбата Илинден се случила ...
Ветувавте повеќе субвенции, а земјоделците добија помалку, ги лажевте земјоделците дека субвенциите ќе бидат исплатени во март, па во април, па во мај, денес сме 10 јуни, а многу земјоделци сè уште немаат добиено ниту денар на своите сметки, нагласи пратеникот од СДСМ, Љупчо Николовски на денешната собраниска седница на која на дневен ред беше интерпелацијата за министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, ...
Педесет и деветгодишна жена била пронајдена почината во својот дом на подрачјето на скопската општина Аеродром, информираат од Министерството за внатрешни работи. Случајот бил пријавен во СВР Скопје на 9 јуни околу 11:50 часот, по што на местото пристигнала екипа на Итната медицинска помош. Лекар констатирал смрт кај Д.А. (59), при што не биле забележани видливи траги на насилство. По насоки на јавен обвинител, телото на починатата било ...
Украинските балони-бомбардери повторно се појавуваат на фронтот како исклучително економично и едноставно средство кое, наполнето со хелиум и опремено со ГПС, успешно ги попречува руските радари и ја принудува Москва да го троши својот скап противвоздушен арсенал, пишува францускиот весник „Депеш“ (La Depeche). Уште во февруари 2023 година, една година по почетокот на руската инвазија врз Украина, двете страни ги користеа овие балони за да ...
Институтот за судска медицина потврдил присуство на високо токсичниот инсектицид метомил, во јавноста познат како ланате, во парчињата салама пронајдени во близина на детско игралиште во населбата Расадник во Кисела Вода, информираат од ЈП Лајка. Станува збор за инсектицид кој е одамна забранет за употреба и увоз во Македонија и во земјите од Европската Унија поради неговата екстремна токсичност и честата злоупотреба за труење животни. Од ЈП ...
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, на денешната прес-конференција упати остри критики кон лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека е подготвен да ги прифати уставните измени под условите на Бугарија со цел повторно да дојде на власт. „Специјалниот бугарски пратеник Филипче е спремен да истурка уставни измени сметајќи дека така ќе дојде на власт“, изјави Лефков. Тој оцени дека програмата на Филипче не ја добива поддршката што ...
СЕКЕ Прилеп ги информира тутунарите за правилното третирање на тутунот и за препаратите што треба да се користат во производството, со цел да се зачува квалитетот на производот, здравјето на производителите и сигурноста при откупот. Во препораките се наведува дека тутунот треба да се третира исклучиво со препорачани препарати. За заштита од плевели се препорачува Chlomazone, за заштита од штетни инсекти Sivanto Prime, а за заштита од болести ...
33-годишник од Карбинци силувал малолетничка и ѝ пренел заразни болести На 08.06.2026 во 13:50 часот, Полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Б.Т.(33) од село во општина Карбинци. Тој се сомничи дека во периодот од јануари до март 2026 година, додека престојувал во домот на едно семејство во светиниколско село, вршел полови дејствија, ја соблекувал и допирал по телото нивната малолетна ќерка, при што ѝ пренел и заразна болест, ...
Изградбата на втората делница од железничката пруга кон Бугарија, на потегот Бељаковце–Крива Паланка, напредува со засилена динамика, станува збор за еден од најкомплексните и најголеми инфраструктурни проекти што се реализирaaт во Македонија, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски кој заедно со дитекторот на ЈП МЖ Инфраструктура и претставници од изведувачот Ѓулермак извршија увид на градежните ...
Големиот шумски пожар што изби во областа Уелва во шпанската автономната заедница Андалузија сè уште беснее, откако досега уништи повеќе од 3.600 хектари земјиште, поради што во операцијата за справување со стихијата е вклучена и Воената единица за вонредни состојби (УМЕ). Регионалната влада на Андалузија го подигна нивото на тревога на втор степен, а шпанскиот весник „Паис“ пренесува дека се очекува дополнително влошување на состојбата ...
Во услови на растечка глобална побарувачка за критични минерали, Македонија подготвува законски измени кои треба да обезбедат поголеми економски придобивки од експлоатацијата на природните ресурси. Целта е да се привлечат нови инвестиции, а истовремено да се зголемат приходите за државата и општините. Проектите за ископ на бакар, меѓу кои и „Иловица“, се посочуваат како можност за комбинирање на економски развој, извоз и отворање нови ...
Српската полиција разби организирана криминална група осомничена за изработка и продажба на лажни дипломи и други образовни документи, при што се уапсени четири лица, а откриена е и илегална печатница во Белград. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи на Србија, припадници на Управата за криминалистичка полиција (УКП) и СБПОК, по налог на Јавното обвинителство за организиран криминал, ги уапсиле Б.Д. (52), кој се смета за ...
Судскиот процес го води судијата Горан Димовски, а обвинението го застапува Оливера Нечаковска. Судењето е околу постапката на РЕК „Битола“ во 2022 година да ја избере фирмата „Рудкоп “ Битола, а да ја елиминира „Гранит“ Скопје за ископ на јаловина. „Рудкоп“ го доби тендерот за цена од 2.595 денари за м3, додека „Гранит“ имал првична понуда од 2.040 денари за м3. По предлог на ОЈО Битола за овој случај на „Рудкоп“ му се замрзнати 3,5 ...
Проширувањето веќе не е само технички пристапен процес. Тоа е стратешка инвестиција во безбедноста, стабилноста и конкурентноста на Европа. Безбедна и просперитетна Европа не може да биде целосна без целосна интеграција на Западен Балкан, порача шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски во обраќањето на состанокот на министрите за надворешни работи на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), што се одржа денска во Софија во ...
Собранието во рамки на денешната 104.седница ја констатира оставката на вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи. Вицепремиерот Фетаи поднесе оставка на 1 јуни, за што соопшти преку социјалните мрежи. Во објавата на Фејсбук, Фетаи посочи дека од функцијата заминува со крената глава и чиста совест. -Ова е добро смислена одлука, донесена со уверување дека во моменталните околности е најправедниот и најдостоинствениот чекор. Во текот на ...
Жена во Тетово наводно физички нападнала дете на возраст од околу три до четири години, а потоа го оставила на улица и си заминала. Како што информира СВР Тетово, на 9 јуни во 17 часот било пријавено дека околу 14:15 часот на улицата „Маршал Тито“ жена го тепала своето малолетно дете. Според пријавата, случајни минувачи реагирале и застанале да го заштитат детето, по што жената го оставила на улица и заминала со количка во која се наоѓало ...
Општина Аеродром продава градежно земјиште по 2.000 денари по метар квадратен. Земјиштето зафаќа површина од 23.000 метри и се наоѓа на атрактивна локација, непосредно до хотелот „Русија“ и спортската сала Јане Сандански. За оваа електронската аукција закажана за почетокот на следниот месец за почетните 2.000 денари по метар квадратен се бара банкарска гаранција од приближно 2 милиони евра, соопшти денеска советникот на СДСМ во Општина ...
Судскиот процес го води судијата Горан Димовски, а обвинението го застапува Оливера Нечаковска. Судењето е околу постапката на РЕК „Битола“ во 2022 година да ја избере фирмата „Рудкоп “ Битола, а да ја елиминира „Гранит“ Скопје за ископ на јаловина. „Рудкоп“ го доби тендерот за цена од 2.595 денари за м3, додека „Гранит“ имал првична понуда од 2.040 денари за м3. По предлог на ОЈО Битола за овој случај на „Рудкоп“ му се замрзнати 3,5 ...
Четириесет и седумгодишен жител на Тетово пријавил во полиција дека бил измамен за 20.000 денари, откако наседнал на лажна порака поврзана со наводна резервација на стан во Скопје. Како што информира СВР Тетово, на 9 јуни во 13:30 часот, тетовецот пријавил дека на 6 јуни преку онлајн платформа добил порака во врска со наводна уплата за резервација на стан. Тој го отворил испратениот линк и ги внел податоците од својата платежна картичка, по ...
Изјава на Горан Стоименов, претставник на АПИС Изминаа две недели откако, асоцијациите на приредувачите на игри на среќа во автомат клубови, казина и спортски обложувалници, АПИС и АСОМ доставивме официјално барање до Собранието за организирање јавна расправа во врска со Предлог законот за игри на среќа. Согласно член 129 став 2 од деловникот, барањето го упативме до претседателот на Собранието, претседателката, членовите на Комисијата за ...
Најмалку 12 лица се убиени во масовно пукање во сиромашен кварт во Јоханесбург, откако група од над 10 осомничени лица влегла во населбата и отворила оган кон жителите, соопшти полицијата во Јужна Африка, пренесуваат светските медиуми. Според извештаите што ги пренесува Би-би-си, во пукањето се повредени уште девет лица, додека потрагата по осомничените напаѓачи и понатаму е во тек. Нападот, како што информира полицијата, се случил во дива ...
Владата става крај на обезбедувањето вооружување од бугарската армија за Украина, изјави денеска премиерот Румен Радев, јави БТА. – Како што веќе знаете, владата става крај на обезбедувањето вооружување од бугарската армија за Украина – изјави Радев на почетокот на редовната владина седница. – Веќе дадовме доволно, нашата земја продолжува да трпи социјално-економски штети од оваа крвава војна. Убедени сме дека постигнувањето мирно решение ...
Жителите на скопската населба Капиштец за утре, 11 јуни, во 19 часот најавија мирен протест кај кошаркарското игралиште, револтирани од, како што велат, долгогодишниот проблем со прекумерната бучава од угостителските објекти и недоволната реакција на институциите. Протестот го организира граѓанската иницијатива „За пристоен Капиштец“, која преку социјалните мрежи ги повика жителите да се приклучат и јавно да го изразат своето ...