
Скопје
10ᴼ /
10ᴼ



Дизел горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 1,5 денари за литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,29 отсто во споредба со претходната пресметка. Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) е 68,5, а на Екстра лесното масло за ...
Дамјан Даневски, Филип Ивановски, Драгана Минова и Стефанија Соколовска се учениците од средното медицинско училиште (СОУ) „Јане Сандандски“ во Штип кои настрадаа во несреќата во дискотеката во Кочани. Со нивните слики во рака, извикувајќи „Секој еден може да е следен“, Бараме правда за сите виновни“, „Државата тоне“ „Убиство“, „Смрт за корупцијата“, во Штип се одржа едночасовен протест и марш. Почнувајќи од Градскиот плоштад „Слобода“, ...
Собранието на Република Северна Македонија од 18 март во 10 часот ќе отвори Книга на жалост за загинатите во несреќата во Кочани, соопшти собраниската прес-служба. Книгата на жалост ќе биде отворена за сите граѓани во следните шест дена, секој ден во периодот од 10 до 19 часот. Во Книгата на жалоста денеска се потпиша претседателот на Собранието Афри Гаши. – Со скршено срце, вознемирен дух, длабоко емотивно трогнат, ги пишувам овие редови ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, порача дека трагедијата што ја потресе земјата не смее да остане без одговорност. Тој истакна дека довербата во институциите е разнишана и дека граѓаните заслужуваат вистина и правда. „Ние сме денеска рането општество, довербата во институциите е сериозно нарушена. Ако сакаме да ја вратиме, мора да спроведеме целосна, транспарентна и објективна истрага. Никој не смее да биде поштеден – ниту актуелни, ниту ...
Ѓраѓаните кои моментално во Кочани бараат правда и одговорност за големата трагедија која вчета и се случи на Македонија, тргнаа кон зградата на локалната власт каде сакаа да се сретнат со градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов, кој утринава поднесе оставка, но полициски службеници ги запреа пред самите врати на објектот. Тие уште на пат натаму велеа кога треба да се земат пари први се тука, но кога треба одговорност никаде ги нема, ...
.Граѓаните бараат транспарентност, одговорност и објаснување за тоа како дошло до несреќата, каде била полицијата, и зошто безбедносните мерки во објектот не биле на соодветно ниво. Според нив, оставката на градоначалникот не е доволна, туку треба да се понесе одговорност од сите институции кои дозволиле ваква катастрофа. Протестот се одржа во центарот на Кочани, а граѓаните најавуваат дека нема да престанат со притисокот сè додека не добијат ...
Денко Малески Веднаш по вселувањето во 1984 година, некој ги украл цревата од противпожарните метални сандачиња на секој од петте спрата на мојата зграда на „Орце Николов“. Низ годините, еве веќе 40 , сите обиди да се поправи состојбата беа неуспешни – ги бојкотираа самите станари. Тоа се случуваше и кога во минатото беше потребна согласност од сите за се што би се направило во влезот и сега кога е потребна согласност од мнозинството. Пред ...
Присуствував на денешниот собир организиран од студентите на платото на УКИМ. Платото беше полно. Реки млади видно истрауматизирани луѓе се слеваа кон универзитетот. Немаше место каде да се стои. Во траорната атмосфера во која сепак се чувствуваше сплотеност, одржавме седум минутен молк. А потоа излезе да зборува Ректорката. На универзитетски собир тоа до некаде го разбирам, но не разбирам зошто први не се обратија студентите. За жал во говорот ...
Судот на Босна и Херцеговина денеска издаде централна потерница по претседателот на Република Српска, Милорад Додик, претседателот на Националното собрание на РС, Ненад Стевандиќ, и премиерот на ентитетот Радован Вишковиќ. Издавањето на централната потерница го направи Граничната полиција на БиХ по налог на Судот, откако Додик, Стевенадиќ и Вишковиќ не се јавија на поканата за сослушување на Обвинителството на Босна и Херцеговина, кое ги ...
Заради медицинска евакуација, за Северна Македонија полета уште еден авион на вооружените сили на Србија со четворица лекари и четворица медицински техничари, јави МИА од Белград. Планирано е со авионот да се пренесат 12 пациенти, соопшти српското Министерство за одбрана. Покрај авионот, рано денеска во Северна Македонија беше испратено и амбулантно возило со медицински тим од Воената болница во Ниш за да превезе пациенти кои ќе бидат ...
Министерот за здравство, Арбен Таравари, денеска ќе ги посети пациентите кои се наоѓаат во Солун и Софија, а кои беа дел од критичната група од несреќата во Кочани. Според информациите, пациентите се надвор од животна опасност. На денешната прес-конференција пред Ургентниот центар на комплексот клиники во Скопје „Мајка Тереза“ министерот рече дека тоа што зависи од нас е направено. -Да бидеме внимателни и да им се даде максимална медицинска ...
Листа на земји кои понудија помош за Северна Македонија не е конечна и таа е направена во одреден временски период, а станува збор за процес што е во тек, изјави денеска портпаролката на Европската комисија за социјални права и вештини, подготвеност, еднаквост, култура и здравство Ева Хрнчирова. – Примивме понуди и од други земји и можам да кажам дека на Северна Македонија веќе и понудивме и поголема помош од онаа што ја побра, изјави Хрнчирова ...
Овој клуб извадил само два пати лиценца во 2021 та и во 2023 тата година. Значи цело време работел или без лиценца, а прашањето е тие што тие што му потпишале во 2021ва и 2023та и како му потпишале и врз основа на кој елаборати и документи му потпишале. Во 2024тат видовме како му потпишале, бидејќи на тоа архивско бројче на кое што се води оваа фалсификувана лиценца е коресподенција со странски инвеститор, рече премиерот. Тука нема политика ќе ...
Министерот за здравство Арбен Таравари денеска на прес-конференција испрати апел до сите оние кои присуствувале на трагичниот настан во Кочани а не се пријавиле на лекар, да се пријават кај нивните матични лекари во болниците во Кочани или Штип, или пак во трите болници во Скопје. Како што напомена министерот, состојбата на сите пациенти до сега е стабилна. -Состојбата на сите пациенти до сега е стабилна. Да се надеваме дека нема да има ...
Секако ѝ стоиме на располагање на соседната земја. Повторно да ја изразам нашата болка, нашето сочувство до семејствата на загинатите и желби за брзо закрепнување на многумината повредени, посочи портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на денешниот редовен брифинг со новинарите, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина во однос на помошта од Грција за повредените во трагедијата во Кочани. Маринакис нагласи дека Грција му ...
Заедничкиот час на студентите на УКИМ беше прекинат откако на неколку студенти им се слошило за што била неопходна и интервенција на брза помош. Ова се случичи само неколку минути откако на настанот започнало обраќањето на ректорката на УКИМ. Заедничкиот час започна со седумминутен молк точно напладне на собирот на студентите и учениците од средните скопски училишта пред платото на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје, во знак ...
Во Ургентниот центар во Белград ноќеска се примени 9 повредени лица од пожарот во дискотека во Кочани, од кои едно е со исклучително тешки повреди опасни по живот, јави МИА од Белград. – Седуммина беа под третман во операциските сали. Повредените кои се префлени во УЦ имаат изгореници од два до 28 отсто на телесната површина и тоа е иницијална проценка од ноќеска. Дел од повредените имаат изгореници на горните дишни патишта, изјави утрово Милан ...
Ќе биде отворена сметка за донации по трагичната несреќа во Кочани. По денешниот состанок во Владата, како што изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, ќе се знае како таа помош ќе биде канализирана. По посетата на пациентите што се хоспитализирани на Клиничкиот центар во Скопје, премиерот изрази благодарност до сите држави кои понудија помош. – Борбата ќе продолжи во деновите што следат. Министерот напомена сите оние кои биле во и околу ...
Соопштение на ДУИ Потпретседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Арбр Адеми денеска соопшти дека во текот на следните денови ќе излезат со целосна документација и докази за тоа кој, како и на кој начин дозволил да се случи грозоморната трагедија во Кочани. Потенцира дека ќе поднесат и пријава до Јавното обвинителство за покренување постапка за кривична одговорност за надлежните лица и институции, бидејќи, како што рече, ...
Српскиот премиер Милош Вучевиќ денеска изјави дека владата е подготвена да упати официјална покана до американското Федерално биро за истраги (ФБИ) и Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) да дојдат и да спроведат истрага за наводната употреба на звучен топ на саботниот протест во Србија, јави МИА од Белград. „Подготвени сме официјално да упатиме покана, ништо не криеме“, изјави Вучевиќ. Тој го повтори ставот дека ниту еден српски државен ...
Четворица повредени во пожарот во ноќниот клуб во Северна Македонија за два дена ќе пристигнат во Хрватска со хеликоптери на хрватската армија, изјави денеска премиерот Андреј Пленковиќ и уште еднаш изрази сочувство до семејствата на загинатите и на преживеаните им посака брзо закрепнување. „Ќе дојдат, ми се чини, за два дена. Утре хеликоптерите на Министерството за одбрана, односно на хрватската армија ќе преземат четворица повредени пациенти. ...
Тажно и непрепознатливо е Кочани еден ден по трагедијата со пожарот што го разбуди градот. Полупразни се улиците, без многу посетители во кафулињата и рестораните, го нема вообичаениот џагор во училишните дворови и во детските паркови. Граѓаните мирно и достоинствено, во Паркот на Револуцијата палат свеќи и носат цвеќе, оддавајќи им почит на жртвите во трагедијата. -Се молиме за спас на душите на сите кои настрадаа, но и за што побрзо ...
– Мобилни тимови составени од психијатри и психолози ќе обезбедуваат психолошка поддршка за семејствата и пациентите од трагичната несреќа во Кочани. Сите кои имаат потреба од советување или помош, достапна е телефонската линија 078 378 754, преку која стручни лица ќе обезбедуваат психолошка поддршка. Како што информира Министерството за здравство, мобилните тимови се формират во координација со ЈЗУ Психијатриска болница и Клиниката за ...
По големата трагедија што се случи во Кочани, граѓаните нудат помош, сместување, храна, превоз, превод….. се што им е потребно на семејствата на оние млади кои се повредени и се лекуваат во земјава и во соседните и други држави. За помош на семејствата на повредените во пожарот во Кочани, сите граѓаните можат да отворат на sos-smestaj.com – Централизирани информации за помош на семејствата на повредените во пожарот во Кочани. ...
Министерот за здравство Арбен Таравари денеска на прес-конференција информираше дека од тројцата нови пациенти од пожарот кои се пренесени од Кочани во Скопје, двајца се сместени во Клиничкиот центар, а едниот е сместен во „Осми септември“. Со тоа, во болниците во Кочани и во Штип нема пациенти од трагедијата во дискотеката. -Тоа беше нашата стратегија, сите пациенти да ги повлечеме во Скопје и постепено сите да бидат во Клинички центар, за да ...
– Две лица се уапсени во Сански Мост, град во северозападна Босна, под сомнение за трговија со луѓе, а нивното апсење уследи по откривањето на четири деца без родителска грижа во куќа, потврди денеска Обвинителството на Унско-Санската жупанија. Децата, на возраст од една до шест години, биле пронајдени вчера, а медиумите објавија дека две од нив имале хрватски пасоши. Обвинителството на Босна и Херцеговина денеска не ги потврди шпекулациите за ...
Врховниот поглавар на Бекташкиот ред Хаџи Деде Баба Монди, чие седиште е во Тирана, изрази длабоко сочувство до семејствата на загинатите во трагедијата во Кочани, а на повредените им посака побрзо закрепнување. -По повод на оваа голема трагедија, во мое и во името на милиони бекташи низ целиот свет, им изразувам најдлабоко сочувство на семејствата на загинатите млади животи, а на повредените брзо закрепнување. Ги поздравуваме напорите на ...
Наталија Ѓоргиеска, сопруга на трагично загинатиот член на бендот „ДНК“ – Андреј Ѓоргиески преку Фејсбук и се обрати до јавноста: „Во овој момент, кој е најтежок за нас, медиумите и државните институции, ме предизвикувате за прв пат да се обратам до македонската јавност. Во текот на вчерашниот ден, по потрага на својот сопруг Андреја Ѓорѓиески, да го најдам во некоја од болниците, на домашна адреса не посетила криминалистичката служба која без ...
Европската Унија започна со евакуација на пациенти со тешки изгореници по разорниот пожар во ноќен клуб во Кочани, Северна Македонија, во кој загинаа 59 лица, а над 155 се повредени, соопшти денеска Директоратот за цивилна заштита и хуманитарна помош на Европската комисија (ECHO). Во првите часови по несреќата, Центарот за координација на итен одговор на ЕУ стапи во контакт со властите за цивилна заштита во Северна Македонија, изразувајќи ...
Српскиот премиер во оставка Милош Вучевиќ денеска изјави дека 14 државјани на Северна Македонија повредени во вчерашната несреќа во Кочани се на лекување во Србија, јави МИА од Белград. Вучевиќ додаде дека имал средба со вицепремиерот на Северна Македонија, Иван Стоиљковиќ кој му се заблагодарил на српскиот претседател Александар Вучиќ и на српскиот народ за помошта и грижата што Србија ја дели со Северна Македонија. „Уште еднаш, во името на ...