Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека го номинира сојузниот обвинител Џеј Клејтон за нов директор на националното разузнавање на САД. Претседателот изрази високо почитување за неговиот профил во правната заедница и побара брза реакција од законодавната власт. „Малку луѓе во правната заедница се почитувани на нивото на Џеј. Го повикувам Сенатот на САД да го потврди изборот на Џеј што е можно поскоро“, напиша Трамп во објава на ...

Претседателот на САД Доналд Трамп соопшти дека ги откажал воените напади против Иран планирани за вечерва, само неколку часа откако се закани со нови бомбардирања и изрази намера за преземање контрола врз островот Харг, главниот центар на иранската нафтена инфраструктура, пренесува Ројтерс. Американскиот претседател појасни дека одлуката за запирање на воената акција уследила по добиените гаранции од Техеран дека преговорите се подигнати на ...

Илјадници Албанци излегоа на улиците на главниот град Тирана во досега најголемиот протест против изградбата на луксузен туристички комплекс зад кој стои зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер, пренесува Ел Џазира. Демонстрантите во средата носеа транспаренти со пораки „Албанија не е на продажба“ и извикуваа „Нова Албанија“ пред кабинетот на премиерот Еди Рама, додека колоната протестанти се протегала речиси еден ...

Белата куќа денеска пред новинарите ја претстави големата арена подигната во претседателскиот комплекс, на која в недела ќе се одржат ММА борби по повод 80-тиот роденден на Доналд Трамп. Претставниците на медиумите првпат добија пристап до масивната структура со висина од 28 метри – што ја надвишува и самата зграда на американското претседателство – која работниците ја градеа неколку недели на Јужниот тревник на Белата куќа. Во центарот на ...

Комисијата за вооружени сили на американскиот Сенат гласаше за продолжување на американската помош за Украина и за зголемување на одобреното финансирање на 750 милиони долари, што претставува уште еден институционален одговор против кратењето на поддршката за Киев од страна на администрацијата на Доналд Трамп. Оваа одлука е вклучена во верзијата на Сенатот за Законот за трошоци за национална одбрана (NDAA) – годишен закон со кој се одредува ...

До Министерството пристигнаа сомнежи од пациенти за можни злоупотреби на листите на чекање за хируршки интервенции, изјави денеска министерот за здравство Азир Алиу, додавајќи дека во моментов нема доволно документирани случаи за тие јавно да бидат објавени. Според министерот, се анализираат пријави во кои пациенти се вратени од закажани операции поради наводно лоши резултати од крвната слика, а потоа во друга лабораторија добиле поинакви ...

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија не одговори на повеќе суштински прашања поставени во истражувањето – реагираат од Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) откако МНР денеска ги отфрли како невистинити наводите што ЦГК ги објави во анализа на постапките што Министерството ги спроведе во март годинава за евакуација на македонски државјани од Блискиот Исток. Од ЦГК велат дека во ниеден момент не ја оспориле потребата ...

Барањето на Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС) за зголемување на процентот од ДДВ на 10% и на персоналниот данок на 50% е легитимно, но само доколку државниот буџет има неограничени можности. Ова го изјави министерот за локална самоуправа, Златко Перински, кој порача дека градоначалниците прво мора да си го погледнат сопствениот двор. Според најновите анализи на Министерството, општините во Македонија годишно губат меѓу 80 и ...

Недостатокот на политичка волја за исполнување на преземените обврски го попречува напредокот на Македонија кон Европската Унија – изјави министерката за надворешни работи на Бугарија, Велислава Петрова-Чамова, објави „БГНЕС“. Таа нагласи дека договорите не се билатерални, туку европско прашање и сите лидери на ЕУ се категорични дека единствениот пат напред за Скопје е да ги исполни веќе преземените обврски. „Тажно е да се види дека четири ...

Собранието денес ја избра Катерина Зајковска за нов член на Државната комисија за спречување на корупцијата, со што продолжува практиката на скандалозни кадровски екипирања на оваа институција, велат од Левица. „Токму Катерина Зајковска, како вработена во одделот задолжен за контрола на финансирањето на политичките партии, учествуваше во прикривањето на фирмата „Буст ДООЕЛ”, поврзана со синовите на поранешната членка на ДКСК, Цвета Ристовска. ...

Лидерот на опозицијата во Албанија, Сали Бериша објави денеска дека САД го избришале од листата на „непожелни лица“ на која беше ставен пред пет години Бериша пристигна во парламентот со насмевка и од собраниската говорница рече „ Готово е, тука сум“, по што беше поздравен од сопартијците од Демократската партија, како и Партијата на слободата на Илир Мета. Информацијата дека веќе не е „персона нон грата“ за САД, Бериша сам ја објави и не ...

Министерството за образование и наука потсетува дека од утре започнува електронското запишување на учениците во јавните средни училишта за учебната 2026/2027 година. Пријавувањето ќе се врши преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk, каде учениците ќе можат да се најават со своите постоечки кориснички сметки на на schools.mk. Првото пријавување во јунскиот уписен рок ќе трае од 12 до 15 јуни, додека потребната документација до избраните училишта ќе ...

300 милиони долари – Кристијано Роналдо Националност: Португалија | Возраст: 41 година | Приход на терен: 235 милиони долари • Приход надвор од терен: 65 милиони долари Роналдо не е само најплатениот фудбалер во светот, туку и спортист со највисок приход меѓу сите спортови. Тој ја држи оваа титула четири години по ред. Проценетите 300 милиони долари што португалскиот напаѓач ги заработил во последните 12 месеци го изедначуваат со боксерот ...

Германските репрезентативци ќе им ги платат патните трошоци за превоз со автобус на 600 навивачи за нивниот последен натпревар од групната фаза на Светското првенство, кој Германија ќе го одигра на 25 јуни во Њу Џерси против Еквадор. Одлуката доаѓа откако градските власти повеќекратно ги зголемија цените на билетите за воз и автобус од Њујорк до стадионот „Метлајф“ во Њу Џерси, што предизвика незадоволство меѓу навивачите. „Со оглед на ...

Светската банка очекува глобалната економија годинава да го забележи најслабиот раст од почетокот на Ковид пандемијата, поради последиците од војната со Иран. Во извештајот објавен денеска, институцијата ја намали прогнозата за светскиот економски раст во 2026 година за 0,1 процентен поен, на 2,5 проценти. За споредба, глобалната економија минатата година порасна за 2,9 проценти. Причините за ревизијата се високата инфлација и растот на ...

Секоја штета што Иран ќе им ја нанесе на американските сојузници ќе биде надоместена со средства преземени од ирански сметки – изјави американскиот министер за финансии Скот Бесент. Во објава на платформата Икс, Бесент наведе дека сите надоместоци што се плаќаат на новоформираната Управа за теснината во Персискиот Залив, тело создадено од Иран за контрола на Ормуска Теснина, ќе бидат компензирани со ирански средства. – Секој напад што ќе го ...

Изгаснат е пожарот во викенд населбата Кумлак над градот Штип во кој беше повреден сопственик на викенд куќа спасувајќи си го својот објект од огнените јазици. Пожарникарот од ТППЕ-Штип, Александар Георгиевски кој учествувал во гаснењето на пожарот и спасувањето на сопственикот на викенд куќата вели дека повредниот е со изгореници по екстремитетите и има вдишано чад. Забележува дека денеска имале среќа што е спасен човечки живот. ...

Сомалискиот фудбалски судија Омар Абдулкадир Артан, кој испадна од листата судии на Светското првенство, откако му беше одбиен влез во САД, ќе биде главен судија на Суперкупот на УЕФА меѓу ПСЖ и Астон Вила следниот месец. Триесетичетиригодишниот Артан беше назначен меѓу судиите за натпреварите на Светското првенство од 11 јуни до 19 јули, но беше принуден да го пропушти турнирот откако американските власти одбија да му дозволат влез во ...

Познат е идентитетот на двајцата загинати и тешко повредениот во сообраќајката на експресниот пат Прилеп – Градско, во која учествувале две возила со прилепски регистарски таблички. Секторот за внатрешни работи Велес попладнево сподели повеќе детали за сообраќајната несреќа. – Денеска во 13:30 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на експресниот пат Градско-Прилеп, после исклучокот за Кавадарци, се случила сообраќајна несреќа помеѓу ...

Поддршката на граѓаните за членството на Босна и Херцеговина во Европската Унија пораснала на 74,4 проценти, соопшти денеска Дирекцијата за европски интеграции на БиХ (ДЕИ). Редовното годишно истражување било спроведено од 23 април до 13 мај со методот CATI, на примерок од 1.200 испитаници, репрезентативен за целата држава, се наведува во соопштението на ДЕИ. Според резултатите, доколку се распише референдум за пристапување на БиХ во ЕУ, за ...

Командантот на КФОР, генерал-мајор Озкан Улуташ, денеска изјави дека општата безбедносна состојба во Косово е мирна и дека нема индикации за директни закани по безбедноста, но предупреди дека „нерешените тензии, запаливата реторика и дезинформациите и понатаму претставуваат предизвици што бараат постојана будност“. Во интервју за приштинската агенција Телеграфи, Улуташ изјави дека КФОР е подготвен да одговори на секое можно влошување на ...

Денеска во попладневните часови на бројот 112 е пријавена повторна појава на пожар на отворено во близина на локацијата Кадидере во Штип, каде што ноќеска беше изгаснат претходниот пожар, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од ЦУК, посочуваат дека ТППЕ Штип првично интервенирала со екипа од 3 пожарникари и едно противпожарно возило, а поради влошување на состојбата, во 15:20 часот на терен биле ангажирани вкупно 20 пожарникари и ...

– Полските пратеници денеска усвоија закон со кој се воведува казна затвор до пет години за онлајн пренос на кривични дела како што се силување и убиство, како и за прикажување суровост кон животни, промовирање коцкање, лажно претставување, извршување кривични дела и понижување на други лица. Овој потег е дел од пошироките напори на Полска за заострување на регулацијата на онлајн содржините. Неодамна усвоените мерки предвидуваат забрана за ...

Соединетите Американски Држави и во мај ја надминаа Саудиска Арабија во извозот на нафта и нафтени деривати и го потврдија првото место на светската ранг-листа трет месец по ред, покажуваат податоците објавени денеска од компанијата за собирање податоци за поморскиот сообраќај „Вортекса“. Преземањето на титулата најголем извозник претставува пресврт за САД, кои со децении зависеа од блискоисточната нафта и на почетокот на 1970-тите претрпеа ...

Министерството за внатрешни работи ги финализираше сите неопходни формално правни и технички предуслови за да се започне со имплементација на законските измени кои се однесуваат на управување на мотоцикл до 125cm³ и информира дека од утре граѓаните ќе можат да го користат правото за обука за управување на мотоцикл до 125cm³ во автошколи кои имаат лиценци за „А1“ категорија. – Во врска со задолжителната обука за управување на мотоцикл до ...

м-р. Глигор Стоименов Не дека не сум пишувал околу Вториот протокол на Преговарачката рамка, кој повторно деновиве некако станува актуелен!! Во септември минатата година објавив еден текст кој повеќе беше некое “упатство“, “препораки“ до Уставниот суд како да постапат во врска со поднесувањето на иницијатива за оценување на уставноста и законитоста на Протоколот од вториот состанок на заедничката меѓувладина комисија со Р.Бугарија ...

– Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека Соединетите Американски Држави се обиделе да испорачаат оружје на иранскиот народ со цел да придонесат за соборување на режимот во Техеран, но дека нивните регионални сојузници, Курдите, „ги изневериле“ и го задржале оружјето за себе наместо да го дистрибуираат. Трамп во интервју за Фокс њуз изјави дека САД испорачале оружје на Курдите, кои се регионални противници на Иран, но оти ...

Во уште едно соочување со еден од најкомплицираните моменти во пишување текст, составувањето на првата реченица, (која или ќе ве инспирира, или ќе ве заглави, но барем ќе ви стане јасно дали имате поента или нешто суштествено недостасува) се навратив на „мојата“ листа на „класици кои би можело да се прочитаат во еден викенд“. Не станува збор за книги во чие читање нужно се ужива, но книги кои се кратки и се некаков основен културен старт-уп. ...

Пожарот во месноста Плуждино кај Штип, кој вчера избувна најверојатно по удар на гром, денеска повторно се разгоре и, според информациите од терен, е посилен од вчерашниот. Огнената стихија зафати поголема површина и предизвика нова мобилизација на противпожарните екипи. Според првичните информации, едно лице е повредено, а најмалку една куќа е зафатена од пожарот. Засега нема официјални детали за степенот на повредите и за материјалната ...

Енес Демири беше уапсен на 21 мај 2025 година под сомнение за убиството кај „Пластичарска“. На рочиштето од 11 јуни 2026 година, застапникот на обвинението го повлече обвинението поради доказите што ги достави одбраната. Во моментот на настанот, Демири се наоѓал на друга локација и разговарал по телефон со својата сопруга. Пет сведоци дадоа искази пред надлежните органи со кои го потврдија неговото алиби. Обезбедени беа и други материјални ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
1.5
38%
1013
weather icon

Белград

27ᴼ / 25ᴼ
2.68
57%
1011
weather icon

Загреб

28ᴼ / 28ᴼ
0.88
59%
1010
weather icon

Софија

22ᴼ / 22ᴼ
1.45
54%
1015
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
3.78
41%
1012
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 22ᴼ
1.13
83%
1012
weather icon

Атина

31ᴼ / 29ᴼ
2.24
38%
1012
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
1.2
51%
1013
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
1.76
46%
1012
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 25ᴼ
1.34
61%
1014
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 22ᴼ
4.13
94%
1011
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 23ᴼ
3.96
78%
1013
Currency

61.6417

Currency

53.8765

Currency

72.5705

Currency

37.5526

Currency

38.4652

Currency

66.7616

Currency

7.96217

Currency

0.68967

Currency

0.33214

Currency

0.52587

Currency

1.14343

Currency

0.56011

Бакар

12.59

Паладиум

39609.72

Алуминиум

3.16

Кобалт

56.29

Рутениум

49833.66

Калај

53.10

Платина

51376.89

Злато

128950.21

Иридиум

249168.29

Цинк

0.00

Родиум

265243.66

Сребро

1801.71