Најмалку 20 ученици и едно возрасно лице загинале кога се превртел автобусот со кој патувале на училишна екскурзија во источниот дел на Уганда, соопштија локалните власти. Во несреќата што синоќа се случила во областа Капчорва, повредени се десетици лица, меѓу кои и членови на училишниот персонал. Според првичната истрага, возачот изгубил контрола над автобусот поради механички дефект. Полицијата соопшти дека возилото излетало од патот, ...

Политичката партија Левица преку соопштение реагираше на ослободителната пресуда за поранешниот премиер Никола Груевски во предметот „Талир 2“ и на одлуката да не биде конфискувана зградата позната како Белата палата, оценувајќи дека станува збор за однапред предвиден исход, а не за независна судска одлука. Според Левица, клучен момент во постапката било повлекувањето на овластувањата на обвинителката која со години работела на предметите ...

Американските сили известија за „уште еден голем бран напади“ врз цели во Иран во ноќта на 17 јули. Во соопштението од Централната команда (ЦЕНТКОМ) се наведува дека биле погодени „десетици ирански воени инсталации“, вклучувајќи локации за крајбрежен надзор и воздушна одбрана, воена логистичка инфраструктура и поморски средства. Според иранската новинска агенција Фарс, неколку мостови во јужната покраина Хормозган биле оштетени за време на ...

Кина денеска ги отфрли како „чисти измислици“ изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп, кој во своето последно обраќање до нацијата повторно ги покрена обвинувањата за мешање во претседателските избори во САД во 2020 година. Трамп синоќа го обвини Пекинг за нелегално добивање на 220 милиони записи од гласачи во САД, вклучувајќи имиња, адреси и други информации што се користат за регистрација за гласање, и за обид за „местење“ на ...

Во последните американски напади врз Иран извршени од 22 јуни досега се убиени најмалку 38 лица, а повеќе од 400 се повредени – соопшти денеска иранското Министерство за здравство. „Бројот на повредени во американските напади надмина 400, а 38 наши сограѓани загинаа како маченици“, напиша на платформата „Икс“ портпаролот на Министерството за здравство, Хосеин Керманпур. Меѓу загинатите, според него, има три жени и едно дете Во последните ...

Гумите за сите сезони (All-weatheр) стануваат сè поголем тренд на возачите. Со нивно користење се намалува потребата за нивна замена двапати во годината. Заштедуваат време и пари за сезонска монтажа, со редовно одржување. Според производителите на гуми, редовната ротација на тркалата меѓу предната и задната оска игра значајна улога во нивната издржливост и трајност. Со тек на времето се оптоваруваат оските на возилото. Кај автомобилите со ...

Опозициската ДУИ реагира на предлог-законот за правична застапеност за кој вчера пропадна обидот да биде ставен на гласање во Собранието, иако, според нив, постоел кворум. Оттаму обвинуваат дека ова решение, најавувано две години, наместо да биде закон на Албанците, станал, како што велат, „Закон на Каракамишева“. „Наместо да ја бранат волјата на Албанците, прифатија да бидат потпора на влада без етнички легитимитет, наведнувајќи се пред ...

Министерството за внатрешни работи објави дека е покрената кривична пријава за „несовесно работење во службата“ против жителка на Скопје бидејќи, иако по закон требало да направи две контроли, таа не направила никаква контрола кај правно лице за производство на медицински канабис. – Пријавената Д.П. во периодот од 18.11.2022 до 21.08.2024, во својство на одговорно лице-претседател на Комисијата за оценување на исполнетост на условите по ...

Регионалната трка за бакар и критични минерали добива нова динамика. Грција веќе развива нови рударски капацитети, а Бугарија најавува сопствени стратешки проекти со кои сака да се позиционира како важен регионален фактор во снабдувањето на Европската Унија со минерални суровини. Додека Атина и Софија ја препознаваат новата геополитичка и економска вредност на рударството, Македонија сè уште не го активира потенцијалот на Иловица. Проектот, ...

Турското обвинителство побара доживотни и и дополнителни казни затвор во времетраење до 37 години за 14 лица обвинети за априлскиот оружен напад пред Израелскиот конзулат во Истанбул. Според вчера објавеното обвинение, учесниците во инцидентот се товарат за извршени кривични дела обид за убиство, обид за уривање на уставниот поредок, членство во вооружена терористичка организација и нелегално поседување огнено оружје и муниција. ...

Реакција на Бујар Османи: Денес навистина мора да се очајни во ВЛЕН, ако дошле до таму официјалните средби на еден министер за надворешни работи да ги претставуваат како политички определби, а секојдневното коалицирање со негирачи на независноста на Косово, негирачи на геноцидот во Сребреница и релативизатори на Охридскиот рамковен договор да го претставуваат како нормалност. Според оваа логика, требало да биде обвинет Албин Курти затоа што ...

ДУИ нема право да зборува за т.н. „српски свет“, смета владејачката Влен. Оттаму потсетуваат на средба одржана во 2021 година меѓу претседателот на Србија Александар Вучиќ и тогашниот министер за надворешни работи Бујар Османи. Во тогашното соопштение, кое сега Влен го нарекува документ, пишувало дека меѓу темите на разговор било и „унапредувањето на положбата на Србите во Северна Македонија“, што за владејачката партија е „потопување на ...

Соопштение на СДСМ Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова повторно се вклучи во дебатата за Изборниот законик, тврдејќи дека сегашниот модел ја дискриминира дијаспората. Меѓутоа, нејзините изјави отвораат многу повеќе прашања отколку што даваат одговори. Ако Претседателката е за техничка влада која би овозможила фер избори, зошто тогаш го потпиша указот за укинување на техничката влада? Ако навистина сакаше Техничка влада во нова форма , ...

Гром предизвика пожар во атарот на селото Макреш, во општина Старо Нагоричане, соопштија денеска од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) и Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Старо Нагоричане. Во пожарот изгореле стрниште, сува трева и нискостеблеста шума на површина од околу 15 хектари. Според информациите од ТППЕ Старо Нагоричане, на терен интервенирале две противпожарни возила и шест пожарникари, со помош на двајца ...

Црна Гора се подготвува да го укине безвизниот режим за руските граѓани од 1 октомври, со што ќе се стави крај на политиката што е во сила речиси 18 години. Според подгоричкиот весник „Дан“, на кој се повикуваат и други медиуми, мерката е дел од усогласувањето на црногорската визна политика со правилата на Европската унија пред евентуалното членство на Црна Гора во Унијата. Амбасадата на Црна Гора претходно изјави дека земјата мора да ја ...

Едночасовниот пороен дожд што вечерва ја зафати Битола предизвика поплавување на куќи, дворови и помошни простории на повеќе локации низ градот, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) – Битола. Според информациите, невремето траело од околу 20:40 до 21:40 часот, а преку бројот за итни повици Е-112 биле пријавени поплави на улиците „Прилепска“ бр. 55, „Ѓорче Петров“ бр. 39, „Партизанска“ бр. 1, „Крсте Нале“ бр. 126, „Коста ...

Владата на САД одлучи да го скрати престојот на странските студенти и новинари во Соединетите Американски Држави, според владин документ објавен денес. Ова е нов чекор во исклучително рестриктивната имиграциска политика на сегашните власти. Според новите правила, кои треба да стапат во сила во рок од два месеци доколку поминат во Конгресот, на странските државјани кои имаат студентски визи нема да им биде дозволено да останат на американска ...

Паркот на Франкофонија и Едукативниот културен центар „Лабораториум“ вечер ќе бидат локации каде што ќе се одржат два културни настана што на публиката ќе ѝ понудат музичко-сценско и театарско доживување. Во организација и соработка со Амбасадата на Казахстан, во 20:30 часот во Паркот на Франкофонија ќе се одржи вечер на традиционална музика и танц од Казахстан насловена „Звуците на Големата Степа“. На настанот ќе настапат етно-групата ...

Францускиот претседател, Емануел Макрон, изјави дека Франција и Германија повторно се приближуваат и дека е потребен нов поттик за билатералната соработка, особено по клучни европски и меѓународни прашања. „Сметам дека можам да кажам дека во последните неколку месеци има вистинско приближување меѓу Франција и Германија во однос на европската агенда“, изјави Макрон пред почетокот на заедничката француско-германската меѓувладина седница во ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, во вторникот ги декласификуваше разузнавачките информации, тврдејќи дека тие покажале кинеско мешање во изборите во САД, и покрај проценката на американските разузнавачки агенции кои не пронашле докази дека Пекинг бил вмешан во изборите во 2020 година што Трамп ги загуби. Во својот 25-минутен говор, Трамп ги нагласи своите напори безбедноста на изборите да стане централно политичко прашање пред ...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови наместа ќе има услови за локална појава на дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 39 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Попладне во делови од котлината ќе има ...

Корисниците од делови на Гази Баба и од повеќе улици во индустриската зона на Скопје денеска ќе останат без вода поради зафати на водоводната мрежа, соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Поради изведување водоводен приклучок Ф100 милиметри на улицата „Сречко Пужалка“ бр. 60А, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улиците „Сречко Пужалка“ и „Товарник“ во општина Гази Баба. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 ...

И денеска пропадна обидот предлог-законот за правична застапеност да биде ставен на гласање во Собранието откако не беше прифатено барањето на пратениците од опозициските партии на Албанците точката да биде ставена на дневен ред за изјаснување иако, според нив, постоел кворум. Пратениците на опозициските партии на Албанците / Фото: Фејсбук Откако со серија процедурални забелешки и дебати тие се обидоа да спречат расправа по другите точки од ...

Екипата на Шкендија потешко од очекувањето го одигра вечерашниот реванш дуел од првото коло од УЕФА Конференциската лига со Европа од Гибралтар. Екипата на Шкендија повторно беше подобриот тим на теренот, но за разлика од првиот дуел, потфрли во ефикасноста. Единствениот гол го постигна Ване Крстевски во 86.минута. Гостите и на овој дуел беа тимот што мислеше како да го заврши дуелот со помалку примени голови. Победата од 5:0 на првиот дуел ...

Пратеничката на опозицискиот Социјалдемократски сојуз (СДСМ) реагира на изјавата на пратеничката на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Лидија Петкоска, која на комисиска расправа во Собранието ѝ упати навредлив коментар. Петкоска, обраќајќи ѝ се на Тренчевска, рече дека скокала како кокошка, што предизвика бурни реакции кај присутните на расправата. „Само два аргументи за колешката Јованка Тренчевска, која скокаше тука како кокошка …“, кажа ...

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека неговата земја се соочува со најлошите пожари од Втората светска војна, додека противпожарните служби во Франција, Шпанија и Обединетото Кралство се обидуваат да ги стават под контрола пожарите. При посетата на пожарникарите кои се борат со пожарите во иконската шума Фонтенбло јужно од Париз, Макрон рече дека ова лето ќе биде „тешко“, со рекорди кои веќе беа соборени пред пикот на ...

Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска започна иницијатива предводена од САД за фокусирање на меѓународните антитерористички напори кон она што го нарече „екстремно левичарски терор“, велејќи им на претставниците од повеќе од 60 земји дека левоориентираното насилство се занемарува. Во говорот на отворањето на конференцијата за политички тероризам во Вашингтон, Рубио рече дека заканата од исламскиот милитаризам е „значително ...

Американската војска започна нов бран воздушни напади против Иран, шеста ноќ по ред, со цел намалување на воените капацитети на Иран, објави денеска Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ). Претходно, иранските медиуми објавија дека денес повторно се слушнале експлозии на островот Кешм, во Бандар Абас и Чабар. ЦЕНТКОМ е дел од американската војска задолжен за Блискиот Исток. Американската војска започна нов бран воздушни напади против Иран, ...

Да не беше трагично, обвинувањето на премиерот за пропаднатиот обид за измени на Изборниот законик ќе беше смешно. Значи ова не е само невистина, ова е брутална, безобразна манипулација која ја потценува интелигенцијата на секој граѓанин! И најстрашното, најтешкото од сè е што целата оваа манипулација ја плаќате вие, граѓаните, од вашиот сопствен џеб, додека тие ве лажат во очи“, изјави во своето гостување во Телма ТВ претседателката на ЛДП и ...

Речиси цела држава попладнето беше зафатена од невреме со пороен дожд и грмежи. Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека вечерва Битола, Преспа и Ресен се зафатени од пороен дожд и грмежи. Слаб до умерен дожд имаше во Скопје, Охрид, Ресен, Македонски Брод и во северозападните делови на Македонија, а невреме со пороен дожд и грмежи имаше во Прилеп, Гевгелија, Крушево и Македонски Брод. Речиси цела држава попладнето беше зафатена од ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
1.54
100%
1028
weather icon

Загреб

6ᴼ / 0ᴼ
1.03
76%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.54
93%
1029
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
3.01
94%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
1.54
88%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
68%
1027
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.54
65%
1025
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
81%
1026
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
3.13
67%
1032
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 2ᴼ
0.45
79%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 6ᴼ
2.06
93%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Рутениум

61086.42

Сребро

1670.34

Родиум

295786.87

Алуминиум

3.07

Злато

130856.75

Цинк

3.76

Кобалт

33.53

Иридиум

315077.32

Калај

46.54

Платина

49319.25

Паладиум

32279.35

Бакар

12.58