Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
СВР Битола во координација со Одделот за криминалистичка полиција поднесе кривична пријава против С.Г. (54) од Прилеп и С.И. (31) од Крушево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Од Секторот за односи со јавност при СВР Битола информираат дека на 25 август годинава во Битола, пријавените довеле во заблуда 88-годишна жена од Битола така што телефонски и со лажно претставување ја известиле дека нејзиниот син ...
Вицепремиерот за добро владеење и еден од лидерите на коалицијата ВЛЕН, Арбен Фетаи синоќа во гостување на ТВ Алсат порача дека како Влада не се откажале од уставните измени, како одговор на најновиот извештај на ЕК за напредокот на земјата на патот кон ЕУ. „Не се откажавме од уставните измени или од европската агенда. Имавме изборен процес кој траеше 3 месеци и тоа е сосема природно. Сигналите од Брисел се јасни, нема изненадувања. Верувам ...
Според информации од ЕВН Македонија АД во периодот од 08:30 до 10:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улиците „Самоилова“ и „Јоаким Крчовски“, како и објектот на Музејот на Современа Уметност во општина Центар Без струја утринава ќе бидат дел од корисниците во општините Центар, Зелениково и Ѓорче Петров, соопшти РЦУК – Скопје. Според информации од ЕВН Македонија АД во периодот од 08:30 до 10:00 часот без струја ќе бидат дел од ...
Белгиската полиција синоќа се судри со група пропалестински демонстранти на плоштадот Гроте Маркт во центарот на белгискиот град Антверпен, при што уапси неколкумина од нив. Организацијата Антверпенска коалиција за Палестина секој понеделник одржува протести во Антверпен со барање за преземање мерки за справување со хуманитарната криза во Појасот Газа. Протестите вообичаено се одржуваа на Гроте Маркт, но пред нешто повеќе од десет дена ...
Европската комисија почна со формирање нова разузнавачка единица под претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, со цел подобрување на употребата на информациите собрани од националните шпионски агенции, објави „Фајненшл тајмс“. Според весникот, единицата ќе биде формирана во рамките на Генералниот секретаријат на Комисијата и планира да ангажира службеници од различни делови на разузнавачката заедница на Европската унија, со цел да собира и ...
Пратеникот од редовите на едното од трите крила на Алијансата за Албанците, Халил Снопче смета дека е „национално предавство кога некој им служи на интересите на ВМРО-ДПМНЕ“. „Разбирливо е дека ВМРО и нејзиниот лидер имаат планови, но национално предавство е да им се служи на овие планови. Затоа им велам дека не погрешивме што ја напуштивме Владата“, истакнал Снопче. Тој, исто така, ги критикувал дел од лидерите на ВЛЕН, нагласувајќи дека тие ...
Контроверзниот закон за воведување смртна казна за терористи ја помина првата пречка во израелскиот парламент, Кнесетот, јави ДПА. Законот поддржан од владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху, беше одобрен во прво читање, објави доцна синоќа „Тајмс оф Израел“. За да стане закон, предлогот мора да помине уште две читања во израелскиот Парламент. Според нацрт-текстот, смртната казна ќе се применува на лица кои убиваат Израелци од „расистички“ ...
Ѓорѓиевски во вчерашното гостување во Дневникот на ТВ Сител најави дека оваа недела ќе има состанок со директорот на „Топлификација“ и со стручни лица на која ќе се разговара на оваа тема, а рече дека имаат и надворешни експерти, кои треба да помогнат во процесот на проширување на мрежата од системот за централно греење Освен со чистење на депониите и управувањето со отпадот новиот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, проблемот со ...
Белорускиот претседател Александар Лукашенко се закани дека ќе заплени околу 1.200 литвански камиони задржани во Белорусија по затворањето на литванската граница поради упади на шверцерски балони кои пренесувале шверцувани цигари. Литванија, која е членка на НАТО и Европската Унија, на 29 октомври затвори два гранични премини со Белорусија откако шверцерски балони што летале од Белорусија предизвикале нарушување на воздушниот сообраќај на ...
Дојче Веле Русија користи криминални мрежи за саботажа низ цела Европа и на Телеграм регрутира криминалци кои зборуваат руски јазик. Нејзината цел е дестабилизација и одмазда кон ЕУ за поддршката на Украина, тврди нова студија. За потребите на својата хибридна војна против Европската Унија, Русија создаде мрежа на агенти во која државните институции се тесно поврзани со криминалното подземје. Заедничката студија на невладината организација ...
Американскиот Сенат доцна синоќа го одобри законот за финансирање за да се стави крај на најдолгата блокада на владата во историјата на САД, а актот сега треба да се најде и во Долниот дом на Конгресот, јави ДПА. Шеесет сенатори гласаа за законот, додека 40 беа против. Со мерката американската Влада сега ќе се финансира до крајот на јануари. Гласањето означува политички пробив по 41-дневниот застој, што остави стотици илјади федерални ...
Сведочејќи во одбрана на поранешниот лидер на ОВК, Хашим Тачи, обвинет за воени злосторства во Косово и Албанија во 1998-99 година, тогашниот американски пратеник во Косово, Кристофер Хил, тврдеше пред судот во Хаг дека Тачи не бил воен командант на ОВК од есента 1998 година, ниту пак ја контролирал албанската паравоена група. Во тоа време, според Хил, ОВК не била ниту организирана армија, ниту имала штаб. Американскиот дипломат со тоа ги ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени. Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ...
Германските истражители веруваат дека зад експлозиите на гасоводите „Северен тек 1 и 2“ стои група Украинци кои дејствувале под директно водство на тогашниот врховен командант на вооружените сили на Украина, генерал Валериј Залужни. Како што пишува „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на германската полиција, обвинители и други добро информирани извори, истражителите развиле „јасна слика за тоа како елитна украинска воена единица ги извршила ...
Над 300 милиони евра е, според нашите пресметки, вкупниот долг на јавните претпријатија на Скопје, а не како што очекував околу 200 милиони. Ќе треба посериозен ангажман, но тоа е дополнителен предизвик и мотив во намерата да изградиме метропола со која сите ќе се гордееме за кратко време, изјави градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски. Во интервју за ТВ Сител вечерва тој кажа дека состојбата не го плаши. Како што рече, „ќе биде пеколно ...
Извештајот на Европската комисија, објавен минатата недела, ја отсликува реалната состојба на нештата во земјата. Ова е ставот на Мирјана Лазарова-Трајковска, актуелна судијка во Врховниот суд, поранешна судијка во Европскиот суд за човекови права, поранешна уставна судијка и членка на Венецијанската комисија. Лазарова-Трајковска во интервју за „360 степени“ на МРТ 1 рече дека извештајот првпат подиректно ги посочува двата најголеми проблеми во ...
Одлуката да се стопираат средствата од ИПАРД 3 Програмата поради неодамнешниот корупциски скандал во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, го вклучи алармот на јавноста но и донесе неизвесност во аграрот, еден од најважните стопански сектори во државата. Економистите што 24инфо.мк ги контактираше велат дека ова е удар како за земјоделството, така и за репутацијата на Македонија во Брисел. „ИПАРД 3 е програма за ...
Новиот градоначалник на општина Струга, Менди Ќура, денеска официјално ја презеде функцијата од Рамиз Мерко, по што најави серија одлуки со кои, како што рече, започнуваат промените во општината. На прес-конференција, Ќура соопшти дека донел одлука службениот автомобил „Ауди А6“ да биде продаден, а за службени потреби ќе го користи својот приватен автомобил. Тој нагласи дека тоа е симболичен, но важен чекор за рационално трошење на јавните ...
Студентите од домот „Браќа Миладиновци“ во Штип викендов повторно алармираат за несоодветни услови за живеење, укажувајќи дека ситуацијата станува неподнослива и дека итно се потребни подобрувања. Според објавата на „Студентарија“, цел викенд им била сервирана само конзервирана храна, без разновидност и без топол оброк, што дополнително ја влошило состојбата со веќе постојано критикуваната исхрана. Освен тоа, студентите велат дека санитарните ...
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка поради основано сомнение за вклученост на полициски службеник во дејствијата на – Тешка кражба од член 236 став 4 во врска со став 1 точка 1 од Кривичниот законик, извршена во кругот на фабриката „Железара“ во Скопје. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, а веќе во ...
Aна Чупеска Прво, сведочиме автократски предизвикана хипертрофија на државата. Затоа, мораме веднаш да го прекинеме овој мазохистички континуитет. Она што ни се сервира под превезот на „мандат“ и „волја на граѓаните“ е ништо друго освен апсолутистичка хипертрофија. ВМРО-ДПМНЕ неможе веќе да ја третираме како демократска политичка партија туку како агенс на деструкција, чија примарна функција е целосна партиска колонизација на државниот ...
– Само 18 отсто од германските гласачи би го поддржале Фридрих Мерц повторно да се кандидира за канцелар, покажуваат резултатите од денеска објавената анкета на Институтот Форса, на барање на радиодифузерот РТЛ. Дури 73 отсто од испитаниците, наведува ДПА, не би го подржале лидерот на конзервативните христијански демократи (ЦДУ) за кандидатура за канцелар на изборите во 2029 година. Анкетата е спроведена на почетокот на овој месец врз ...
– Синот на починатиот либиски лидер Моамер ел-Гадафи, Ханибал Гадафи, беше ослободен од либански затвор по десет години поминати во притвор, потврдија денеска неговиот адвокат и судски извори. „Тој е ослободен“, изјави за ДПА Насиб Чедид, еден од неговите адвокати. Неговиот правен тим соопшти дека Ханибал бил ослободен со кауција од 900.000 американски долари и дека му е укината забраната за патување. Ослободувањето се случи неколку дена откако ...
Американските сенатори доцна синоќа постигнаа привремен договор со кој треба да се стави крај на буџетската парализа што трае веќе 40 дена и која блокираше дел од јавните услуги, јавија американските медиуми. Но, ситуацијата дополнително се искомплицира денеска со заканата на американскиот претседател Доналд Трамп до контролорите на летови кои не доаѓаат на работа затоа што не примаат плата. За потсетување, минатата недела беа откажани ...
Словенечките власти најавија референдум за 23 ноември за законот што би го регулирал асистираното (потпомогнато) умирање, објавија денеска словенечките медиуми. Поддржувачите тврдат дека асистираното умирање би им обезбедило достоинство и слобода на избор на луѓето при крајот на животот, додека противниците предупредуваат дека на овој начин би била нарушена уставната заштита на животот, што би ги загрозило ранливите поединци, објави словенечка ...
Кривична пријава против вработена во Јавно претпријатие за комунални работи Кавадарци е поднесена за „проневера во службата” и „затајување”. Како што информираат од МВР, поднесена е кривична пријава против В.Д.(48) од Кавадарци поради постоење на основано сомнение дека сторила кривични дела „проневера во службата” и „затајување”. Пријавената вработена како благајник во Јавно претпријатие за комунални работи Кавадарци, во периодот од 22.09.2025 ...
Пратеникот од СДСМ и поранешен министер за земјоделство, Љупчо Николовски, укажува на сериозноста на состојбата со ИПАРД програмата, по официјалната потврда дека е донесена одлука за суспендирање на сите исплати од ИПАРД 3 програмата, истакнувајќи дека Владата со денови ја држела јавноста во незнаење, се вели во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално. „Се потврдува она што го говорам неколку дена – дека е донесена одлука за ...
Инвестицискиот фонд „Аполо Спортс Капитал (АСК)“ е новиот мнозински акционер на Атлетико Мадрид, објави денеска шпанскиот фудбалски прволигаш. „Атлетико Мадрид и неговите главни акционери, Мигел Анхел Хил, Енрике Серезо, Квантум Пацифик Груп и фондовите управувани од Арес Менаџмент, постигнаа договор глобалната компанија за спортски инвестиции „Аполо Спортс Капитал“ да стане мнозински акционер на нашиот клуб“, објави клубот од Мадрид. Четирите ...
Американскиот Врховен суд денеска го отфрли барањето за преиспитување на одлуката од 2015 година со која се утврди уставното право на истополови бракови на територијата на целата земја, отфрлајќи ја жалбата на поранешната матичарка од американската држава Кентаки, Ким Дејвис, за поништување на пресудата. Судиите не дадоа никакво објаснување ниту евидентираа никакво противење на одлуката, која беше донесена во рамките на редовниот список на ...
– Националната антикорупциска служба на Украина започна обемна истрага за наводни корупциски практики во енергетскиот сектор, поврзани со државниот оператор на нуклеарни централи „Енергоатом“. Во соопштение на агенцијата за антикорупција, независна од Владата, се наведува дека поранешен советник на министерот за енергетика, шефот на безбедност на „Енергоатом“, еден бизнисмен и четворица административни службеници биле вклучени во „криминална ...