Најсилниот ветер вчера во земјава е евидентиран од страна на автоматската метеоролошка станица во Штип – регистриран е оркан со максимален удар на ветер од 134 километри на час Силниот ветер што вчера попладне го зафати Скопје во одреден момент достигнал брзина од 130 километри на час, што според јачината, се класифицира како оркански ветер или ураган. Ваквата информација денеска ја објави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) ...

Иран упати директно предупредување до Бугарија поради најавеното привремено распоредување американски воени авиони-цистерни на нејзина територија, повикувајќи ја Софија да не дозволи земјата да стане база за операции против Техеран. Предупредувањето се однесува на предлогот на бугарската Влада за привремено стационирање на најмногу осум американски авиони за дополнување гориво во воздух во воената воздухопловна база „Безмер“ во југоисточниот ...

Европската Унија останува целосно посветена на европската перспектива на земјава и не постои сомнеж оти Северна Македонија се гледа како идна полноправна членка на Унијата, порача евроамбасадорот Михаил Рокас пред Националниот совет за евроинтеграции. Тој кажа оти процесот на проширување на Унијата е во полн ек и ги посочи неодамнешните меѓувладини конференции со Албанија, Црна Гора, Украина и Молдавија како позитивен пример, а целта на ...

Маж плукна кон унгарскиот премиер Петер Маѓар, кој патуваше со министерот за транспорт и инвестиции Давид Витези на презентацијата на голем план за развој на железницата, утрово на станицата Њугати во Будимпешта. Egy fidesz károsult leköpte a miniszterelnököt❗ Magyar Péter reagált az incidensre. "Ne keseredjenek el." pic.twitter.com/oEHK2qYugk — Kun István (@kunpisti) July 22, 2026 Инцидентот се случи пред камерите. Еден човек им се приближи ...

Случајот со водоснабдувањето во Гостивар уште еднаш покажа дека државата остана без контролни механизми над носителите на функциите и над раководните лица. Инспекции излегуваат на терен само откако ќе се случи трагедија, како што беше впрочем и искуството со Кочани, а еве и во Гостивар дознавме дека локалниот Институт за јавно здравје го уверувал населението дека водата е исправна за пиење иако не била. Сето тоа е резултат на децениска ...

Русија повеќе не е подготвена да и врати одредени окупирани територии на Украина како дел од потенцијален договор за завршување на војната, туку планира да ги задржи како тампон зони, објави денеска Блумберг, повикувајќи се на извори од Кремљ. Според извори, рускиот претседател Владимир Путин се откажал од територијални отстапки бидејќи Русија ги смета најновите изјави на американските претставници за војната во Украина за „конфронтациски“ и ...

Биографски приказни, продолженија на големи франшизи и оригинални Биографски приказни, продолженија на големи франшизи и оригинални блокбастери ја одбележаа првата половина на 2026 година. Некои филмови ги надминаа очекувањата на публиката, а дел од нив постигнаа светски рекорди. Прв на листата е биографскиот филм „Мајкл“, посветен на животот и кариерата на Мајкл Џексон. Филмот ја надмина границата од една милијарда долари заработка ширум ...

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека штетите од синоќешното невреме ќе бидат утврдени и согласно законските процедури и досегашната практика ќе бидат надоместени од надлежните институции. Одговарајќи на новинарско прашање Мицкоски денеска посочи дека Владата има механизми за помош како и при секоја елементарна непогода. – Оваа Влада никогаш не ги оставала граѓаните сами да се снаоѓаат. Им благодарам на институциите и на градоначалниците ...

Во полн ек е истрагата за смртта на адвокатот по кривично право Ставрос Георгиу, кој беше пронајден мртов во својата канцеларија во центарот на Атина доцна синоќа, пишува порталот „Прототема“. Според досегашните информации, судскиот вештак не констатирал повреди што би укажувале на употреба на нож или огнено оружје, а се проценува дека Георгиу бил мртов околу 24 часа пред да биде пронајден. Напротив, доказите упатуваат на заклучок дека ...

Пожар избувнал во тетовското село Челопек, при што изгореле багремови дрва на приватен имот, информира Министерството за внатрешни работи. Според МВР, на 21 јули во 14:00 часот случајот бил пријавен во Полициското одделение Жеровјане. Огнот зафатил имот во сопственост на Т.В., при што биле опожарени багремови дрва. На местото интервенирала екипа на Територијалната противпожарна единица, која успеала да го локализира и изгасне пожарот. Во ...

Дилемата меѓу возачите за тоа на колкаво растојание може да биат регистрирани од камерите за брзина и понатаму е присутна во секојдевното возење. Тоа зависи колку возилото ќе навлезе во зоната каде што камерата може соодветно да ја измери брзината. Сето ова зависи и од видот на системот што се користи. Според експертите, фиксните камери не можат да снимаат на стотици метри одалеченост. Нивните системи работат во точно определена зона на ...

Се превртело возило со гевгелиски регистарски ознаки, спасена е една жена со помош на интервенција на пожарникарите од Гевгелија, Валандово, Дојран. Утрово три противпожарни единици учествуваа во извлекувањето на приклештено лице во превртено возило на пат кон Дојран. Акцијата за извлекување на загрозениот возач од превртеното возило траеше речиси час и половина, од 05:30 до 06:55 часот изутринава. Спасена е жена која за среќа претрпела само ...

🔴Пред една година #Левица јавно укажа на сериозни сомнежи за злоупотреба на програмите за самовработување во Агенцијата за вработување во Пробиштип, раководен од Илија Петковски – Џани, воедно и претседател на локалната организација на ЗНАМ. ➡️Тогаш објавените податоци разоткрија дека средствата наменети за поддршка на невработени лица од ромската заедница се распределувале спротивно на условите од јавниот повик, преку лица кои не припаѓале ...

Електричните автомобили по првпат ги надминаа сите други видови погонски склопови во продажбата во Германија. Оваа бројка претставува огромна промена на најголемиот европски пазар на автомобили, што традиционално се поврзува со дизел-автомобилите, способни да минат стотици километри со брзина на автопат без никакви проблеми. Според податоците од Германскиот федерален орган за моторен транспорт (КБА), Германците регистрирале 84.057 нови ...

Белата куќа ќе дозволи британско-американските „инфлуенсери“, обвинети за повеќекратни кривични дела, вклучувајќи силување и трговија со луѓе, браќата Ендру и Тристан Тејт, да бидат екстрадирани во Велика Британија, и покрај притисокот од блиски луѓе до американскиот претседател Доналд Трамп, објави британскиот дневен весник Телеграф, повикувајќи се на неименуван американски извор. Тој тврди дека ниту Трамп нема да ја блокира екстрадицијата ...

Родната куќа на Адолф Хитлер во австрискиот град Браунау ам Ин денеска, по неколкугодишно реновирање, ќе се отвори како полициски центар. Како што е познато, потегот треба да спречи зградата на границата со германската покраина Баварија да биде собиралиште на неонацисти, како во минатото. Родното место на Хитлер постојано привлекуваше крајно-десничарски елементи. Куќата каде што првично живеел Хитлер (роден 20 април 1889 година), долго време ...

При вчерашното силно невреме, кога низ Скопје паѓаа дрвја и летаа делови од покривни конструкции, возач на автобус на ЈСП со својата професионалност се погрижил патниците безбедно да стигнат до своите домови. Во објава на Фејсбук скопјанка која се превезувала со автобусот на линијата 65 кон Раштак сведочи за настанот. Вели дека невремето ги затекнало кај Бит-пазар, каде парчиња од околните објекти удирале во автобусот, а дрвја паѓале во ...

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната седница на Националниот совет за евроинтеграции порача дека додека Европската Унија го забрзува процесот на проширување, Македонија останува единствената земја кандидат која не бележи никаков напредок. Филипче посочи дека регионот се движи напред, а Македонија стагнира во момент кога Европската Унија јасно покажува дека проширувањето е еден од нејзините клучни приоритети, што се потврдува ...

Невремето што ја зафати државава вчера попладне предизвика најголеми последици на подрачјето на СВР Скопје, каде синоќа до 22:00 часот биле евидентирани 117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари и 10 повредени лица, информира Министерството за внатрешни работи. Дополнително, оштетени се повеќе објекти од витално значење, меѓу кои објектите на ОЈО ГОКК, комплексот „Вили Водно“, ...

По невремето проследено со силен ветер, дожд и локални поројни врнежи, на повеќе подрачја во државата се регистрирани материјални штети, паднати дрвја, оштетени кровни конструкции, прекини во електроснабдувањето и други последици, соопшти Центарот за управување со кризи. Екипите на надлежните институции се на терен и работат на расчистување на последиците и нормализирање на состојбата. Во Скопски регион по 17 часот, преку Единствениот број ...

Во Музејот на град Скопје денеска е откриена спомен биста на Махатма Ганди. Откривањето на споменикот на овој духовен водач на индиската борба за независност претставува траен симбол на вредностите што ги обединуваат народите и поттик за натамошно зајакнување на пријателството меѓу Северна Македонија и Индија. Спомен бистата е откриена во време кога во посета на земјава е индиската претседателка Драупади Мурму која денеска заедно со ...

Францускиот парламент усвои закон со кој од јануари 2027 година ќе биде забранет пристапот до социјалните мрежи за лица помлади од 15 години. Со тоа Франција станува првата европска земја што воведува целосна забрана за користење на тие платформи за деца, а сите корисници ќе мора да ја потврдат својата возраст. Одлуката е донесена поради зголемената загриженост за влијанието на социјалните мрежи врз менталното здравје на децата, во период ...

Невремето кое што вчера го опустоши главниот град зад себе остави големи материјални штети. Оштетени се повеќе објекти од витално значење, меѓу кои и часовникот на Музеј на град Скопје. На фотографијата која се појави на социјалните мрежи, може да се види дека оштетена е стрелката која ги означува секундите на часовникот. Оштетени се и објектите на Основното јавно обвинителство, комплексот „Вила Водно“, Аеродромската полициска база ...

Вкупно 11 пациенти биле примени во Ургентниот хируршки центар по невремето што вчера го зафати Скопје, од кои тројца се здобиле со тешки телесни повреди, а осум со полесни телесни повреди. Како што информира за МИА директорот на ТОАРИЛУЦ, Игор Мерџановски, една пациентка со повреда на главата и фрактура на десната потколеница е задржана на понатамошно лекување на Клиниката за неврохирургија. На Клиниката за трауматологија е хоспитализиран и ...

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде метеоаларм и предупреди дека денеска на повеќе места во земјава се очекуваат повремени врнежи од дожд и локална нестабилност. Според прогнозата, нестабилното време ќе биде проследено со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а на одделни места ќе има услови за појава на невреме проследено со град. Ќе дува умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува и ќе ...

Европската Унија и САД сè поинтензивно ги координираат политиките за обезбедување критични минерали, оценува Европскиот парламент во најновата анализа за американските политики во оваа област. Документот нагласува дека минералните суровини се неопходни за енергетската транзиција, индустриското производство и технолошката независност. Иако Македонија располага со бакарни ресурси, тие сè уште не се ставени во функција. Најголемиот проект е ...

„Валбон Лимани, кандидатот на Филипче, Ахмети и Таравари, покажа дека за него најважно е да ја зачува функцијата, а не довербата на граѓаните. Наместо да излезе пред јавноста со чувство на одговорност и да признае дека како градоначалник ја носи најголемата одговорност за случувањата во Општина Гостивар, тој избра да се огради од скандалот со водата и да порача дека не чувствува никаква морална одговорност. Токму тоа е суштинската разлика ...

Зохран Мамдани, градоначалникот на Њујорк, го нарече израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху воен злосторник во видео објавено на социјалните мрежи, изјавувајќи дека се согласува со ставот на Меѓународниот кривичен суд оти Нетанјаху треба да биде уапсен и осуден. Benjamin Netanyahu is a war criminal. pic.twitter.com/YRezmW6YVx — Mayor Zohran Kwame Mamdani (@NYCMayor) July 22, 2026 „Бенјамин Нетанјаху е воен злосторник, архитект на страшниот ...

Случајот со труењето во Гостивар разоткрива опасен и неприфатлив преседан. Обвинителството и надлежните институции ја ставија бирократската процедура и наводната „тајност на истрагата“ над уставното право на граѓаните на безбедна животна средина и здравје. Загадувањето на водата започнало уште на 25 јуни. Наместо веднаш да реагираат, здравствените и инспекциските органи со недели молчеле и дозволиле граѓаните да консумираат фекално загадена ...

На граничниот премин Меѓународен Аеродром Скопје е запленет накит „Сваровски“ во вредност од 333.000 денари, откако царинските службеници го открија при детална контрола на патничка на влез во државата. -Станува збор за македонска државјанка која пристигнала со лет од Загреб, при што на влез во државата со намера да избегне плаќање увозни давачки, се упатила на зелениот наместо на црвениот канал. Патничката е селектирана за контрола од ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
75%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.54
72%
1028
weather icon

Софија

1ᴼ / -1ᴼ
1.54
90%
1028
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
82%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.6
66%
1026
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
81%
1025
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 3ᴼ
3.6
61%
1031
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
0.45
73%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 7ᴼ
4.63
91%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Сребро

1670.34

Иридиум

315077.32

Бакар

12.58

Платина

49319.25

Рутениум

61086.42

Калај

46.54

Кобалт

33.53

Алуминиум

3.07

Злато

130856.75

Цинк

3.76

Паладиум

32279.35

Родиум

295786.87