Американскиот претседател, Доналд Трамп, смета дека претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино, би бил соодветен кандидат за иден генерален секретар на Обединетите нации, објави американскиот весник „Њујорк пост“ повикувајќи се на извори блиски до Трамп. Според нујоршкиот весник, Трамп високо го оценил начинот на кој Инфантино го организирал Светското фудбалско првенство во САД, Канада и Мексико, а по завршувањето ...

Поради невремето што го зафати Скопје, во периодот од 17:00 до 21:00 часот, на Единствениот број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи, биле примени повеќе од 8300 повици, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Операторите на 112, посочуваат од ЦУК, работат во полн капацитет, а уште во првиот час беа ангажирани и дополнителни смени со цел да се одговори на зголемениот број повици. – И во моментов сè уште има ...

Силното невреме што вчера попладне го зафати Скопје, освен што собори повеќе дрва и семафори, оштети возила и покриви на згради, зад себе остави штети и на витални објекти во главниот град. Според информациите на Министерството за внатрешни работи, меѓу оштетените објекти се претседателскиот комплекс Вила Водно, објектите на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), аеродромската полициска база ...

Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во западните делови ќе дува слаб до умерен, повремено засилен западен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а ...

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО денеска ја носи конечната одлука за судбината на Охридскиот Регион. Одлуката ќе биде донесена врз основа на податоците од извештајот за напредокот во исполнувањето на препораките, односно над десетината констатирани критични точки, од дивоградбите и справувањето на одговорните со нив, колекторскиот систем, па се’ до урбанистичкото довеење во градот и стореното, односно нестореното во заштитата на ...

Полициските службеници се присутни на терен и постапуваат по сите пријави поврзани со последиците од невремето, во координација со останатите надлежни институции, информира Министерството за внатрешни работи. Се преземаат мерки за обезбедување на безбедноста на граѓаните, расчистување на последиците и непречено одвивање на сообраќајот и другите јавни функции. Според МВР, најголеми последици од невремето се регистрирани на подрачјето на СВР ...

Шок претрпе 61-годишниот Љубиша Каровиќ, кој беше тешко повреден за време на летот од Солун до Меминген во Германија, откако се скрши прозорецот на авионот, при што половина од неговото тело се најде надвор од кабината. Инцидентот се случи на 10 јули, на летот FR1879 на компанијата Ryanair. Неколку минути по полетувањето, според сведоштвата на патниците, се слушнал заглушувачки тресок кога дел од моторот се одвоил и удрил во прозорецот до кој ...

Шест месеци по апсењето на соборениот венецуелски претседател Николас Мадуро, утре суд во Њујорк ќе продолжи со расправа по обвинението против него и неговата сопруга Силија Флорес. Расправата треба да започне во 12:00 часот по локално време (19:00 часот по македонско време). Сè уште не е познато дали Мадуро и сопругата, која исто така е обвинета, ќе присуствуваат лично. Мадуро долги години управуваше авторитарно со Венецуела на чело на ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Соединетите Американски Држави „воопшто не завршиле“ со Иран и предупреди дека следна цел може да биде тајниот подземен нуклеарен комплекс познат како „Пикакс маунтин“ (Pickaxe Mountain). – Веројатно многу наскоро ќе ја нападнеме таа зона. И тие ништо не можат да направат по тоа прашање – изјави Трамп пред новинарите во Белата куќа. Според американските медиуми, меѓу кои „Вашингтон пост“ и ...

– Поради невремето што го зафати Скопје, во периодот од 17:00 до 21:00 часот, на Единствениот број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи, биле примени повеќе од 8300 повици, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Операторите на 112, посочуваат од ЦУК, работат во полн капацитет, а уште во првиот час беа ангажирани и дополнителни смени со цел да се одговори на зголемениот број повици. – И во моментов сè уште има ...

Силниот урагански ветар однесе дел од кровната конструкција на штипската Клиничка болница. Поради паднатиот лим од кровната конструкција дел од пациентите од одделението за ортопедија се преместени на другите одделенија во болницата. Билјана Ефтимова заменик директор на Клиничка болница-Штип вели дека одделенијата ортопедија и единицата за интензивна нега сега функционираат со намален интензитет. -Пациентите се сместени во делот каде што е ...

Петнаесет повредени лица се примени во две клиники по невремето што попладнето го зафати Скопје, од кои девет на Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ), а шест на Универзитетската Клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски”. Директорот на Клиниката за ТОАРИЛУЦ, проф. д-р Игор Мерџаноски изјави дека од деветте повредени, две се со потешки ...

Невреме од Албанија и Косово во моментов се движи кон Македонија, информира вечерва Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Според УХМР, невремето можно е да биде со поизразени врнежи на град, наместо ветер, како што беше претходното попладнево по 17 часот. Во Скопје, покрај материјалните штети, од Брзата помош соопштија дека петмина граѓани повредени од невремето се пренесени во болница. Ваква беше сликата од скопските улици денеска ...

Во Градската општа болница „8 Септември“ не се примени повредени лица во невремето во Скопје, но е предизвикана огромна материјална штета, изјави за МИА директорот на болницата, д-р Синиша Стојаноски. Посочи дека чекаат комплетен увид за да се утврди обемот на штетата. – Тоа ние денеска нема да го знаеме прецизно додека не излезе проценител на терен и не се направи официјален записник за штета од надлежните институции. Засега најголема штета ...

Силното невреме проследено со пороен дожд и силен ветер што попладнево го зафати Скопје предизвика материјални штети во повеќе делови од градот. Пријавени се паднати дрвја и искршени гранки, оштетена инфраструктура, блокирани улици, а во општина Гази Баба е оштетен и кровот на основното училиште „Наум Наумовски Борче“. Поради состојбата, повеќе скопски општини ги активираа своите кризни штабови и ги мобилизираа службите за заштита и ...

Активни се четири од 14 регистрирани пожари на отворен простор денеска до 18:00 часот. Два пожари се под контрола, а осум се изгаснати – информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни пожари има на депонија во штипското село Пенуш, прилепското село Локвени, каде е зафатена ниска вегетација и шума, како и во крушевските села Јакреново и Пресил каде гори нискостеблеста шума и ниска вегетација. Под контрола се пожарите на депонија во ...

Шест повредени во невремето во Скопје се донесени во Универзитетската Клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски” кои се со посекотини и набиеници. Сите лица се третираат амбулантски, изјави за МИА, директорот на Клиниката, д-р Небојша Настов. Тројца од повредените по амбулантскиот преглед, се пуштени дома, а тројца се во фаза на испитување. – Сите се во стабилна состојба. Првично не оддаваат впечаток дека ќе бидат задржани на натамошно ...

Платите во Хрватска мора да продолжат да растат бидејќи речиси 70 проценти од вработените примаат плата пониска од просечната, а образованието и науката се меѓу најголемите губитници од реформата на платите, порачаа учесниците на тркалезната маса организирана од Синдикатот на науката и синдикатот „Препород“. Економистката на Независните хрватски синдикати, Изабела-Делфа Мишиќ, изјави дека просечната нето-плата во април изнесувала околу 1.550 ...

Пиењето вода загадена со фекалии освен акутните симптоми, остава сериозни долгорочни последици врз цревниот микробиом, предизвикувајќи трајна дисбиоза (нарушување на рамнотежата на бактериите). Патогените бактерии како Eшерихија коли, Салмонела и Џардија (E. coli, Salmonella и Giardia) ја уништуваат корисната микрофлора, што може целосно да го смени нејзиниот состав, објави на својот фејсбук профил Милан Ристевски, онколог во Клиничката ...

Поради невремето проследено со силен ветер, кое попладнево го зафати Скопје до овој момент преку Единствениот број за итни повици 112 се евидентирани повеќе од 1.000 повици од граѓани, информира во објава на директортот на Центарот за управување со кризи Мухамед Али. Во Скопје е пријавена падната кровна конструкција од зграда на ул. „Женевска“ бр. 10, при што се оштетени повеќе патнички возила. Регистрирани се и паднато дрво врз моторно ...

Во невремето проследено со пороен дожд и силен ветер што го зафати Скопје попладне во 17 часот е предизвикана материјална штета, на улиците има паднати покриви и дрвја врз автомобили, паднати семафори. Дел од улиците се блокирани за сообраќај. Невреме во тој период го зафати и Куманово, каде исто така има паднати дрвја и бандери, а откорнати се и покривни конструкции на неколку локации. Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски објави ...

Вистинско чудо е што нема настрадани на кружниот тек кај скопскиот хотел „Континентал“ откако огромниот јарбол со македонското знаме се урна на земја како последиц од силниот ветер што попладнево го зафати Скопје Металната конструкција која чинеше илјадници евра се скрши како кибрит при налетот на силниот ветер. \ Вистинско чудо е што нема настрадани на кружниот тек кај скопскиот хотел „Континентал“ откако огромниот јарбол со ...

Бројот на прегледи на заболени со стомачни тегоби во Гостивар се намалува и претпоставка е дека тоа е заради првите мерки, изјави попладнево министерот за здравство Сашо Клековски по посетата на Општата болница во Гостивар. – Според последниот извештај имаме преполовување на бројот на нови прегледи, односно првпат прегледани пациенти, односно 293 нови случаи. Тоа е преполовување во однос на саботата, кога беше врвот на епидемијата. ...

Кина во последните неколку месеци ги намалила купувањата на иранска сурова нафта за околу 40 проценти – изјави денеска американскиот министер за финансии Скот Бесент во интервју за „Фокс бизнис нетворк“. – Воведовме санкции против таканаречените кинески „чајник“ рафинерии, кои се во приватна сопственост, и забележуваме значителен пад на нивните набавки на иранска нафта – изјави Бесент. Тој додаде дека Кина генерално ги намалила набавките на ...

Демократијата не е само систем на владеење, туку заедничка вредност и уверување што ги обединува Индија и Северна Македонија – истакна попладнево претседателката на Република Индија Друпади Мурму во обраќање пред пратениците во Собранието. – Гледајќи ја денес оваа пленарна сала, се потсетувам дека вистинскиот пулс на една држава чука токму во нејзиниот Парламент. Демократијата не е само систем на владеење. Таа е заедничка вредност и ...

– По 30 дена затворски притвор добија тројцата осомничени Артан Асани, Леон Уредини и Вадедин Дервиши од Гостивар, кои се на високи раководни функции во комуналното претпријатие во Гостивар. Оваа мерка им ја определи судијата на претходна постапка во Основниот суд во Гостивар, Ќирко Михајлоски на тројцата осомничени кои се товарат дека се виновни за епидемијата со труење во општина Гостивар, предизвикана од водата за пиење и за нелегално ...

Опозициската партија ФИДЕС на поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан соопшти дека претставници на обвинителството извршиле претрес во центарот за податоци каде што се наоѓаат серверите на партијата. Во соопштение објавено на социјалните мрежи, ФИДЕС тврди дека истражителите пристигнале без претходна најава со намера да го запленат комуникацискиот систем и базите на податоци на партијата. „Истражители од обвинителството без предупредување ...

Златко Перински е назначен за вршител на должноста директор на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, одлучи Владата на денешната седница. На функцијата доаѓа по предлог на министерот за здравство Сашо Клековски, кој претходно раководеше со Фондот, а неодамна беше избран за министер за здравство. Перински досега ја извршуваше функцијата министер за локална самоуправа, а по владината реконструкција на неговото место беше назначен ...

Партијата Фидес на Виктор Орбан ја обвини владата на премиерот Петер Маѓар дека се обидува „правно да ја уништи“ опозицијата, откако истражители од обвинителството извршија претрес во нивните простории и ги запленија серверите. Ројтерс пренесува дека Фидес во своето соопштение не навел каде точно е извршен претресот, но обвинителството од округот Бач-Кишкун во јужна Унгарија потврдило за порталот 24.hu дека акцијата е поврзана со истрагата ...

Основното јавно обвинителство Гостивар отвори истражна постапка и поднесе предлог за 30-дневен притвор против директорката на Јавното претпријатие „Комуналец“ – Гостивар и двајца раководители во претпријатието. Тие се сомничат дека преку нелегално поставување пумпи во преливната комора во село Вруток, предизвикале загадување на водата за пиење со која се снабдува Гостивар, јавува МИА. Ова беше соопштено на денешниот брифинг во гостиварското ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
75%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
70%
1029
weather icon

Софија

1ᴼ / 0ᴼ
2.06
88%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.73
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
82%
1029
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
66%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 8ᴼ
1.54
75%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
81%
1025
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
3.6
61%
1032
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
0.45
73%
1030
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
3.6
73%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Иридиум

315077.32

Родиум

295786.87

Паладиум

32279.35

Сребро

1670.34

Алуминиум

3.07

Бакар

12.58

Калај

46.54

Цинк

3.76

Злато

130856.75

Кобалт

33.53

Рутениум

61086.42

Платина

49319.25