СДСМ објави видео на кое се гледа како премиерот Христијан Мицкоски е пречекан со транспарент пред градскиот базен во Кавадарци. „Мицкоски на базен, а народот во Гостивар пие вода со фекалии! Како го пречека Мицкоски во Кавадарци, погледнете на видеото“, објави опозициската партија. Премиерот денес е на настан во Кавадарци по повод започнување со работа на реконструираниот градски базен СДСМ објави видео на кое се гледа како премиерот ...

Основното јавно обвинителство Гевгелија поднесе Обвинителен предлог со кој побара и определување мерка притвор за едно лице поради основано сомнение дека сторило кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, како и кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик. При вршење семејно насилство, ноќта меѓу 18 и 19 јули, обвинетиот телесно ја повредил ...

По неодамнешните случувања и проблемите со водата во Гостивар, од политичката партија Демократска обнова на Македонија (ДОМ) упатија јавен апел и предупредување дека слично катастрофално сценарио му се заканува и на главниот град. Од партијата бараат итно и превентивно решавање на опасноста која доаѓа од депонијата на поранешниот гигант „Југохром“ во Јегуновце, посочувајќи дека присуството на шестовалентен хром во близина на изворот Рашче е ...

Големата количина на хлор која била ставена во водоводната мрежа за питка вода, а беше потврдена и од резултатите од испитувањата на Инстутот за јавно здравје, била една од причините да се наруши здравјето на граѓаните. „Водата од чешмите кај крајните корисници не покажала присуство на бактерии, но имала зголемено ниво на хлор над дозволените граници.Анализата откри дека водата е силно загадена оти има околу 48 пати повеќе колиформни ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Загрозување со опасно орудие при тепачка или караница, соопштија денеска од Обвинителството. Како што се наведува во соопштението, осомничениот 30-годишник со нож се заканувал на двајца сопружници во чија фирма работел, барајќи да му ги исплатат последните неисплатени дневници. На 21 јули попладне, ...

Жителка на гостиварско пријавила во полиција дека нејзиниот сопруг без нејзина согласност го одвел нивното 10-месечно дете во Швајцарија, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според МВР, на 22 јули во 08:10 часот во ОВР Гостивар, Ш.А. (21) пријавила дека по претходна расправија во семејниот дом, нејзиниот сопруг С.А. противправно и без нејзина согласност го одвел нивното 10-месечно дете во Швајцарија. За случајот се известени ...

Организацијата „О2 Иницијатива“ вели дека на плажите на Охридското Езеро под концесија не се почитуваат ниту препораките на УНЕСКО, ниту договорите за закуп, па воедно прашуваат дали има некој од надлежните што ќе постапи по ваквите случаи. „Педесет отсто од просторот треба да е оставен слободен, без лежалки и друга опрема. Канео и Потпеш се лежалка до лежалка, со бетонирани ѕитчиња и слично. Ни инспекција постапува, ни градоначалникот ...

Теренска прес конференција на СДСМ, Тања Илијоска – членка на Извршниот одбор Невремето ги опустоши струмичките посеви а Владата не презема ништо – итно да ги обештети земјоделците Невремето го опустоши струмичкиот регион. Илјадници декари, пластеници и посеви, домови и механизација не само во околината на градот Струмица, туку и во општините Босилово, Ново Село и Василево, се уништени. За многу семејства ова не е само временска непогода – ...

Европската комисија денеска треба да го казни Гугл (Google), што е резултат на двегодишна истрага за фаворизирање на сопствените услуги во резултатите од пребарувањето. Истрагата, исто така, ја опфати практиката на компанијата да ги спречува развивачите на апликации да ги насочуваат корисниците кон понуди надвор од продавницата и системот за плаќање на Гугл, пишува Евроњуз (Euronews). Информациите денеска ги објави германскиот весник ...

Индискиот премиер, Нарендра Моди, денеска изјави дека ќе бидат формирани „забрзани“ судови за процесирање на одговорните за измами на испити, како одговор на повеќедневните протести на младите кои бараат оставка од министерот за образование. Изјавата Моди ја даде неколку часа откако синоќа дојде до судир на демонстрантите со полицијата на улиците на Њу Делхи, при што полицијата употребила солзавец и палки за да ги растера насобраните. „Ништо ...

Времето утре ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни. Локално ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер (над 50 km/h), соопшти УХМР. За време на викендот времето ќе биде стабилно. Нови врнежи од дожд проследени со локална нестабилност ќе има во понеделник, а од вторник повторно ...

„Денес, кога одговорноста паѓа на администрацијата што ја водеше, Таравари не само што не исполни ниту едно од ветувањата, туку не дава никаква политичка одговорност. Двата гигантски резервоари што ги вети во 2022 година за решавање на проблемот со водата за пиење, донација од Швајцарија, исто така, не беа направени. Прашањето е: каде отидоа 7 милиони евра помош од Швајцарија“, се вели во соопштението. Другото прашање, се додава во нивното ...

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Струга против физичко лице – сопственик и управител на правно лице, како и против самата компанија, поради сомнение за сторено кривично дело „Даночно затајување“ согласно член 279 од Кривичниот законик. Според Финансиската полиција, првопријавениот С.З., како сопственик и управител, со намера да стекне противправна имотна корист, не пријавил и не платил ...

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, одржа координативен состанок со градоначалниците на скопските општини и со Кризниот штаб на Град Скопје, на кој биле разгледани последиците од неодамнешното невреме и мерките за помош на граѓаните чии домови претрпеле штети. Како што соопштија од Град Скопје, било договорено сите општини да формираат комисии пред кои граѓаните ќе можат да ги пријавуваат штетите. По приемот на пријавите ќе следува ...

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, учествуваше на координативен состанок со скопските градоначалници и Кризниот штаб на Град Скопје, на кој беа разгледани штетите и последиците од силното невреме што вчера го зафати главниот град. „На состанокот со колегите од другите општини ја разгледавме состојбата на теренот и последиците од невремето. Штабот за заштита и спасување на Општина Центар денеска веќе даде насоки за ...

Поради планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа во четврток, 23.07.2026 година, повеќе корисници ќе останат привремено без електрична енергија. Во периодот од 05:30 до 14:30 часот, без струја ќе бидат жителите од улиците „Ѓоре Ѓоревски“ и „Анди Вемир“ во Агино Село. Истиот ден, во периодот од 09:00 до 13:00 часот, прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе имаат и корисниците од Горно Соње, поточно во месноста викана Коштан. ...

Али Ахмети, лидерот на ДУИ го постави државното знаме во неговата канцеларија во седиштето на партијата во Мала Речица. Македонското знаме е видено за време на средбата на Ахмети со амбасадорот на Австрија, Мартин Памер. „Отсекогаш сум бил за унитарна држава, тоа беше и предлог на странските амбасадори во земјава, бидејќи на средбите со нив ми беше предложено знамето на државата Северна Македонија да биде поставено во мојата канцеларија“, ...

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение ги обвини СДС, ДУИ и Арбен Таравари дека применуваат двојни стандарди во случајот со градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани, поврзан со скандалот со водата во градот. Од партијата велат дека, наместо да дадат јасни одговори и да побараат одговорност, СДС, ДУИ и Таравари молчат по изјавата на Лимани дека не чувствува никаква одговорност за случајот. Според ВМРО-ДПМНЕ, партиите кои, како што наведуваат, ...

Голем шумски пожар што избувна во близина на Аркашонскиот Залив во францускиот департман Жиронда продолжува да се шири, зафаќајќи површина од околу 2.000 хектари. Поради опасноста, речиси 12.000 луѓе се евакуирани како превентивна мерка. The wildfire in Saumos, Gironde, France, is actively spreading and remains out of control, according to the latest reports this afternoon, July 22, 2026. It started around midday, around 12:00 local time, in ...

Хрватска порача дека решавањето на сите отворени билатерални прашања со Црна Гора е неопходен предуслов Подгорица успешно да ги заврши пристапните преговори со Европската Унија. Од хрватското Министерство за надворешни работи соопштија дека ставовите на Загреб се јасни и дека очекуваат решенија за повеќе прашања, меѓу кои се обештетување на поранешните затвореници во логорите, продолжување на потрагата по 14 исчезнати лица од периодот на ...

Недостатоци во законската регулатива, недоволни административни капацитети и слаб фискален напор сериозно ја ограничуваат способноста на општините за ефикасно прибирање на локалните даноци, такси и надоместоци, покажува ревизијата што ја спроведе Државниот завод за ревизија. Ревизијата, која ги опфати активностите во периодот од 2020 до 2024 година, утврди дека мерките и политиките што ги спроведуваат надлежните институции и единиците на ...

По неколкунеделните екстремно високи температури што ја зафатија Европа, синоптичката состојба почнува значително да се менува. Во наредните денови се очекува продор на посвеж воздух, кој ќе донесе осетно намалување на температурите во Централна Европа и на Балканот. Според анализата на метеоролошкиот портал „Severe Weather Europe“ (SWE), промената е последица на засилена атмосферска циркулација во повисоките слоеви, што овозможува студени и ...

Царинските службеници на граничниот премин Табановце, при влез во државата, спречија обид за криумчарење 348 грама златен накит, во вредност од 1,3 милиони денари. Како што информира Царинската управа, случајот е откриен при детална контрола на автомобил со кој патувале сопружници, македонски државјани со живеалиште во Белгија, при што во чантата на сопатничката се пронајдени 26 парчиња златен накит. Против неа, Одделението за истраги при ...

Претставничкиот дом на САД го усвои Законот за овластување на трошоците за националната одбрана, со кој се одобруваат рекордни 1,15 трилиони долари за одбраната, во согласност со барањето на претседателот Доналд Трамп. Предлог-законот беше усвоен со 216 гласа „за“ и 212 „против“, што претставува значително потесна поддршка од вообичаената бидејќи таа законска рамка традиционално добива широка двопартиска поддршка во Конгресот. Демократите ...

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп разгледува воена акција во Мали против групата JNIM поврзана со Ал Каеда, изјавија сегашни и поранешни американски функционери запознаени со дискусиите. Доколку Трамп ги одобри нападите, Мали ќе стане осмата земја каде што тој наредил воени напади од почетокот на неговиот втор мандат, пишува Вашингтон пост. Нема консензус меѓу високите американски функционери за тоа дали да се ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП „Богородица“ се бележи зголемена фреквенција на возила, а времето на чекање за излез од државата е околу 15 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата – информира АМСМ. Препорачува прилагодена брзина на ...

СДСМ преку соопштение обвини дека Владата и министерот за здравство Сашо Клековски, наместо да понесат одговорност за случајот со труењето на граѓаните во Гостивар, ги напаѓаат лекарите и медицинските експерти кои јавно укажуваат на пропустите. Од партијата велат дека наместо да се дадат одговори зошто институциите, според нив, не реагирале навреме и зошто епидемијата била прогласена со задоцнување, министерот Клековски ги нарекол лекарите и ...

Кога некој ќе почине, социјалните медиуми и некролозите се исполнети со зборови како „прекрасен човек“, „посветен колега“, „одличен пријател“ или „секогаш подготвен да помогне“. Оние што починале одеднаш стануваат совршени луѓе без недостатоци. Во исто време, во текот на нивниот живот, многу од истите овие луѓе остануваат без поддршка кога им е најпотребна или се изложени на критики, озборувања и рамнодушност. Чувство на вина Зошто почнуваме ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието и во источните делови. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне 32 степена. ...

Поројни дождови и силен ветер предизвикаа хаос во повеќе градови во Бугарија, а најпогодена е Варна, каде до попладневните часови биле пријавени речиси 100 случаи на штети, пренесува бугарскиот медиум „24 часа“. Според локалните власти, најголем дел од пријавите се однесуваат на поплавени улици, подруми и деловни објекти, како и на неисправни семафори и затнати шахти. Во населбата Аспарухово се пријавени и паднати дрвја, кои дополнително го ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
75%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.54
72%
1028
weather icon

Софија

1ᴼ / -1ᴼ
1.54
90%
1028
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
82%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.6
66%
1026
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
81%
1025
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 3ᴼ
3.6
61%
1031
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
0.45
73%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 7ᴼ
4.63
91%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Кобалт

33.53

Платина

49319.25

Цинк

3.76

Паладиум

32279.35

Иридиум

315077.32

Рутениум

61086.42

Алуминиум

3.07

Родиум

295786.87

Калај

46.54

Злато

130856.75

Сребро

1670.34

Бакар

12.58