Скопје
32ᴼ /
32ᴼ
Возачите кои од денеска ќе минуваат низ патарините на македонските автопати треба да внимаваат на новиот режим на наплата, бидејќи стапуваат во сила измени во користењето на лентите за електронско плаќање. Според информациите од Јавното претпријатие за државни патишта, лентите означени за системот МTAG отсега ќе бидат наменети исклучиво за возила што плаќаат со електронски тагови. Со тоа се укинува досегашната можност на овие ленти да се ...
Американскиот претседател Доналд Трамп остро го критикувал израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху по израелските напади врз позиции на Хезболах во Бејрут, само неколку часа пред очекуваното потпишување на договорот за прекин на непријателствата меѓу САД и Иран. Според извор запознаен со ситуацијата, Трамп и Нетанјаху телефонски разговарале по нападите, а американскиот претседател претходно јавно изразил незадоволство од израелските потези. ...
Конечно, по она што изгледаше како безброј лажни стартови, постигнат е договор меѓу САД и Иран. И двете страни, очекувано, прогласија победа. Претседателот Трамп смело изјави: „Овој голем договор ќе донесе мир и безбедност за целиот регион.“ Иранскиот заменик-министер за надворешни работи, Казем Гарибабади, ги поздрави, како што ги нарече, воените достигнувања на својата земја, потврдувајќи дека Меморандумот за разбирање е потпишан. Сите ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните од западен, кој наместа повремено ќе засилува, а долж Повардарието и во источните делови од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од ...
Вистинска драма се одвивала вчера попладне во атарот на штипското село Долани, каде што голем пожар зафатил сува трева, стрништа и нискостеблеста шума, заканувајќи се да се прошири кон селото. Благодарение на координираната акција на повеќе служби и локалното население, огнената стихија била целосно изгасната во вечерните часови. Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи – Штип, пријавата за пожарот била примена вчера во ...
Делови од Хрватска се соочија со вистински временски хаос откако силно невреме, придружено со град, поројни дождови и ветрови со ураганска јачина, предизвика поплави, материјална штета и бројни интервенции на службите за итни случаи. Поради опасноста од нови интензивни временски појави, надлежните активираа црвени и портокалови предупредувања за повеќе региони. Особено погодени беа Вараждин и околните населени места, каде што во ...
Украина и Молдавија ќе направат одлучувачки чекор кон приклучување кон ЕУ во понеделник, кога ќе започнат со првата фаза од преговорите за членство, пишува „Независен“. Почетокот на суштинските преговори во Луксембург ќе биде многу симболичен момент за двете земји кои беа дел од поранешниот Советски Сојуз. Ова доаѓа откако Русија го интензивираше бомбардирањето на украинските градови и села, додека претрпе огромни загуби за мала ...
Фудбалската репрезентација на Германија, очекувано победничко го почна Светското првенство. Германците славеа против дебитантот Курасао со убедливи 7-1, во дуелот од Е групата одигран во Хјустон, САД. Фаворитската улога „панцирните“ ја најавија во шестата минута кога Нмеча донесе водство. Сепак, во 21-вата минута Курасао израмни преку Комененсија. Тој резултат беше актуелен до 38,минута кога Шлотербер повторно донесе водство на Германците, ...
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во вечерашното гостување во ТВ Сител соопшти дека покрај редовните линии кон Скопје, „Туркиш ерлајнс“ веќе воспостави летови до Охрид, а од 2 јули авиокомпанијата „АЏет“ ќе започне со директни летови на релација Анкара – Скопје. Новата авиолинија, како што рече, се воведува без државни субвенции, што претставува доказ за нејзината економска оправданост и за интересот на ...
Министерството за надворешни работи на Црна Гора ги отфрли како неосновани и несоодветни изјавите на претседателот на Србија Александар Вучиќ, со кои Црна Гора се обвинува за водење хибридна војна против Србија и за наводно загрозување на нејзините интереси. Од министерството порачуваат дека Црна Гора е суверена држава која самостојно ги донесува своите одлуки и ги отфрла сите тврдења дека ги загрозува интересите на Србија. Во соопштението ...
АД ЕСМ ќе заштеди приближно 8 милиони евра откако Управниот одбор на компанијата преговараше за анекс на договорот со „Гастрејд“ – операторот на терминалот за течен гас во Александрополис. Со оваа клучна спогодба се става крај на целосно непродуктивните трошоци за закуп на капацитет што компанијата до сега немаше можност да го користи, со што директно се заштитува буџетот на државната компанија за производство на електрична енергија – вели ...
Рускиот претседател Владимир Путин денеска му го честиташе 80. роденден на американскиот претседател Доналд Трамп, соопшти помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков. Според Кремљ, двајцата лидери телефонски разговарале околу еден час и размениле ставови за билатералните односи меѓу Русија и САД, конфликтот во Украина и состојбата околу Иран. Во соопштението се наведува дека разговорот поминал во пријателска и отворена атмосфера, а Трамп ...
Бизнис форумот што го одржавме во Истанбул беше одлична можност за зголемување на трговската соработка меѓу Македонија и Турција. На средбите со министерите за трговија и министерот за транспрот договоривме воведување на нова авиолинија од 2 јули, линијата Анкара-Скопје како и железничко карго поврзување меѓу двете земји, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски во гостувањето на ТВ Сител. Тој ...
Македонија за првпат во својата историја истовремено гради повеќе автопатски делници, колку што во моментов не гради никоја од земјите во регионот. Еден од клучните инфраструктурни проекти што започнува е автопатот Скопје-Блаце, со кој државата ќе добие современа автопатска врска со Косово, а индиректно и со Црна Гора и пристаништето Бар. Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски во интервју во вестите не ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во периодот од 15 до 18 јуни 2026 година ќе оствари работни посети на Сојузна Република Германија, Обединетото Кралство и Ирска. „Следната недела фокусот ќе биде на економската дипломатија, политичкиот дијалог и билатералните односи, јакнењето на стратешките партнерства и европската интеграција. Нашата цел е јасна: повеќе економски можности, посилни партнерства и ...
Американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална мрежа Truth Social објави за утринскиот израелски напад врз Бејрут, упатувајќи досега најостри јавни критики до официјален Тел Авив. Трамп рече дека овој напад не требало да се случи, особено на ден кога Вашингтон и Техеран се на работ на потпишување на историски мировен договор. Во својата објава, Трамп јасно стави до знаење дека иако Израел има фундаментално право на самоодбрана, ...
Од партијата Влен велат дека почетокот на работите на автопатот Скопје – Блаце претставува значаен инфраструктурен проект за државата и доказ дека по долгогодишните ветувања започнува неговата реализација. Во денешното соопштение, оттаму упатија критики до Демократската унија за интеграција (ДУИ), за која велат дека во изминатите 24 години не успеала да го реализира проектот, иако граѓаните, особено Албанците, со децении ја очекувале ...
Јавното претпријатие за државни патишта изминатиов период во неколку наврати ја информираше јавноста за измените во функционирањето на системот за наплата на наплатните станици (патарините) кои ноќеска од полноќ (15.06.2026 година) стартуваат и упатуваме последно предупредуваме дека лентите означени за MTAG ќе бидат наменети исклучиво за користење од страна на корисници со електронски тагови. „Упатуваме апел до корисниците на услугите на ...
Полицијата дозна кој ја откорнал канделабрата во скопската населба Карпош 4, за што беше пријавено од општината во полиција, и го повика таткото на момче што го извршил вандалското дело. – На 12.06.2026 во 21:30 часот во Полициската станица Карпош е извршен разговор со 48-годишник од Скопје. Имено, по преземени мерки и постапување по пријава од општина Карпош, полициски службеници од СВР Скопје – Полициска станица Карпош дојдоа до сознание ...
Албанскиот премиер Еди Рама во неделата остро ја критикуваше „Фламинго револуцијата“, споредувајќи го протестното движење со нацистичка Германија и нарекувајќи ги демонстрантите „ајван“ – навредлив термин што грубо значи „глупави како идиоти“ или „нецивилизирани луѓе“. „Ова е фашистичко, скандалозно е и мора да се запре“, рече Рама за време на неговиот поткаст во неделата. „И се запира со тоа што не се повлекуваме пред ваквите притисоци и ...
Во водите на сплитскиот акваториум, помеѓу Милна на островот Брач и островот Шолта, во неделата малку пред пладне се случи сериозна поморска несреќа, во која, според информациите потврдени од Сплитско-далматинската полициска управа, загинале три лица, а се бара едно. Како што се дознава, судирот меѓу катамаран и едрилица се случил под сè уште нејасни околности, по што едрилицата, со осум лица на неа, потонала. „На преостанатите патници од ...
Попладнево на бројот 112 бил пријавен пожар во атарот на селото Долани, Општина Штип, по што ТППЕ – Штип веднаш интервенирала со две екипи. „Пожарот избувнал помеѓу селата Долани и Љуботен. Од страната кон селото Долани, со помош на трактори биле изорани заштитни појаси, по што огнот бил ставен под контрола и изгаснат, без опасност од негово ширење кон населеното место. Во моментов, пожарот се шири во правец кон селото Љуботен, каде што гори ...
Во неколку наврати, многумина од нив ги кренаа рацете во фашистичкиот поздрав, извикувајќи „Дуче! Дуче!“ На ривалски, про-миграциски демонстрации, десетици илјади луѓе излегоа на улиците во друг дел на Рим во саботата навечер. На тој марш, наречен „Е*ате ремиграција“ во експлицитно повикување на собирот на екстремната десница, присуствуваа различни левичарски групи и синдикати, а некои демонстранти вееја палестински знамиња. Илјадници ...
Група граѓани денеска се собраа пред објектот во кој претходно беше сместена Општина Карпош, изразувајќи поддршка за градоначалникот Стевчо Јакимовски и несогласување со постапките што се водат против него. Една од присутните во обраќање пред јавноста истакна дека е изненадена од информациите дека Јакимовски би можел да биде приведен или осуден поради објектот кој се наоѓа зад нив. Друг присутен пак носеше штрафилица која ја активираше кога ...
Десетици лица протестираа пред канцеларија на иранското Министерство за надворешни работи во североисточниот град Машхад, изразувајќи незадоволство од најавите за можен мировен договор меѓу Иран и САД. Според снимките објавени на социјалните мрежи, демонстрантите скандирале пароли против шефот на иранската дипломатија Абас Арагчи, нарекувајќи го „предавник“. На видеата се гледаат жени облечени во црни чадори кои носат црвени и црни знамиња и ...
Гласачите во Швајцарија го отфрлија предлогот за ограничување на населението на земјата на 10 милиони, покажуваат првичните проекции. Не се преброени сите гласови, но сегашниот тренд покажува дека 55% од учесниците гласале против, во споредба со 45% кои биле „за“, пренесе БиБиСи. Предлогот дојде од десничарската Швајцарска народна партија, која долго време води кампања на антиимиграциска платформа. Гласањето, кое ја подели јавноста, се ...
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Р.З.(26) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојничка кражба’’. На 08.06.2026 околу 02:00 часот во спортска обложувалница во Тетово, пријавениот со закана со остар предмет кон вработениот одзел пари од касата. Истиот ден во 11:30 часот на Граничен премин Меѓународен аеродром Скопје, тој е лишен од слобода при обид да ја напушти државата. СВР Тетово поднесе ...
Со дури 244 километри на час се движел 21-годишен возач од Батинци на автопатот Скопје-Гевгелија, каде што максимално дозволената брзина е 120 километри на час, објави МВР. Поради екстремното пречекорување на брзината, полицијата го лишила од слобода, а возилото му било одземено по наредба на обвинител. Според МВР, случајот бил откриен на 13 јуни околу 20 часот кај селото Милетково, во близина на Гевгелија. „Полициски службеници констатирале ...
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена на 13 јуни во 11:10 часот во СВР Скопје. „На крстосницата од улиците „Васко Карангелски“ и „Матеја Матевски“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Опел Мерива“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.М. (33) од Скопје и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од Г.С. (57) од Скопје“, информира МВР. Во несреќата со тешки ...
Телото на 75-годишен маж од Кочани, кој се водел како исчезнат од почетокот на месецов, било пронајдено на непристапен терен меѓу селата Јастребник и Бабиште, информира Министерството за внатрешни работи. На 13 јуни 2026 година во 08:22 часот во СВР Штип било пријавено дека на некатегоризиран пат помеѓу селата Јастребник и Бабиште, на место викано „Блага јабука“, било пронајдено тело на починато машко лице. По преземените мерки и извршениот ...