Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска на прес-конференцијата во Гостивар порача дека одговорност за случајот со водата во овој град ќе сносни секој кој со извршување или неизвршување на дејствија, пропишани со законите, придонел кон тоа да дојде до оваа ситуација. Тој истакна дека во врска со случајот на разговор се повикани голем број лица и се преземаат бројни истражни дејствија во рамките на наредбите дадени од страна на ...

Соединетите Американски Држави денеска воведоа нова глобална политика на визни ограничувања насочена кон лицата одговорни за интернет-измами, кибер-криминал и сексуални уцени преку интернет, оценувајќи дека овие активности претставуваат „закана без преседан“ за американските граѓани. Американскиот државен секретар Марко Рубио во соопштение наведе дека новата политика е насочена кон лицата кои се одговорни или се соучесници во кибер-криминал и ...

Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) денеска предупреди дека секоја британска воена база што САД ќе ја користат за напади врз Иран ќе стане „легитимна цел“, обвинувајќи го Лондон дека има значајна улога во неодамнешните американски и израелски воени операции. Во соопштението, Револуционерната гарда наведе дека американската војска неодамна користела бомбардери „Б-1“, кои полетувале од британската воздухопловна база Ферфорд, ...

Христијан Мицкоски повторно најави мерки за намалување на цените на горивата. Овојпат преку евентуално намалување на ДДВ. Граѓаните одамна го знаат сценариото. Секогаш кога Мицкоски ќе најави „мерки за намалување на цените“, резултатот е ист, се вели во соопштението од СДСМ, кое МИА го објавува интегрално. Секоја негова мерка што требаше да ги намали цените, во пракса донесе ново поскапување. Ова е модел. Наместо реално намалување на цените, ...

Првиот човек на ЦУК, Стојанче Ангелов на прес-конференција на кризниот штаб во Гостивар информираше дека вчера и денеска во Гостивар донесени се 200.000 литри пакувана вода. Ангелов посочи дека станува збор за донации и од Министерството за локална самоуправа, и Општина Неготино. Покрај вода за пиење се работи и на обезбедување доволни количества техничка вода. -По потреба можеме да обезбедиме дополнителна количина флаширана вода, онолку ...

Силното невреме што неодамна го зафати Скопје предизвика штети и на Градските гробишта „Бутел“, покажуваат фотографии што се споделуваат на социјалните мрежи. Според објавите, на повеќе гробни места има искршени споменици и изместени надгробни плочи, а граѓаните тврдат дека при нивната денешна посета не забележале активности за расчистување или санација на штетите. Не се оштетени само домовите. Голема штета има и на гробиштата. Денес таму ...

Новиот врховен командант на Вооружените сили на Украина (ВСУ) Михајло Драпати и вршителот на должност министер за одбрана Евгениј Хмара ќе имаат задача да ја подобрат работата на службата задолжена за воена евиденција и за мобилизација на населението – изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. – Драпати и Хмара ќе треба заеднички да работат и на уште една стратешка задача – зајакнување на противвоздушната одбрана на Украина – изјави ...

На директорот на Радио-телевизија Подгорица, Владимир Оташевиќ, ноќеска му е забранет влез во Србија на граничниот премин Гостун, објави Радио-телевизија на Црна Гора, повикувајќи се на решение на српската Гранична полиција за одбивање влез. Според документот, Оташевиќ пристигнал на граничниот премин еден час по полноќ, по што, по извршената гранична контрола, му бил одбиен влезот во Србија. Во решението е наведено дека влезот може да биде ...

– Цената на суровата нафта денеска надмина 100 долари за барел, поттикната од заканите за нарушување на испораките преку Ормуска Теснина и теснината Баб ел-Мандеб, како и од стравувањата од нови напади врз енергетската инфраструктура на Блискиот Исток. Меѓународниот репер „брент“ се тргуваше по цена од 100,17 долари за барел во 16:16 часот по локално време (13:16 по ГМТ), што е раст од околу 6,5 проценти во однос на претходното затворање од ...

Советот на Општина Центар, на предлог на градоначалникот Горан Герасимовски, го усвоил Предлог-правилникот за доделување еднократна финансиска помош за оштетените објекти на граѓани и правни лица по силното невреме што пред два дена го зафати Скопје. На седницата, како што соопштија оттаму, градоначалникот Герасимовски истакнал дека личниот пример е најважен, и во акциите на терен и со носење конкретни мерки за поддршка на погодените жители. ...

Одлична вест за скопјани. Со огромно задоволство ве информирам дека штотуку остварив телефонски разговор со министерот за транспорт, Александар Николоски, кој ме извести дека успешно завршила тендерската постапка и јавното наддавање за набавка на 100 нови еколошки автобуси за градот Скопје, напиша градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на својот фејсбук профил. Тој упати благодарност до претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, како и до ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска му се закани на Иран со „голема воена казна“, обвинувајќи го Техеран за нападите на јеменските бунтовници Хути врз два саудиски нафтени танкери во Црвеното Море, со што, според него, конфликтот на Блискиот Исток се проширува и кон уште една клучна светска трговска поморска рута. Стравувањата дека нарушувањата во поморскиот сообраќај би можеле да се прошират и на Црвеното Море предизвикаа нагло ...

– Премиерот на Унгарија, Петер Маѓар денеска најави реформирање на Системот за пријавување на имотот, со што ќе се овозможи проверка на имот на политичките лидери 20 години наназад. Тој сегашниот систем го оцени како „целосно неприфатлив“ и не нуди одговори на прашањето како политичарите, министрите и државните секретари успеале да акумулираат значително лично богатство само од нивните официјални плати. Со реформата предвидено е и ...

Тепачката на дел од фудбалерите на финалето на Светското првенство меѓу Шпанија и Аргентина за некои играчи може да има и сериозни последици. Дел од аргентинските репрезентативци се однесуваа срамотно и физички се судрија со фудбалери на Шпанија. Поради своето однесување играчот на Атлетико Мадрид, Тиаго Алмада се соочува со отказ во својот клуб. Фудбалерот веднаш е ставен на трансфер листата (по една година во клубот) и од Атлетико се ...

Чешкиот премиер Андреј Бабиш денеска во Белград ја повтори поддршката за членството на Србија во Европската Унија, но и за нејзино приклучување кон Шенген-зоната, оценувајќи дека Србија и другите земји кои не се дел од Шенген поефикасно ја штитат надворешната граница на Унијата од илегалната миграција отколку некои земји членки. Бабиш, кој ја предводи чешката државна делегација во дводневна посета на Белград, на заедничката прес-конференција ...

Грчката верзија на „Железната купола“, односно противвоздушен, противбалистички и антидронски одбранбен штит што го носи името „Штитот на Ахилеа“, како и уште десет други програми за модернизација и вооружување на армијата беа одобрени на денешниот состанок на Владиниот совет за национална безбедност, што го свика грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина. По состанокот, министерот за одбрна на Грција Никос Дендиас ...

Со инвестиција вредна околу еден милион евра, обезбедена преку вториот јавен повик на Владата, денеска официјално беше пуштен во употреба целосно реконструираниот градски базен во Кавадарци. На настанот присуствуваше премиерот Христијан Мицкоски, заедно со министерот за спорт Борко Ристовски и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. Реконструкцијата опфати целосна обнова на базенскиот комплекс, вклучувајќи нов систем за филтрација и ...

По Гостивар, Валандово и болницата во Лешок – сега и Крушево. Водата е бактериолошки неисправна за пиење. За само неколку денови имаме четири случаи на загадена вода за пиење. Колку градови уште пијат неисправна вода, а јавноста не е информирана?, стои во соопштението на СДСМ што МИА го објавува интегрално. Додека Мицкоски свечено отвора базен во Кавадарци, половина Македонија нема безбедна вода за пиење. За две години оваа власт успеа да ја ...

Општата состојба во однос на бројот на лица со стомачни тегови во Гостивар во моментов е стагнирачка и нема нови хоспитализации. Сите резултатите и анализи за водата ќе бидат објавени. Да не дојде до опуштање во спроведувањето на мерките, бидејќи секогаш кога поминува главниот ризик има опуштање. За мене, надвор од инкубацискиот период, бидејќи знаеме кои вируси и бактерии се присутни, многу поважно е дали граѓаните ќе ја задржат ...

Црвениот крст отвори сметка на која сите хумани граѓани ќе можат да им помогнат на жителите на Гостивар кои се соочуваат со епидемија откако беше утврдено дека водата не е за користење. – Во овие тешки моменти, кога голем број семејства во Општина Гостивар се соочуваат со последиците од загадувањето на водата за пиење и неговото влијание врз нивното здравје и секојдневен живот, нашата хуманост, солидарност и заедништво се од исклучително ...

Вчера во 19:15 часот, полициски службеници од ОВР Неготино ја лишиле од слобода К.Л.(36) од Демир Капија и нејзиниот 14-годишен син, постапувајќи по претходна пријава од нејзиниот 68-годишен поранешен свекор дека неговиот 14-годишен внук, под влијание на неговата мајка, од неговиот дом му одзел околу 17.300 евра и ги однел кај неговата мајка. За настанот бил известен јавен обвинител, Центар за социјални работи и адвокат за малолетници, во ...

Министерот за правда Јетон Шасивари денеска се сретна со амбасадорот на Косово во Македонија, Флоријан Ќехаја, при што разговараа за унапредување на билатералната соработка, реформите во правосудството и процесот на евроинтеграција. Како што соопшти Министерството за правда, на средбата била потврдена заедничката определба за продлабочување на партнерството меѓу двете земји, особено во областа на правдата и размената на искуства поврзани со ...

На 26 јули, денот кога Скопје повторно се навраќа кон својата најдлабока рана, ве во музејот на Град Скопје ќе отворо изложбата „Архив на тага: Скопје 1963“, со фотографии на Васил Хаџиманов од тажачките обреди по земјотресот и на промоцијата на дополнетото и двојазично издание на книгата „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963 г. (Од архивските материјали на Васил Хаџиманов)“/”Laments from the 1963 Skopje Earthquake (From the Archival ...

Сериозен безбедносен инцидент е регистриран ноќеска во Скопје, откако засега непознати сторители украле ГПС уред за следење на железничкиот сообраќај во близина на Железничката станица Маџари, со што била загрозена безбедноста на возниот сообраќај. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен во СВР Скопје околу 00:30 часот. Кражбата била извршена со употреба на погоден алат, при што бил отстранет уредот ...

Основниот суд во Гевгелија му изрече казна затвор од 18 години на 56-годишниот Васил Режак од дојранското село Сретеново, кој беше прогласен за виновен за кривичното дело „убиство на свиреп начин“. Станува збор за првостепена пресуда, а обвинетиот ќе остане во притвор до нејзината правосилност. Според судските наоди, трагичниот настан се случил попладнето на 1 ноември 2025 година во близина на угостителски објект во Сретеново. Режак и Никола ...

Итно да се направи вонреден надзор и целосна анализа на сите водоснабдувачки станици во државата, како и јавно да се објават резултатите од испитувањата на водата, побара претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција. Тој нагласи дека квалитетот на водата не може да биде третиран како тајна, бидејќи станува збор за прашање од јавно здравствено значење. „Квалитетот на водата не е тајна во рамки на истрагата. Туку е ...

Граѓаните кои претрпеа материјална штета од силното невреме што го зафати Скопје ќе добијат обештетување, најави премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање, објави. Мицкоски посочи дека општините и институциите на локално ниво треба да ги формираат комисиите кои ќе извршат проценка на пријавените штети. По завршувањето на проценките, податоците ќе бидат доставени до Комитетот за проценка на штети, а потоа до Владата. ...

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведоа 70 вонредни инспекциски надзори во Гостиварско, при што биле контролирани кафе-барови, пицерии, пекарници, слаткарници, сендвичарници, ќебапчилници, производители и пакувачи на овошје и зеленчук, како и други оператори со храна. Фокусот на контролите бил ставен на почитувањето на забраната за користење вода од гостиварскиот водоснабдителен систем. Од АХВ информираат ...

Буџетот на Фондот за здравство во 2025 година изнесуваше 840 милиони евра (51,5 милијарди денари) и сега со него ќе раководи човек кој по професија е тренер – поранешниот министер за локална самоуправа, Златко Перински. Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција рече дека со Фондот за здравствено осигурување, како една од најважните институции во здравствениот систем се поставени лица без соодветна стручна подготовка. ...

Премиерот вели дека летаргијата што ја зафати општината по случајот со водата претставува предизвик за сите, но дека Владата ќе направи сè што е во нејзина можност системот што поскоро да профункционира и да се стави во употреба, иако тоа не е во нејзина надлежност Според вчерашните резултати од анализите на мострите што ги направи Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), водата од водоводната мрежа во Гостивар сè уште е неисправна за пиење и за ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
75%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.54
72%
1028
weather icon

Софија

1ᴼ / -1ᴼ
1.54
90%
1028
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
82%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.6
66%
1026
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
81%
1025
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 3ᴼ
3.6
61%
1031
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
0.45
73%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 7ᴼ
4.63
91%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Паладиум

32279.35

Сребро

1670.34

Кобалт

33.53

Бакар

12.58

Иридиум

315077.32

Рутениум

61086.42

Цинк

3.76

Алуминиум

3.07

Родиум

295786.87

Злато

130856.75

Платина

49319.25

Калај

46.54