Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
По комеморативната седница на Собранието за трагедијата во „Пулс“, родителите на загинатите изразија разочарување од институциите кои, како што велат тие, не ги спомнале ни со име нивните деца кои загинаа. Нашите очекувања, надевајќи се кога ќе дојдеме овде дека ќе ни дадат почит и спрема нашите деца, се падна во вода. Комеморацијата за нашите деца, со 63 жртви за една држава, со две страници читање, и ајде чао, пријатно, толку беше. Ова не ...
Адвокатот Ѕвонко Давидовиќ, бранител на обвинетиот поранешен директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Аднан Џаферовски, ви случајот „Пулс“ изјави дека институцијата не е надлежна за контроли на угостителски објекти, туку има сосема друга функција. -Согласно законот, треба да се сфати дека Дирекцијата за заштита и спасување не е инспекциски орган кој прави контроли на кафулиња, кафани и ресторани. Таа е институција која опфаќа ...
Иницијативата „Стоп за Усје“ спроведува герила акција пред Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) со блокирање на сообраќајницата „Филип Втори“ во центарот на Скопје. Како што посочија активистите, денеска е крајниот рок кога „Титан Усје“ треба да поднесе барање за нова А-интегрирана еколошка дозвола што ја издава Министерството за животна средина и просторно планирање, која ќе важи во наредните седум години и со ...
Тригодишно дете од Штип вчера е хоспитализирано во Клиничка болница-Штип на одделот за Педијатрија, а по извршените испитувања е констатирано дека има присуство на „бензодиезепами“, соопштија денеска од СВР-Штип. Во пишаното соопштение се наведува дека вчера во 18.18 часот во СВР-Штип е пријавено дека на Детското одделение при Клиничка болница Штип во 11.47 часот на детското одделение дошла 24 годишната Н.С. од Штип со нејзиното тригодишно ...
Прес конференција на СДСМ, Јон Фрчкоски – член на Извршниот одбор на СДСМ Мицкоски молчи за Адамовиќ поради поврзаноста со бизнисот со струја Антикорупцискиот тим на СДСМ ги открива бизнис-шемите на Мицкоски и нивната поврзаност. Веќе објавивме дека сопругата на неговиот партнер во хидроцентралите, Мицкоски ја назначи за директорка на Развојната банка, иако е сопственичка на компанија од енергетскиот сектор. Денеска објавуваме нов сегмент од ...
Дали ѕвездите влијаат на тоа колку често летаме, колку сме лојални или дали претпочитаме да патуваме сами? Новата анализа на Wizz Air покажува дека хороскопските знаци можат да откријат изненадувачки модели на патување — од патници кои стратешки планираат до авантуристи кои едноставно не можат да престанат да ја резервираат својата следна дестинација. „Иако астрологијата ја разгледуваме на малку поразигран начин, податоците зад анализата ...
Комеморативната седница почна со едноминутно молчење во знак на почит за споменот на 63-цата загинати во Кочани. На седницата, покрај пратениците, присуствуваа претседателката на државата Гордана Силјаноска Давкова, премиерот Христијан Мицкоски, семејствата на трагично починатите во пожарот во дискотеката „Пулс“… Оваа комеморативната седница, според спикерот Гаши, не е само институционален формализам, туку заедничко поклонување на целата ...
На денешната седница на Советот на Град Скопје, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски жестоко им се обрати на советниците од Левица, обвинувајќи дека политичката партија Левица е најголемо бандитско здружување во Скопје. -Стојче Јовановски е лицето кое што неколку години наназад, систематски, еве ги доказите, го уништува јавното предпријатие ЈСП Скопје. ЈСП Скопје е уништувано од кадар на Левица. Исто како што и КИЦ беше уништуван. Вие сте ...
По претходно потпишување на Анексот бр. 8 на Договорот за изградба на автопатот Кичево – Охрид од страна на заменик претседател на Владата задолжен за политички систем Љупчо Димовски, и од вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, потпис на Анексот 8 ставија и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски и генералниот претставник на Синохидро во Македонија г-дин Чен Чен. Со Анексот бр. 8 од ...
ДУИ тврди дека претставниците на ВЛЕН избрале молк и сервилност наместо да ги бранат достигнувањата од Охридскиот рамковен договор Демократската унија за интеграција (ДУИ) упати директни критики до коалицијата ВЛЕН, обвинувајќи ги дека со својата „заробена и потчинета“ позиција во Владата создале клима во која се напаѓаат правата на Албанците. Според ДУИ, последните изјави на претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, не се ...
Американските медиуми повикувајќи се на неименувани извори од Пентагон објавија дека првите шест дена од војната со Иран чинеле повеќе од 11,3 милијарди долари. Во процената не се вклучени трошоците поврзани со судирот, како што е распоредување воена опрема и персонал пред нападот што се случи на 28 февруари. Претходно, вашингтонскиот тинк-тенк Центар за стратешки и меѓународни студии (ЦСИС) објави дека во првите 100 часа од ...
Соопштение на СДСМ Срамна и безобразна е изјавата на Мицкоски кој граѓаните и работниците кои едвај врзвуваат крај со крај и не можат да го прехранат своето семејство ги нарече хистерични. Над 200.000 работнички семејства живеат тешко, а Мицкоски ги прави хистерични. Со часовници од 60.000 евра, вредни колку 150 минимални плати, Мицкоски ги прави хистерични работниците затоа што бараат 600 евра плата. Не е хистерија да се бара достоинствена ...
Царински службеници на Граничниот премин „Блаце“, на влез во државата, спречиле обид за криумчарење на вкупно 120 килограми тутун за наргиле, со вредност од 384 илјади денари кои биле наменети за продажба на македонски пазар. Против сторителот, како што информираат од Царинската управа, од страна на Одделението за истраги, е поднесена кривична пријава за кривично дело „криумчарење“, казниво согласно Кривичниот законик. Со ова е спречен обид ...
Комеморативната седница за годишнината од трагичниот настан во дискотеката „Пулс“ во Собранието започна со минута молк. На почетокот на седницата се обрати претседателот на собранието Африм Гаши. Некои ноќи завршуваат рутински, некои ноќи завршуваат оставајќи спомени, но има и такви што никогаш не завршуваат. Постојат утра што будат надеж и раѓаат нова сила, но има и мрачни утра што ја гасат надежта и предизвикуваат само болка. Такво утро ...
Соопштение на СДСМ Срамна и безобразна е изјавата на Мицкоски кој граѓаните и работниците кои едвај врзвуваат крај со крај и не можат да го прехранат своето семејство ги нарече хистерични. Над 200.000 работнички семејства живеат тешко, а Мицкоски ги прави хистерични. Со часовници од 60.000 евра, вредни колку 150 минимални плати, Мицкоски ги прави хистерични работниците затоа што бараат 600 евра плата. Не е хистерија да се бара достоинствена ...
Советот на Град Скопје денеска ќе одржи 9-та редовна седница, на која главна точка на дневниот ред е Предлог-изменување и дополнување на Буџетот на Град Скопје за 2026 година, на предлог на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Со предложениот ребаланс се предвидуваат дополнителни средства за реализирање значајни инфраструктурни, образовни и сообраќајни проекти, насочени кон унапредување на квалитетот на животот на граѓаните и забрзан развој на ...
Министерството за култура и туризам на Република Турција и Агенцијата за промоција и развој на туризмот на државата (ТГА), информираат дека туристичките активности низ целата земја се одвиваат целосно нормално и вообичаено, а побарувачката за патувања во Турција останува на исклучително високо ниво. И покрај засиленото медиумско известување за конфликтот во одредени делови од поширокиот регион на Блискиот Исток, факт е дека Турција е ...
Синдикатот на културата на Република Македонија (СКРМ) повторно реагираше на изјавите на министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, истакнувајќи дека прашањето не е во висината на износот за кој се водат споровите, туку во почитувањето на законите, колективните договори и работничките права. Од СКРМ велат дека по прес-конференцијата на министерот станало јасно дека тој „суштински не ја разбира улогата на синдикалната борба за заштита и ...
Претседателите Александар Вучиќ и Еди Рама ја опишаа својата идеја како функционална делумна интеграција која би послужила како меѓучекор за оживување на процесот на проширување на ЕУ и за зголемување на стабилноста во регионот. Нивниот предлог предвидува постепена интеграција во единствениот пазар и во Шенген-зоната, но без право на: еврокомесар во Европската комисија, пратеници во Европскиот парламент, право на вето – права кои ги уживаат ...
Судија на претходна постапка одредил мерки на претпазливост – одземање патна исправа, забрана за определни работни активности поврзани со кривичното дел и забрана за приближување на професорот од средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“, кој е осомничен за кривично дело „Сексуално вознемирување“ врз своја ученичка. Од Основниот кривичен суд Скопје информираат дека определените мерки се на предлог барање од Основното јавно бовинителство. ...
Лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев повторно обвинува за партиските вработувања во државните институции. Апасиев преку објава тврди дека најголемата владејачка партија, ВМРО-ДПМНЕ ги вработува членовите на својот подмладок во Собранието. „Цело УМС у Собрание го вработија, како стафери. А знаете по шо ги познаваме? Не викаат добар ден на никој по ходници, освен на вмровски пратеници!? Тугоооо“, порачува пратеникот. Лидерот на ...
Во Србија денеска, со комеморативни собири ќе се одбележи 23-годишнината од убиството на премиерот и поранешен лидер на Демократската партија (ДС) Зоран Ѓинѓиќ во атентат во дворот на Владата во центарот на Белград. Државната церемонија на оддавање почит ќе започне во 10:30 часот во дворот на Владата на Србија во Белград, каде што премиерот Ѓуро Мацут и министрите ќе положат венци на местото каде што Ѓинѓиќ беше убиен на 12 март 2003 година ...
Семејството и пријателите се збогуваат со нашиот легендарен актер Кирил Поп Христов-Кили, кој вчера почина на 58-годишна возраст. Тој починал од инфаркт, во сон. Поп Христов од 2014 година живееше во Еквадор. Иако беше далеку од татковината, често се враќаше во Скопје, но последната година и половина од животот ја помина во Еквадор. Сопругата на големиот уметник и актерска легенда јавно ја потврди смртта на сопругот, збогувајќи се преку ...
Владата продолжува да биде глува на предупредувањата и да ги игнорира ризиците што го загрозуваат животниот стандард на граѓаните, без да преземе мерки за нивна заштита од нови ценовни удари, се вели во соопштението од ДУИ. Сите професионални прогнози и движењата на меѓународните енергетски берзи покажуваат дека од наредниот понеделник се очекува ново и значително зголемување на цените на нафтените деривати. Ова зголемување може да ...
Бела куќа продолжува да објавува видеа на својот официјален профил на платформата X, поврзани со нападот врз Иран, а во последната објава постави анимиранa видео-снимкa инспирирана од куглање. Во видеото е прикажан удар врз иранскиот нуклеарен програм, при што иранските официјални лица се претставени како кегли, а американскиот напад како кугла со пруги во боите на американското знаме која ги соборува. Видеото трае околу 34 секунди и на ...
Во Собранието денеска ќе се одржи Комеморативна седница за годишнината од трагичниот настан во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој 63 лица го загубија животот, а околу 200 беа повредени. На 14 март Владата ќе одржи Меѓународна конференција „Институционални и клинички аспекти и решенија по пожарот во Кочани една година потоа“, на која ќе присуствуваат претставници на институциите, здравствени експерти, меѓународни организации и хуманитарни ...
Македонија мора да продолжи со добронамерната имплементација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија, како и на Преспанскиот договор со Грција, во согласност со Преговорната рамка, се вели во стратегијата за проширување на ЕУ усвоена од Европскиот парламент, објави БГНЕС. Во документот, европратениците нагласуваат дека проширувањето мора да остане процес базиран на заслуги и реверзибилен, при што напредокот на ...
Иран во текот на ноќта нападна цели во Ирак, Бахреин и Оман, при што беа предизвикани пожари на повеќе енергетски постројки и пристаништа во регионот. Во Ирак се запалени два танкера во близина на јужното пристаниште Басра, поради што целосно е запрена работата на сите ирачките нафтени терминали. Во Бахреин изби голем пожар откако иранските сили погодија резервоари за нафта и гориво во близина на меѓународниот аеродром. Оман по вчерашниот ...
Државниот секретар во Министерството за социјална политика, демографија и млади Фатмир Сабриу, ја претставува Република Северна Македонија на 70-тата сесија на Комисијата за статусот на жените во Њујорк, што се одржува во рамките на Обединетите нации. Настанот обединува претставници на држави од целиот свет кои ги споделуваат своите искуства, политики и практики за унапредување на статусот на жените во општеството, информираат од ...
Семејството и пријателите се збогуваат со нашиот легендарен актер Кирил Поп Христов-Кили, кој вчера почина на 58-годишна возраст. Тој починал од инфаркт, во сон. Поп Христов од 2014 година живееше во Еквадор. Иако беше далеку од татковината, често се враќаше во Скопје, но последната година и половина од животот ја помина во Еквадор. Кирил Поп Христов е роден на 30 јули 1967 година во Скопје. Актерската кариера ја започна по дипломирањето на ...