Фатен на дело измамник од Кавадарци, кај него се пронајдени 2.000 евра, претходно криминалистичко – технички обработени. На 23.07.2026 во 13:50 часот на Градски плоштад во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци во соработка со полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.Д.(32) од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава од 50-годишна кумановка дека ја измамил за сума од 9 000 евра. Според пријавеното, тој и ...

Унгарската фирма „Електробус Икарус“ и австриската ЕВН се избрани и на вториот повик за набавката на 150 електрични автобуси, од кои 100 за Скопје, а 50 за останатите градови во Македонија. Во дописот од Министерството стои дека „Икарус“ и ЕВН дале најниска цена од 3 .120 956 004 денари дез ДДВ или 50 милиони евра, односно 19 796 924 денари без ДДВ или 322 илјади евра по единица автобус и 2 018 899 без ДДВ или по 30.000 евра по единица ...

Бакарот станува еден од најдефицитарните минерали во светот, предупредува Меѓународната агенција за енергетика (IEA) во извештајот „Global Critical Minerals Outlook 2026“. Според анализата, нови наоѓалишта сè потешко се откриваат, а квалитетот на бакарната руда постојано опаѓа. Во последните три децении просечната содржина на бакар во рудниците е намалена за околу 40 проценти. Дополнителен предизвик е што само 5 проценти од сите откриени ...

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО на годишната Сесија што се одржува во јужнокорејскиот град Бусан донесе одлука да го одложи впишувањето на Охридскиот Регион на Листата на светски културни и историски наследства во опасност. На државата и е даден дополнителен рок од пет години за да ги спроведе препораките поврзани со заштитата на природното и културното наследство. Со одлуката се дава можност државава да ги реализира мерките што ...

Европската централна банка (ЕЦБ) ги претстави десетте финални решенија за идниот изглед на евро банкнотите и ги повика граѓаните да учествуваат во јавната консултација, преку која ќе можат да дадат мислење за предложените дизајни. Јавната анкета ќе биде отворена до 21 септември, а Управниот совет на ЕЦБ се очекува до крајот на годината да го избере конечниот изглед на новата серија банкноти. Во финалниот избор се најдоа две концепции – ...

Од Левица денеска преку соопштение обвинија дека доцнењето на исплатата на породилните надоместоци продолжува и покрај промените во раководството на Фондот за здравствено осигурување, оценувајќи дека институциите не го решаваат проблемот со кој, според партијата, се соочуваат голем број родилки. Од партијата тврдат дека и во втората половина на јули има мајки кои сè уште не ја добиле исплатата за месец мај, оценувајќи дека доцнењето станало ...

Барам итна проверка на законитоста на работењето и туристичките активности во пештерата Врело – Кањон Матка, се вели во пријавите кои Марија Бундалевска, македонска државјанка која повеќе од десет години живее и работи во Сингапур, ги поднесе до надлежните институции. Во сторијата што ја пренесува мкд.мк Таа тврди дека на Матка не се издаваат фискални сметки, дека дел од туристите одат на турите без појаси за спасување… „На 5 јули бев во ...

Од Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска преку соопштение упатија критики до коалицијата ВЛЕН, оценувајќи дека нивното јавно признание оти се „страшно слаби“ во Владата претставува доказ за политички неуспех. Во соопштението ДУИ тврди дека политичката и институционалната положба на Албанците во државата се влошува, наведувајќи дека се намалува застапеноста во институциите и дека, според партијата, се доведуваат во прашање ...

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп повеќе од 80 пати ветил дека ќе го заврши конфликтот во Украина во рок од 24 часа. Таа реагираше на изјавата на американскиот државен секретар Марко Рубио, кој по средбата со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров рече дека војната не може да се реши за 30 минути. „Никој не мисли така. Но, сите се ...

Основниот кривичен суд Скопје го укина притворот за поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, откако судија на претходна постапка ја прифати понудената гаранција во вредност од над 1.150.000 евра. Како што соопшти Судот, гаранцијата се состои од засновање хипотека врз недвижен имот. Истовремено, за да се обезбеди неговото присуство во понатамошниот тек на постапката, на Сејдини му е определена мерка на ...

Управата за хидрометеоролошки работи најавува променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд, кои на одделни места ќе бидат пообилни и ќе надминат 15 литри на квадратен метар. Локално ќе има услови за нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а долж Повардарието повремено ќе се засилува и ќе достигнува брзина поголема од 50 километри на час. Утринската температура ќе ...

ЛДП соопшти дека ако не беше оваа регионална турнеја во пакет со Молдавија и Романија, можеби немаше ни да забележиме какво дно допре македонската дипломатија. Според партијата, додека Кишинев и Букурешт потпишуваа конкретни меморандуми, обезбедуваа нови пазари за своите земјоделци и договараа реални инвестиции во фармацијата, ИТ секторот и логистиката, нашиот државнички врв ја пречека индиската претседателка со обичен протоколарен фолклор, ...

По неколкудневниот топлотен бран, северниот дел на Грција го очекува нагло влошување на времето. Грчката национална метеоролошка служба издаде црвен аларм, предупредувајќи на опасни временски појави што ќе го зафатат регионот. Според прогнозите, во петок најсилен удар на невремето се очекува во Халкидики и Солун, каде што се најавени обилни поројни дождови, силни грмежи, олуен ветер и локална појава на град. Станува збор за региони во кои во ...

Осумнаесетгодишен возач-почетник е лишен од слобода откако на автопатот Скопје–Тетово бил фатен како управува автомобил со брзина од 211 километри на час, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според МВР, случајот бил регистриран вчера во 16:21 часот кај клучката Кондово, каде што полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот при Секторот за сообраќајни работи извршиле контрола со радар. При контролата било ...

Унгарската влада покрена истрага за кредитот од една милијарда евра што претходната влада на Виктор Орбан ѝ го одобри на Македонија преку државната банка „Ексимбанк“, пренесува „Ројтерс“. Премиерот Петер Маѓар изјави дека заемот, одобрен со каматна стапка од 3,25 проценти и целосно обезбеден со државна гаранција, е една од неколкуте трансакции на „Ексимбанк“ што во моментов се предмет на проверка. Маѓар, кој по априлските избори ја презеде ...

СДСМ преку соопштение соопшти дека истрагата што, според нив, ја отворил новиот унгарски премиер Петер Маѓар за кредитот од една милијарда евра одобрен од унгарската влада за Македонија, отвора сериозни прашања и може да има пошироки последици. Од партијата тврдат дека не станува збор само за финансиска проверка, туку за процес кој, според нив, ќе ги опфати и околностите под кои бил одобрен заемот. Во соопштението се наведува дека кредитот ...

Шест кандидати за функцијата генерален секретар на Обединетите нации синоќа пред Генералното собрание на ОН ги претставија своите приоритети, на дебата организирана во формат сличен на телевизиско шоу. Кандидатите за наследник на Антонио Гутереш по истекот на неговиот маднат, одговараа на прашања за предизвиците со кои се соочува Светската организација, меѓу кои застојот во Советот за безбедност на ОН, финансиските притисоци, зголемениот ...

Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) предупреди дека секоја британска воена база што САД ќе ја користат за напади врз Иран ќе стане „легитимна цел“, обвинувајќи го Лондон дека има значајна улога во неодамнешните американски и израелски воени операции. Во соопштението, Револуционерната гарда наведе дека американската војска неодамна користела бомбардери „Б-1“, кои полетувале од британската воздухопловна база Ферфорд, откако ...

Соединетите Американски Држави денеска воведоа нова глобална политика на визни ограничувања насочена кон лицата одговорни за интернет-измами, кибер-криминал и сексуални уцени преку интернет, оценувајќи дека овие активности претставуваат „закана без преседан“ за американските граѓани. Американскиот државен секретар Марко Рубио во соопштение наведе дека новата политика е насочена кон лицата кои се одговорни или се соучесници во кибер-криминал ...

Пронајден е мртов директорот на аеродромот, за кого се верува дека имал сознанија за околностите околу смртта на Евгениј Пригожин – поранешен близок сојузник, а потоа и жесток противник на рускиот претседател Владимир Путин! Алексеј Коршенко, кој раководел со терминалот за деловна авијација на московскиот аеродром „Шереметјево“ (од каде што Пригожин полетал на својот последен лет), бил одговорен за терминалот од кој заминал контроверзниот ...

Настанот се случил десет дена пред да почнат со работа пумпите кои го загадуваа водоводот. Првичните информации биле дека тој дошол да го исчисти каналот на локација каде што имало одводни канали за прибирање на проточни води, се заглавил и починал На 15 јуни загинал вработен во комуналното претпријатие во Гостивар кој интервенирал во водоводниот систем, објави телевизија „Телма“. Настанот се случил десет дена пред да почнат со работа ...

Српска државјанка на која и се слошило на граничниот премин „Евзони“ доживеала клиничка смрт, неофицијално дознава „Блиц“. Брзата помош пристигнала по 40 минути, по што таа била пренесена во Градската болница „Ипократис“ во Солун . Лекарите ѝ дијагностицирале аневризма на мозокот (крварење во мозокот), што предизвикало сериозно оштетување. Како што неофицијално дознаваме, во текот на следните 24 часа, Вера Линиќ била поврзана на респиратор, а ...

Времето утре ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (над 15 литри на метар квадратен). Локално ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер (над 50 километри на час). Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени. Во Скопје, ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека кинескиот претседател Шји Џјинпинг ќе престојува во официјална посета на САД на 24 септември. Американскиот претседател рече дека со кинескиот лидер ќе разговара за прашања поврзани со вештачката интелигенција. Трамп го потврди датумот за посетата за време на настан во Агенцијата за заштита на животната средина, заедно со министерот за енергетика Крис Рајт и други панелисти кои ...

Албанската полиција денеска во Тирана употреби водени топови и солзавец за да ги растера демонстрантите кои пак фрлаа јајца и шишиња врз безбедносните сили, во една од низата демонстрации против проектот за изградба на луксузен комплекс на Џаред Кушнер – зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, објави „Ројтерс“. Полицијата употреби водени топови против стотици демонстранти кои удираа по оградите околу зградата на парламентот и ...

Американскиот Сенат ја блокираше резолуцијата предложена од Демократската партија, чија цел беше да се ограничи можноста за продолжување на воените операции против Иран без претходно одобрение од Конгресот. Сенаторите со 49 гласа „за“ и 47 „против“ изгласаа да не се пристапи кон разгледување на резолуцијата за воените овластувања на претседателот. Претходно, Претставничкиот дом ја усвои истата резолуција со која од претседателот Доналд Трамп ...

Полициски службеници денеска лишиле од слобода возач-почетник, којшто возел со 211 километри на час, соопшти МВР. -Денеска во 16:21 часот, на автопатот Скопје–Тетово, кај клучка Кондово, полициските службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи на МВР лишија од слобода возач-почетник, кој управувал патничко возило „Фолксваген Артеон“ со скопски регистарски ознаки со брзина од 211 ...

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) попладнево испрати дополнителни сили за справување со големиот пожар над селото Копаница, во Општина Сарај. За поддршка на скопската Бригада за противпожарна заштита, во акцијата се ангажирани два противпожарни авиони „Air Tractor“, кои интервенираат од воздух, како и две специјализирани теренски возила „Пинцгауер“, наменети за гаснење пожари на непристапен терен. Пожарникарите и тимовите на ДЗС, ...

Жителите на бугарската општина Безмер, десетина километри западно од Јамбол, протестираат против распоредувањето на американски авиони во воздухопловната база што се наоѓа во близина, тврдејќи дека не биле однапред информирани и дека одлуката е донесена без консултација со локалната заедница. Тие потпишале петиција и свикале протест, на кој повикуваат да им се придружат и жителите на околните села и населби. Градоначалникот на општината ...

Според последните анализи од стручните лица од ЈЗУ Центар за јавно здравје-Велес, направени овој месец, водата во вештачката акумулација езеро „Младост“ кај Велес и понатаму е забранета да се користи за капење и рекреација, се додека од страна на стручна институција не се докаже отсуство на цијанобактерии, но и цијанотоксини. – Со тоа би можело да се изврши комплетна проценка на безбедност на водата – се вели во извештајот на оваа јавна ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
75%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.54
72%
1028
weather icon

Софија

1ᴼ / -1ᴼ
1.54
90%
1028
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
82%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.6
66%
1026
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
81%
1025
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 3ᴼ
3.6
61%
1031
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
0.45
73%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 7ᴼ
4.63
91%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Кобалт

33.53

Алуминиум

3.07

Злато

130856.75

Платина

49319.25

Иридиум

315077.32

Сребро

1670.34

Родиум

295786.87

Паладиум

32279.35

Калај

46.54

Рутениум

61086.42

Бакар

12.58

Цинк

3.76