Василис Цијарас, адвокат на српскиот бизнисмен Љубиша Каровиќ кој речиси излета од прозорецот на авион на 10 јули на лет од Солун, Грција до Меминген, Германија, е уверен дека неговиот клиент ќе добие голема отштета. Се претпоставува дека дел од моторот се одвоил од авионот и го скршил прозорецот кратко по полетувањето. Авионот го изгуби притисокот во кабината и изврши итно слетување. Главниот извршен директор на „Рајанер“, Мајкл О’Лири, ...

Д-р Нико Беќаровски се огласи по информацијата дека во водата од градскиот водовод во Валандово е измерена концентрација на арсен од 14 ppb, што е околу 40 проценти над максимално дозволената граница според препораките на Светската здравствена организација (10 ppb). Во објава на социјалните мрежи, Беќаровски објаснува дека ризикот зависи од тоа колку долго се консумира ваквата вода и апелира граѓаните да не паничат. Краткорочното ...

Од опозициската партија Левица реагираат на изјавата на министерот за здравство Сашо Клековски, кој ги нареше како „слободни јавачи на епидемијата“ докторите што не се епидемиолози и инфектолоози, а активно ја коментираат состојбата со водата за пиење во Гостивар. Според него, во случајот граѓаните треба исклучиво да ги следат официјалните информации и препораки на надлежните институции. Оттаму велат дека наместо да преземе одговорност за ...

Новиот лидер на палестинското исламистичко движење Хамас, Халил ал Хаjа, денеска изјави дека ќе ја продолжи досегашната политика на организацијата, нагласувајќи дека главен приоритет е обновувањето на достоинствениот живот на населението во Појасот Газа, јави ДПА. Во своето прво обраќање откако во понеделникот беше избран за лидер на Хамас, Ал Хаjа повика на прекин на израелските воени операции во Газа, воспоставување сеопфатен прекин на ...

Микробиологот Никола Пановски преку објава на социјалните мрежи побара од министерот за здравство да ги извести медиумите повеќе да не го бараат за коментари и совети поврзани со состојбата во Гостивар, оценувајќи дека од денес јавноста треба да ја информираат епидемиолози и инфектолози. Пановски наведува дека во изминатиот период дал бројни изјави за повеќе телевизии, радија и портали, а на дел од медиумите им се извинил бидејќи физички не ...

Новиот главен командант на украинската армија, Михајло Драпати, денеска изјави дека добил задача да ги засили офанзивните операции против Русија и да подготви нови дејствија на руска територија. Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера го назначи 43-годишниот Драпати на највисоката воена функција, заменувајќи го 60-годишниот Олександр Сирски. Смената следува по разрешувањето на технолошки ориентираниот министер за одбрана Михајло ...

„Мислам дека потивко од одредени политички партии се дискутираше за состојбата во Гостивар отколку за билбордот“, вели градоначалникот Ѓорѓиевски Во интервју за Македонската радио-телевизија (МРТ), градоначалникот на Скопје го минимизира значењето на пропустот со билбордот на источниот влез на Скопје, сметајќи дека е тоа само „техничка“, грешка во графичкиот дизајн. Тој потврди дека изработката на билбордот чинела 48 илјади денари и дека ја ...

– Назначувањето на Михајло Драпати за нов главен командант на Вооружените сили на Украина нема да ја промени состојбата на бојното поле, соопшти денеска Кремљ, оценувајќи дека руската армија ќе продолжи со офанзивните операции. – Не мислам дека тоа може да доведе до какви било промени. Нашите вооружени сили продолжуваат да напредуваат долж целата линија на фронтот – изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Украинскиот претседател ...

„Случајот со загадената вода во Гостивар е уште една потврда дека институциите под оваа власт не функционираат кога се најпотребни за граѓаните. По трагедијата во Кочани, до денес ништо суштински не е променето. Еве, сега го имаме и Гостивар, каде повторно гледаме задоцнета реакција, институционален молк и избегнување одговорност“, рече пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, во гостувањето во емисијата „Вести плус“ на Канал 5. Тој посочи дека ...

Израел започна со копање ровови наменети за крокодили околу високобезбедносно крило на затворот Кециот во јужниот дел на земјата, каде што се притворени припадници на Хамас, објави денеска израелскиот весник „Једиот Ахронот“. Според весникот, рововите се копаат околу затворот Кециот и ќе бидат долги околу 170 метри. Претставник на Регионалниот совет Рамат Негев, на чија територија се наоѓа затворот, изјавил дека рововите се копаат во рамките ...

Американските воздушни напади врз Иран од 27 јуни досега однесоа 53 животи, а 592 лица се повредени, соопшти денеска иранското Министерство за здравство, во услови на ескалација на тензиите во регионот. Раководителот на Центарот за односи со јавност и информирање при Министерството за здравство, Хосеин Керманпур, изјави дека бројките се однесуваат на периодот од 27 јуни до денеска во 8:30 часот по локално време, според објава на социјалната ...

Германија денеска остро ги отфрли руските тврдења дека тајно спроведува истражувања поврзани со развој на нуклеарно оружје. – Германската влада оваа изјава ја смета за дел од вообичаената руска пропаганда – изјави заменик-владиниот портпарол Штефен Мајер на прес-конференција во Берлин. Според германските власти, кругови блиски до руските разузнавачки служби преку комуникациски платформи ја ширеле информацијата дека Германија спроведува ...

Франција регистрирала 5.764 дополнителни смртни случаи за време на исклучително силниот топлотен бран што ја зафати земјата од 17 јуни до 2 јули, соопшти денеска француската Агенција за јавно здравје. Од Агенцијата наведоа дека зголемената вкупна смртност засега не може со сигурност да се припише исклучиво на високите температури. Според привремените податоци, ова е највисоката прекумерна смртност забележана во Франција по катастрофалниот ...

Европската демократска партија (EDP) објави делови од истражувањето на БИРН (BIRN) за попречувањето на сателитскиот навигациски систем над Србија за време на протестите и го праша претседателот на Србија, Александар Вучиќ, дали „се плаши од снимките од воздух“ поради големиот број луѓе на улиците. EDP се повика на текстот под наслов „Кој го омета GPS-от над Србија: Лажни сигнали соборуваа дронови, на авионите им даваа погрешни локации“, кој ...

Српскиот парламент в понеделник, на 27 јули, ќе заседава за иницијативата за гласање недоверба на Владата поднесена во февруари, јави регионалната телевизија Н1, повикувајќи се на свои извори. Предлогот за гласање недоверба на Владата беше поднесен од опозициските пратеници на 13 февруари поради случајот со укинувањето на статусот на културно наследство на комплексот на поранешниот Генералштаб и кривичната постапка против министерот за ...

Адвокатскиот тим на поранешниот претседател на Каталонија, Карлес Пуџдемон денеска поднесе жалба до Европската комисија против Шпанија, наведувајќи „непочитување“ на пресудата на Судот на правдата на Европска Унија, со која се потврдува неговата амнестија во судењето за организирање на нелегалниот референдум за независност на Каталонија во 2017 година. Жалбата е одговор на пресудата донесена пред два дена, во која државниот Ревизорски суд ги ...

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека главна задача на властите е да поттикнат структурни промени во економијата и да започнат нов инвестициски циклус. Путин рече дека рускиот федерален буџет во јуни остварил суфицит од 196 милијарди рубљи (околу 2,1 милијарда евра), благодарение на растот на приходите од нафта и гас, како и на останатите буџетски приходи. Според него, приходите што не потекнуваат од нафта и гас во вториот ...

– Скопските општини ќе формираат комисии пред кои граѓаните ќе можат да ги пријават штетите предизвикани од невремето. Во координација со Град Скопје, ќе се врши стручна процена на пријавените штети, по што, согласно законската регулатива и расположливите можности, ќе започне постапка за поддршка на граѓаните при санацијата на оштетувањата на објектите за домување, најави скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски по Координативниот состанок со ...

Повеќе од 2.000 трафостаници на Електродистрибуција останаа без напон по силното невреме што вчера со обилни дождови и силен ветер зафати голем дел од државата. Од „ЕВН Македонија“ информираат дека невремето предизвикало сериозни оштетувања на електродистрибутивната мрежа, при што биле оштетени неколку стотици електрични столбови, а без електрична енергија останале 2.308 трафостаници. Како што соопштуваат од компанијата, екипите работеле ...

Државниот обвинител на Унгарија, Габор Балинт Наѓ, денеска соопшти дека поднел оставка и оти функцијата ќе ја напушти на 25 август, наведувајќи дека обвинителството било изложено на неприфатливи јавни притисоци. „Во последниот период обвинителството со кое раководам беше изложено на низа напади насочени кон мојата личност, кои ги надминаа границите на прифатливата професионална и јавна дебата“ – наведе Наѓ во соопштението испратено по ...

Поранешниот кандидат за градоначалник на Гостивар од Левица, Дарко Грујоски, објави дека според микробиолошки наод кај него биле пронајдени јајца од цревниот паразит Ascaris lumbricoides, за кој тврди дека е последица од загадената вода во гостиварскиот водовод. Станува збор за паразит кој се пренесува по фекално-орален пат, преку загадена вода, храна или нечисти раце. Грујоски наведува дека по препорака од лекар треба да се тестираат и ...

Прес конференција на СДСМ, Јована Тренчевска – потпретседателка Во Гостивар се случи масовно труење на граѓаните, институциите, системот, целосно потфрлија во заштита на здравјето на луѓето и за тоа мора да има и кривична и политичка одговорност. Граѓаните мора да ја знаат целата вистина, да знаат што се случило, зошто труењето не се спречило, каде затаиле институциите, зошто нивното здравје беше загрозено. Сите здравствени институции ...

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во мај годинава изнесуваше 49.544 денари, а во однос на мај лани е повисока за 8,2 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината за 11,9 проценти, ...

Нашиот сојуз на демократии го турка светот кон Трета светска војна. Зошто? Затоа што Русија, со агресијатврз Украина, и спротивно на меѓународнто право, го прекрши „светото“правило на неповредливост на границите во Европа по Втората светска војна. Всушност, ако сакаме крај на крвопролевањето, сега е моментот, на мировна конференција, на која би се прецртале границите меѓу Русија и Украина. Преседан има. Тој беше направен по интервен цијата на ...

Возачот на брзата помош (роден 1985 година), кој вчера беше повреден додека превезуваше дете, е приклучен на апарати за вештачко дишење и е во стабилна состојба, но животот сè уште му е во опасност. Денеска е уапсен државјанин на Македонија кој со камион удрил во возачот на брза помош од Врање. Тој е хоспитализиран на Клиниката за анестезија при Универзитетскиот клинички центар во Ниш, каде што вчера беше префрлен од Општата болница во ...

Според податоците од јавните здравствени установи во Гостивар, во текот на вчерашниот ден (21.07.2026 година) продолжи трендот на значително намалување на бројот на новопрегледани пациенти, односно лица кои првпат побарале лекарска помош поради симптоми на гастроентеритис. Во Општа болница „Д-р Ферид Мурад” – Гостивар се регистрирани 60 нови прегледи на инфективното одделение, 37 нови прегледи на педијатриското одделение и 11 прегледи во ...

ЈП „Комунален сервис“ – Валандово ја известува јавноста дека, согласно добиените резултати од извршените анализи од Институтот за јавно здравје – Скопје, во водата за пиење од градскиот водовод во Валандово е утврдено зголемено ниво на арсен. Поради наведеното, се препорачува водата од градскиот водовод во Валандово да не се користи за пиење сѐ до добивање на нови резултати кои ќе ја потврдат нејзина исправност. Водата може да се користи ...

Истрагата за водата во Гостивар за којашто беше утврдено дека има фекалии, не смее да се ограничи на утврдување кој ја поставил незаконски инсталацијата, туку мора да ги опфати и сите околности поврзани со функционирањето на системот за мониторинг, инспекцискиот надзор, лабораториските анализи, начинот на земање примероци и евентуалната одговорност на службените лица кои биле задолжени за контрола на квалитетот на водата, реагира „Блупринт ...

Клиничка болница-Штип денеска ги извести сите болници и здравствени домови во Источниот регион пациентите кои се со скршеници во наредните денови да не ги препраќаат или да ги транспортираат на штипското Одделение за ортопедија. Причината е штетат од синоќешното невреме, по кое од силниот ветар кој се движел со брзина од 134 километри на час падна дел од кровната конструкција на Клиничка болница-Штип. -Ве известуваме дека поради вчерашната ...

МВР информира дека вчера попладне во 18:55 часот во ОВР Кичево, од Територијалната противпожарна единица Кичево, пријавено е дека настанал пожар во стан на улицата „4 Јули“ во Кичево. Од екипа на ТППЕ Кичево пожарот бил изгаснат, а во станот било пронајдено опожарено телото на С.С.(37) од Кичево. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа на ОВР Кичево МВР информира дека вчера ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
75%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.54
72%
1028
weather icon

Софија

1ᴼ / -1ᴼ
1.54
90%
1028
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
82%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.6
66%
1026
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
81%
1025
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 3ᴼ
3.6
61%
1031
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
0.45
73%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 7ᴼ
4.63
91%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Иридиум

315077.32

Паладиум

32279.35

Цинк

3.76

Калај

46.54

Платина

49319.25

Алуминиум

3.07

Рутениум

61086.42

Родиум

295786.87

Злато

130856.75

Бакар

12.58

Кобалт

33.53

Сребро

1670.34